Потпиши
SEC WebSite
  • Учесници
  • Регулатива
  • Односи со јавност
  • Аналитика
  • Обуки
  • За комисијата
  • Контакт
Пребарај
Search
lock
  • Информатички систем за супервизија и известување
  • Портал на КХВРМ

Skip Navigation LinksArticle

РАБОТИЛНИЦА: „ШТО ЗНАЧИ И ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА КОТАЦИЈА?“

четврток, 25 април 2013
Преку повеќе информации до раздвижен пазар на хартии од вредност - ова беше една од главните пораки што произлезе од Работилницата посветена на задолжителната котација...
getFile.jpg

​   Со задолжителната котација се очекува да се подигне транспарентноста за работењето на компаниите, да се даде нов импулс за развој на пазарот на хартии од вредност и да се зголеми тргувањето.

   Тоа беше истакнато на работилницата  „Што значи и што ќе донесе задолжителната котација?", што се одржа на 25 април 2013 година во Скопје во организација на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Меѓународната финансиска корпорација (IFC), дел од Групацијата на Светска банка, SECO-Секретаријат за економски прашања на Швајцарија, Македонската берза АД Скопје и Институтот на директори на Македонија.

  Задолжителната котација, според изнесеното на работилницата,  треба да овозможи централизирано собирање, обработка и користење информации за котираните друштва што ќе влијае кон создавање поефикасен пазар на капитал во Македонија како за издавачите, така и за инвеститорите.

   М-р Елизабета Чингаровска, претседател на Комисијата за хартии од вредност  смета дека акционерските друштва не треба да ја сфаќаат задолжителната котација единствено како законска обврска, туку и како бенефит за целокупното работење.

- Во услови кога, инвеститорите се исплашени и претпазливи, и компаниите мора сами да се промовираат и да се наметнуваат пред инвеститорската јавност има ли подобар начин за тоа од навремено и точно објавување на финансиски извештаи кои даваат слика за целокупното работење на друштвото. Интегритетот на едно друштво значи и чесно работење, но и целосност во известувањето, укажа Претседателот на КХВ на РМ.

   Според неа, поголемата транспарентност што ќе се постигне преку задолжителната котација ќе го олесни пристапот до капитал за акционерските друштва,  преку  алтернативен начин на финансирање на нивните капитални проекти со издавање на хартии од вредност, по многу поповолни услови од банкарските заеми. Преку котацијата ќе се придонесе и за зголемување на пазарната вредност на компаниите и атрактивноста за вложувања во нив.

- Македонскиот пазар на хартии од вредност има потенцијал, има добри компании, а на сите ни е јасно дека кога влегува  инвеститор тој добро  знае, проценува  и  анализира каде вложува. Она за што сите треба да се залагаме е од една страна, компаниите да ги објавуваат финансиските извештаи и ценовно чувствителните информации, да го практикуваат доброто корпоративно управување, да ја зајакнувааат свеста за општествената одговорност, а од друга страна регулаторот  да има полн капацитет да го регулира и да го следи пазарот на хартии од вредност во целина, наведе Чингаровска.

   На работилницата беше промовиран и водич насловен „Што значи и што ќе донесе задолжителната котација" што се очекува да биде соодветна алатка за компаниите за исполнување на обврските од задолжителната котација. Пред  компаниите, свои видувања за задолжителната котација во панел дискусија дадоа и претставници на Одборот на директори во Македонската берза, на Институтот на директори на Македонија, на Меѓународната финансиска корпорација (IFC) во Македонија и претставник на Охридска банка АД Охрид.​​


Следна вест→
arrow_backwardПретходна вест

ЗАЕДНИЧКА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КХВ, БЕРЗАТА И ДЕПОЗИТАРОТ

четврток, 09 мај 2013
Перспективите на македонскиот пазар на хартии од вредност во светлина на актуелните економски состојби на домашно и светско ниво
getFile.png

   Пред голем број на финансиски експерти и стручњаци од земјата и регионот, на 09.05.2013 година  во организација на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Македонската Берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје се одржа  заедничка „Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2013". Воведни обраќања на манифестацијата имаа Владимир Пешевски, вицепремиер задолжен за економски прашања во Владата на Република Македонија, Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје и М-р Елизабета Чингаровска, претседател на Комисијата за хартии од вредост на РМ, кои се осврнаа на моменталните состојби на пазарот на хартии од вредност  во Република  Македонија, неговите перспективи и можности за развој.
   Заедничката манифестација посветена на пазарот на хартии од вредност на едно место ги обедини претставниците на финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност во Република Македонија, котираните компании и други акционерски друштва, државните институции и универзитети, како и сите останати чија дејност е поврзана со работењето или инвестирањето во хартии од вредност. На настанот се дискутираше за различни теми поврзани со актуелните состојби на пазарот на хартии од вредност од домашен и од меѓународен аспект, неговите идни развојни правци, значењето на финансиската едукација, како и корелацијата на степенот на развој на македонскиот финансиски систем со долгорочниот економски развој на Македонија.

   Во рамките на панел дискусиите, учество земаа и реномирани странски финансиски екперти кои ги изнесоа своите размислувања во врска со развојните правци во овој сегмент на економијата и ги пренесоа искуствата од нивните земји со финансиските инструменти на пазарите на хартии од вредност.  Официјалниот дел од овогодинешната конференција беше заокружен  со доделувањето на  наградата за најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2012 година „Кристално ѕвоно„ која што ја доби Алкалоид АД Скопје.  За прв пат беа  доделени   и   Плакети  за Комерцијална бака АД Скопје, Илирика Инвестментс АД Скопје и Еурохаус АД Скопје како овластени учесници на пазарот на хартии од вредност кои постигнале најголем вкупен промет и најголем број трансакции реализирани во текот на 2012 година. По истите критериуми како овластени брокери плакети добија  Васко Митев, Леонид  Дечев и Жарко Атанасовски.​​


Следна вест→ ←Претходна вест

КХВ ЌЕ РАЗМЕНУВА ИНФОРМАЦИИ СО РЕГУЛАТОРИТЕ НА 28 ЗЕМЈИ -ЧЛЕНКИ НА ЕУ

вторник, 16 јули 2013
КХВ и регулаторите на 28 земји членки на ЕУ преку ESMA потпишаа Меморандум за размена на информации...

​

     Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и регулаторите на 28 земји членки на Европската Унија преку Европскиот регулатор на пазари на хартии од вредност (ESMA),  потпишаа Меморандум за размена на податоци и информации поврзани со менаџери на алтернативни инвестициски фондови.

       Потпишувањето на Меморандумот поврзан со надзор на менаџери на алтернативни инвестициски фондови е важен чекор кој ќе ја зајакне соработкатамеѓу регулаторите со цел да се овозможи прекугранична супервизија на менаџерина алтернативни инвестициски фондови (AIFMs) и алтернативни инвестициски фондови (AIFs).​​

Следна вест→ ←Претходна вест

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ КХВ И УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ

четврток, 25 јули 2013
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Управата за водење на матичните книги потпишаа Меморандум за соработка

​​      Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Управата за водење на матичните книги на 25 јули, 2013 година во Скопје потпишаа Меморандум за соработка. Со овој документ се овозможува меѓусебна размена на информации и податоци со кои располагаат Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Управата за водење на матичните книги, а кои можат да го унапредат работењето на двете институции. Со Меморандумот за соработка што го парафираа Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Управата за водење на матичните книги се очекува да се продлабочат релациите меѓу двете институции и интезивно да се разменуваат мислења и искуства, во врска со истражувањата и развојните процеси кои се од заеднички интерес.

     Соработката помеѓу Комисијата и Управата ќе се остварува во согласност со важечките прописи на законодавството на Република Македонија, а особено со прописите во надлежност на двете инстутуции. ​​


Следна вест→ ←Претходна вест

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ КХВ И СУНР

понеделник, 02 септември 2013
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Советот за унапредување и надзор на ревизијата потпишаа Меморандум за соработка.

​     ​Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Советот за унапредување и надзор на ревизијата потпишаа Меморандум за соработка. Со овој документ се овозможува меѓусебна размена на информации и податоци со кои располагаат Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Советот за унапредување и надзор на ревизијата , а кои можат да го унапредат работењето на двете институции. Со Меморандумот за соработка што на 2 септември, 2013 година во Скопје го парафираа Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Советот за унапредување и надзор на ревизијата се очекува да се продлабочат релациите меѓу двете институции и интезивно да се разменуваат мислења и искуства, во врска со истражувањата и развојните процеси кои се од заеднички интерес.

      Исто така, двете институции ќе даваат иницијативи за промена на законската регулатива, како и за изработка и донесување на подзаконска регулатива од областа на хартиите од вредност и ревизијата.КХВ и СУНР ќе соработуваат и преку заеднички обуки на вработените.​​


Следна вест→ ←Претходна вест

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КХВ ЧИНГАРОВСКА УЧЕСТВУВАШЕ НА МИЛОЧЕРСКИ РАЗВОЕН ФОРУМ

четврток, 12 септември 2013
,,Финансиска писменост,, е панел дискусијата на која учествуваше Претседателот на КХВ...

​    Во периодот од 9 до 11 септември 2013 година во Милочер, Црна Гора се одржа Милочерски развоен форум „Економска криза, образование и вработување на млади луѓе" во организација на Асоцијацијата на економисти на Република Црна Гора. Претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на овој форум беа Елизабета Чингаровска, Претседател на Комисијата за хартии од вредност  на Република Македонија и Зорица Семенкова, Самостоен советник во Секторот за корпоративни финансии кои имаа свои излагања на панел дискусиите на форумот на тема „Економската криза и финансиските пазари„ и „Финансиска писменост„.

    На панел дискусијата на тема „Економската криза и финансиските пазари„ беше констатирано дека за унапредување и развој на пазарите на капитал основен услов е конкуренцијата и иновацијата на пазарите, и дека од истите е условен и развојот на целокупната економија. Беше посочено дека во остварувањето на овие цели е потребно активно учество на сите актери на пазарите на капитал, вклучувајќи ја и државата како креатор на економската политика. Исто така, беше реафирмирана и идејата за регионализацијата на пазарите на капитал односно создавањето на услови за формирање на регионален пазар на капитал.

    На панел дискусијата на тема „Финансиска писменост„ се дискутираше за познавањето на начелата на доброто финансиско одлучување од широката јавност, за корелацијата помеѓу степенот на финансиска писменост и претрпените загуби на инвеститорите во текот на економската криза, за активностите кои треба да бидат преземени за подобрување на финансиската писменост на широката јавност, а особенo на младите луѓе како идни доносители на финансиски одлуки, како и за улогата на финансиската писменост во остварувањето на правата на инвеститорите. Беше заклучено дека едукацијата на инвеститорите игра значајна улога во остварувањето на заштитата на инвеститорите,  што пак претставува заедничка цел на сите регулатори на пазарите на капитал.​​


Следна вест→ ←Претходна вест

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КХВ ЧИНГАРОВСКА УЧЕСТВУВАШЕ НА 38-МА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА IOSCO ВО ЛУКСЕMБУРГ

понеделник, 23 септември 2013
Предизвиците на супервизорските тела и како да се утврди соодветеното ниво на регулација и заштита на инвеститорите беше тема на еден од Панелите на Годишната конференција на IOSCO...
getFile (2).jpg

      Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на РМ, М-р Елизабета Чингаровска учествуваше на овогодинешната 38-ма Годишна Конференција на Меѓународната Организација на Комисиите за хартии од вредност (International Organization of Securities Commissions-IOSCO), која се одржа во Луксембург, во периодот од 15-19 септември.
Програмата на Конференцијата на IOSCO беше поделена на затворен и јавен дел на  конференцијата.
Затворениот дел се состоеше од организирани средби/состаноци на Регионалните Комитети на  IOSCO, потоа на Комитетот на пазарите во развој, на Одборот на IOSCO и на Претседателскиот Комитет на IOSCO, на кои се дикутираше за целокупните активности на комитетите во изминатата година, за потоа да се донесат заклучоци за нивните идни планови и активности.
Јавниот дел од Конференцијата се состоеше од 4 панели, и тоа:

  • Панел 1 за Предизвиците на супервизорските тела со цел да се утврди соодветеното ниво на регулација и заштита на инвеститорите;
  • Панел 2 за Иднината на растечките пазари/пазарите во развоји патот кој треба да го поминат за да го достигнат својот целосен потенцијал;
  • Панел 3 за Разумните инвестиции и правилниот пристап за канализирање на приватниот капитал во насока на решавање на социјалните проблеми и
  • Панел 4 за Долгорочните заштеди и пензии и улогата и придонесот на финансиските пазари и финанските продукти при нивното рационално кумулирање.

Годишните Конференции на IOSCO вообичаено привлекуваат на едно место помеѓу 450 и 850 учесници, од кои повеќето доаѓаат од над 110 јурисдикции од целиот свет. Ова е можност на едно место да се сретнат релевантните светски креатори на политики и одлуки и претставници од супервизорските тела на пазарите на капитал и хартии од вредност.​​


Следна вест→ ←Претходна вест

РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРЕОБРАЗБА НА ДРУШТВАТА СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ ВО АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА

четврток, 17 октомври 2013
Комисијата за хартии од вредност, Стопанската комора на Македонија,ИФЦ, СЕКО и Институтот на директори организираа работилница насловена „Зошто и како вашето друштво со ограничена одговорност да го преобразите во акционерско друштво...

    Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Стопанската комора на Македонија, ИФЦ, Секретаријатот за економски прашања, образование и истражување на Швајцарија и Институтот на директориорганизираа работилница насловена „Зошто и како вашето друштво со ограничена одговорност да го преобразите во aкциoнерско друштво".

    Работилницата имаше за цел да ги поттикне друштвата со ограничена одговорност да се трансформираат во акционерски друштва и да емитираат акции и корпоративни обврзници преку кои полесно, побрзо, поефикасно и поефтино ќе дојдат до потребните финансиски средства за реализација на своите бизнис проекти. Со ова  ќе заживее пазарот на капитал и ќе се збогати понудата на хартии од вредност.

   Воведничари беа претседателката на Комисијата за хартии од вредност  на Република Македонија Елизабета Чингароска, извршната директорка на Стопанската комора на Македонија Јелисавета Георгиева и Кирил Нејков од ИФЦ во Македонија.Полесен пристап до капитал, придобивки од котацијата на хартии од вредност, ограничена одговорност, преносливост на акциите, ефикасно корпоративно управување, стабилност во постоењето, можност за експанзија, зголемена доверба во јавноста, општествена корист и дисперзиран ризик, се предностите на преобразбата од ДОО во АД, беше речено на работилницата во Стопанската комора.

   - Поголемата ефикасност и ефективност кај акционерското друштво, кое не е управувано од акционерите, туку од директорите односно менаџери, кои се избираат како претставници на акционерите ќе се постигне преку одвоеност на сопственоста од управувањето, што не значи дека постојните сопственици во целост би го изгубиле влијанието во управувањето и одлучувањето. Не се плашете дека ќе ја загубите контролата врз Вашата компанија, напротив преку примена на корпоративните практики ќе воспоставите сет на односи помеѓу Вас и менаџментот на компанијата, одборот, акционерите и другите засегнати лица. Тоа обезбедува структура преку која што се утврдуваат целите кои што ќе влијаат на подобрување на  учинокот, работењето, конкурентноста, профитноста и долгорочната вредност на компанијата, порача претседателот на Комисијата за хартии од вредност Елизабета Чингаровска пред присутните претставници на ДОО.

   На работилницата преку презентации се симулираше практичен пример на преобразба на едно друштво со ограничена одговорност во акционерско друштво, а беше промовиран и Прирачник за преобразба на ДОО во АД , којдоколку компаниите се одлучат на ваков чекор ќе им помогне при спроведувањето на постапката.​​


Следна вест→ ←Претходна вест

СЕМИНАР: “ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ ВО МАКЕДОНИЈА – СОСТОЈБИ, ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ”

сабота, 26 октомври 2013
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ја собра на заедничка маса берзанската индустрија со цел отворено да се дискутира за состојбите на македонскиот пазар на хартии од вредност...
getFile (4).jpg

​        На семинарот што се одржа на 25-26 октомври, 2013 година во хотелот ,,Сириус,, во Струмица присуствуваа Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, М-р Елизабета Чингаровска, вработените во Стручната служба на КХВ, Главниот извршен директор на Македонската берза АД Скопје, Иван Штериев, Извршниот директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје Елена Јакимовска Петровска, директорите на брокерските куќи и банките кои имаат дозвола за работење со хартии од вредност во земјава, како и првите луѓе на друштвата за управување со инвестициски фондови .

   На почетокот на семинарот, учесниците ги поздрави Претседателот на Комисијата, М-р Елизабета Чингаровска , која истакна дека цел на средбата е анализа на состојбата на пазарот на хартии од вредност и размена на идеи, проблеми и прашања со кои се соочуваат овластените учесници, за да се утврди на кој начин може Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија да помогне за подобрување на моменталните состојби на пазарот.

       Се анализираше вкупниот промет остварен на Берзата оваа година кој заклучно со 20.10.2013 година бележи пад од 43,45% во однос на истиот период лани. Беше констатирано дека најголем пад е забележан кај прометот од блок трансакции и јавни берзански аукции.Вредноста на МБИ10 индексот е намалена за 10,05% во споредба со лани, а  учеството на странските инвеститори во вкупниот промет од страната на купување е 9,41%, додека од продажната страна учествуваат со 13,47%. Ваквите показатели ја отсликуваат состојбата на пазарот, која пак како што беше заеднички констатирано бара мерки за унапредување и засилена комуникација со компаниите и со потенцијалните инвеститори. Тоа подразбира развој и ефикасно функционирање на сите институции на пазарот , информираност на потенцијалните инвеститори за пласман на слободните средства со цел остварување на дополнителна корист, едукација  и информираност на компаниите/единиците на локална самоуправа за можноста за алтернативни извори на финансирање и друго.​​


Следна вест→ ←Претходна вест

РЕГУЛАТОРНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА ФИНАНСИСКА ЕДУКАЦИЈА

четврток, 19 декември 2013
Преку финансиска едукација и писменост,граѓаните ќе можат да направат правилен и здрав избор на финансиските производи, а со тоа ќе се придонесе и за постабилен и сигурен финансиски систем во државата...
getFile (5).jpg

    На 19 декември, 2013 година,  Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурување и Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување  потпишаа Меморандумот за соработка. Целта е институциите надлежни за регулирање на финансиските услуги, со заеднички заложби и проекти, да го подигнат нивото на финансиска писменост на населението во Република Македонија. Своите потписи на Меморандумот за соработка  ги ставија Вицепремиерот и Министер за финансии М-р Зоран Ставрески, Гувернерот на Народната банка на Република Македонија М-р Димитар Богов, Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  М-р Елизабета Чингаровска, Претседателот на Советот на  експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Д-р Климе Поповски и Претседателот на Советот на  експерти  на Агенцијата за супервизија на капиталното финансиско пензиско осигурување  Д-р Булент Дервиши.

      -  Целта е полесно да се остварат заедничките цели, бидејќи, како што рече Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов, нашиот интерес е да имаме население кое ќе ги разбира многу добро финансиските услуги што ги користи и на тој начин нема да влегува во непотребни ризици. На тој начин, потенцира, придонесуваме за избегнувње и минимизирање на ризиците во финансискиот сектор, а со тоа и креираме постабилен финансиски сектор.

       Според Вицепремиерот и Министер за финансии Зоран Ставрески, потпишувањето на овој Меморандум е уште еден чекор во насока на зголемување на координацијата на регулаторните тела заради постабилен финансиски сектор и запознавање на јавноста со можностите што ги нуди финансискиот сектор.

      - Верувам дека на ваков начин ќе придонесеме и во Македонија да се подигне нивото на финансиска писменост и на тој начин ќе се вклучиме во европските трендови кои почнаа особено по финансиската криза со цел да се зголеми нивото на финансиската писменост и да се намалат ризиците, рече Министерот Ставрески.

       Потписниците на Меморандумот се согласија да се формираКоординациско тело на регулаторните институции во Македонија за финансиска едукација. Улогата на Координациското тело ќе биде:

1.    Да покренува иницијативи до надлежните институции за донесување акти коишто ќе ја поткрепат идејата за финансиска едукација на населението во Република Македонија;

2.    Да дефинира и да предлага заеднички проекти за финансиска едукација;

3.    Да изработува стратегиски документи;

4.   Да ги организира, да ги спроведува и да ги проценува анкетите за нивото на финансиска писменост во земјата и нивото на финансиска вклученост на населението во финансискиот систем во државата;

5.    Да организира работни сесии, семинари и други видови обуки и настани;

6.    Да промовира регионална и интернационална соработка.

       Изработката на стратегиските документи ќе се темели врз основа на меѓународно прифатените принципи за финансиска едукација на Групацијата 20 најразвиени земји и други мултилатерални институции и организации.

       Финансиски описменетите граѓани ќе можат да направат правилен и здрав избор на финансиските производи, а со тоа ќе се придонесе и за постабилен и сигурен финансиски систем во државата.​​


Следна вест→ ←Претходна вест

ДЕБАТА: ЗОШТО НЕМА ЈАВНИ ПОНУДИ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ?

среда, 19 февруари 2014
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ,Македонската берза АД Скопје и Институтот на овластени ревизори на 19 февруари,2014 година во Скопје организираа тркалезна маса
getFile (6).jpg

​       Како да се поттикнат компаниите наместо од банка да земаат кредити, да емитуваат јавни понуди беше тема на Тркалезната маса што се одржа на 19 февруари,2014 година во Скопје во организација на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Македонската берза АД Скопје и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија. Примарниот пазар во Македонија главно имаше приватни пласмани, а не јавни понуди на хартии од вредност или, пак, јавните понуди и новите емисии беа последица од цензусите за постигнување на повисоки износи на капитал во високорегулираниот финансиски сектор, распределба на корпоративните добивки во форма на акции или се случуваа после извршени преземања од странски доминантни акционери рече Главниот извршен директор на Македонската берза АД Скопје Иван Штериев. Некои инвестиции можат соодветно да бидат финасирани единствено преку акционерски капитал или преку фондовите. Затоа унапредувањето на сегментот на финасискиот сектор кој нуди капитал што прифаќа повисоки ризици треба да биде приоритет. Од непроценливо значење е вратата на пазарот на капитал да се држи отворена за оние претприемачи кои имаат добри идеи и кои во моментот не можат да обезбедат капитал од традиционалните банкарски ресурси, порача Штериев. 

        Претседателот на КХВ Елизабета Чингаровска рече дека најчест начин на финансирање на компаниите во Македонија е преку земање кредити од страна на банките.Многу важен алтернативен начин на финансирање е токму преку издавањето хартии од вредност, акции и обврзници, преку кои компаниите имаат можност да дојдат до свеж капитал. Кај бизнисмените постојат дилеми зошто преку издавање акции да се финансира една компанија и дали со издавање акции и вклучување на повеќе акционери треба да се дели и профитот и ќе се усложни начинот на носење на одлуки, нагласи Чингаровска. Таа посочи дека во 2013 година се бележи тренд на зголемување на алтернативниот начин на финансирање на компаниите на светско ниво.На глобално ниво во 2013 година имало 864 јавни понуди во вредност од 163 милијарди долари што е за 27 отсто повеќе отколку во 2012 година. Само во САД имало 222 иницијални понуди со вкупна вредност од 59,6 милијарди долари. Во европските земји од 158 иницијални понуди собран е капитал нешто повеќе од 30 милијарди долари. Во Хрватска имало пет иницијални понуди и тоа две со издавање на обврзници, а три со издавање на акции во кои се собрани преку 56 милиони евра, во Словенија има 10 иницијални понуди во кои се собрани 205 милони евра, а кај нас преку осум приватни понуди се прибрани околу три милиони евра, појасни Чингаровска. Претседателот на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија, Борислав Атанасовски рече дека преку јавната понуда може да дојде до зголемување на конкурентноста на компанијата и со тоа се отвора можноста едно друштво да преземе друштво на полесен начин, а со тоа да се влијае на конкурентноста на пазарот во Македонија. Мнозинскиот сопственик на винаријата Попова Кула, Јордан Трајков, пак, посочи дека иницијалната јавна понуда треба да биде примарен, а не алтернативен начин на финансирање на компаниите, особено на оние компании кои гледаат можност за брз раст. Извршниот директор на Поштел Брокер АД Скопје, Ѓорѓи Палевски истакна дека македонскиот пазар на хартии од вредност е ограничен со одредени ресурси и хартии од вредност кои нудат дивиденди кои сепак се поповолни во однос на орочените депозити, но се премногу малку за, како што рече, количината на капитал што стои затворен во рацете на приватни инвеститори од Македонија. Жално е што како пазар не можеме да ги апсорбираме тие средства.... Влијанието на банкарството е преголемо врз компаниите во Македонија, се уште поврзаноста меѓу начинот на управување на компаниите и менаџментите на банките е на високо ниво. Приватизацијата игра клучна улога за начинот на размислување во Македонија, бидејќи строго дефинирана приватна сопственост кај одредени компании нема. Така дополнителното издавање на некоја јавна емисија би претставувало страв кај одредени менаџери дека ќе го изгубат мнозинството ако не се оди на некоја понуда за познат купувач, потенцира Палевски.
    Во рамките на настанот беше промовиран Водичот за Јавна понуда на хартии од вредност, изработен од Македонската берза АД Скопје и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Во Водичот се објаснува постапката за издавање хартии од вредност по пат на јавна понуда како начин на прибирање на слободен паричен капитал за долгорочно финансирање на компаниите, предностите и карактеристиките на јавната емисија, како и котацијата на берза. Наведени се и некои успешни приказни на јавна понуда кај нас и во светот.​​


Следна вест→ ←Претходна вест

КОМИСИЈАТА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НА РМ - ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА НЕДЕЛА НА ПАРИ

понеделник, 10 март 2014
Во присуство на Вицепремиерот и министер за финансии, Гувернерот на НБРМ,Претседателот на КХВ, Претседателот на Советот на експерти на МАПАС и Претседателот на Советот на експерти на АСО стартуваше Глобалната недела на пари во Република Македонија...
getFile (7).jpg

​        ​Со симболично означување на тргувањето со удирање на ѕвоното во Македонската берза од страна на Александар Линин, најдобриот ученик од четврта година во Средното економско-правно училиште „Васил Антевски - Дрен" од Скопје на 10 март, 2014 година официјално почна одбележувањето на Глобалната недела на пари во Македонија. Настани како денешниот го прават предметот пари и управувањето со пари подостапен до младите генерации, порача вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. - Сите ние во различна возраст се соочува со прашањето на финансиските средства, управувањето со нив и најефикасниот начин на користење на парите, како и со финансиските проблеми. Одредени истражувања покажуваат дека речиси половина од луѓето во некоја фаза имаат финансиски проблеми и за нив најчесто не се обраќаат до финансиските експерти, туку повеќе разговараат меѓу себе, со колегите на работа и семејството. Затоа е потребно да се подигне степенот на финансиска едукација за сите генерации, почнувајќи од децата во основно образование, рече Ставрески. Тој порача дека е значајно да се почитуваат средствата, да се знае дека до нив не се доаѓа лесно и да се управува правилно со нив за добро да се распределат и да се покријат сите финансиски потреби. Нема фаза од животот во која финансиските прашања не се значајни и во кои надградбата на човекот за тоа како треба да се управува на најлесен начин со парите не е значајна. Затоа е битно да се надградува финансиското знаење. Секој има и право и обврска да посвети повеќе внимание на финансиските прашања, бидејќи традиционално ретко кој пристапува кон изработка на буџет кога станува збор за сопствените средства... Управувањето со парите е иста одговорност како и управувањето со сопственото здравје. Колку подобро тоа го правите, толку полесно ќе ви биде во животот и ќе имате помалку финансиски проблеми, порача Ставрески.Би ви порачал како што се едуцирате за други работи исто толку, а можеби и позначајно е да ги разберете и финансиските прашања, односно да научите повеќе за парите, како подобро да се управува со нив и да се економизира со нив, рече Ставрески, нагласувајќи дека умешноста на управување со парите и економијата по дефиниција значат управување со ограничени ресурси. Главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев посочи дека во една пазарна економија, настаните на Берзата и околу неа се едни од најважните економски феномени. Токму нивното разбирање и толкување е поврзано со нивото на финансиска едукација. Постои глобален консензус дека е потребно нивото на финансиска едукација и писменост во светот да се подобрува и се повеќе луѓе да се вклучуваат во светот на финансиите, односно да се подобри финансиската инклузија. Гувернерот на Народна банка, Димитар Богов истакна дека слична активност има во 17 берзи низ светот меѓу кои и берзите во Париз, Лондон, Берлин и Стокхолм. - Сето тоа укажува дека многу големо значење и се придава на финансиската едукација, особено на младите, бидејќи тие во иднина треба да бидат оспособени да стапуваат на пазарот на работна сила, да влегуваат во финансиски трансакции и да носат правилни одлуки врз основа на информациите со кои располагаат, рече Богов. 

      На 30-те најдобри ученици од училиштето им се овозможи да тргуваат на Виртуелната берза, едукативен портал на Македонска берза, кој е симулација на вистинското тргување. Ученикот кој по еден месец тргување ќе постигне најдобар резултат ќе добие награда - бесплатна обука во Македонската берза за принципите на пазарите на капитал. Инаку, овој настан е дел од активностите што Координациското тело за финансиска едукација во кое членуваат: Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги презема како дел од светската недела на пари, која пак е во организација на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади (Child and Youth finance international.) Оваа година Глобалната недела на пари се одржува од 10 до 17 март и во неа учествуваат околу 2 милиона деца од над 100 земји во светот. Тие се вклучени во активностите кои се организирани од над 500 институции и организации.​​


Следна вест→ ←Претходна вест

,,ГЛОБАЛНАТА НЕДЕЛА НА ПАРИ,, ОДБЕЛЕЖАНА И ВО ВЕЛЕС

петок, 14 март 2014
Во рамките на одбележувањето на „Глобалната недела на парите“ КХВ одржа едукативно предавање во велешкото економско училиште „Јовче Тесличков“...
getFile (8).jpg

​Во рамките на одбележувањето на „Глобалната недела на парите" на 14 март,2014 година Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија одржа едукативно предавање во велешкото економско училиште ССОУ „Јовче Тесличков". Целта на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија е да ја подигне финансиската писменост кај младите , бидејќи токму тие во иднина ќе стапат на пазарот на работна сила, ќе влегуваат во финансиски трансакции и ќе носат правилни одлуки врз основа на информациите со кои ќе располагаат. Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Елизабета Чингаровска, нагласи дека преку ваквиот едукативен караван , средношколците добиваат едукација и го осознаваат значењето и менаџирањето на парите.„Сметаме дека со предавањето ќе се зголеми интересот за финансиските институции, за инвестирањето а сето тоа ќе доведе до подобрување и зголемување на финансиската писменост кај ученциите", изјави, Чингаровска. „Лично сметам дека не само во една недела во годината, туку во секој ден од животот од управувањето со парите, од начинот на кој и приоѓаме на нивната вредност, зависи каков ќе ни биде животот. Низ нивната номинална вредност се определува вредноста на нашиот труд, а умешноста да ги претвориме парите во успешна инвестиција најдобро ја знаат нашите денешни гости". – рече градоначалникот на Велес Славчо Чадиев Главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев посочи во една пазарна економија, настаните на Берзата и околу неа се едни од најважните економски феномени. Токму нивното разбирање и толкување е поврзано со нивото на финансиска едукација. Постои глобален консензус дека нивото на финансиска едукација и писменост во светот треба да се подобрува и се повеќе луѓе да се вклучуваат во светот на финансиите, односно да се подобри финансиската инклузија", рече Штериев.​​


Следна вест→ ←Претходна вест

КХВ ОБУЧУВАШЕ СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ЗА КРИВИЧНИ ДЕЛА ПОВРЗАНИ СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

четврток, 24 април 2014
КХВ и Академијата на судии и јавни обвинители организираа тркалезна маса: ,,Кривични дела поврзани со хартии од вредност,,
getFile (9).jpg

​       Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители на 24 април, 2014 година организираа тркалезна маса на тема ,,Кривични дела поврзани со хартии од вредност. Целта е преку заедничка едукација и професионална обука на судиите , јавните обвинители и на вработените на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија што е можно повеќе кривични дела поврзани со хартии од вредност да добијат разрешница, со што ќе се зајакне довербата во пазарот на хартии од вредност кој е основен предуслов за привлекување на инвеститори и прилив на нов капитал во Република Македонија. Во секоја земја, за еден пазар на капитал успешно да функционира потребно е сите чинители , вклучително и судиите и јавните обвнители, да бидат запознаени со неговата структура и организација, со начинот на кој функционира и со регулативата што се применува, рече Претседателката на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Елизабета Чингаровска на отворањето. Ете токму затоа, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Академијата на судии и јавни обвинители ја организираме оваа тркалезна маса, рече Чингаровска која е прва од серијата средби на кои работно ќе соработуваат КХВ и Академијата. 

       Според Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска, Академијата има клучна улога во јакнење на стручноста на правосудните институции и е професионален партнер во соработката со домашните и странски институции и проекти, каде веќе може да се вброи и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.​​


Следна вест→ ←Претходна вест

КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ 2014

понеделник, 19 мај 2014
На 16 мај во Скопје во организација на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје се одржа „Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност“
getFile (10).jpg

     ​На 16 мај во Скопје во организација на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје се одржа  втората „Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност". 

    Овој заеднички настан на едно место ги обедини еминентните претставници на финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност, котираните компании и другите друштва, државните институции и универзитетите, ревизорите и сите останати субјекти чија дејност е поврзана со работењето или инвестирањето во хартии од вредност.​​​


Следна вест→ ←Претходна вест

ДОГОВОРЕНА СОРАБОТКА МЕЃУ КОМИСИИТЕ ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НА МАКЕДОНИЈА И ТУРЦИЈА

понеделник, 20 октомври 2014
За тоа како да се подобри ликвидноста и да се зголеми бројот на инвеститори, македонскиот пазар на хартии од вредност ќе црпи искуства од еден од најголемите пазари во регионот - Истанбулската берза, која се смета за најголем пазар во евроазискиот регион.

​     ​Македонија и Турција имаат добра соработка на економски план и тоа треба да се пренесе и на пазарот на хартии од вредност. Ова го констатираа првите луѓе на комисиите за хартии од вредност на Македонија и на Турција Елизабета Чингаровска и Вахдетин Ерташ на средбата која е почеток на, како што сметаат, идна плодна соработка и ќе биде можност инвеститорите од Турција да споделуваат информации во однос на бенефитите што ги нуди Република Македонија за инвеститорите. - Ова е прва билатерална средба која се надеваме дека ќе биде почеток на идна плодна соработка и размена на меѓусебни искуства со турската Комисија за хартии од вредност, изјави по средбата претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Елизабета Чингаровска. Таа додаде дека е корисна помошта од страна на турската институција за поттикнување на домашниот пазар на хартии од вредност имајќи предвид дека на Истанбулската берза се тргуваат акции од една до 10 милијарди долари. 

      Претседателот на турскиот регулатор, Ерташ изрази задоволство што во последните години се зголемува бројот на инвеститори во, како што вели пријателска Македонија. Тој ги повика сите турски инвеститори да инвестираат во Македонија, а македонските реципрочно да инвестираат во Турција. - Меѓу Република Македонија и Република Турција имаме добра соработка која датира одамна. Нашата соработка е важна од историски аспект, а Република Македонија и како географски простор е многу блиска до мојата матична држава, истакна претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Турција. 

      Од македонската Комисија за хартии од вредност сметаат дека работниот состанок е од особена важност за економиите на двете држави, бидејќи со развојот на домашните пазари се придонесува кон зајакнување, унапредување на економската соработка и на билатералните односи. За македонскиот пазар на хартии од вредност значајно е да има добра инвестициска база и поголема ликвидност, па затоа од овој работен состанок се очекува да произлезат и иницијатива за споделување на стручното знаење, но и на базата на инвеститори со Истанбулската берза како најголем пазар во евроазискиот регион, на кој се остварува дневен промет во милијарди долари, а тргуваат многу мали акционери и странски инвеститори од Азија и од Европа.​​


Следна вест→ ←Претходна вест

СРЕДБА НА КХВ СО БЕРЗАНСКАТА И ФОНДОВСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО БИТОЛА

сабота, 29 ноември 2014
На заедничка маса, Комисијата за хартии од вредност на РМ, берзанската и фондовската индустрија отворено дискутираа за состојбите на македонскиот пазар на хартии од вредност и за идните чекори...
getFile (12).jpg

​   ​На работилницата што се одржа на 28-29 ноември, 2014 година во хотелот ,,Епинал,, во Битола присуствуваа Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, М-р Елизабета Чингаровска, вработените во Стручната служба на КХВ, Главниот извршен директор на Македонската берза АД Скопје, Иван Штериев, Извршниот директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје Елена Јакимовска Петровска, директорите на брокерските куќи и банките кои имаат дозвола за работење со хартии од вредност во земјава, како и првите луѓе на друштвата за управување со инвестициски фондови. На почетокот на семинарот, учесниците ги поздрави Претседателот на Комисијата, М-р Елизабета Чингаровска, која истакна дека ваквите средби стануваат традиција од кои има реални ефекти. За тоа говори фактот што иницијативите и предлозите кои беа презентирани минатата година во Струмица веќе се преточени во регулатива или се спроведени проекти. Целта на средбата беше анализа на актуелните состојби на пазарот на хартии од вредност и размена на идеи, проблеми и прашања со кои се соочуваат овластените учесници, за да се утврди на кој начин може Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија да помогне за подобрување на моменталните движења на пазарот. Заеднички беше констатирано дека треба да се продолжи со мерки за унапредување и со засилена комуникација со компаниите и со потенцијалните инвеститори.​​


Следна вест→ ←Претходна вест

НОВА СОФТВЕРСКА ПЛАТФОРМА ЗА ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ

четврток, 19 февруари 2015
Европската банка за обнова и развој и Комисијата за хартии од вредност заеднички го поттикнуваат развојот на пазарот на капитал во Македонија, со иновативни проекти кои ќе ги зајакнат регулативните рамки и ќе го подобрат квалитетот на супервизија...
getFile (1).png
     Доставувањето и обработката на извештаите на инвестициските фондови ќе биде олеснето со новиот софтверски систем за супервизија и известување што го воведе Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Софтверот е направен со финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој, а со него сите известувања, вклучувајќи ги и нефинансиските известувања, како и барањата за одобрување на рекламен материјал, ќе се доставуваат електронски. Со ова ќе се намали товарот за дневно известување од страна на друштвата. - Преку зголемената транспарентност и достапност на информации за фондовите, стравот и несигурноста како најголема причина за неостварување на успех и успешна алокација, ќе бидат минато за новите потенцијални инвеститори.Ваквата електронска алатка има за цел да ја зголеми транспарентноста на пазарот на хартии од вредност, да обезбеди поголема достапност на податоци на потенцијалните инвеститори кои е потребно да се објавуваат согласно важечките законски прописи, да се воспостави статистика, да се создаде слика за актуелната кондиција и потенцијал на инвестициски фондови како крупни и клучни играчи на пазарите на капитал, како и да се зајакне заштитата на малцинските акционери при прегрупирање на сопственичките структури на компаниите, истакна Претседателот на КХВ, Елизабета Чингаровска. Горди сме што работиме заедно со ЕБОР на овој проект и веќе можеме да ги воочиме предностите од модернизацијата на софтверот, кој ни овозможува да бидеме поефикасни и да работиме во согласнот со еволуцијата на пазарот на капитал. Задоволство ни е што ја надградивме соработката со ЕБОР преку овој проект", изјави Елизабета Чингаровска, Претседател на КХВ. 
       Според Анка Јоана Јонеску, претставник на ЕБОР за Македонија, придобивките од новиот софтвер се големи и значајни. - Поддршката на развојот на локалните пазари на капитал е еден од приоритетите на ЕБОР во Македонија. Ова претставува значаен иновативен проект за пазарот на капитал во земјата. Ефикасната супервизија е главен предуслов за развој на финансиските пазари и во таа смисла со овој проект Комисијата се ориентира кон супервизорски пристап базиран на ризик, вршејќи онлајн мониторинг врз ентитетите и следејќи ги потребите за капитал на инвестициските фондови, рече таа. Ни претставува задоволство да видиме дека проектот е успешно имплементиран и истовремено сакаме да им се заблагодариме на нашите партнери, Комисијата за хартии од вредност, за нивната соработка и комплетирањето на проектот," изјави Анка Јоана Јонеску, Претставник на ЕБОР за Македонија. Со воведување на новиот софтвер, Комисијата ќе се опреми со точен и безбеден извор на податоци, доставени од учесниците на пазарот на капитал. Новиот софтвер ќе придонесе за поголема ефикасност и подобри стандарди на известување, поддржувајќи ја Македонија да се усогласи со регулативата на пазарите на капитал и правната рамка, согласно директивите на Европската Унија.​

​

Следна вест→ ←Претходна вест

ПРЕКУ ВОДИЧ ДО ЕДУКАЦИЈА НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ЗА ПАЗАРОТ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

вторник, 17 март 2015
КХВ, ИФЦ И СЕЦО изработија Водич кој има за цел да го подигне знаењето на средношколците за пазарот на хартии од вредност и неговото функционирање...
getFile (13).jpg

​​Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Меѓународната финансиска корпорација, дел од Групацијата на Светска банка (ИФЦ), со поддршка на Швајцарскиот секретаријат за економски прашања (СЕЦО) изработија Водич за разбирање на пазарот на хартии од вредност. Со Водичот, овие институции имаат цел да придонесат за подигнување на степенот на финансиската едукација, како и предметите поврзани со пари и управувањето со нив да станат подостапни до младите генерации. Оваа брошура е наменета за учениците од средните училишта. Имајќи го во предвид фактот дека во една пазарна економија, настаните на Берзата и воопшто на пазарот на хартии од вредност се едни од најважните економски феномени, се наметнува потребата од рано разбирање и толкување на поимите поврани со пазарот и навлегување во суштината на неговото функционирање. Токму младите во иднина треба да бидат оспособени да стапуваат на пазарот на работна сила, да влегуваат во финансиски трансакции и да носат правилни одлуки врз основа на информациите со кои располагаат. Постои глобален консензус дека е потребно нивото на финансиска едукација и писменост во светот да се подобрува и се повеќе луѓе да се вклучуваат во светот на финансиите, а со тоа и на пазарите на хартии од вредност. Потврда за тоа е и одбележувањето на Глобалната недела на пари (Global Money Week), во што е вклучена и Република Македонија, а промоцијата на Водичот е само една од активностите што се спроведуваат кај нас. Водичот е достапен на веб страницата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија www.sec.gov.mk.​​


Следна вест→ ←Претходна вест

КХВ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ТИРАНА

четврток, 09 април 2015
Комисија за хартии од вредност на Република Македонија и Агенцијата за регулирање на финансискиот пазар во Република Албанија ја продлабочуваат соработката...
getFile (14).jpg

​   Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Елизабета Чингаровска и членот на КХВ г-дин Милаим Ајдини, заедно со претставници на Стручната служба на 8 април ,2015 година остварија работна посета на Агенцијата за регулирање на финансискиот пазар во Република Албанија (FSA), Тирана. Домаќините организираа работилница на тема: ,,Супервизијата и регулативата на пазарот на капитал и инвестициските фондови во Албанија,,. Отворајќи ја работилницата, Извршниот Директор на FSA, г-ѓа Енкеледа Шехи, направи краток опис на пазарите над кои FSA врши надзор и укажа на важноста што институцијата ја има за домашниот финансиски пазар. За време на работилницата, експерти на FSA го презентираа напредокот и развојот на пазарот на хартии од вредност и инвестициските фондови во Албанија. На пример, вкупната актива на инвестициските фондови на крајот на 2014 година изнесувала 4,7% од бруто домашниот производ, што претставува пораст во споредба со 2012 година, кога инвестициските фондови ја започнале за прв пат својата активност и нивната актива изнесувала само 1,2% од вкупниот БДП. При тоа, беше потенцирано значењето на пазарот на капитал во вкупната албанска економија, а беа опфатени и следните теми: - Правна рамка со која се регулира и врши надзор на пазарот на хартии од вредност и инвестициски фондови; - Инфраструктура на пазарот, како и улогата на FSA во нејзината супервизија и регулатива; - Онлајн електронската платформа на FSA за пазарот на хартии од вредност на Владата; - Напредокот на Албанија во Процесот за стабилизација, асоцијација за финансиските пазари, под надзор на FSA; - Европските директиви за регулирање на пазарот на капитал, предизвици и напорите на Албанија за нивната примена; - Важноста на развој на Тиранска берза; - Најновите случувања за зголемување на независноста на телото и јакнење на неговата улога во финансиските пазари. 

    Една поинаква перспектива беше презентирана од страна на Главниот извршен директор на "Рајфајзен Инвест", кој ги прикажа резултатите низ годините наназад и тоа за двата инвестициски фонда, "Рајфајзен Престиж" и "Рајфајзен Евро Инвест, кои имаат околу 33 илјади членови. Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Елизабета Чингаровска ја претстави актуелната состојба на македонскиот пазар на капитал и реформите кои се спроведуваат од аспект на законска регулатива, примена на најновите софтверски решенија, имплементација на европските директиви и друго.      Извршниот Директор на FSA, г-ѓа Шехи и претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, г-ѓа Чингаровска оваа посета ја оценија како многу важна, која ќе биде поттик да се продлабочи соработката и да се зајакнат односите меѓу двете институции .​​


Следна вест→ ←Претходна вест

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КХВ ЧИНГАРОВСКА НА РАБОТНА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА КОМИСИЈАТА ЗА ФИНАНСОВ НАДЗОР

петок, 27 ноември 2015
Македонската и Бугарската Комисија го поддржуваат проектот за регионално поврзување на берзите и заеднички ќе ги преземат сите активности за негова реализација од аспект на регулатори....
getFile (16).jpg
    ​Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Елизабета Чингаровска, заедно со претставници на Стручната служба на 27 ноември, 2015 година остварија работна посета на Комисијата за финансов надзор на Република Бугарија во Софија. Домаќините направија краток опис на пазарите над кои Бугарската Комисија за финансов надзор врши надзор и укажа на важноста што институцијата ја има за домашниот финансиски пазар. Членот на Комисијата за финансов надзор Г-динот Владимир Савов, ги презентираше состојбите на пазарот на хартии од вредност и инвестициските фондови во Бугарија, при што беше потенцирано значењето на пазарот на капитал во вкупната бугарска економија, а беа опфатени и правната рамка со која се регулира и врши надзор на пазарот на хартии од вредност и инвестициските фондови како земја-членка на Европската Унија. Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Елизабета Чингаровска ја претстави актуелната состојба на македонскиот пазар на капитал и реформите кои се спроведуваат од аспект на законска регулатива, примена на најновите софтверски решенија, имплементација на европските директиви и друго. Како регулатори и двете страни го поддржаа проектот СЕЕ ЛИНК за поврзување на берзите на Република Македонија, Република Бугарија и Република Хрватска. Во таа насока, се договорија заеднички да ги преземат сите потребни активности за реализација на проектот бидејќи преку регионално поврзување се очекува да се раздвижат пазарите кои се мали, а на македонските инвеститори за прв пат ќе им се отворат можности за инвестирање надвор. Г-динот Владимир Савов и г-ѓа Елизабета Чингаровска, оваа посета ја оценија како многу корисна, која треба да биде поттик да се продлабочи соработката и да се зајакнат односите меѓу двете институции .​

​

Следна вест→ ←Претходна вест

КХВ НА ЗАЕДНИЧКА МАСА СО БРОКЕРСКАТА И ФОНДОВСКАТА ИНДУСТРИЈА

понеделник, 30 ноември 2015
Работилница:Пазар на капитал-состојби,предизвици и перспективи
getFile (15).jpg

​     Традиционално како и секоја година, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 28-29 ноември, 2015 година во Струмица на заедничка маса ја собра целата брокерска и фондовска индустрија во земјава. Целта е да се направи анализа на актуелните состојби на пазарот на хартии од вредност и да се утврдат приоритетите за наредната 2016 година. Отварајќи ја работилницата, Претседателот на Комисијата, М-р Елизабета Чингаровска, истакна дека од ваквите средби кои се одржуваат по трет пат, видливи се реални ефекти, односно иницијативите и предлозите кои беа презентирани минатата година во Битола во најголем дел веќе се преточени во регулатива или се спроведени проекти. Преку размена на идеи, сугестии и проблеми со кои се соочуваат овластените учесници подвлече Претседателот на КХВ Елизабета Чингаровска, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија како регулатор на пазарот на капаитал во рамките на своите надлежности презема активности и мерки за подобрување на моменталните услови и движења на пазарот. Заеднички беше констатирано дека сите овластени учесници треба да преземаат чекори кои би придонеле за унапредување на вкупните состојби на нашиот пазар кој е мал со ниска ликвидност. 

      Преку престојното регионално поврзување на берзите на трите земји: Македонија, Бугарија и Хрватска и засилена комуникација со компаниите и со поголемо присуство на потенцијалните институционални инвеститори треба да се зголеми довербата во пазарот. Потребно е да се истражува потенцијалот на пазарот и компаниите да се поттикнуваат да бараат можност за финансирање на своите активности на берзата. На работилницата присуствуваа и членот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Милаим Ајдини, вработените во Стручната служба на КХВ, Главниот извршен директор на Македонската берза АД Скопје, Иван Штериев, Извршниот директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје Елена Јакимовска Петровска, директорите на брокерските куќи и банките кои имаат дозвола за работење со хартии од вредност во земјава, како и првите луѓе на друштвата за управување со инвестициски фондови.​​


Следна вест→ ←Претходна вест

Интервју за Економија и Бизнис

петок, 01 август 2014

Интервју на Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија м-р Елизабета Чингаровска за магазинот „Економија и Бизнис" - август 2014 година


Следна вест→ ←Претходна вест

Изјава за Фокус

петок, 08 мај 2009

​Изјава на Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева Кавракова за неделникот Фокус од 8 мај 2009 година


Следна вест→ ←Претходна вест

Интервју за Форум

петок, 05 јуни 2009

​Интервју на Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева Кавракова за неделникот Форум од 5 јуни 2009 година


Следна вест→ ←Претходна вест

Проект за електронско доставување на податоци

вторник, 16 јуни 2009

​Обраќање на Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева Кавракова на промоцијата на проектот за електорнско доставување на податоци во Регистарот на АД со посебни обврски за известување, во Скопје, 16.06.2009 година


Следна вест→ ←Претходна вест

Интервју за Капитал

четврток, 12 ноември 2009

​Интервју на Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева Кавракова за магазинот Капитал од 12 ноември 2009 година


Следна вест→ ←Претходна вест

Промоција на Прирачник за издавање на хартии од вредност

вторник, 17 ноември 2009

​Обраќање на Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева Кавракова на промоцијата на Прирачникот за издавање на хартии од вредност во Скопје, 17.11.2009 година


Следна вест→ ←Претходна вест

Интервју за Капитал

петок, 25 февруари 2011

​Интервју на Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Марина Наќева Кавракова за дневниот весник Капитал од 25 февруари 2011 година


Следна вест→ ←Претходна вест

Интервју за Утрински весник

сабота, 16 јуни 2012

​Интервју на Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Марина Наќева Кавракова за дневниот весник Утрински весник  од 16 јуни 2012 година


Следна вест→ ←Претходна вест

Започнува Првата обука за корпоративни секретари

четврток, 10 декември 2015
Целта на обуката е преку едукација на внатрешните правни советници во компаниите од страна на домашни и на странски експерти да се унапреди квалитетот на корпоративното управување и да се почитуваат постојните корпоративни правила и политики...

​​    Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Македонската берза АД Скопје и Институтот на директори, поддржани од Меѓународната Финансиска Корпорација (IFC) членка на групацијата на Светска Банка ја организираат Првата обука за корпоративни секретари во Република Македонија, која започнa на 10 декември 2015 година, а се спроведува согласно меѓународна методологија изработена врз основа на долгогодишното искуство на ИФЦ во оваа област. Целта на обуката е преку едукација на внатрешните правни советници во компаниите од страна на домашни и на странски експерти да се унапреди квалитетот на корпоративното управување и да се почитуваат постојните корпоративни правила и политики. Како професионалец со единствен збир на знаења и способности, корпоративниот секретар треба да воспостави добра комуникација меѓу различните органи на управување на друштвото во согласност со статутот и интерните акти на компанијата, да воведе најдобри практики за одржување на комуникација на раководниот тим, акционерите и заинтересираните страни, да го советува претседавачот на Собранието за потенцијалните прашања кои може да влијаат на односот помеѓу друштвото и акционерите, да ги совлада предизвиците од креирањето на интегрирано известување за поголема транспарентност и.т.н. Според светските искуства, корпоративниот секретар е клучен играч во рамките на раководниот тим со соодветни способности, визија и вредности, потребни за компанијата и нејзините клиенти да се движат кон развој. Корпоративниот секретар треба да ја зголеми довербата и кај другите лица кои се засегнати од работењето на компанијата. Инаку, Кодексот за корпоративно управување на Македонската берза, како и посебната регулатива на банките ја дефинираат и регулираат позицијата на корпоративен секретар. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Македонската берза АД Скопје и Институтот на директори, поддржани од Меѓународната Финансиска Корпорација (IFC) членка на групацијата на Светска Банка,веќе подолго време соработуваат со цел да ги промовираат добрите практики на корпоративно управување во компаниите и воопшто на пазарот на капитал во Република Македонија.​​


Следна вест→ ←Претходна вест

Претседателот на КХВ Елизабета Чингаровска учествуваше на Европскиот регионален Комитет на IOSCO

понеделник, 01 февруари 2016
Регионални тела за соработка, размена на податоци и информации врз основа на Мултилатералниот Меморандум за соработка се некои од темите на кои се дискутираше на Европскиот Регионален Комитет на IOSCO во Стокхолм...
getFile (1).jpg

​      Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Елизабета Чингаровска учествуваше на Европскиот регионален Комитет на IOSCO што се одржа 29 јануари,2016 година во Стокхолм, Шведска. Се дискутираше за неколку теми кои се од интерес на регулаторните тела на пазарите на хартии од вредност во Европа како што се продлабочување на соработката во рамките на предлогот за регионални тела за соработка, размена на податоци и информации врз основа на Мултилатералниот Меморандум за соработка на IOSCO, зголемување на транспарентноста во работењето на комитетите на IOSCO, и.т.н. Една од целите кои треба да ги оствари IOSCO во наредниот период е да помогне во зајакнување на капацитетите на регулаторите во различни делови на Европа, преку создавање и финансиска помош на регионални тела за зајакнување на капацитетите, кои ќе организираат работилници, форуми, тркалезни маси на кои ќе се обработуваат теми од интерес на соодветниот регион и од интерес и на помалите регулатори. Во однос на размената на податоци и информации, беше констатирано дека MMoU на IOSCO претставува добра основа за соработка помеѓу регулаторите во светот при размена на информации, кои се потребни за решавање на различни случаи. Доказ за ефикасноста на примената на Меморандумот е постојаното зголемување на бројот на земји-потписнички, како и на бројот на барања кои земјите ги испраќаат (ако во 2006 тој број бил 527 барања, во 2014 биле поднесени 3080 барања). Како прашање кое во иднина ќе треба да биде предмет на детални анализи и дискусии и кое ќе влијае на продлабочување на соработката помеѓу регулаторите беше истакнат начинот на супервизија на тргувањето со биткоини и обелоденувањето на информации за регистрите на трансакции со биткоини (bitcoin ledger). На состанокот, кој беше под покровителство на регулаторот на пазарот на хартии од вредност од Шведска присуствуваа претставници на повеќе од 30 регулаторни тела на пазарите на хартии од вредност во Европа, ESMA и на Руската Федерација.​​​


Следна вест→ ←Претходна вест

КХВ продолжи со едукација на средношколците

среда, 23 март 2016
Одбележувањето на Глобалната недела на пари според Чингаровска потврдува дека активностите за финансиска eдукација на најмладите не застануваат овде...
getFile (2).jpg

     Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и годинава  во рамките на Global Money week продолжи со едукација на учениците од средните училишта.

     Преку активностите кои ги преземаме, ние сакаме да бидеме сигурни дека мислењата на младите се слушнати, а со тоа се и дел од промените за нивната подобра иднина. Вие претставувате иднина на нашето општество, затоа потребно е преку правилна едукација да навлезете во суштината на функционирањето на пазарот на капитал, со што би можеле да носите правилни и мудри одлуки, базирани на анализи и знаења, им посочи Претседателката на КХВ М-р Елизабета Чингаровска при средбите со учениците.

     Според Чингаровска, одбележувањето на Глобалната недела на пари  дава оптимизам дека активностите за финансиска eдукација на населението во Република Македонија , пред се на најмладите не застануваат овде.

       Инаку, секоја година, во текот на март во рамките на Global Money week, младите луѓе од целиот свет преку разговор, дискусија  учат за штедењето, парите, менување на економскиот системи и изградба на нивната финансиска иднина.​​


Следна вест→ ←Претходна вест

Претседателката на КХВ Чингаровска се обрати на Годишната берзанска конференција

вторник, 29 март 2016
Пазар, со нови финансиски инструменти и услуги и со поефикасна алокација на капиталот, треба да биде визијата за долгорочен развој на македонскиот пазар на хартии од вредност рече Претседателката на КХВ М-р Елизабета Чингаровска...
getFile (3).jpg

      ​Со особено задоволство ја прифатив поканата да говорам на оваа Конференција, би рекла не секојдневна, зашто токму деновиве Македонската берза одбележува 20 години од своето постоење и она што за мене е уште поважно денеска станува реалност долгогодишната заложба за регионално поврзување на берзите во Југоисточна Европа, свечено се пушта во употреба СЕЕ ЛИНК платформата истакна Претседателката на КХВ М-р Елизабета Чингаровска на Годишната Конференција на Македонска берза што се одржа на 29 март, 2016 година во Александар Палас, Скопје. Според неа со овој проект, Македонската берза покажала дека е успешна и модерна институција, со задоволителен тренд на изградба на својот капацитет. На општо задоволство, рече Чингаровска тоа е разбрано, и од нас како регулатор и затоа оценката е дека Македонската берза по 20 години, денес е респектибилна саморегулирачка институција, со јасна визија, мисија и цел. Свесни сме дека унапредувањето на пазарите на хартии од вредност претставува важен сегмент за развојот на националната економија во целина , нашиот пазар на хартии од вредност, има мал број на котирани компании, ниско ниво на пазарна капитализација и мала ликвидност, со потешкотија ги остварува своите стратешки цели и планови за да одговори на сите предизвици на техничко-технолошкиот развој. Поради тоа, продолжи Претседателката на КХВ се покажа дека најекономичниот и најефикасниот начин на остварување на натамошен раст и развој е токму соработката и интеграцијата на пазарите на хартии од вредност во регионов. Предностите на регионалната интеграција како што се: диверзификација на ризикот, намалување на трошоците на работење, поголем поврат на вложените средства и интезивен прекуграничен слободен проток на капитал, може во голема мера да влијаат врз остварување на зацртаните цели. Чингаровска очекува дека преку интеграцијата треба да дојде до соединување и поврзување на ресурсите на фрагментираните и на различен степен на развој пазари на хартии од вредност, што пак ќе влијае врз можноста, да се мобилизираат локалниот и меѓународен капитал во насока на нивен инфраструктурен развој, а преку тоа и на целокупниот финансиски систем. 

      Според Претседателката на КХВ, ова отвора можност потенцијалните инвеститори од регионот и надвор од него да имаат избор на различни хартии од вредност, а издавачите да имаат полесен пристап до поголем број на потенцијални инвеститори, кои ќе бидат подготвени да ги вложат своите средства во развојот на македонските компании. Клучната поента е дека регионалната интеграција доколку се води на правилна основа и на прагматичен начин може да ја зголеми ефективноста, ликвидноста, ефикасноста и конкурентноста на регионалните пазари на хартии од вредност. Токму ваков пазар , на кој би се вовеле нови финансиски инструменти и услуги, со поефикасна алокација на капиталот, треба да биде визијата за долгорочен развој на македонскиот пазар . Чингаровска заклучи дека ова е дефинитивно правецот со кој македонскиот пазар на хартии од вредност ќе ја избегне позицијата на „локален губитник“ и ќе се приклучи во групата на „глобални добитници“.​​​​​


Следна вест→ ←Претходна вест

Претседателот на КХВ Елизабета Чингаровска се обрати на Завршната конференција на Проект со ЕУ

четврток, 30 јуни 2016
Принципите на работење на КХВ, не мотивираат да се усогласиме и да ги имплементираме релевантните ЕУ Директиви и да донесеме подобри закони, со што овластените пазарни учесници ќе можат да ги планираат активностите однапред рече Претседателот на КХВ...
getFile (4).jpg

​​      Особено задоволство ми е да се обратам на денешната конференција по повод завршување на проектот кој се спроведуваше во Република Македонија во изминатите 18 месеци и кој имаше за цел усогласување на домашното законодавство со регулативата на ЕУ во областа на движење на капитал и платни и финансиски услуги со посебен осврт на пазар на хартии од вредност и инвестициски услуги. Исто така, оваа прилика ја користам во име на Комисијата за хартии од вредност на РМ да се заблагодарам на Европската Унија за велокодушната поддршка која ја даде за реализиција на нашата визија за приближување на Република Македонија до земјите членки на Унијата во областа на пазарот на хартии од вредност рече М-р Елизабета Чингаровска, Претседател на КХВ на РМ. Според неа, целите и принципите на работење и вредностите на КХВ, не мотивираат целосно да се усогласиме и да ги имплементираме релевантните ЕУ Директиви и да донесеме подобри закони, со што сите овластени пазарни учесници-берза, депозитар, инвестициски фирми ќе можат да ги планираат своите активности однапред и со поголема сигурност,што несомнено ќе доведе до раст и развој на пазарот на хартии од вредност, како значаен сегмент на македонската економија.Во изминатиот период ние сите упорно потсетувавме дека пазарите на хартии од вредност не функционираат во изолација и дека се што се случува во сите да дојде до подобрување на состојбите, потребно е да имаме модерно законодавство, компатибилно со Европската Унија или стандардизиран систем на закони кои важат во сите земји – членки. Затоа, преку имплементацијата на регулативата на ЕУ, сакаме да создадеме модерен и ефикасен пазар на хартии од вредност кој е отворен за соработка и интеграција со останатите финансиски пазари од Европа, со што рече Чингаровска ќе се искористи целосниот потенцијал на единствениот европски финансиски пазар, поддржан од модерната инфраструктура.Создавањето на посилен и високо регулиран пазар на хартии од вредност, усогласен со ЕУ регулативата ќе ја зголеми финансиската еластичност и ќе помогне парите да се движат таму каде што може да бидат најпродуктивни, каде што ќе можат да го помогнат развојот на компаниите. Таквиот пазар ќе може полесно да ги ангажира заштедите на граѓаните за постиг​​​​​нување на поефикасен раст, канализирање на инвестициите кон проекти на кои им треба финансирање, отварање на нови алтернативи за финансирање на деловните потфати на компаниите подвлече Претседателката на КХВ на РМ. Доколку навремено и целосно ги имплементираме ЕУ регулативите, дотолку побрзо ќе можеме да се надеваме на влез на повеќе странски инвестотори кои преферираат стабилност наместо постојано менување и неусогласеност на регулативата, континуирани и сигурни наместо високи, а еднократни приходи. Сето ова, рече Чингаровска ме мотивира, заедно со мојот тим да работиме на изградба на поликвиден, постабилен, поефикасен пазар на хартии од вредност кој се повеќе ќе се користи при финансирање за бизнисите во Македонија, како и за обезбедување на повеќе можности за потенцијалните инвеститори. Претседателката на КХВ ја спомена и СЕЕ Линк платформата во која се вклучени неколку берзи од регионот, а со која се создаде добра инфраструктура за инвеститорите, на домашните вложувачи и на финансиските посредници им се отворија нови бизнис можности, за почеток компаниите од трите земји веќе се доближија кај потенцијалните инвеститори. Ако на ова се додаде и предложената законска регулатива изготвена преку овој проект, финансиран од Европската Унија,според Чингаровска може да се констатира дека состојбите на македонскиот пазар на хартии од вредност се движат во позитивна насока.​


Следна вест→ ←Претходна вест

Панел:Европската перспектива на пазарите на капитал во регионот

четврток, 30 јуни 2016
Сите пазари на капитал во регионот се соочуваат со ниска ликвидност, но имаат потенцијал за раст беше констатирано на Панелот..
getFile (5).jpg

      ​На покана на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 30 јуни во Скопје присуствуваа претставници на регулаторните тела на пазарите на капитал од Република Словенија, Република Хрватска , Република Србија и Република Албанија, кои учествуваа на Завршната конференција по повод финиширање на проектот ,, Понатамошно усогласување со регулативата на ЕУ во областите на движење на капиталот и плаќање и финансиски услуги –пазари на хартии од вредност и инвестициски услуги,, финансиран од Европската унија, кој се имплементираше во последните 18 месеци. 

      Европската перспектива на пазарите на капитал во регионот беше клучната тема на Панелот со кој претседаваше Д-р Александар Стојков, Комисионер на Македонската Комисија за хартии од вредност, а панелисти беа Анка Чадеж,заменик директор на Словенечката Агенција за тргување со хартии од вредност, Мирјана Ивошевиќ , Комисионер на Српската Комисија за хартии од вредност, Ѓурѓица Михотиќ од Хрватската ХАНФА и Енкеледа Шехи, Генерален Извршен Директор на ФСА, Албанија. Учесниците говореа за добрите и за лошите страни на имплентацијата на правната рамка на ЕУ во националните регулативи и за тоа како регионалните пазари на капитал го гледаат нивното учество во ЕУ. Беше констатирано дека сите пазари на капитал во регионот заради слабата макроекономска ситуација, високиот буџетски дефицит , невработеноста и нискиот БДП се соочуваат со ниска ликвидност , но имаат потенцијал за раст. Позитивно е тоа што има компании кои работат многу добро и можат да бидат атрактивни за инвеститорите , но потребни се и структурни реформи. Дискутантите ја поддржаа СЕЕ линк, регионалната инфраструктура за тргување со хартии од вредност и веруваат дека ова поврзување треба да придонесе за поголема ликвидност на пазарите на Југоисточна Европа. Оваа интеграција беше речено е важна за заживување на пазарите на капитал во регионот.​​​​


Следна вест→ ←Претходна вест

Предупредување до инвеститорите: FX LIDER не е под надзор на КХВ

вторник, 23 август 2016
fxlider-logo1.png

   Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги предупредува домашните инвеститори во однос на друштвото кое ги извршува своите активности под називот FX Lider преку интернет страната http://www.fxlider.com. 

   Преку наведената веб страна и преку изјавите и написите дадени преку медиумите се посочува дека помеѓу FXLider и инвестициското друштво Fortrade Ltd. Лондон постои договор за соработка и промоција на услугите  за тргување и платформите за тргување на Fortrade Ltd. Лондон, инвестициско друштво со овластување и под супервизија на регулаторот од Обединетото Кралство FCA (Financial Conduct Authority).

   Согласно Законот за хартии од вредност, странска брокерска куќа која е овластена да ги врши сите или некои од услугите со хартиите од вредност во која било од земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој (OECD), може да ги врши истите услуги на територијата на Република Македонија преку своја подружница која има дозвола за работење добиена од Комисијата.

   Друштвото кое ги врши своите активности под називот FX Lider, не е брокерска куќа со дозвола за работење добиена од Комисијата,  не е подружница на странска брокерска куќа која има добиено дозвола за работење од Комисијата односно не е регистрирана подружница на Fortrade Ltd. Лондон, во Република Македонија.

   Врз основа на Законот за хартии од вредност, Fortrade Ltd Лондон нема овластување за давање на услуги со хартии од вредност на територијата на Република.

  Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, ги предупредува инвеститорите на особено внимание при разгледување и прифаќање  на директните или понудите на веб страната на FX Lider, имајќи предвид дека КХВ не врши надзор и супервизија над законитоста во неговото работење, ниту може да влијае врз заштита на правата и интересите на инвеститорите.

Регистарот на брокерските куќи кои имаат дозвола за работење добиена од Комисијата  е достапен на веб страната на КХВ: www.sec.gov.mk


Следна вест→ ←Претходна вест

ЗАЈАКНАТА РЕГИОНАЛНАТА КООРДИНАЦИЈА ЗА САНКЦИОНИРАЊЕ НА ПАЗАРНИТЕ МАНИПУЛАЦИИ И ИНСАЈДЕРСКОТО ТРГУВАЊЕ

среда, 12 октомври 2016
Image-1.jpg

​

Имајќи ги предвид заедничките цели за воспоставување на високо регулиран, фер, ефективен и транспарентен пазар на капитал кој ќе има за цел заштита и привлекување на домашни и странски инвеститори,  регулаторите на пазарите на хартии од вредност од Македонија, Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Република Српска, Федерацијата на Босна и Херцеговина и Дистрикт Брчко, потпишаа Декларација за соработка.  Денеска (12.10.2016 год.) во Љубљана својот потпис на документот го стави Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија м-р Елизабета Чингаровска.

Регулаторите на средбата и преку потпишаниот документ се обврзаа да создадат основа за развој на заедничка методологија и пракса за нудење на инвестициски услуги и зајакнување на супервизијата преку подобрување на инвестициската атмосфера и привлекување на мали и средни компании на пазарот на капитал.

Заедничката соработка ќе доведе до координација при носење на регулативата и утврдувањето на исти стандарди за санкционирање на пазарните манипулации и инсајдерско тргување. 

Согласно декларацијата, регулаторите ќе соработуваат при организирање на заедничка едукација и спроведување на лиценцирање на пазарните учесници кои би пружале услуги на пазарите во регионот.

Една од активностите која во изминатиот период беше реализирана е регионалната интеграција на берзите преку создавање на СЕЕ-Линк платформата за тргување на хартии од вредност од Македонија, Бугарија и Хрватска, а во наредниот период на оваа платформа ќе се прилучат и хартии од вредност од Љубљанската и Белградската Берза. Со оваа декларацијa се продолжува регионалната соработка меѓу регулаторните тела која започна пред 5 години.


Следна вест→ ←Претходна вест

Работилница- Состојби и предизвици на македонскиот пазар на хартии од вредност

сабота, 05 ноември 2016
Маврово Слика.JPG

​

Традиционално како и секоја година, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 04-05 ноември, 2016 година  во  Маврово   на заедничка маса ја собра целата брокерска и фондовска индустрија во земјава.

    Отварајќи ја работилницата, Претседателот на Комисијата, М-р Елизабета Чингаровска, истакна дека од ваквите средби кои се одржуваат по четвртти пат, видливи се реални ефекти, односно иницијативите и предлозите кои беа презентирани минатата година во Струмица  во најголем дел веќе се преточени во регулатива или се спроведени проекти.

Преку размена на идеи, сугестии и проблеми со кои се соочуваат овластените учесници подвлече Претседателот на КХВ Елизабета Чингаровска, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија како регулатор на пазарот на капитал во рамките на своите надлежности презема активности и мерки за подобрување на условите и движењата  на пазарот.

На работилницата беше презентирана прелог -законската регулатива која е целосно усогласена со европските директиви, а чија подготовка започна уште во 2015 година преку проектот за Понатамошно усогласување со регулативата на ЕУ во областите на движење на капиталот и плаќање и финансиски услуги –пазари на хартии од вредност и инвестициски услуги, финансиран од Европската унија.

Беше констатирано дека создавањето на посилен и високо регулиран пазар на хартии од вредност, усогласен со ЕУ регулативата ќе ја зголеми финансиската еластичност и ќе помогне парите да се движат таму каде што може да бидат најпродуктивни, каде што ќе можат да го помогнат развојот на компаниите.

Исто така, беше анализирано како функционира и кои се ефектите од СЕЕ линк – регионална платформа за тргување со акции на повеќе компании од регионот. Со излезот на платформата, компаниите се повидливи за странските вложувачи, а осум од десетте овластени учесници веќе имаат шанса за повеќе клиенти и заработка, а македонските граѓани за прв пат самостојно да инвестираат на пазарите во регионот.

 

Беше дискутирано и за обврските на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност при спречувањето на перење пари и финансирањето на тероризмот, при што беше заклучено дека  сите треба навремено да ги ажурираат Програмите за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот.

Заеднички беше констатирано дека сите овластени учесници треба да преземаат чекори кои би придонеле за унапредување на вкупните состојби на нашиот пазар. Во таа насока, брокерската и фондовската индустрија во наредниот период канализирано можат да ги доставуваат до КХВ сите отворени прашања и предлози.

 

На работилницата присуствуваа и членот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Милаим Ајдини, вработени во Стручната служба на КХВ, Главниот извршен директор на Македонската берза АД Скопје, Иван Штериев, Извршниот директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје Елена Јакимовска Петровска, директорите на брокерските куќи и банките кои имаат дозвола за работење со хартии од вредност во земјава, како и првите луѓе на друштвата за управување со инвестициски фондови. За прв пат на оваа работилница учествуваа и претставници на Министерството за финансии.

 


Следна вест→ ←Претходна вест

Говор на Претседателот на КХВ М-р Елизабета Чингаровска на работилницата:Environmental. social and governance standards in the Macedonian corporate governance code for joint stock companies-Challenges and benefits

SAS_2362.JPG

​

    Чест ми е да Ве поздравам во мое лично име и во името на Комисијата за хартии од вредност и да изразам благодарност до претставниците на ИФЦ-Меѓународната финансиска корпорација за поканата за учество на оваа работилница.

Соработката на Комисијата за хартии од вреност на РМ и IFC-Меѓународната финансиска корпoрација, датира уште од 2008 година, во моментите кога транспарентноста на акционерските друштва со посебни обврски за известување кои се водеа во Регистарот на КХВ, беше на многу ниско ниво. Со ИФЦ изготвивме Прирачник за акционерски друштва со посебни обврски за известување, кој придонесе за значително подобрување на процентот на објавувањето на информации во Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување од страна на компаниите и се влијаеше на подигнување на свеста кај акционерските друштва дека навременото доставување на податоци е во нивни интерес, а не само законска обврска. Со имплементација на овој проект, се оствари и една од стратешките цели на Комисијата.

Заради подобра информираност на акционерските друштва за постапката за издавање на нова емисија на хартии од вредност Комисијата од врата на врата заедно со ИФЦ  ги посети сите  АД со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за да им ги објасни бенефитите од прибирање на свеж капитал преку ваков начин на финансирање.

Комисијата заедно со ИФЦ, им помогна на компаниите полесно да ги разберат обврските кои произлегоа од задолжителната котација  на македонската берза, преку која се постигна поголема транспарентност, полесен пристап до капитал и до зголемување на пазарната вредност на компаниите и атрактивноста за вложувања во нив.

          Заеднички се обидовме да ги мотивираме ДОО да се трансформираат во АД, со што пак би се зголемила довербата во друштвата од страна на јавноста заради  поголема  ефикасност и ефективност, како и  полесен пристап до алтернативен начин за финансирање на проекти.  Им укажавме  дека на тој начин  ќе ја однесат  компанијата на повисоко ниво на одржливост, пред да ја препуштат  на следните генерации.

   Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  свесна дека  едукацијата е потребна без разлика дали станува збор за развиена земја и без разлика на образованието на населението,а со оглед на фактот што  во последните години има многу иновации во овој сектор,  во континуитет, а со поддршка на IFC, ја едуцира широката јавноста, пред се средношколците и студентите како идни учесници и креатори на активностите на пазарот на капитал. Комисијата за хартии од вредност на РМ, Македонската берза и Институтот на директори, поддржани од IFC организираат и обука за корпоративни секретари во Република Македонија, со што уште еднаш покажавме колку е важна корпоративната свест на раководните тимови во компаниите. Само преку едукација на внатрешните правни советници се унапредува квалитетот на корпоративното управување и се почитуваат добрите корпоративни правила и политики.

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија без дилема ја  поддржа иницијативата за изработка на нов Кодекс, во кој ќе се постават нови стандарди и принципи за корпоративно управување на акционерските друштва.  На тој начин ќе добијат можност да го рекламираат доброто работење и да го зголемат општиот имиџ, а со тоа во иднина ќе имаат шанса полесно да прибираат капитал од широката јавност. 

Добрата соработка меќу Комисијата и ИФЦ-Меѓународната финансиска корпорација сакаме да продолжи и во наредниот период, особено што ние како регулатор сме исправени пред имплементација на нова законска регулатива која ги опфаќа речиси сите сегмети на пазарот на хартии од вредност.

 Ако цениме по досегашното ниво на поддршка и постигнатите ефекти, можеме со право да очекуваме дека нашиот партнер -ИФЦ ќе не следи при спроведувањето и на идните реформи на пазарот на капитал. Ви Благодарам на вниманието... 


Следна вест→ ←Претходна вест

Говор на Претседателот на КХВ на работилницата :Environmental Social and Governance Standards - Challenges and Benefits

вторник, 07 март 2017
Претседателот на КХВ Чингаровска на работилницата организирана од ИФЦ
SAS_2362.JPG

​

 Чест ми е да Ве поздравам во мое лично име и во името на Комисијата за хартии од вредност и да изразам благодарност до претставниците на ИФЦ-Меѓународната финансиска корпорација за поканата за учество на оваа работилница.

Соработката на Комисијата за хартии од вреност на РМ и IFC-Меѓународната финансиска корпoрација, датира уште од 2008 година, во моментите кога транспарентноста на акционерските друштва со посебни обврски за известување кои се водеа во Регистарот на КХВ, беше на многу ниско ниво. Со ИФЦ изготвивме Прирачник за акционерски друштва со посебни обврски за известување, кој придонесе за значително подобрување на процентот на објавувањето на информации во Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување од страна на компаниите и се влијаеше на подигнување на свеста кај акционерските друштва дека навременото доставување на податоци е во нивни интерес, а не само законска обврска. Со имплементација на овој проект, се оствари и една од стратешките цели на Комисијата.

Заради подобра информираност на акционерските друштва за постапката за издавање на нова емисија на хартии од вредност Комисијата од врата на врата заедно со ИФЦ  ги посети сите  АД со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за да им ги објасни бенефитите од прибирање на свеж капитал преку ваков начин на финансирање.

Комисијата заедно со ИФЦ, им помогна на компаниите полесно да ги разберат обврските кои произлегоа од задолжителната котација  на македонската берза, преку која се постигна поголема транспарентност, полесен пристап до капитал и до зголемување на пазарната вредност на компаниите и атрактивноста за вложувања во нив.

          Заеднички се обидовме да ги мотивираме ДОО да се трансформираат во АД, со што пак би се зголемила довербата во друштвата од страна на јавноста заради  поголема  ефикасност и ефективност, како и  полесен пристап до алтернативен начин за финансирање на проекти.  Им укажавме  дека на тој начин  ќе ја однесат  компанијата на повисоко ниво на одржливост, пред да ја препуштат  на следните генерации.

   Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  свесна дека  едукацијата е потребна без разлика дали станува збор за развиена земја и без разлика на образованието на населението,а со оглед на фактот што  во последните години има многу иновации во овој сектор,  во континуитет, а со поддршка на IFC, ја едуцира широката јавноста, пред се средношколците и студентите како идни учесници и креатори на активностите на пазарот на капитал. Комисијата за хартии од вредност на РМ, Македонската берза и Институтот на директори, поддржани од IFC организираат и обука за корпоративни секретари во Република Македонија, со што уште еднаш покажавме колку е важна корпоративната свест на раководните тимови во компаниите. Само преку едукација на внатрешните правни советници се унапредува квалитетот на корпоративното управување и се почитуваат добрите корпоративни правила и политики.

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија без дилема ја  поддржа иницијативата за изработка на нов Кодекс, во кој ќе се постават нови стандарди и принципи за корпоративно управување на акционерските друштва.  На тој начин ќе добијат можност да го рекламираат доброто работење и да го зголемат општиот имиџ, а со тоа во иднина ќе имаат шанса полесно да прибираат капитал од широката јавност.  

Добрата соработка меќу Комисијата и ИФЦ-Меѓународната финансиска корпорација сакаме да продолжи и во наредниот период, особено што ние како регулатор сме исправени пред имплементација на нова законска регулатива која ги опфаќа речиси сите сегмети на пазарот на хартии од вредност.

 Ако цениме по досегашното ниво на поддршка и постигнатите ефекти, можеме со право да очекуваме дека нашиот партнер -ИФЦ ќе не следи при спроведувањето и на идните реформи на пазарот на капитал. Ви Благодарам на вниманието... 



Следна вест→ ←Претходна вест

КХВ ја одбележува Глобалната недела на парите

понеделник, 27 март 2017
Ивана.jpg

​

             Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија-Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, во соработка со Бирото за развој на образованието и Сојузот на микрофинансиски организации, од 27 март до 2 април ја одбележуваат Глобалната недела на парите. Темата за оваа година на Глобалната недела на парите е „Учи! Штеди! Заработи! ", со намера младите луѓе да научат да штедат за својата иднина.

Оваа иницијатива ја подигнува свеста кај младите преку учење за тоа како функционираат парите, вклучувајќи го штедењето, вработувањето и претприемаштвото. Секоја година, младите луѓе разговараат, читаат и учат за економските и за финансиските системи преку најразлични активности што ги спроведуваат државните институции.

На првиот ден, 27 март од Глобалната недела на парите, ученици од четири основни и средни училишта од Скопје,ги посетија Народната банка, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, како и на Македонската берза, Музејот на пари при Народната банка, еден пензиски фонд, инвестициски фонд, комерцијална банка, штедилница и осигурителна компанија.

КХВ беше домаќин на ученици од IV-та година од Економското училиште Васил Антенски Дрен, што претставуваше добра шанса за средношколците да се запознаат со улогата на Комисијата како регулатор на пазарот на хартии од вредност .

Целта на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади е да ги поттикне младите да инвестираат во својата иднина, истакнувајќи ја важноста на раната финансиска едукација, со што ќе станат свесни за своите финансиски права, ќе им ја олесни пристапноста до финансиските услуги и ќе ги развие нивните финансиски вештини.

Во Македонија ,Глобалната недела на парите се одбележува  во повеќе денови, преку посета  на училишта во Велес, Неготино, Тетово,Гостивар, Охрид и во Струга. На 19 април кога и е официјалното затворање се најавува голем настан во Градскиот парк на кој ќе бидат присутни институциите коишто ги предводат овие активности и финансиските институции од целиот финансиски сектор.  Инаку, посетите се изведуваат со препознатливи, обележани едукативни автобуси.

 


Следна вест→ ←Претходна вест

Обраќање на Претседателот на Комисија за хартии од вредност на РМ М-р Елизабета Чингаровска на Годишна конференција на берза 21.04.2017 година-Охрид

петок, 21 април 2017
Beti -koneferencija ohrid.jpg

Почитувани дами и господа,

Чест ми е да Ве поздравам во мое лично име и во името на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и да ја отворам 18-тата Годишна Конференција на Македонската Берза  и истовремено да  се заблагодарам за поканата.

За прв пат откако сум Претседател на Комисијата за хартии од вредност, оваа конференција се одржува во Охрид, што ми е особено драго и што барем според мене е знак дека брокерската и фондовскaта индустрија, како и потенцијалните инвеститори се во подобра финансиска кондиција и дека и покрај актуелната политичка состојба и сложените услови за работа, кај сите нас како дел од пазарот на хартии од вредност се враќа  интересот за овој сегмент.

Зошто го велам ова?

Заради тоа што вкупниот берзански промет во првиот квартал годинава изнесува 16,8 милиони евра, што е меѓу најдобрите во последниве пет години.

Заради главниот берзански индекс МБИ 10 кој во 2016 година порасна за повеќе од 16 проценти, а во 2017 година за дополнителни 6 проценти.

 Заради добрите финансиски резултати на котираните компании во 2016 година.

Заради  трендот на распределба на дивиденда наспроти ниските каматни стапки .

Заради актуелните состојби на регионалните пазари.

Тоа се некои од фактите заради што велам дека се враќа интересот за пазарот на хартии од вредност .   

Почитувани, задоволство ми е што денес гледам претставници, од различни сектори на стопанството, од финансиските институции,  сите со различни перспективи, различни идеи и очекувања но, верувам, со ист интерес и цел – развој  на македонскиот пазар на хартии од вредност и негово приближување до европските принципи и стандарди.

 Македонската берза како домаќин на оваа традиционална конференција нуди актуелни теми  и панелисти, а  Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ја поддржува секоја иницијатива и дискусија поврзана со различни аспекти од функционирањето на пазарот на капитал. Да  се има иницијатива  е да се има способност да се биде двигател, да се дејствува кога нема јасни инструкции, да се делува кога ситуацијата се менува или планот се распаѓа.  Впрочем, сите  учиме  едни од други. Колку повеќе меѓусебно се  разбираме, толку повеќе ќе можеме да успееме.

Почитувани,

На ниво на Европската Унија и понатаму се преземаат регулаторни мерки за развој на инвеститорската, регулаторната и конкурентската сцена на европските пазари на капитал. Во изминатиот период со сет на регулаторни мерки се зајакна инфраструктурата на пазарот на капитал, преку наметнување на повисоки стандарди за однесување на сите пазарни учесници и креатори. Со цел ефикасна мобилизација на приватните извори на средства и нивно канализирање во долгорочно финансирање на реалниот сектор се преземаа мерки за воспоставување на прудентна регулаторна рамка во чиј фокус се малите и средните претпријатија пришто треба да им се овозможи полесен пристап до пазарите на капитал и пристап до поголеми финансиски средства за развој и експанзија на нивните бизниси. Преку овие мерки ќе се обезбеди диверзификација на изворите на финансирање односно поттикнување на издавањето на акции, но и издавањето на корпоративни обврзници, преку креирање на транспарентен и ликвиден пазар за овие финансиски инструменти.

Во фокусот на вниманието на европските регулатори  и понатаму останува финансиската писменост како еден од предусловите за заштита на инвеститорите. Се преземаат мерки и се воспоставуваат услови за да се подобри знаењето и финансискиот капацитет на широката јавност преку обезбедување на суштински информации и алатки кои им се потребни на инвеститорите за донесување на информирани финансиски одлуки и за разумно менаџирање со нивните заштеди.

И Комисијата за хартии од вредност заедно со Народната банка, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Мапас, тргнувајќи од премисата дека нема фаза од животот во која финансиските прашања не се значајни и во кои надградбата на човекот за тоа како треба да се управува со парите не е значајна, континуирано ги едуцираат учениците, студентите, инвеститорите.

 Вклучени сме и во Глобалната недела на парите, настан кој го одбележуваат над 100 земји во светот. Во една пазарна економија, настаните на Берзата и околу неа се едни од најважните економски феномени. Токму нивното разбирање е меѓу позначајните  показатели за нивото на финансиска едукација во една држава. Финансиската едукација треба да се гледа како дополнување на постоечката заштита на инвеститорите и на одговорното однесување на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност.

Почитувани учесници,

Значителното зголемување на глобализацијата и меѓусебната поврзаност на финансиските пазари, како и технолошките достигнувања кои влијаеја да се смени начинот на кој функционираат пазарите на хартии од вредност, како и прекршување на законите кои  ги регулираат овие области,  доведоа  до дискусии на ниво на IOSCO како да се задржи чекорот со технолошкиот, општествениот и пазарниот развој и  како да се зајакне супервизијата .

Континуирано се следат и состојбите и се преземаат регулаторни мерки за подобрување на транспарентноста и корпоративното управување на компаниите на европските пазари на капитал. Во оваа насока, се преземаат мерки за унифицирање на стандардите за финансиско известување во сите земји во Унијата и за обезбедување на јасни и разбирливи информации за инвеститорите насекаде низ Унијата. Токму затоа, Комисијата за хартии од вредност и Македонската берза, во соработка со Меѓународната финансиска корпорација –ИФЦ, почнаа со изработка на нов Кодекс, во кој ќе се постават нови стандарди и принципи за корпоративно управување на акционерските друштва.  На тој начин, компаниите ќе добијат можност да го рекламираат доброто работење и да го зголемат општиот имиџ, а со тоа во иднина ќе имаат шанса полесно да прибираат капитал од широката јавност.  

 

Почитувани,

 

Севкупните политички случувања во нашата држава  влијаат врз однесувањето на инвеститорите и нивните одлуки да инвестираат на македонската берза. Сите ние, чинители на пазарот на хартии од вредност, работиме на ублажување на последиците од воздржувањето на инвеститорите да вложуваат во македонските компании.Токму поради тоа целите и принципите на работење и вредностите на Комисијата за хартии од вредност на РМ, ни се основниот лајтмотив за проектирање и реализирање на нашите секојдневни активности, кои ќе придонесат за создавање на поголема сигурност и стабилност на пазарот на хартии од вредност и поголема предвидливост на постапките на сите пазарни учесници.

Основните принципи во работењето и креирањето на стабилност не мотивираат целосно да се усогласиме и да ги имплементираме релевантните ЕУ Директиви, да подготвиме подобра регулатива и да создадеме модерен и ефикасен пазар на хартии од вредност, отворен за соработка и интегрирација со останатите финансиски пазари од Европа, со што ќе се искористи целосниот потенцијал на единствениот европски финансиски пазар, поддржан од модерната инфраструктура.

Во насока на имплементација на релевантните ЕУ директиви во делот на пазарот на хартии од вредност се подготовени и нови- Закон за финансиски инструменти и Закон за проспекти и транспарентност на издавачи, кои значат  прифаќање на глобалните принципи и правила, кои пак ќе придонесат за минимизирање на пазарните фрагментации и олеснување на прекуграничните капитални текови.

Почитувани дами и господа,

Во денешни услови на значајно променети глобални финансиски пазари како резултат на  регулаторни реформи и технолошки и пазарни иновации, свесни сме дека мора да се напуштат конзервативните пристапи за развој на малите пазари на капитал и да се прифатат модели кои ги бараат актуелните состојби и финансиско опкружување.

Со цел имплементирање унифицирани стандарди за супервизија на целиот небанкарски финансиски сектор, намалување на ризиците за арбитрерно одлучување, подобар и појасен преглед врз управување со ризиците и зголемување на транспарентноста и одговорноста, можеби е време да се размисли за идејата за создавање на ефикасен и ефективен регулатор во небанкарскиот сектор, преку интеграција на регулаторите во областа на пазарот на хартии од вредност, осигурувањето  и пензиските фондови.

Интегрираниот регулатор од цел сама по себе може да се претвори во основен креатор и генератор на раздвижувањето на македонскиот пазар на капитал, преку низа на мерки и активности кои многу полесно би се преземале, за разлика од постојната состојба на повеќе регулаторни тела.

Почитувани,

 Сите ние делиме иста судбина, сите сакаме подобра иднина на пазарот на хартии од вредност, сите работиме за неговиот просперитет и развој, и токму заради тоа во овој период сите ние треба да се обединиме околу заедничката идеја- конкурентен, атрактивен, ефикасен и ефективен пазар на хартии од вредност кој ќе може да држи чекор со поразвиени пазари од регионот и ќе биде еден од моторите на придвижување на националната економија.

Ќе завршам со реченицата - Ако сакаш да ја подобриш организацијата, мора да се подобриш себеси и организацијата ќе расте заедно со тебе.

Ви благодарам за вниманието и посакувам плодни и отворени дискусии!


Следна вест→ ←Претходна вест

Со финансиската едукација, граѓаните до здрави одлуки и поквалитетно живеење

четврток, 11 мај 2017
finansiska edukacija-slika 11.jpg

Скопје, 11 мај 2017 (МИА) - Финансиската едукација е долгорочна инвестиција за целото општество и за државата, како и за поединецот кој полесно и посигурно ќе може да донесува финансиски здрави одлуки и поквалитетно да живее.

Ова е пораката од „Денот на финансиската едукација" што денеска го организираа Координативното тело на регулаторните институции за финансиска едукација составено од Народна банка на Република Македонија, Министерство за финансии, Агенција за супервизија на осигурувањето, Комисија за хартии од вредност и Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Целта, како што беше посочено, е да се запознаеме со финансиските услуги и со тоа што тие го носат.

- Управувањето со парите е еднакво одговорна обврска како и управувањето со сопственото здравје или која било друга крупна одлука во животот. Наша обврска е да се грижиме за раната финансиска едукација што претставува долгорочна инвестиција за целото општество и државата, рече министерот за финансии Кирил Миноски на „Денот на финансиска едукација".

Според него, ако децата го добијат ова знаење во рана возраст, таа иднина ќе биде подобра и во финансиите.

Гувернерот на НБРМ Димитар Богов потенцира дека финансиската едукација станува сè позначаен фактор за градењето стабилен и сигурен финансиски сектор, што е препознаено во светот и го работат сите централни банки, регулатори и министерства за финансии.

- Глобалната криза покажа дека граѓаните се многу ранливи на услугите што ги нудат финансиските институции и единствен лек е поинформирани граѓани, кои ќе имаат информации за она во што се впуштаат, што се нуди и да можат да проценат, бидејќи само информирани граѓани може да донесат правилна одлука, рече Богов.

Тој додаде дека финансиската едукација е животна вештина која секој од нас треба да ја поседува. - Еден ден секој ќе се најде во ситуација да оцени какви кредити му се потребни, какво осигурување, какво животно осигурување, каков кредит да земе. Сето тоа не е лесно и тие производи стануваат сè посложени и сè потешко станува избирањето на вистинските производи, рече Богов, кој најави дека финансиската едукација може да стане дел од формалното образование и оти веќе е почната соработка со Бирото за развој на образованието. 

Климе Попоски  од Агенцијата за супервизија на осигурувањето потенцира дека финансиската едукација за младите претставува долгорочна инвестиција која на крајот на денот ќе донесе неколку позитивни ефекти - севкупен економски развој, развој на финансискиот систем, стабилност на финансискиот систем и финансиски бенефити во процесот на носење одлуки за консумирање финансиски производ.

Едукацијата на младото население е долгорочна инвестиција каде ефектите се очекуваат на долг рок. Затоа, рече Попоски, овие чекори што ги правиме се надеваме дека својот ефект ќе го имаат по 5 или 10 години.

Булент Дервиши од МАПАС порача дека треба да се мисли на иднината, односно на пензија, уште во младоста. - Во моментот кога работите и се грижите за своето семејство, треба да се грижите и за својата иднина. За пензијата штедиме уште од првата плата, посочи Дервиши.

За Елизабета Чингаровска, претседател на Комисијата за хартии од вредност, економската стабилност на земјата е тесно поврзана со финансиската едукација. 

Посочи дека Комисијата е насочена кон подобрување на финансиската едукација, пред сè во средните училишта бидејќи станува збор за посложена материја која може да се осознава веќе од средното училиште.


Следна вест→ ←Претходна вест

РАБОТИЛНИЦА: Погледи кон иднината, со искуства од минатото, пазарот на хартии од вредност во 2018

понеделник, 27 ноември 2017
слика крушево.JPG

​

   Традиционално како и секоја година, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 24-25 ноември, 2017 година  во  Крушево  на заедничка маса ја собра целата брокерска и фондовска индустрија во земјава.

Оваа година за прв  пат работилницата  имаше  поинаков концепт    -  Дискусија на тема ,,Погледи кон иднината, со искуства од минатото,пазарот на хартии од вредност во 2018,,.

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на РМ  М-р Елизабета Чингаровска ја модерираше работилницата и при тоа отвори неколку теми: какви се состојбите на пазарот на хартии од вредност, кои се постигнатите резултати во изминативе пет години, може ли да се идентификуваат проблемите и слабостите, за и против  посилна  и  поблага регулатива во пресрет на новите законски решенија, за тоа дали пазарот на капитал, со институциите и регулативата што го следи, дава придонес во подигнувањето на квалитетот на корпоративното управување кај нас, и,  се разбира,  какви  мерки се неопходни за понатамошен развој на пазарот на капитал.

Овластените учесници на пазарот на хартии од вредност и тоа  Македонската берза, Централниот депозитар на хартии од вредност, брокерските куќи, банки, друштвата за управување на инвестициски фондови и депозитарните банки, заеднички, интерактивно и отворено  дискутираа  за состојбите на пазарот на хартии од вредност во изминативе пет години  и  предлагаа правци во кои треба да се движи пазарот на капитал во 2018 година.  Секој поединечно дадоа  свое видување за сработеното во изминативе пет години и притоа ги идентификуваа отворените прашања во насока на подобрување и понатамошен развој на пазарот на хартии од вредност .

На работилницата присуствуваа  и членот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  Милаим Ајдини, вработени во Стручната служба на КХВ, Извршните директори на Македонската берза АД Скопје и на  Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, Иван Штериев  и  Даринка Дамјановиќ,  директорите на брокерските куќи и банките кои имаат дозвола за работење со хартии од вредност во земјава, како и првите луѓе на друштвата за управување со инвестициски фондови.

Ианку, оваа работна средба на регулаторот со брокерската и фондовската индустрија  се одржува по петти пат, а  ефектите се видливи и реални, односно иницијативите и предлозите кои беа презентирани изминатите години на претходните работилници, во најголем дел веќе се преточени во регулатива или се спроведени проекти. КХВ продолжува со практиката преку размена на идеи, сугестии и проблеми со кои се соочуваат овластените учесници како регулатор на пазарот на капитал во рамките на своите надлежности да презема активности и мерки за подобрување на условите и движењата  на пазарот.

 

 


Следна вест→ ←Претходна вест

Правилник за внатрешна организациона поставеност и систематизација на работни места во Комисијата за хартии од вредност на РМ

понеделник, 12 февруари 2018

​

Врз основа на член 19 став 2 од Законот за работни односи („Службен весник РМ" бр. 62/2005. 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014),  член 184 став 1 точка o) од Законот за хартии од вредност („Службен весник РМ" бр. 95/2005, 25/2007, 7/2008, 57/2010, 135/201, 13/2013, 188/2013 и 43/2014) и член 13 став 1, алинеја 18, член 22 став 2 и член 26 став 1 алинеја 4 од Статутот на Комисијата за хартии од вредност на РМ број 01-356/1 од 30.01.2009 година и Статутарната одлука за измена и дополнување на статутот  бр.01-1993/1 од 06.12.2013 година, Комисијата за хартии од вредност на РМ на својата седница одржана на ден 30-12-2014, утврди:

Пречистен текст

Правилник

за внатрешна организациона поставеност и систематизација на работни места во

Комисијата за хартии од вредност на РМ

Член 1

Со Правилникот за внатрешна организациона поставеност и систематизација на работни места на Комисијата за хартии од вредност (во натамошниот текст: Правилник), поблиску се уредува внатрешната организациона поставеност и систематизација на работните места во Комисијата за хартии од вредност називите на работните места, посебните услови за вршење на работи на секое поединечно работно место, опис и попис на работи и работните задачи од работните места, како и потребниот број на работници.

 

Член 2

            Целта на внатрешната организациона поставеност и систематизацијата на работните места е :

            -целосно,  благовремено, рационално и економично извршување на функциите на Комисијата за хартии од вредност (во натамошниот текст: Комисија);

            -подобро искористување на кадровските и материјалните капацитети на Комисијата и зголемување на ефикасноста на работењето;

            -воспоставување на непосредна организациона врска, координација и поголема контрола во реализација на работите и работните задачи, и

            -создавање на основни претпоставки за натамошно унапредување на системот на работење и развојот на Комисијата.

            Работите и задачите утврдени со овој Правилник се основ за прием на работници на работа и за склучување на договор за вработување, како  и за нивното распоредување на соодветно работно место.

            Работен однос во Комисијата се заснова со објавување на јавен оглас и со склучување на договор за вработување.

            За засновање на работниот однос во Комисијата, покрај општите услови, кандидатот треба да ги исполнува и посебните услови определени за пооделните работни места со член 7 од овој Правилник. 

Организациона структура на Комисијата

Член 3

            Заради обезбедување целосно, ефикасно, навремено и рационално вршење на работите, поврзување и координирање на работата, одговорност на работниците во вршењето на работите од нивниот делокруг на работа и остварување на соработка на Комисијата со корисниците на нејзините услуги, во вршењето на работите од делокруг на Комисијата, основни делови на внатрешната организациона структура за извршување на работите се:

            -  Кабинет на Претседателот;

- Сектор за општи и нормативни работи во кој, како дел од стручната служба на Комисијата, се вршаат општите и нормативни работи, се уредуваат односите меѓу работниците и Комисијата, се вршат работи поврзани со сметководство и финанисии,  со јавни набавки, а се водат и сите постапки каде Комисијата се јавува како учесник;

- Сектор за супервизија на пазарот на капитал во кој, како дел од стручната служба на Комисијата, се вршат работите поврзани со обезбедувањето на законитоста во работењето со хартии од вредност, се врши посредна и непосредна како и редовна и вонредна контрола. Исто така, се врши и издавањето на лиценци на учесниците на пазарот на хартии од вредност, издавање на дозволи за работење како и согласности на актите кои ги носат овластените учесници на пазарот на хартии од вредност;

            - Сектор за корпоративни финансии во кој, како дел од стручната служба на Комисијата, се води регистарот на друштва со посебни обврски за известување, се издаваат одобренија за емисии на хартии од вредност, како и одобренија за преземање на акционерски друштва;

- Сектор за истражување и развој на пазарот на капитал и меѓународна соработка, во кој  како дел од стручната служба на Комисијата, се вршат сите потребни анализи на пазарот на капитал, се остварува соработка со институции од други држави и меѓународни организации како и соработка со органите на ЕУ.

Член 4

            Раководни лица во Комисијата се:

- Претседател на Комисијата;

- Комисионери (членови) на Комисијата;

- Раководител на Стручната Служба на Комисијата;

 

3. Систематизација на работни места

Член 5

Заради извршување на работите од дејноста на Комисијата, а според организационата структура на Комисијата, за пооделните работни места се определени посебни услови.

Работното место како основен облик на организирање на трудот во Комисијата, го чинат збир од работи и работните задачи кои работникот треба да ги извршува со одредени средства, во определени услови и во предвидена односно вообичаена постапка. Секоја работа, односно работната задача има опис. Описот на работата, односно работната задача се определува според карактерот на работата, односно работната задача.  

 

Член 6

Работните места во согласност со организационата структура утврдена во овој Правилник се разврстуваат според: називот на работното место; потребниот степен на стручна подготовка и описот и пописот на работите и задачите од работното место.

Член 7

            Посебни услови кои работникот треба да ги исполнува за вршење на работите и задачите се:

- Потребниот степен на стручната подготовка;

- Посебни знаења, положени испити, овластувања и други услови предвидени согласно позитивните прописи;

- Работното искуство;

- Познавање на англискиот јазик (зборување, читање и пишување);

- Организациона способност;

            Познавање на англискиот јазик се проверува по пат на тестирање-непосредно преку усен и текстуален тест од лицата овластени од Претседателот на Комисијата или од него овластениот работник.

            Организационата способност на кандидатот се проверува преку непосреден разговор со кандидатот и неговото претходно работно искуство од страна на Претседателот на Комисијата или од него овластениот работник.

Потребниот степен на стручната подготовка и работното искуство се утврдуваат во зависност од сложеноста на работата, односно на работните задачи во процесот на работата.

Под стручна подготовка во смисла на овој Правилник се подразбира школската спрема од одредена струка, која се стекнува во верифицирана образовна организација.

Под знаење и способност се подразбира умешноста, вештината, извежбаноста или друго својство на работникот што ќе му овозможи успешно извршување на работи и работните задачи.

Под работно искуство се смета искуството стекнато во вршење на исти или слични работни и работни задачи, по стекнување на соодветен степен на стручна подготовка.

 

Член 8

Комисијата работите од својот делокруг ги врши како единствена организационо правна целина.

Работникот ги врши работите од работното место почитувајќи ја организацијата на работата и деловната активност на Комисијата.

 

Член 9

Работите и задачите од работното место може да ги извршуваат еден или повеќе работници.

Бројот на извршители треба да биде усогласен со потребите на Комисијата.

5. Систематизација на работни места

Член 10

 Работно место

Други услови

 

Комисија ​ ​
1ПретседателСогласно член 183 став 3 од Законот за хартии од вредност
2Член-комисионерСогласно член 183 став 3 од Законот за хартии од вредност
Кабинет на Претседател ​ ​
3Раководител на Стручна службаЕкономски или правен факултет -правни студии, минимум 3 години работно искуство, англиски јазик,
4Координатор за односи со јавностЕкономски или правен факултет -правни студии, факулттет за интердисциплинарни студии,студии по новинарство,факултет за односи со јавност, англиски јазик
5Виш советник-ПрограмерФакултет за информатика-софтверско инженерство  или сродни факултети, минимум 2 години работно искуство,  англиски  јазик
Одделение за внатрешна ревизија ​ ​
1Внатрешен ревизорЕкономски или правен факултет, минимум 3 години работно искуство, англиски  јазик
Сектор за општи и нормативни работи ​ ​
1Координатор на секторЕкономски или правен факултет -правни студии, минимум 3 години работно искуство,  англиски јазик
2Самостоен советник за застапување и правни работи  Правен факултет-правни студии, положен правосуден испит,минимум 3  години работно искуство, англиски  јазик
3Советник за правни и општи работиПравен факултет-правни студии, положен правосуден испит, минимум 2 години работно искуство,  англиски  јазик
4Стручен соработник за правни и општи работиПравен факултет-правни студии, англиски  јазик
5Виш советник  за јавни набавкиПравен факултет-правни студии или економски факултет, минимум 2  години работно искуство англиски јазик
6Овластен сметководител Економски факултет, лиценца за овластен сметководител,  минимум 3 години работно искуство, англиски јазик
7Самостоен советник за финансиски менаџментЕкономски факултет,минимум 3  години работно искуство, англиски  јазик
8Виш советник за финансиски менаџмент Економски факултет, минимум 2  години работно искуство, англиски јазик
8аСоработник-администратор Факултет за информатика или сродни факултети, англиски јазик
9Деловен асистентФакултет од областа на општествените науки,, познавање на работа со компјутер- МS Office, англиски јазик  
10Архивар 
11Возач и економ„Б" категорија
12Хигиеничар 
  ​  
Сектор за супервизија на пазарот на капитал ​ ​
1Координатор на секторотЕкономски или правен факултет -правни студии, минимум 3 години работно искуство, англиски јазик
2Самостоен инспектор за супервизија и надзор Економски или правен факултет -правни студии или друг факултет, минимум 3 години работно искуство, англиски  јазик 
3Виш инспектор за супервизија и надзорЕкономски или правен факултет -правни студии или друг факултет, минимум 2  години работно искуствo,  англиски  јазик, 
4Инспектор за супервизија и надзорЕкономски или правен факултет-правни студии или друг факултет, минимум 1 година работно искуство, англиски јазик
5Помлад инспектор за супервизија и надзорЕкономски или правен факултет -правни студии или друг факултет,  англиски јазик
6Виш советник за издавање на лиценциПравен факултет-правни студии или друг факултет, минимум 2 години работно искуство, англиски  јазик
7Соработник за издавање на лиценциПравен факултет-правни студии,  англиски  јазик
8Советник за информациони системиФакултет за информатика или сродни факултети, англиски  јазик
  ​  
Сектор за корпоративни финансии ​ ​
1Координатор на секторотЕкономски или правен факултет -правни студии, минимум 3 години работно искуство англиски јазик
2Самостоен советник-аналитичарЕкономски факултет, минимум 3  години работно искуство, англиски јазик
3Самостоен советник за издавање на одобренија Економски или правен факултет -правни студии, минимум 3 години работно искуство англиски  јазик
4Виш советник за издавање на одобренија Економски или правен факултет -правни студии, минимум 2 година работно искуство англиски  јазик
5Советник за издавање на одобренијаЕкономски или правен факултет -правни студии, минимум 1  години работно искуство англиски  јазик
6Соработник за издавање на одобренијаЕкономски или правен факултет - правни студии, англиски  јазик
  ​

Сектор за истражување и развој на пазарот на капитал

и меѓународна соработка

​ ​
1Координатор на секторотЕкономски или правен факултет-правни студии, минимум 3 години работно искуство, англиски јазик
2Самостоен советник за соработка со органите на ЕУ меѓународни организации и регулатори од други државиЕкономски или правен факултет -правни студии, минимум 3 години работно искуство, англиски јазик
3Виш советник-аналитичар на пазарот на хартии од вредностЕкономски или правен факултет -правни студии, или друг факултет, минимум 3 години работно искуство, англиски јазик
4Советник за соработка со регулатори од други држави и меѓународни организации Економски или правен факултет -правни студии  или друг факултет, минимум 2 години работно искуство, англиски јазик
5Стручен соработник за соработка од други држави и меѓународни организацииЕкономски или правен факултет -правни студии или друг факултет, англиски јазик
  ​  


5. Опис и попис на работи и работните задачи

Член 11

1. Претседател

- раководи со Комисијата;

- ја претставува Комисијата во земјата и странство;

- ја претставува Комисијата пред трети лица;

- ја координира работата на комисионерите;

- ја организира, раководи и ја контролира работата на стручната служба;

- се грижи за редовно свикување седници на Комисијата;

- го предлага дневниот ред на секоја седница;

- раководи со седниците;

- ги потпишува актите и решенијата на Комисијата;

- се грижи за објавување на актите на Комисијата во Службен весник, кога тоа е определено со закон;

- се грижи за спроведување на актите на Комисијата;

- се грижи за донесување на актите за организација на стручната служба и предлага измени и дополнувања на постојаната регулатива и актите на Комисијата;

- поднесува извештаи за активностите на Комисијата и изготвува анализи и информации за работата на Комисијата;

- учествува во изработка на предлог планот и програмата за работа на Комисијата;

-донесува одлуки за службени патувања на вработените во стручната служба;

- дава упатства на комисионерите и на вработените;

- формира комисии и работни групи за потребите на работењето на Комисијта;

- се грижи за стручно усовршување на вработените во стручната служба;

- го следи и контролира работењето на учесниците на пазарот на пазарот на хартии од вредност;

- го следи и контролира функционирањето на пазарот на хартии од вредност;

- се грижи за законит, чесен и транспарентен пазар на хартии од вредност;

- дава иницијатива и предлага потпишување на документи за билатерална и мултилатерална соработка со домашни и меѓународни институции;

-врши други работи согласно договорот склучен со Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

2. Член-комисионер

- во отсуство на Претседателот го заменува;

- го советува Претседателот за прашања од значење за работењето на Комисијата;

- во определени случаи (по овластување) ја претставува Комисијата пред трети лица;

- по овластување ги потпишува актите и решенијата на Комисијата;

- дава предлози и учествува во организирањето и унапредувањето на работата на Комисијата;

- предлага измени и дополнувања на постојаната регулатива и актите на Комисијата;

- учествува во изготвувањето на извештаите за активностите на Комисијата и изготвува анализи и информации за работата на Комисијата;

- учествува во изготвувањето на анализи за пазарот на хартии од вредност;

- учествува во изработка на предлог планот и програмата за работа на Комисијата;

- учествува при изготвување на Стратегија за развој на Комисијата;

- присуствува на седниците на Комисијата;

- активно учествува во расправата и одлучувањето на седниците;

- го следи и контролира работењето на учесниците на пазарот на пазарот на хартии од вредност;

- го следи и контролира функционирањето на пазарот на хартии од вредност;

- се грижи за законит, чесен и транспарентен пазар на хартии од вредност;

- врши други работи согласно договорот склучен со Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

3. Раководител на Стручна служба

- го организира, кординира, обединува и насочува извршувањето на работите и задачите во Стручната служба и се грижи за нивното законско, ефикасно, навремено и квалитетно извршување;

- го обединува работењето и ја унапредува хоризонталната кординација на сите сектори;

- ги распределува предметите по сектори и се грижи за уредноста и ажурноста  во работењето на предметите;

- го советува и му помага на Претседателот во врска со комплексни активности и постапки што претставуваат новина и што не спаѓаат во редот на стандардните постапки;

- ги организира седниците на Комисијата;

- ја координира и контролира подготовката на материјалите за седница на Комисијата;

- присуствува на седницата и учествува во  изготвување на записникот од седницата;

- се грижи за соработката на Комисијата со државните органи, судските органи, органите на локалната самоуправа и други органи и организации;

- предлага измени и дополнувања на постојаната регулатива и актите на Комисијата;

- се грижи за унапредување на работата на Комисијата;

- ги следи и се грижи за спроведување на одлуките, заклучоците, насоките и упатствата на Комисијата и Претседателот;

- за својата работа е одговорен пред Претседателот;

- врши други работи по налог на Претседателот;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

4. Координатор за односи со јавност

- одговорен е за комуникацијата на Комисијата со јавноста;

- ги координира односите со медиумите, широкота јавност и посетителите од странство;

- подготвува публикации и соопштенија на Комисијата за внатрешна и надворешна употреба;

- организира и одржува пресконференции, состаноци и средби со јавните медиуми

- му дава на Претседателот насоки и сугестии во одржувањето на контактите на Комисијата со домашната и меѓународната јавност;

- ја прегледува и анализира медиумската покриеност на Комисијата како и на работи поврзани со Комисијата, индустријата за хартии од вредност и финансиските пазари;

- организира јавни настапи, предавања или семинари со цел да се подигне свеста и сознанието на јавноста за работата на Комисијата.

-  планира и спореведува развивање и комуникација на информативни програми со цел да задржи поволен имиџ во јавноста.

- се грижи за обезбедување на слободен пристап до информации од јавен карактер со кои располага Комисијата;

- собира повратни  информации од јавноста во врска со работењето на Комисијата и подготвува месечен извештај за тоа;

- за својата работа е одговорен пред Претседателот;

- врши други работи по налог на Претседателот;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на комисијата;

5. Виш советник-Програмер

- изработува и ги одржува апликативните програми;

- одговара за системско техничката поддршка и се грижи за оперативноста на компјутерската мрежа, за надоградба, антивирусна заштита и сигурност на компјутерскиот систем во Комисијата;

-ги документира, анализира и унапредува оперативните процеси во Комисијата;

-врши работи во врска со примена на нова технологија;

-планира оптимизација на постоечкиот оперативен систем;

-следи, развива и го усовршува системот на ИТ и функционирањето на ИТ;

-воведува нови технологии на ИТ во работата на Комисијата;

-дефинира технички, програмски и телекомуникациски основи на информатичкиот систем;

- го следи функционирањето на компјутерско комуникациската опрема на системот;

-пишува анализи, информации и други документи за ИТ и изготвува проекти и програми за  информациски подсистеми и нивно воведување;

-го администрира домеин серверот и фајл серверот;

-контактира и соработува со надворешни стручни лица кои се одговорни за одржување на компјутерскиот систем (хардвер и софтвер), одржување и надградба на работните станици и сервери во Комисијата;

- контактира и соработува со надворешни стручни лица кои програмираат апликации за потребите на Комисијата;

-врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

 

Одделение за внатрешна ревизија

1. Внатрешен ревизор

- врши внатрешната ревизија на работењето на Комисијата, преку проверка на информации и потврдување на нивната точност;

- дава препораки за подобрувањето на работењето на Комисијата;

- врши ревизија на усогласеност преку проценка дали работењето на Комисијата е во согласност со законите, подзаконските акти и интерните акти;

- врши ревизија на успешноста во работењето на Комисијата преку проценка на економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето на Комисијата;

- врши финансиска ревизија преку проверка на точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи;

- врши оценување на значајните фактори за ризик и дава совети за нивно намалување;

- давање препораки за подобрување на работењето и работните процедури;

-мониторинг на спроведувањето на мерките преземени од Претседателот врз основа на извршените ревизии;

- се грижи за регуларноста, ефективноста и ефикасноста на извршувањето на финансискиот план;

- се грижи за регуларноста и ефикасноста на внатрешната финансиска контрола, вклучително и управувањето со средствата

- се грижи за усогласеноста на сметководствените извештаи за извршување на финансискиот план со сметководствените стандарди;

- за својата работа е одговорен пред Комисијата;

- врши други работи по налог на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

II. Сектор за општи и нормативни работи

1. Координатор на секторот

- ја раководи, координира и контролира работата на секторот;

-се грижи за законско, ефикасно, навремено и квалитетно извршување на работата во секторот;

- ги распределува предметите во секторот;

- се грижи за уредноста и ажурноста  во работењето на предметите;

- ја координира и контролира подготовката на материјалите за седница на Комисијата;

- предлага измени и дополнувања на постојаната регулатива и актите на Комисијата;

- се грижи за унапредување на работата на Комисијата;

- ја следи меѓународната регулатива на пазарот на капитал;

- за својата работа е одговорен пред раководителот на стручната служба;

- врши други работи по налог на Претседателот  и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

2. Самостоен советник за застапување и правни работи

- ја застапува Комисијата пред надлежните институции во сите постапки каде Комисијата се јавува како странка односно учесник и тоа: парнична, вонпарнична, кривична, прекршочна, управна постапка, како и за работни спорови;

- изготвува решенија, тужби, поднесоци, редовни и вонредни правни лекови;

- ја подготвува целокупната документација која се поднесува до Комисијата за решавање на жалби од областа на пазарот на хартии од вредност;

- изготвува извештаи, анализи и предлози во однос на проблематични појави кои произлегуваат од водењето на судските и други постапки;

- води евиденција за сите постапки каде Комисијата се јавува како странка односно учесник;

- зазема ставови за правни прашања и проблеми;

- ја следи законската и правната регулатива и судската пракса;

- се грижи за плаќање на судските такси;

- учествува во изготвувањето на општите и поединечните акти кои се однесуваат на делокругот на работењето на Комисијата, како и нивните измени и дополнувања;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот ;

- по исклучок врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на комисијата;

3. Советник за правни и општи работи

- се грижи за примена на законската регулатива во делокругот на работењето на Комисијата;

- врши анализа, оценување и проценување на прашањата од областа на правните работи на Комисијата;

- иницира решавање на одделни проблеми;

- ги изготвува предлозите на акти: статут, правилници, одлуки, решенија, наредби;

- ги изготвува конечните акти донесени од Претседателот и Комисијата кои се однесуваат на работните односи: распоред на вработени, висина на плата, престанок на работен однос, дисциплинска постапка ;

- ги изготвува договорите од делокругот на работењето на Комисијата;

- го изготвува записникот од одржана седница;

- учествува при подготвувањето на одговори на прашања за примената на законите од делокругот на работа на Комисијата;

- изготвува мерки и правила за  наградување и казнување на вработените;

- подготвува одговори на прашања за примената на законите од делокругот на работа на Комисијата;

- спроведување на постапката за регистрација на Комисијата и промени во Централниот регистар на РМ;

-ја води и ја чува целокупната евиденција од областа на работни односи, кадровска документација и книга на вработените;

-ги изготвува одлуките за јавни набавки;

- учествува во подготовка на тендерската документација;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- по исклучок врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

 4. Стручен соработник за правни и општи работи

- се грижи за примена на законската регулатива во делокругот на работењето на Комисијата;

 -учествува при изготвувањето на предлозите на акти: статут, правилници, одлуки, решенија, наредби;

-учествува при изготвувањето на конечните акти донесени од Претседателот и Комисијата;

-учествува при изготвувањето на договорите од делокругот на работењето на Комисијта;

-учествува во подготовка и организација на седниците на Комисијата;

-учествува при подготвувањето на одговори на прашања за примената на законите од делокругот на работа на Комисијата;

-води евиденција на сите предмети за кои е побарано мислење или се испратени на понатамошно постапување од други институции;

- изготвува план  и решенија за годишни одмори на вработените;

- ја изготвува одлуката за избор на најповолна понуда по спроведена постапка за јавна набавка;

- ја подготвува целокупната документација по доставена жалба и ја доставува до Државната комисија за жалби по јавни набавки;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- по исклучок врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

5. Виш советник за јавни набавки

- ги објавува сите известувањата поврзани со набавките;

- ги враќа гаранциите за квалитетно извршување на договорот на економските оператори;

- го објавува огласот за доделување на договор за јавна набавка на веб страницата на Бирото за јавни набавки и во Службен  весник;.

-подготвува тендерска документација за спроведување на постапките за јавна набавка;

- го изготвува и доставува известувањето за извршена претквалификација, за поништување на постапката, за склучена рамковна спогодба и  за склучен договор до Бирото за јавни набавки и до кандидатите или понудувачите;

- го оформува досието за постапката за доделување на договор за јавна набавка;

- се грижи за применување на одредбите на Законот за спречување на интереси во постапките за доделување на договори за јавни набавки;

- ги чува досиеата од спроведените постапки;

- води регистар на склучени договори за јавни набавки;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- по исклучок врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

6. Овластен сметководител

-ги организира и координира финансиските работи;

-ја изготвува завршната сметка;

-врши контрола  и ја книжи документацијата;

-изработува компензации;

-води сметка и одговара за касовиот минимум;

-подготвува годишен финансиски план на приходи и расходи на Комисијата;

-изготвува финансиски извештаи според ММС;

-доставува информации до Заводот за статистика на РМ;

-доставува информации до Народна Банка на РМ (квартално и годишно);

-изготвува даночни пријави (месечни, тримесечни и годишни);

-изготвува месечни пресметки на данокот од добивка;

-изготвува месечни рекапитулари на плата за вработени и изготвување на налози за придонесите од плата;

-подготвува месечни извештаи за сите уплати и исплати по сите основи од сметките на Комисијата;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- по исклучок врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на комисијата;

7. Самостоен советник за финансиски менаџмент

-учествува во  изготвување на завршната сметка;

- учествува во изработување на компензации;

- учествува во подготвка на годишен финансиски план на приходи и расходи на Комисијата;

-доставува информации до владините институции во врска со платите, данокот од добивка, придонесите од плата и персоналните даноци;

-изготвува даночни пријави (месечни, тримесечни и годишни);

-изготвува месечни пресметки на данокот од добивка;

-изготвува месечни рекапитулари на плата за вработени и изготвување на налози за придонесите од плата;

-подготвува месечни извештаи за сите уплати и исплати по сите основи од сметките на Комисијата;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- по исклучок врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на комисијата;

8. Виш Советник за финансиски менаџмент

-ги води сите благајнички работи сврзани со исплати преку благајна;

-учествува во  изготвување на завршната сметка;

-составува налози за исплата и ги извршува истите;

-води контрола на сите влезни и излезни фактури и се грижи за нивната комплетност и исправност;

-учествува во подготовката на годишниот финансиски план на приходи и расходи на Комисијата;

-води евиденција на патни налози;

-учествува во изготвување на финансиски извештаи според ММС;

-учествува во изготвување на даночни пријави (месечни, тримесечни и годишни);

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- по исклучок врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

8-а.Соработник-администратор

-одговорен е за преземање на мерки за реализација и унапредување на Планот за континуитет на работење во Комисијата;

- врши инсталирање на хардвер и адаптирање на нови технологии во постоечкиот систем;

-го следи функционирањето на компјутерската, информациската и телекомуникациската опрема;

-обезбедува услови за работа на опремата и врши заштита на податоците во системот;

-помага при изработка и одржување апликативните програми;

-врши поврзување на нови корисници на системот;

-води евиденција за прием и дистрибуција на информатичка опрема и повикува сервис за опрема;

- помага при документирање, анализирање и унапредување на оперативните процеси во Комисијата;

-се грижи за мрежно управување и менаџирање на проекти во врска со дигитален сертификат и безбедносни телекомуникации;

-помага при воведување нови телекомуникациски и информациони технологии во работата на Комисијата;

- учествува во вршење контрола над овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

-помага при администрацијата на базите на податоци во Комисијата;

-помага при уредувањето на веб страната на Комисијата;

-врши подршка на оперативен систем и подсистеми;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

9. Деловен асистент

- врши прием и упатување на странки;

- води евиденција и потсетник за потребите на Претседателот;

- врши административно дактилографски работи за потребите на Претседателот;

- учествува во подготвувањето на седниците на Комисијата;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- по исклучок врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

10. Архивар

- врши прием, евиденција и достава на службената пошта;

- ја заведува целокупната пошта во деловодникот и помошните книги;

- ракува ги чува и се грижи за законита употреба на печатите и штембилите на Комсијата;

- води сметка за правилно архивирање на сите предмети;

- се грижи за безбедно чување на архивскиот материјал од секаков вид на оштетување или уништување;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

11. Возач и економ

- врши превоз на вработените за службени потреби;

- се грижи за одржувањето и техничката исправност на возилото;

- води евиденција за помината километража и за потрошено гориво, заменети делови и друго согласно потребите;

- се грижи за редовно сервисирање, за роковите за технички преглед и регистрација на восилото за кое е задолжен;

- се грижи за електричната, водоводната и топловодна инсталација во службените простории на Комисијата;

- се грижи за исправноста и одржувањето на сите основни средства, алати и машини;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот и непосредно одговорниот Комисионер;

- по исклучок врши работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

12. Хигиеничар

- се грижи за хигиената во Комисијата;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- по исклучок врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

III. Сектор за супервизија на пазарот на капитал

1.Координатор на секторот

- ја раководи, координира и контролира работата на секторот;

- се грижи за законско, ефикасно, навремено и квалитетно извршување на работата во секторот;

- ги распределува предметите во секторот;

- се грижи за уредноста и ажурноста  во работењето на предметите;

- ја координира и контролира подготовката на материјалите за седница на Комисијата;

- предлага измени и дополнувања на постојаната регулатива и актите на Комисијата;

- се грижи за унапредување на работата на Комисијата;

- за својата работа е одговорен пред раководителот на стручната служба;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

2.Самостоен инспектор за супервизија и надзор

- носител е на вршењето на контрола и надзор на работењето на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- се грижи за законито работење на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- ја прегледува и проверува целокупната документација за работењето на овластениот учесник на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- врши увид во документацијата за финансиското работење на овластениот учесник на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- врши континуирано следење и проверка на финансиските известувања, извештаи  и друга документација која овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови ја доставуваат во Комисијата;

- подготвува годишен план за контроли на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- предлага преземање на мерки против сите овластени учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови доколку утврди неправилност при вршење на контролата;

- се грижи за заштита на правата и интересите на акционерите;

- подготвува анализа на работењето на учесниците на пазарот на хартии од вредност;

- самостојно или во соработка со Секторот за корпоративни финансии учествува во вршење на контрола над примената на одредбите од Законот за преземање на акционерски друштва;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- по исклучок врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

3. Виш инспектор за супервизија и надзор

- учествува во вршење на контрола и надзор на работењето на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- се грижи за законито работење на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- ја прегледува и проверува целокупната документација на овластениот учесник на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- врши увид во документацијата за финансиското работење на овластениот учесник на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- врши континуирано следење и проверка на финансиските известувања, извештаи  и друга документација која овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови ја доставуваат во Комисијата;

- изготвува записник и извештај за извршената контрола и спроведениот надзор;

- предлага преземање на мерки против сите овластени учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови доколку утврди неправилност при вршење на контролата;

- изготвува решение за преземање на мерки кон овластените учесници на пазарот на хартии од вредност друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- самостојно или во соработка со Секторот за корпоративни финансии учествува во вршење на контрола над примената на одредбите од Законот за преземање на акционерски друштва;

- се грижи за заштита на правата и интересите на акционерите;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на комисијата;

4. Инспектор за супервизија и надзор

- учествува во вршење на  контрола и надзор на работењето на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;;

- се грижи за законито работење на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- обезбедува копија од сите документи значајни за контролата и ја проверува целокупната доставена документација на овластениот учесник на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- обезбедува примероци од документацијата за финансиското работење на овластениот учесник на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- бара информации во врска со работењето на овластениот учесник на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- учествува во изготвување на записник и извештај за извршената контрола и спроведениот надзор;

- учествува во изготвување на решение за преземање на мерки кон овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- се грижи за заштита на правата и интересите на акционерите;

- врши континуирано следење на тргувањето на берзата и работењето на депозитарот;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на комисијата;

5. Помлад инспектор за супервизија и надзор

- учествува во вршење на  контрола и надзор на работењето на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- се грижи за законито работење на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- обезбедува копија од сите документи значајни за контролата;

- бара информации во врска со работењето на овластениот учесник на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- врши континуирано следење на роковите за доставување на финансиските известувања, извештаи  и друга документација од овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- учествува во изготвување на  записник и извештај за извршената контрола и спроведениот надзор;

- води евиденција за изречени санкции кон овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- се грижи за заштита на правата и интересите на акционерите;

- врши континуирано следење на тргувањето на берзата и работењето на депозитарот;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на комисијата;

6.  Виш советник за издавање лиценци

-ги прима барањата поврзани со издавање согласности, дозволи;

- изготвува извештај за разгледаното барање и дава мислење по барањето;

- изготвува решенија, дозволи и уверенија;

- врши оценка и анализа на доставеното барање и документацијата;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

7. Соработник за издавање лиценци

- обезбедува комплетна документација потребна за одлучување по доставеното барање за издавање согласности, дозволи;

- учествува при изготвување на извештај за разгледаното барање и дава мислење по барањето;

- учествува при изготвување на решенија, дозволи и уверенија;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

8.Советник за информациони системи

-  обработува информации и податоци поврзани со овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- учествува во следењето на роковите за доставување на финансиските известувања, извештаи и друга документација од овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- врши администрација (креира, ажурира и обработува) на базите на податоци во Комисијата;

- ја уредува веб страната на Комисијата;

- изготвува анализа на податоците од базите на податоци и изготвува извештаи и материјали за потребите на Комисијата;

- се грижи за функционалноста на апликацијата за одржување на електронска седница на Комисијата;

- учествува во вршење контрола над овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, друштвата за инвестициско советување и субјектите согласно Законот за инвестициски фондови;

- се грижи за функционалноста на надзорните станици и контактира со одговорните лица од берза и депозитар за хартии од вредност;

 - дава стручна помош од областа на информатиката на вработените во Комисијата за соодветно користење на апликативните софтвери развиени за потребите на Комисијата;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

IV. Сектор за корпоративни финансии

1.Координатор на секторот

- ја раководи, координира и контролира работата на секторот;

- се грижи за законско, ефикасно, навремено и квалитетно извршување на работата во секторот;

- ги распределува предметите во секторот;

- се грижи за уредноста и ажурноста  во работењето на предметите;

-го следи почитувањето на законската регулатива од аспект на примена на законот за преземање на акционерски друштва преку софтверската апликација на Комисијата;

- ја координира и контролира подготовката на материјалите за седница на Комисијата;

- предлага измени и дополнувања на постојаната регулатива и актите на Комисијата;

- се грижи за унапредување на работата на Комисијата;

- за својата работа е одговорен раководителот на стручната служба;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

2. Самостоен советник-аналитичар

- врши анализа на годишните и полугодишните финансиски извештаи на друштва со посебни обврски за известување и котираните акционерски  друштва;

- подготвува финансиски анализи за работењето на друштвата со посебни обврски за известување;

-ја следи и анализира работата на акционерските друштва;

-по потреба учествува во обработка на барањата поврзани со издавањето на хартии од вредност и преземање на акционерски друштва;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

3. Самостоен советник за издавање одобренија

- ги прима барањата поврзани со издавањето на хартии од вредност и преземање на акционерски друштва;

- изготвува извештај за разгледаните барања и дава мислење по барањата;

- изготвува решенија во врска со постапката за издавање на хартии од вредност и преземање на акционерски друштва;

- го следи почитувањето на законската регулатива од аспект на примена на законот за преземање на акционерски друштва преку софтверската апликација на Комисијата;

- врши оценка и анализа на доставените барања и документацијата;

-по потреба учествува во контрола и надзор кој го спроведува Комисијата;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

4.  Виш советник за издавање одобренија

- учествува при изготвувањето на извештај за разгледаното барање;

- учествува при изготвувањето на решенијата во врска со постапката за издавање на хартии од вредност и преземање на акционерски друштва;

- ја следи реализацијата на јавните понуди на хартии од вредност;

- го следи почитувањето на законската регулатива од аспект на примена на законот за преземање на акционерски друштва преку софтверската апликација;

- по потреба учествува во контрола и надзор кој го спроведува Комисијата;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

 5. Советник за издавање одобренија

- обезбедува комплетна документација потребна за одлучување по доставеното барање;

- подготвува известувања поврзани со постапката за издавање на хартии од вредност и преземање на акционерски друштва;

- учествува во подготовката на решенијата во врска со постапката за издавање на хартии од вредност и преземање на акционерски друштва;

- по потреба учествува во контрола и надзор кој го спроведува Комисијата;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

6.Соработник за издавање на одобренија

- обезбедува комплетна документација потребна за одлучување по доставеното барање;

- учествува во подготвувањето на известувања поврзани со постапката за издавање на хартии од вредност и преземање на акционерски друштва;

- води регистар за издадените одобренија за преземање на акционерски друштва;

- води евиденција за успешни и за откажани емисии на хартии од вредност;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

V. Сектор за истражување и развој на пазарот на капитал и меѓународна соработка

1.Координатор на секторот

- ја раководи, координира и контролира работата на секторот;

- се грижи за законско, ефикасно, навремено и квалитетно извршување на работата во секторот;

- ги распределува предметите во секторот;

- се грижи за уредноста и ажурноста  во работењето на предметите;

- ја координира и контролира подготовката на материјалите за седница на Комисијата;

- предлага измени и дополнувања на постојаната регулатива и актите на Комисијата;

- се грижи за унапредување на работата на Комисијата;

- ја следи меѓународната регулатива на пазарот на капитал;

- се грижи за меѓународната соработка;

- за својата работа е одговорен пред раководителот на стручната служба;

- врши други работи по налог на Претседателот  и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

2. Самостоен советник за соработка со органите на ЕУ, меѓународни организации и регулатори на други држави

- ги остварува и координира врските на комисијата со државните органи и институции во врска со усогласување со европското законодавство;

- учествува во исполнувањето на задолженијата од Европското законодавство во областа на пазарите на капитал;

- учествува во работата на работните групи за подготовка на Република Македонија за влез во Европската Унија;

- се грижи за усогласување и прилагодување на постојната регулатива на принципите и стандардите на ЕУ;

- дава предлози за измени и дополнувања на постојната регулатива на пазарот на хартии од вредност;

- постојано го следи донесувањето на нови и измени и дополнувања на постојните Директиви на ЕУ во областа на пазарот на хартии од вредност;

- предлага и подготвува проекти чие финансирање е со средства на ЕУ;

- предлага програми за меѓународни форуми и семинари;

- подготвува предлози за потпишување на билатерални меморандуми за разбирање со регулатори на други држави;

- го координира одговарањето на барањата за помош во областа на пазарот на хартии од вредност од странски регулатори или меѓународни организации;

- врши подготовка и реализација на  проекти со странски регулатори и меѓународни организации;

- се грижи за меѓународната соработка;

- учествува при организирањето на обуки за работа со хартии од вредност и инвестиционо советување;

- по потреба учествува во контрола и надзор кој го спроведува Комисијата;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

3.Виш советник-аналитичар на пазарот на хартии од вредност

-врши истражување и компаративна анализа на пазарите на капиталот;

- предлага подобрување на организацијата и работењето на пазарот на хартии од вредност;

- врши анализа на актите и подготвува извештаи за степенот на усогласеност на регулативата со принципите и стандардите на IOSCO;

-се грижи за усогласување и прилагодување на регулативата на принципите и стандардите на IOSCO;

- врши анализа на состојбите на пазарите на хартии од вредност во другите земји;

- врши анализа на актите и подготвува квартални извештаи за степенот на транспортирање на Директивите на Европската Унија во регулативата на пазарот на хартии од вредност на РМ;

- учествува при организирањето на обуки за работа со хартии од вредност и инвестиционо советување;

- по потреба учествува во контрола и надзор кој го спроведува Комисијата;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

4. Советник за соработка со регулатори од други држави и меѓународни организации

- ги остварува и координира врските на комисијата со регулатори од други држави и меѓународни организации;

- учествува во исполнувањето на задолженијата од Европското законодавство во областа на пазарите на капитал;

- учествува во одговарањето на барањата за помош во областа на пазарот на хартии од вредност од странски регулатори или меѓународни организации;

- учествува во подготвка на проекти чие финансирање е со средства на ЕУ;

- учествува при организирањето на обуки за работа со хартии од вредност и инвестиционо советување;

- предлага подобрување на организацијата и работењето на пазарот на хартии од вредност;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;

5.Стручен соработник за соработка со регулатори  од други држави и меѓународни организации

- го организира учеството на вработените во Комисијата на семинари за обука и конференции  во земјата и странство;

- учествува во реализација на  проекти со странски регулатори и меѓународни организации;

- го организира приемот на странски гости;

- врши преведување на акти и друга документација неопходна за работата на Комисијата;

- учествува во организацијата на  работилници, дискусии, средби и семинари поврзани со дејноста на Комисијата;

- учествува при организирањето на обуки за работа со хартии од вредност и инвестиционо советување;

- за својата работа е одговорен пред Координаторот на секторот;

- врши други работи по налог на Претседателот и членовите на Комисијата;

- врши и други работи определени со закон, а кои се од значење на Комисијата;



Следна вест→ ←Претходна вест

КХВ ја одбележа Глобалната недела на парите

петок, 16 март 2018
28701093_914524612005796_3738744687038217700_o.jpg

   Во периодот од 12-18 Март 2018 година, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ја одбележа Глобалната недела на парите, со цел да ги поттикне младите да инвестираат во својата иднина, истакнувајќи ја важноста на раната финансиска едукација, со што ќе им помогне да станат свесни за своите финансиски права, ќе им ја олесни пристапноста до финансиските услуги и ќе ги развие нивните вештини.

Темата за оваа година на Глобалната недела на парите е „Парите имаат значење", со намера младите луѓе да научат мудро да управуваат со парите што ги поседуваат и да штедат за својата иднина.

Во рамките на одбележувањето, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на неколку паралелки од III-та и VI-та година од Средното економско училиште "Васил Антевски – Дрен" од Скопје, им го презентираше значењето на регулаторот и функционирањето на пазарот на хартии од вредност. Воедно, се организираше и посета од страна на 50-тина ученици од средното училиште на Македонската Берза АД Скопје. Учениците практично се запознаа со работењето на Берзата и тргувањето со хартии од вредност.

Вакви активности се организираат редовно изминативе шест години, со единствена цел, а тоа е да се подигне нивото на финансиска писменост кај младото население на Република Македонија.

Во текот на март, Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија, коешто го сочинуваат Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност на РМ, во соработка со Бирото за развој на образованието и со Сојузот на микрофинансиски организации, ја одбележува Глобалната недела на парите.

За време на посетите се изведуваат едукативни предавања на теми од областите на институциите што ги покриваат, односно од областите на парите, штедењето, тргувањето, банкарскиот сектор, инвестирањето, осигурувањето, пензискиот сектор и други теми поврзани со функционирањето на финансиските системи.

 

 

 


Следна вест→ ←Претходна вест

„Паметно управување со парите – водич за личните финансии“

понеделник, 21 мај 2018
Корица од публикацијата на НБРМ (002).jpg

Народната банка на Република Македонија на 18-05-2018 година ја објави публикацијата „Паметно управување со парите – водич за личните финансии“. Овој водич е наменет за пошироката јавност, со цел на едноставен начин да ѝ ги доближи основните концепти и поими од областа на управувањето со личните финансии.  При неговата подготовка се настојуваше тој да биде разбирлив и за помладите генерации и за лицата коишто немаат формално економско образование, за да може преку него населението да се информира како е најсоодветно да се управува со финансиските средства за да се постигнат посакуваните цели. Поконкретно, во водичот е дадено објаснување за тоа како може мудро да се управува со парите, како да се подготват финансиските планови и да се следи нивното остварување, како да се биде претпазлив и да не се влегува во финансиска презадолженост, како внимателно да се користат средствата земени со кредит и кредитните картички и редовно да се отплаќаат обврските итн. Истовремено, во водичот е објаснета и улогата на банкарските производи и услуги, финансиските инвестиции, осигурувањето и пензионирањето. Опфатени се и основните финансиски инвестиции, а дадено е и објаснување за разликите меѓу банкарските депозити и вложувањата во хартии од вредност итн.

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ја подготви публикацијата во соработка со институциите коишто учествуваат во  Координациското тело за финансиска едукација во Македонија: Министерството за финансии на Република Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Народната банка, како и во соработка со Сојузот на микрофинансиски институции.

Се очекува дека овој водич ќе придонесе за поголема едуцираност на поединците и домаќинската во Република Македонија за управувањето со личните финансии. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и натаму ќе извршува активности коишто придонесуваат за подигнување на нивото на финансиска писменост на населението.


Следна вест→ ←Претходна вест

Денови на финансиската писменост

понеделник, 14 мај 2018
Ivana.jpg

​

Од 13 мај во Скопје Сити мол се одржa јавниот настан „Денови на финансиската писменост" на кој зема учество и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Тридневниот настан имаше за цел да стави силен акцент на финансиската едукација кај луѓето, како и да се подигне нивото и општата свест за финансиската писменост.

На официјалното отворање на настанот свое обраќање имаа министерот за финансии, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, претседателот на Советот на експерти од Агенцијата за супервизија на осигурувањето и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Овој тридневен настан беше исполнет со многу активности коишто овозможија финансиска едукација на сите посетители. Преку изложбен дел, посетителите се информираа за сите финансиски параметри во врска со одредени теми коишто ги засегаат, имаше презентации на одредени продукти од учесниците, како и голема забава за најмладите со нивното вклучување во проекти со кои од рана возраст ќе се влијае на нивната финансиска писменост преку финансиско-едукативни активности. Мултимедијалните пултови беа отворени во периодот од 12 до 20 часот.

„Деновите на финансиската писменост" беше во организација на Скопје Сити мол во соработка со Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Република Македонија, Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

На овој мултимедијален настан учествуваа претставници на финансиските институции како што се: банките, штедилниците, друштвата за осигурување, друштвата за управување со пензиските фондови и микрофинансиските институции.

 

 


Следна вест→ ←Претходна вест

Словенечкиот регулатор ќе ја поддржува КХВ во техничко-технолошкиот развој на ИТ капацитетите

петок, 29 јуни 2018
Slika Slovenija 1.jpg

​

    Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити и комисионерот Душко Гошевски на 27 јуни, 2018 година беа во работна посета на Агенцијата за пазар на хартии од вредност на  Република Словенија во Љубљана. Нивни домаќин беше директорот на Агенцијата за пазар на хартии од вредност Г-дин Милош Час  со тимот.  

     Беше разговарано  за досегашната соработка помеѓу двете регулаторни тела и можностите за продлабочена соработка во иднина. Словенечкиот регулатор го претстави нивниот Информатички систем за известување и обработка на податоци, преку кој овластените учесници на пазарот ги доставуваат своите финансиски и нефинансиски известувања, кои потоа на соодветен начин и во специфичен формат се обработуваат за потребите на регулаторот.  Интегрираниот систем е составен од неколку модули кои овозможуваат непречена размена на нумерички и ненумерички податоци со Централниот регистар на Република Словенија, Централниот Депозитар, Агенцијата за супервизија на осигурување и Народната банка на Словенија. Овој  систем  содржи компонента за размена на информации и податоци поврзани со трговски трансакции кои се случуваат на пазари те на капитал на сите држави членки на ЕСМА.

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити ја претстави актуелната состојба на македонскиот пазар на капитал и реформите што се спроведуваат и истакна дека во наредниот период, Комисијата ја очекуваат предизвици поврзани со имплементација на ЕУ Директивите во домашното законодавство кои ќе резултираат со две нови законски решенија, зајакнување на ИТ и човечките капацитети,  супервизијата на овластените ентитети, како и продлабочување на мегународната соработка со регулаторите во регионот.

Словенечкиот регулатор изрази отвореност и подготвеност преку техничка помош  и поддршка да и помогне на Комисијата за хартии до вредност на РМ, во процесот на  апликација  со цел искористување на средства од европските претпристапни фондови заради техничко-технолошко унапредување и развој на ИТ капацитетите на Комисијата.  И двете страни, посетата ја оценија како важна, која се очекува да биде поттик за унапредување  на  соработката и за зајакнување на односите меѓу двете институции .

 

 


Следна вест→ ←Претходна вест

КХВ на средба со берзанската индустрија

четврток, 12 јули 2018
stopanska-komora-tabla.jpg

​

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити придружувана од комисионерите Г-ѓа Лиле Делиџакова и Проф. Д-р Зоран Колев на 11 јули, 2018 година одржаа прв работен состанок со Групацијата за работење со хартии од вредност при Стопанската комора на  Македонија.

  ,,Ова е прв состанок со Вас како претставници на берзанската индустрија и очекувам натамошна плодна соработка.  Како Комисија за хартии од вредност на Република Македонија цениме дека само преку конструктивен однос и дијалог се развива пазарот на хартии од вредност и се разрешуваат сите ситуации. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија се залага за создавање на пазарно опкружување кое ја оправдува довербата на инвеститорите и се карактеризира со транспарентност и интегритет. Наши приоритети се преземање активности и мерки за  инклузивен и одржлив развој на пазарот на капитал, зајакнување на интегритетот на пазарот и оптимизирање на институционалните перформанси, им порача  Претседателот на КХВ М-р Нора Алити.

      Сите посакуваме добра иднина на пазарот на хартии од вредност, сите работиме за неговиот просперитет и развој, и токму заради тоа сите треба да се обединиме околу заедничката идеја- конкурентен, атрактивен, ефикасен и ефективен пазар на хартии од вредност кој ќе држи чекор со поразвиени пазари од регионот и ќе биде еден од моторите на придвижување на националната економија, беа главните тези на учесниците на состанокот.

    Беше констатирано дека сите заедно: Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија , Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од врeдност, брокерските куќи и Друштвата за управување со инвестициски фондови треба да преземаат чекори кои ќе придонесат за унапредување на вкупните состојби на нашиот пазар,како и за  зголемување на странските и домашните инвеститори. 


Следна вест→ ←Претходна вест

​Претседателот на КХВ М-р Нора Алити учествуваше на состанокот на Советот за развој на пазар на капитал

вторник, 17 јули 2018
совет.JPG

   Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  М-р Нора Алити на 16 јули, 2018 година учествуваше на работниот состанок на Советот за развој на пазар на капитал што се одржа во Министерството за финансии.

Со Советот за развој на капитал претседава министерот за финансии Драган Тевдовски,  а  можноста за воведување  на краудфандинг како начин за финансирање во Македонија  беше една од темите за кои се дискутираше  на Советот.

Како што беше истакнато  , примената на краудфандинг, односно концептот на прибирање на средства од поголем број инвеститори за финансирање на компании, ќе придонесе за поголем и полесен пристап до капитал за малите и средни претпријатија, особено за стартапите. Инаку, веќе постојат успешни примери за краудфандинг во регионот, како Хрватска, која преку естонска платформа успешно собира средства за инвестиции во проекти.

   На Советот беше посочено дека краудфандингот е значаен и од аспект на тоа што друштвата кои бараат средства мора да имаат регистрирано компании, како и дека финансирањето се одвива преку банкарските канали.

Во Советот за развој на пазарот на капитал, членови се гуверенерот на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерката без ресор Зорица Апостолска, министерот за економија Крешник Бектеши, претседателите и директорите на регулаторните тела - на Комисијата за хартии од вредност, на Агенцијата за супревизија на осигурување, на МАПАС и на Македонска берза. 


Следна вест→ ←Претходна вест

Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за определување на задолжителната структура и начинот на пресметка на основната главнина на депозитар и на средствата што ја сочинуваат основната главнина

петок, 17 август 2018

​

Врз основа на член 190 став 1 и член 34 став 4 од Законот за хартии од вредност (Службен весник на Република Македонија бр. 95/2005, 25/2007, 7/2008, 57/2010,135/2011, 13/2013, 188/2013, 43/2014, 15/2015, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и 83/2018), Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на седницата одржана на 16.08.2018 година донесе

 

Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за определување на задолжителната структура и начинот на пресметка на основната главнина на депозитар и на средствата што ја сочинуваат основната главнина

 

Член 1

 

Во член 4 став 2 од Правилникот за определување на задолжителната структура и начинот на пресметка на основната главнина на депозитар и на средствата што ја сочинуваат основната главнина (Службен весник на РМ бр.6/2007) во алинејата (2) по зборовите "хартии од вредност" се додаваат зборовите "и удели во инвестициските фондови".

 

Член 2

 

            Во член 4 став 2 алинеја (1) од Правилникот бројот "20%" се заменува со бројот "10%" и во став 2 алинеја (2) од истиот член бројот "25%" се заменува со бројот "35%".

 

Член 3

 

            Во член 5 став 1 по алинејата (4) се додава нова алинеја (5) која гласи         "-удели во инвестициските фондови".

 

Алинеите (5) и (6) стануваат алинеи (6) и (7) соодветно.  

 

Член 4

 

            Во член 7 по ставот 1 се додава нов став 2 кој гласи:

            "Вреднувањето на уделите во инвестициските фондови ќе се врши согласно дневната вредност на уделите за секој ден во месецот."

 

            Ставовите 2 и 3 стануваат ставови 3 и 4 соодветно.

 

Член 5

 

            Во член 8 став 1 зборовите "во рок од 7 (седум) работни дена по истекот на претходниот месец" се заменуваат со зборовите "до 15-ти во месецот".

 

Член 6

 

            Во прилогот 1/Формулар СД-1 Ниво на средства на депозитар по колоната 5 се додава нова колона 6 која гласи: "Удели во инвестициските фондови".

 

            Колоните 6,7,8 и 9 стануваат колони 7,8,9 и 10 соодветно.

 

            Во прилогот 1/Формулар СД-1 Ниво на средства на депозитар во делот Упатство за пополнување на формуларот СД-1 по алинејата (5) се додава нова алинеја (6) која гласи:

            "- Во колоната 6 се внесува износот на средства вложен во удели на инвестициските фондови".

 

            Алинеите (6), (7), (8) и (9) стануваат алинеи (7), (8), (9) и (10) соодветно.

 

Член 7

Комисијата утврдува пречистен текст на Правилникот за определување на задолжителната структура и начинот на пресметка на основната главнина на депозитар и на средствата што ја сочинуваат основната главнина.

Член 8

 

Овој Правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија."

 

 


Следна вест→ ←Претходна вест

К О Н К У Р С за најдобар научно-истражувачки труд/есеј

петок, 31 август 2018
slik-39.png

​

Kомисија за хартии од вредност на

Република Македонија

К О Н К У Р С

за најдобар научно-истражувачки труд/есеј

 

            Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во својата цврста определба за поттикнување на развојот на пазарот на хартии од вредност, се препознава како еден од главните учесници во тој процес. Комисијата вложува особени напори во своето работење за реализација на активности кои придонесуваат за развој на пазарот на хартии од вредност, и во таа насока ја идентификува и научно-истражувачката дејност, преку која очекува да го зголеми интересот за истражување во оваа област, како и да ја охрабри младата популација (студентите) да даде придонес во овој процес. За таа цел, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, распишува конкурс за:

1.      Есеј - осврт на тема: „Влијанието и придобивките на приклучување кон евроатлантските организации врз работењето на пазарите на хартии од вредност"

 

2.      Научно истражување – труд со оригинални научни резултати на тема: „Влијанието и придобивките на приклучување кон евроатлантските организации врз работењето на пазарите на хартии од вредност"

1) Есејот не смее да надминува 8.000 карактери, вклучувајќи ги празните места (но без апстрактот, фуснотите, графиконите, табелите и библиографијата) во фонт Times New Roman, 12pt, единечен проред и препорачливо е да ги содржи следните основни делови:

- апстракт;

- вовед;

- осврт кон македонскиот пазар на хартии од вредност и влијанието на приклучувањето кон ЕУ и НАТО врз работењето на македонскиот пазар на хартии од вредност;

- заклучни согледувања и предлози и

- библиографија.

2) Научно-истражувачкиот труд не смее да надминува 20.000 карактери, вклучувајќи ги и празните места (без апстрактот, фуснотите, прилозите, графиконите, табелите, библиографијата и анексите), во фонт Times New Roman, 12pt, единечен проред и препорачливо е да ги содржи следните основни делови:

- апстракт;

- осврт на релевантната литература за детерминатите на развојот на пазарите на хартии од вредност;

- опис на состојбите пред и по зачленувањето во ЕУ или НАТО на земјата која се обработува;

- осврт кон македонскиот пазар на хартии од вредност;

- заклучни согледувања и предлози за развој на македонскиот пазар на хартии од вредност и

- библиографија.

     Право на учество на конкурсот имаат сите државјани на Република Македонија, без ограничување на бројот на автори*. Вработените во Комисијата и Комисионерите немаат право на учество. Еден автор има право да поднесе само еден самостоен труд. Трудовите изработени во коавторство се прифатливи.

На конкурсот за најдобро научно истражување - труд авторите имаат право да конкурираат и со веќе објавени трудови во текот на 2018 година. При поднесувањето на трудот, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.

Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или на англиски јазик.

При поднесувањето на трудот, авторот треба да достави и изјава за оригиналноста на трудот, како и согласност за објавување на истиот. Трудовите се поднесуваат до Комисијата за хартии од вредност на РМ со назнака: „Конкурс за научно-истражувачки труд", по електронски пат, во „Word" формат на е-адресата: konkurs@sec.gov.mk

Одлуката за избор на најдобар есеј/ научно-истражувачки труд ја носи посебна Комисија формирана за таа цел во рамки на Комисијата за хартии од вредност, составена од 5 члена.

Краен рок за доставување на трудовите е 23 септември 2018 година.

        Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија како награда за најдобар есеј доделува Благодарница за придонес и учество на една обука по избор на добитникот - обука за инвестициони советници или обука за работа со хартии од вредност (во вредност до 25.000 денари).

       Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија како награда за најдобро научно истражување – труд  доделува Благодарница за придонес и парична награда во вредност  од  30.000,00 денари.

Наградата за најдобар автор/и на есеј/ научно-истражувачки труд ќе биде доделена на настан организиран од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на ден 27 септември 2018 година. Сите пријавени трудови ќе бидат презентирани на посебен настан кој ќе биде организиран од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.

 

*во случај наградениот есеј/труд да има повеќе автори, секој од авторите ќе добие Благодарница за придонес, а паричната награда за научно-истражувачкиот труд ќе биде распределена рамномерно, додека за најдобриот есеј секој од авторите ќе биде награден со обука по избор и Благодарница за придонес.  


Следна вест→ ←Претходна вест

K O N K U R S Për Ese/Punim më të mirë hulumtues-shkencor

петок, 31 август 2018
slik-39.png

​

Komisioni i letrave me vlerë i

Republikës së Maqedonisë

 

K O N K U R S

Për Ese/Punim më të mirë hulumtues-shkencor

 

        Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë me vendosmërinë e tij të fortë për të nxitur zhvillimin e tregut të letrave me vlerë, njihet si një ndër pjesëmarrësit kryesor në këtë proces. Komisioni bën përpjekje të veçanta në punën e tij për realizimin e aktiviteteve të cilat kontribuojnë për zhvillimin e tregut të letrave me vlerë, dhe në atë drejtim e identifikon edhe veprimtarinë hulumtuese-shkencore, përmes së cilës pret që të rrit interesin për hulumtim në këtë lëmi si dhe të inkurajojë popullatën e re (studentët) për të dhënë kontribut në këtë proces. 

       Për këtë qëllim, Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë, shpall konkurs për:

1.            Ese – vështrim mbi temën: "Ndikimi dhe përfitimet e bashkangjitjes në organizatat euroatlantike mbi punën e tregjeve të letrave me vlerë"

2.            Hulumtim shkencor – punim me rezultate origjinale shkencore në temën: "Ndikimi dhe përfitimet e bashkangjitjes në organizatat euroatlantike mbi punën e tregjeve të letrave me vlerë"

1) Eseu nuk duhet të mbikalojë 8.000 karaktere, përfshirë këtu edhe vendet e zbrazëta (mirëpo pa abstraktin, fusnotat, grafikonët, tabelat dhe bibliografinë) në font Times New Roman, 12pt, ndarje të vetme, dhe rekomandohet që të përmbajë pjesët kryesore në vijim:

- abstrakt;

- hyrje;

- vështrim në tregun e letrave me vlerë në Maqedoni dhe ndikimi i bashkangjitjes në BE dhe NATO mbi punën e tregut të letrave me vlerë në Maqedoni;

- vërejtje dhe sugjerime përmbyllëse dhe

- bibliografi.

2) Punimi hulumtues – shkencor nuk duhet të mbikalojë 20.000 karaktere, përfshirë këtu edhe vendet e zbrazëta (pa abstraktin, fusnotat, shtojcat, grafikonët, tabelat, bibliografinë dhe anekset) në font Times New Roman, 12pt, ndarje të vetme, dhe rekomandohet  që të përmbajë pjesët kryesore në vijim:

- abstrakt;

- vështrim mbi literaturën përkatëse për përcaktuesit e zhvillimit të tregjeve të letrave me vlerë;

- përshkrim të gjendjeve para dhe pas anëtarësimit në BE dhe NATO për vendin për të cilin bëhet fjalë;

- vështrim ndaj tregut të letrave me vlerë në Maqedoni;

- vërejtje dhe sugjerime përmbyllëse për zhvillimin e tregut të letrave me vlerë në Maqedoni dhe

- bibliografi.

Të drejtë për pjesëmarrje në këtë konkurs kanë të gjithë shtetasit e Republikës së Maqedonisë, pa kufizim të numrit të autorëve*. Punonjësit në Komision dhe Komisionarët nuk kanë të drejtë të pjesëmarrjes.

Një autor ka të drejtë të paraqesë vetëm një punim të pavarur. Punimet e bëra në bashkëautorësi janë të pranueshme.

Në konkursin për punim më të mirë hulumtues – shkencor, autorët kanë të drejtë të konkurojnë edhe me punimë tanimë të botuara gjatë vitit 2018. Gjatë dorëzimit të punimit, autori duhet të cek se kur dhe ku ka qenë i botuar punimi. 

Punimet dorëzohen në gjuhën maqedonase, shqipe apo angleze.

Gjatë dorëzimit të punimit, autori duhet të dorëzojë edhe deklaratë për origjinalitetin e punimit, si dhe pajtueshmëri për botimin e të njëjtit. Punimet dorëzohen deri te Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë me shënim: "Konkurs për punim hulumtues-shkencor", në mënyrë elektronike, në formatin "Word", në adresën elektronike: konkurs@sec.gov.mk.

Vendimin për zgjedhjen e eseut/ punimit më të mirë hulumtues - shkencor e sjell Komision i posaçëm i formuar për këtë qëllim në kuadër të Komisionit të letrave me vlerë, i përbërë nga 5 anëtarë.

Afati i fundit i dorëzimit të punimeve është 23 Shtator 2018.

Komisioni letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë si shpërblim për ese më të mirë do të ndaj Mirënjohje për kontributin, si dhe pjesëmarrje në një trajnim sipas zgjedhjes së fituesit – trajnim për këshilltarë të investimeve ose trajnim për punë me letra me vlerë (në vlerë deri më 25.000 denarë).

Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë si shpërblim për punim më të mirë hulumtues-shkencor do të ndaj Mirënjohje për  kontributin, dhe shpërblim financiar në vlerë prej 30.000,00 denarë.

Shpërblimi për ese/punim hulumtues më të mirë do të jepet në një eveniment të organizuar nga Komisioni i letrave me vlerë të Republikës së Maqedonisë me 27 Shtator 2018.

Të gjitha punimet e paraqitura do të jenë të prezantuara në një eveniment të veçantë i cili do të organizohet nga Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë.

 

*në rast se eseu/ punimi hulumtues i shpërblyer të ketë më shumë autorë, atëherë secili nga autorët do të merr nga një Mirënjohje për kontributin, ndërsa shpërblimi financiar për punimin hulumtues-shkencor do të shpërndahet në mënyrë të barabartë, ndërsa për eseun më të mirë secili nga autorët do të shpërblehet me pjesëmarrje në trajnimin sipas zgjedhjes


Следна вест→ ←Претходна вест

Претседателката на КХВ М-р Нора Алити: ,, За успешна борба против перењето пари и финансирањето тероризам потребно е органите на надзор да споделуваат информации и по потреба да спроведуваат заеднички контроли,,

среда, 12 септември 2018
slika perenje pari.JPG

​

Советот на Европа на  иницијатива на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија организираше дводневна работилница на тема"Основи на спречување на перење пари и финансирање тероризам за брокери и друштва за животно осигурување.

Работилницата  се реализираше како дел од Проектот против економски криминал во рамки на Хоризонталната програма, а во соработка со Управата за Финансиско Разузнавање и Агенцијата за супервизија во осигурувањето.

Во своето обраќање, Претседателката на Комисијата за хартии од вредност М-р Нора Алити порача дека Комисијата како регулатор на пазарот на капитал  силно и  посветено се залага за доследна примена на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам од што се наметнува и потребата за вземна и ефикасна соработка од страна на брокерските куќи како прв браник во оваа активност.

Претседателката на КХВ истакна дека  органите на надзор, неопходно е да ја гледаат широката слика и да заземат координиран и интегриран пристап во борбата против перење пари и финансирање на тероризам. Ова од причина што субјектите над кои Комисијата врши надзор, не ретко се појавуваат и како субјекти врз кои надзор вршат и други органи на надзор, па оттука од особена важност е споделувањето на информации и кога се цени соодветно и спроведувањето на заеднички контроли со цел да се обезбеди дека надзорот над примената на законските обврски нема да паѓа меѓу пукнатините на регулаторните граници.

Учесници на работилницата која се одржа на 11 и 12 септември, 2018 година во Скопје беа претставници на брокерските куќи и овластените банки,  како и  осигурителни  друштва кои во Република Македонија работат со животно осигурување.    


Следна вест→ ←Претходна вест

Регулаторот на заедничка маса со берзанската индустрија

четврток, 13 септември 2018
DSC00041.JPG

​

    Претседателката на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити заедно со четворицата Комисиoнери организираа работна средба со брокерската и со фондовска индустрија. Оваа средба беше платформа за размена на ставови помеѓу  Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  како регулатор на пазарот на капитал и првите луѓе на Македонската берза АД Скопје , Центалниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје , овластените банки, брокерските куќи и друштвата за управување со инвестициски фондови за тоа како Република Македонија да има стабилен, регулиран, ефикасен и високо развиен пазар на хартии од вредност, согласно релевантните ЕУ директиви.  

     Фокусот беше ставен на приоритетите и целите за раст и развој на македонскиот пазар за хартии од вредност, на кои заеднички во наредниот период ќе треба сите повикани субјекти да  преземаат активности и да работат на нивната имплементација.

Се дискутираше за основните фактори и пречки за унапредување и развој на примарниот и на секундарниот пазар на хартии од вредност, за мерките и активностите кои треба да бидат преземени од Комисијата за хартии од вредност на РМ за да се унапреди работењето на Друштвата за управување со инвестициски фондови  и за тоа дали одредена регулатива или нејзин дел, која е во надлежност на Комисијата претставува проблем или пречка во остварување на  полниот капацитет на предметот на работењето ДУИФ.  

     Беа отворени и актуелни прашања поврзани со системските предизвици, со престојната нова законска регулатива и супервизијата на пазарот на капитал, како и прашања кои произлегуваат од  натамошните чекори во однос на процесот на европската интеграција на Република  Македонија. 


Следна вест→ ←Претходна вест

Голем одзив на Првата крводарителска акција во КХВ

петок, 14 септември 2018
DSC00150.JPG

​         Позиционирајќи ја општествената одговорност меѓу заложбите  на своето делување, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  во соработка со Црвениот крст на Република Македонија и Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија организираше крводарителска акција. Во акцијата се вклучија менаџментот и вработените во Комисијата, претставници на "Македонската берза" АД Скопје, "Централниот депозитар за хартии од вредност" АД Скопје, "Еуростандард Банка" АД Скопје, "Инвестброкер" АД Скопје, "Шпаркасе Банка Македонија" АД Скопје, Друштвото за управување со инвестициски фондови" ВФП Фонд Менаџмент" АД Скопје,  Агенцијата за супервизија на осигурувањето и на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давател на услуги на воздухопловната навигација М-НАВ. Главна цел  е преку  дарување крв да се спасат човечки животи , како и да се подигне свеста дека сите кои се чувствуваат здрави и имаат храбро срце треба да даруваат крв.Со еден збор,  за дарителство, човек треба да има добра желба и добро здравје.  Претседателот  на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити истакна дека и претставува особена чест што  КХВ  е дел од мисијата на Црвениот крст на Република Македонија  и  нашата институција и во иднина ќе помага и ќе го стимулира крводарителството, како една исклучително хуманитарно-социјална активност  на луѓето. Со оваа акција сакаме да ги поттикнеме и другите да направат чин со кој буквално можат да спасат нечиј живот! . Сигурни сме дека акцијата ќе ја повториме во блиска иднина!"  Инаку, новиот состав на Комисијата за хартии од вредност преку сопствената Програма за работа усвоена во јули оваа година особено го стави  акцентот Комисијата да прерасне во промотор на општествено одговорни политики. Имено, Комисијата како општествена одговорна институција во 2018 година превзема низа иницијативи во насока на: зајакнување на нејзината едукативна  функција, вложување во заедницата, како и во областа на зачувување на животната средина.  Оваа заложба,  Комисијата ќе се обиде  да ја пренесе , вгради и развива  кај сите чинители на пазарот на хартии од вредност. 


Следна вест→ ←Претходна вест

КХВ се приклучи во Светскиот ден на чистење

понеделник, 17 септември 2018
IMG_0853.JPG

​

       Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија се пруклучи во Светскиот ден на чистење , инициран од  World движењето  Lets Do it   и по тој повод на 15 септември, 2018 година  учествуваше во еко акцијата за темелно чистење на општината Карпош.

   Претседателот на КХВ М-р Нора Алити , заедно со комисионерите и со Стручната служба чистеше во Тафталиџе 1 кај основното училиште ,,Јан Aмос Коменски,,  меѓу зградите, зелените површини и паркови.

  КХВ се вклучи во World CleanUp Day за да придонесе  за  почиста  и поздрава околина , но и да покаже преку личен пример дека секој е одговорен и има должност да се грижи за животната средина, односно сите граѓани со своето совесно однесување  и со својот третман на сопствениот отпад придонесуваат за заштитата на нашата животна средина.

Со поддршката на Светскиот ден на чистењето, Република Mакедонија  е во друштвото  на  156-те земји во светот во кои  беа вклучени преку 20 милиони волонтери.

 КХВ како општествена одговорна институција ќе продолжи да   поддржува  и наредни  активности  коишто ќе одат во правец na заштита на животната средина и  подигнување на еколошката свест во заедницата.


Следна вест→ ←Претходна вест

​Интервју на Претседателот на КХВ на РМ, м-р Нора Алити за Капитал

понеделник, 17 септември 2018
Nora Aliti.PNG

​​Интервју на Претседателот на КХВ на РМ, м-р Нора Алити за Капитал


Следна вест→ ←Претходна вест

КХВ потпиша Меморандум за соработка со Меѓународната гимназија НОВА

вторник, 18 септември 2018
NOVA slika 1.JPG

​

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и меѓународната гимназија Нова Скопје  склучија  Меморандум за соработка кој се очекува да резултира со дополнителна едукација на средношколците. Практичната настава ќе ја  водат стручни лица од Комисијата, а се предвидени и посети на  институциите на пазарот на капитал како Берзата, Депозитарот, брокерските куќи  и друштвата за управување со инвестициски фондови. Претседателката на КХВ М-р Нора Алити во оваа пригода истакна: ,,Потпишувањето на меморандумот  е само еден чекор во нашите заложби за  подигнување на финансиската писменост,  а во таа насока и  воведувањето на факултативен предмет „Пазар на хартии од вредност" преку кој  средношколците  ќе ги прошируваат сопствените  знаења   од  оваа сфера. Преку практична настава ќе учат за хартиите од вредност, ќе се запознаат со функционирањето на пазарот на хартии од вредност, преку најразлични  активности ќе ги откријат предностите и ризиците на тргувањето со акции и купувањето на удели во инвестициски фондови, и сето тоа акумулирано знаење очекуваме да  им ја  зголеми конкурентноста при идното вработување. Посакуваме некои од нив да станат  идни  креатори на финансиските политики на Република Македонија. Впрочем, финансиското  знаење им помага на луѓето да си го подобрат животниот стандард.,,

      Во фокусот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  е едукацијата и финансиската писменост , бидејќи  таа е  од клучно значење за исполнување на мисијата за заштита на инвеститорите и за регулиран пазар на хартии од вредност во Република Македонија.По пилот проектот во Меѓународната гимназија Нова Скопје, КХВ  планира , практична настава од областа на пазарот на капитал  да  воведе  и во други средни училишта во Скопје и државава.

 

 


Следна вест→ ←Претходна вест

Новиот финансиски инструмент (перпетуална обврзница), КХВ го презентираше пред банкарите

четврток, 20 септември 2018
IMG_6281.jpg

​

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на РМ М-р Нора Алити со тимот денеска пред Македонската банкарска Асоцијација  го презентираа новиот хибриден инструмент  на пазарот за хартии од вредност- Перпетуалната обврзница. Целта беше потенцијалните издавачи да се запознаат со можноста за користење на овој инструмент како начин за зголемување на својот додатен основен капитал која  е прифатена  на пазарите на капитал во развиените држави, пред сѐ од страна на институционалните инвеститори.

   Во оваа прилика, Претседателот на КХВ М-р Нора Алити  рече:  ,,Финансискиот инструмент кој Комисијата го призна како хартија од вредност е препознаен во легислативата од доменот на банкарството и во моментов во Република Македонија може да биде издаден само од банка. Во поглед на инвеститорите во овој инструмент, и покрај тоа што не постојат законски ограничувања во смисла на тоа кој може да се јави како купувач на финансискиот инструмент, очекуваме истиот да биде во фокусот на интерес на институционалните инвеститори,,. 

    Комисијата за хартии од вредност на РМ како регулатор ја иницираше оваа средба, бидејќи оцени  дека би било добро на заедничка средба со Mакедонската Банкарска Асоцијација  да се разговара  за евентуалните прашања и дилеми што ги имаат  во врска со издавањето на овој нов вид на финансиски инструмент на пазарот во Република Македонија.


Следна вест→ ←Претходна вест

Придобивките од приклучување кон евроатлантските организации врз пазарите на хартии од вредност атрактивна тема за младите- Конкурсот на КХВ е успешен

четврток, 27 септември 2018
slika konkursi.JPG

​

     Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  денеска на 27 септември, 2018 година ги врачи  наградите за најдобар научно истражувачки труд и есеј за Конкурсот на тема:„ Влијанието и придобивките на приклучување кон евроатлантските организации врз работењето на пазарите на хартии од вредност,,  што неодамна го распиша нашата институција.

    Силвија Јакимовска и Габриела Петровска се коавтори на најдобриот научно истражувачки труд и согласно објавените правила на Конкурсот, КХВ им додели парична награда во вредност од  30.000,00 денари, која им се  распределува рамномерно, a Марио Ѓорѓиев е автор на наградениот есеј и се стекна со право да учествува  на една обука по избор на добитникот - обука за инвестициони советници или обука за работа со хартии од вредност (во вредност до 25.000 денари). 

    Во оваа пригода, Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на РМ М-р Нора Алити рече: Овој конкурс не охрабрува и не уверува дека младите ученици и студенти  имаат интерес за пазарот на капитал , за евроатланските организации и за придобивките кои ќе ги имаме со аспирацијата на нашата земја во големото европско семејство. Токму научно-истражувачката дејност, а со тоа и  резултатите синтетизирани во трудовите се релевантни за носителите на финансиските политики и придонесуваат при креирање на мерки и активности за развој на пазарот на хартии од вредност и воопшто за економијата. Ви ветувам дека  ова ќе стане наша пракса и дека и во иднина ќе продолжиме да ги мотивираме младите и да ги едуцираме за пазарот на хартии од вредност преку најразлични алатки,,.

      Младите автори во своите трудови заклучуваат дека не постои друга поповолна алтернатива за развојните перспективи надвор од евроатлантскиот интеграциски процес. Ваквата теза ја потврдуваат со бројни аргументи меѓу кои дека ЕУ е најмоќната регионална економска интеграција во светот со силна економија, пазар со голема апсорпциона моќ којшто е во тесна корелација и каузалност со бројноста на населението и високиот доход per capita, што е неспоредливо со пазарната големина на Македонија. Според нив, потребно е формирање на платформа која би ја зголемила интеграцијата и функционирањето на берзите, меѓутоа неопходно е да се поттикне и развојот на примарниот пазар на капитал. Во рамки на презентацијата на трудовите беше потенцирано дека инвестирањето во знаењето е клучен фактор за развојот, поконкретно едуцирањето на управувачката структура на деловните субјекти и целокупното население за придобивките кои ги нудат единствено пазарите на хартии од вредност.

     Инаку,  ова е прв Конкурс за најдобар научно истражувачки труд/есеј  на тема од областа на пазарот на хартии од вредност, што воопшто го распишала Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Следна вест→ ←Претходна вест

Претставници на КХВ разменија искуства за Информатичкиот систем за известување во Словенечката Агенција за хартии од вредност

четврток, 18 октомври 2018
kapitelj1.jpg

​

Претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија заедно со Комисионерката Лиле Делиџакова на 11 октомври, 2018 година беа во работна посета на Агенцијата за пазар на хартии од вредност на  Република Словенија во Љубљана.

    Директорот на Агенцијата за пазар на хартии од вредност Г-дин Милош Час  имаше воведно обраќање во кое ги отслика пазарните движења и состојби во Словенија и изрази подготвеност со сите ресурси да и помогне и да ја поддржи  Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија при нејзиниот информатичко-технолошки  развој и унапредување на капацитетите.

Потоа, беа реализирани неколку работни сесии со Стручните лица кои го изработиле нивниот Информатички систем за известување и обработка на податоци, преку кој овластените учесници на пазарот ги доставуваат своите финансиски и нефинансиски известувања, кои потоа на соодветен начин и во специфичен формат се обработуваат за потребите на регулаторот.  

    Овој  систем  содржи компонента за размена на информации и податоци поврзани со трговски трансакции кои се случуваат на пазарите на капитал на сите држави членки на ЕСМА.

Ваквата работна посета која  претставува уште еден  чекор за зајакнување на односите меѓу двете институции  беше договорена уште при првата средба на Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити  со нејзинот словенечки колега  Г-дин Милош Час која што  се реализираше  на 27 јуни, 2018 година во Љубљана.

     


Следна вест→ ←Претходна вест

М-р Нора Алити: ,,Без евроатланска интеграција, речиси е невозможно да се добие битката со привлекување на што е можно повеќе инвестиции,,

петок, 19 октомври 2018
CHA_9832.JPG

​

Песимизмот и неизвесноста се најголемиот непријател на пазарот на капитал. Лесно се менуваат стратегиите на инвеститорите, бидејќи ако очекуваат полоши времиња и политички тензии, тогаш едноставно неинвестираат и наоѓаат друга дестинација која им е поволна за вложување. Без евроатланска интеграција, речиси е невозможно да се добие битката со привлекување на што е можно повеќе  инвестиции истакна Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити, на дебатата на тема „Перспективите на младите лица од полноправното членство на земјата во Европската Унија и НАТО" што беше организирана од страна на Институтот за бизнис и менаџмент Heidelberg - Скопје" a се одржа на 18 октомври во Скопје. М-р Нора Алити потенцираше дека нема политички процес, без економски импликации, нема раст без инвестиции,без раст нема вработеност, а сето тоа го нема без членство во Нато и во ЕУ.  Таа посочи дека пазарот на хартии од вредност, има ниско ниво на пазарна капитализација и мала ликвидност, се чини дека кога националните пазари се мали и фрагментирани еден од друг, фирмите како да не се во можност целосно да ги искористат економиите од обем. Потребна е интеграција преку која се очекува да дојде до поврзување на ресурсите на фрагментираните и на различен степен на развој пазари на хартии од вредност, што пак ќе влијае врз можноста, да се мобилизираат локалниот и меѓународен капитал во насока на нивен инфраструктурен развој, а преку тоа и на целокупниот финансиски систем. Кога станува збор за усогласувањето со европските стандарди, нашиот пазар на капитал има и недостаток, но и предност. Недостатокот произлегува од неговите неискористени капацитети (мал промет, слаба ликвидност, сиромашен берзански материјал, пазарната длабочина и сл) па оттука потребно е и повеќе време за да јасно и прецизно се согледа оваа област, додека пак, предноста на малите пазарни ситеми е во нивната поголема моќ за брзо и ефикасно прилагодување.

        М-р Нора Алити во оваа прилика ги спомена најновите трендови за формирање на посебни платформи за поддршка на т.н. startup бизниси, кои се пример за придобивките од интегрирањето. Според неа,  особено се интересни т.н. crowdfunding платформи и како успешен пример го посочи  младиот претприемач 22 годишниот Иван Мрвош од околината на Сплит  познат  по своите паметни клупи ,а  кој преку компанијата Include покрена crowdfunding кампања на новата платформа на Хрватската берза во соработка со Естонската Funderbeam  и  успеа да собере повеќе од потребните 400 илјади евра. ,,Посакувам заклучи Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити  во скоро време да зборуваме за успешните приказни на нашите Марија, Бесим, Фуркан, Новак... како иноватори со капитализирани проекти на овој начин.,,.  

 


Следна вест→ ←Претходна вест

КХВРМ ја организира 17-тата обука за брокери и 7-мата обука за инвестициони советници

вторник, 30 октомври 2018
Обуки слика.png

​

С О О П Ш Т Е Н И Е

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги известува сите заинтересирани лица дека ќе ја организира 7-мата обука на кадри за инвестиционо советување. Обуката ќе се организира во работни денови во попладневните часови и денови на викенд, согласно распоредот на кандидатите кој ќе го добијат на првиот ден на обуката. Доколку за обуката се пријават помалку од 30 учесници, истата ќе се спроведе како менторска настава, за што пријавените учесници ќе бидат навремено известени.

По завршување на обуката, кандидатите ќе полагаат стручен испит за инвестиционо советување. Сo полагање на стручниот испит за инвестиционо советување кандидатите се стекнуваат со уверение за положен стручен испит за инвестиционо советување.

Пријавувањето на кандидатите се врши писмено, со доставување на пријави во архивата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија или по пошта на следната адреса:

 Комисија за хартии од вредност на Република Македонија

ул.Македонија бр.25

Палата Лазар Поп Трајков

П.фах 859

1000 Скопје

 

За учество на обуката кандидатот треба да ги достави следните документи:

1. Пријава за следење на 7-мата обука за инвестиционо советување (може да се најде на веб страната на Комисијата во делот на – Обуки www.sec.gov.mk );

2. Уверение за завршено четиригодишно високо образование VII/1 или студирал според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) и доказ за искуство од најмалку една година во областа на финансиите (оригинал или копија со нотарска заверка);

3. Доказ дека не е осудуван со правосилна судска одлука за кривично дело во последните пет години;

4. Доказ дека не е осудуван со правосилна судска одлука за сторено кривично дело предизвикување на стечај на правно лице;

5. Доказ за извршена уплата на надомест во висина од 25.000,00 денари на жиро-сметката на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија: 

240-0100015825-35, депонент на УНИ банка АД Скопје

210-0444346201-73, депонент на Тутунска банка АД Скопје 

200-0000122022-04, депонент на Стопанска Банка АД Скопје

300-0000020097-79, депонент на Комерцијална Банка АД Скопје

330-0700477004-65, депонент на Капитал Банка АД Скопје

290-1000000959-79, депонент на ТТК Банка АД Скопје

320-1000023805-75, депонент на Централна Кооперативна Банка АД Скопје

270-0444346201-80, депонент на Халк Банка АД Скопје

500-0000007383-91, депонент на Стопанска Банка АД Битола

Цел на дознака: учество на обука за инвестиционо советување. Пријавувањето на кандидатите е во периодот од 30.10.2018 година до 06.11.2018 година.

                

          За сите дополнителни информации може да се обратите на телефонските броеви на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија: 02/3244-670 и 02/3244-678, или на е-mail vasko@sec.gov.mk  ivana@sec.gov.mk.

 

                                                                                                                                                                                                                                                                                         

Комисија за хартии од вредност на

                                                                               Република Македонија

                                                                                              Претседател

                                                                                  М-р Нора Алити

 ____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

До

КОМИСИЈА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

        НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

                 ул.Македонија бр.25

         Палата Лазар Поп Трајков                  

                      1000 Скопје

 

П Р И Ј А В А

 

 Јас ___________________________ со ЕМБГ ________________________ , адреса на живеење___________________________ ,електронска пошта_________________________ , контакт телефон __________________ се пријавувам за следење на 7-тата обука за инвестиционо советување.

 

 

Датум _________ година        

 

          

                                                                                                                                                                              Подносител на пријава

                                                                                     

                                                                                                    _                                                                         ________________________

 

 

Прилог:

- Уверение за завршено четиригодишно високо образование VII/1 или студирал според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) (оригинален документ или копија со нотарска заверка);

- Доказ дека лицето има искуство од најмалку една година во областа на финансиите);

- Доказ дека лицето не е осудувано со правосилна судска одлука за кривично дело во последните пет години;

- Доказ дека лицето не е осудувано со правосилна судска одлука за сторено кривично дело предизвикување на стечај на правно лице;

- Доказ за извршена уплата на надомест во висина од 25.000,00 денари на една од жиро-сметките на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија: 

 

*се согласувам да се проследат за обработка моите личниподатоци опфатени во пријавата во согласност со Законот зазаштита на лични податоци (Сл. Весник на РМ бр. 7/2005 инеговите измени)

 

 ________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги известува сите заинтересирани лица дека ќе ја организира 17-тата обука на кадри за работење со хартии од вредност. Обуката ќе се организира во работни денови во попладневните часови и денови на викенд, согласно распоредот на кандидатите кој ќе го добијат на првиот ден на обуката. Доколку за обуката се пријават помалку од 30 учесници, истата ќе се спроведе како менторска настава, за што пријавените учесници ќе бидат навремено известени.

По завршување на обуката, кандидатите ќе полагаат стручен испит за работење со хартии од вредност. Сo полагање на стручниот испит за работење со хартии од вредност се стекнуваат со уверение за положен стручен испит за работење со хартии од вредност.

Пријавувањето на кандидатите се врши писмено, со доставување на пријави во архивата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија или по пошта на следната адреса:      

                                                                                                           Комисија за хартии од вредност на Република Македонија

ул. Македонија  бр.25

палата Лазар Поп Трајков

П.фах 859

1000 Скопје

За учество на обуката кандидатот треба да ги достави следните документи:

  1. Пријава за следење на 17-тата обука за работа со хартии од вредност (може да се најде на веб страната на Комисијата во делот-Oбуки www.sec.gov.mk);
  2. Доказ дека има завршено најмалку четиригодишно средно образование  и  доказ за искуство од најмалку една година од областа на финансиите (копија со нотарска заверка);
  3. Доказ дека не е осудуван со правосилна судска одлука за сторено кривично дело     во последните пет години;
  4. Доказ дека не е осудуван со правосилна судска одлука за сторено кривично дело предизвикување на стечај на правно лице;
  5. Доказ за извршена уплата на надомест во висина од 12.500,00 денари на жиро-сметката на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија

240-010001582535, депонент на УНИ банка АД Скопје

210-0444346201-73, депонент на Тутунска банка АД Скопје

200-0000122022-04, депонент на Стопанска Банка АД Скопје

300-0000020097-79, депонент на Комерцијална Банка АД Скопје

330-0700477004-65, депонент на Капитал Банка АД Скопје

290-1000000959-79, депонент на ТТК Банка АД Скопје

320-1000023805-75, депонент на Централна Кооперативна Банка АД Скопје

270-0444346201-80, депонент на Халк Банка АД Скопје

500-0000007383-91, депонент на Стопанска Банка АД Битола

    Цел на дознака: учество на обука за работење со хартии од вредност.

  Пријавувањето на кандидатите е во периодот од 30.10.2018 година до 06.11.2018 година.

 

       За сите дополнителни информации може да се обратите на телефонските броеви на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија: 02/3244-670 и 02/3244-678, или на е-mail vasko@sec.gov.mk и ivana@sec.gov.mk.

                                                                                                                            

                                              

Комисија за хартии од вредност на

                                                                               Република Македонија

                                                                                              Претседател

                                                                                  М-р Нора Алити

 __________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

 

До

КОМИСИЈА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ 

                  ул.Македонија бр.25

          Палата Лазар Поп Трајков                      

                       1000 Скопје

 

П Р И Ј А В А

 

 

Јас ___________________________ со ЕМБГ ________________________ , адреса на живеење___________________________ ,електронска пошта_________________________ , контакт телефон __________________ се пријавувам за следење на 17-тата обука за работење со хартии од вредност.

 

 

Датум _________ година        

 

                                                                                                   Подносител на пријава

                                                                                                                                                                                          _________________________

 

 

Прилог:

 

  • Доказ дека лицето има завршено најмалку четиригодишно средно образование;
  • Доказ дека лицето има искуство од најмалку една година во областа на финансиите;
  • Доказ дека не е осудуван со правосилна судска одлука за сторено кривично дело во последните пет години;
  • Доказ дека не е осудуван со правосилна судска одлука за сторено кривично дело предизвикување на стечај на правно лице;
  • Доказ за извршена уплата на надомест во висина од 12.500,00 денари на жиро-сметката на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија

 

 

  *се согласувам да се проследат за обработка моите личниподатоци опфатени во пријавата во согласност со Законот зазаштита на лични податоци (Сл. Весник на РМ бр. 7/2005 инеговите измени)


Следна вест→ ←Претходна вест

KLVRM organizon trajnimin e 17 për brokerë dhe trajnimin e 7 për këshilltarë për investime

вторник, 30 октомври 2018
Обуки слика.png

​

N J O F T I M

Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë njofton të gjithë personat e interesuar se do të organizojë trajnimin e 7 për kuadro për këshilla për investime. Trajnimi do të organizohet gjatë ditëve të punës në orët e pasditës dhe gjatë ditëve të fundjavës, në përputhje me orarin e e kandidatëve të cilin do ta marrin ditën e parë të trajnimit. Nëse në trajnim paraqiten më pak se 30 pjesëmarrës, e njëjta do të zhvillohet si mësim mentorial, për çka pjesëmarrësit do të informohen në kohën e duhur.

Pas mbarimi të trajnimit, kandidatët do t'i nënshtrohen provimit profesional për këshilla për investime. Me dhënien e provimit profesional për këshilla për investime kandidatët marrin vërtetim për dhënien e provimit profesional për këshilla për investime.

Paraqitja e kandidatëve bëhet me shkrim, duke dorëzuar aplikim në arkivin e Komisionit të letrave me vlerë të Republikës së Maqedonisë apo me postë në adresën në vijim:

 

Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë

rr. Maqedonia nr. 25

Pallati Llazar Pop Trajkov

Fahu postar 859

1000 Shkup

 

Për pjesëmarrje në trajnim kandidati duhet të dorëzojë dokumentet në vijim:

 

  1. Aplikim për ndjekjen e trajnimit të 7 për këshilla për investime (mund ta gjeni në web faqen e Komisionit, në pjesën – Trajnime www.sec.gov.mk);
  2. Vërtetim se ka mbaruar shkollë të lartë katërvjeçare VII/1 apo ka studijuar sipas Deklaratës së Bolonjës dhe ka 240 kredi sipas sistemit europian të transfer kredive (EKTS) dhe dëshmi për përvojë së paku një vit në lëmin e finansave (origjinal apo kopje të noterizuar);
  3. Dëshmi se nuk është i dënuar me vendim gjykate të formës së prerë për vepër penale të kryer në pesë vitet e fundit;
  4. Dëshmi se nuk është i dënuar me vendim gjykate të formës së prerë për vepër penale shkaktim të falimentimit të personit juridik;
  5. Dëshmi për pagesë të realizuar për kompenzim në vlerë prej 25.000,00 denarë në llogarinë e Komisionit të letrave me vlerë të Republikës së Maqedonisë

 

240-0100015825-35, deponent i UNI bankës Sha Shkup

210-0444346201-73, deponent i Tutunska bankës Sha Shkup

200-0000122022-04, deponent i Stopanska bankës Sha Shkup

300-0000020097-79, deponent i Komercijallna bankës Sha Shkup

330-0700477004-65, deponent i Kapitall bankës Sha Shkup

290-1000000959-79, deponent i TTK bankës Sha Shkup

320-1000023805-75, deponent i Bankës Qendrore Kooperative Sha Shkup

270-0444346201-80, deponent i Hallk bankës Sha Shkup

500-0000007383-91, deponent i Stopanska bankës Sha Manastir

 

Qëllimi i remitancës: pjesëmarrje në trajnim për këshilla për investim.

Regjistrimi i kandidatëve bëhet në periudhën nga 30.10.2018 deri më 06.11.2018.

Për çdo informatë shtesë mund të drejtoheni në numrat e telefonit të Komisionit të letrave me vlerë të Republikës së Maqedonisë:  02/3244-670 dhe 02/3244-678 apo në е-mail vasko@sec.gov.mk dhe ivana@sec.gov.mk.

 

                                                                                               

                                                            Komisioni ir letra me vlerë

                                                           i Republikës së Maqedonisë

                                                                                                                                                                                              Kryetar

                                                                                                                                                                                          mr. Nora Aliti

 

 ________________________________________________________________________________________________________________________________________

Deri te

KOMISIONI PËR LETRA ME VLERË

I REPUBLIKËS SË MAQEDONISË

rr. Maqedonia nr. 25

Pallati Llazar Pop Trajkov

1000 Shkup

 

 

A P L I K I M

 

 

Unë___________________________me NUIQ________________________, adresa e banimit__________________________ , posta elektronike_________________________ , numri i telefonit__________________ paraqitem për ndjekje të trajnimit të 7 për këshilla për investim.

 

Data  _________

 

Parashtrues i aplikimit

                                                                                     

_________________________

 

Bashkëngjitur:

- Vërtetim për shkollë të lartë katërvjeçare të mbaruar VII/1 apo ka studijuar sipas Deklaratës së Bolonjës dhe ka 240 kredi sipas sistemit europian të transfer kredive (EKTS) (origjinal apo kopje të noterizuar);

- Dëshmi se personi ka përvojë së paku një vit në lëmin e finansave;

- Dëshmi se nuk është i dënuar me vendim gjykate të formës së prerë për vepër penale të kryer në pesë vitet e fundit;

-Dëshmi se nuk është i dënuar me vendim gjykate të formës së prerë për vepër penale shkaktim të falimentimit të personit juridik;

-Dëshmi për pagesë të realizuar për kompenzim në vlerë prej 25.000,00 denarë në llogarinë e Komisionit për letra me vlerë të Republikës së Maqedonisë:

 

 

*pajtohem që të dhënat e mia personale të përfshira në këtë aplikim të jepen në përpunim në përputhje me Ligjin për mbrojtjen e të dhënave personale (Gazeta zyrtare e RM nr. 7/2005 dhe ndryshimet e tij)

 __________________________________________________________________________________________________________________________________________

 

N J O F T I M

Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë njofton të gjithë personat e interesuar se do ta organizojë trajnimin e 17 për kuadro që do të punojnë me letra me vlerë. Trajnimi do të organizohet gjatë ditëve të punës në orët e pasditës dhe gjatë ditëve të fundjavës, në përputhje me orarin e e kandidatëve të cilin do ta marrin ditën e parë të trajnimit. Nëse në trajnim paraqiten më pak se 30 pjesëmarrës, i njëjti do të zhvillohet si mësim mentorial, për çka pjesëmarrësit do të informohen në kohën e duhur.

Pas mbarimi të trajnimit, kandidatët do t'i nënshtrohen provimit profesional për punë me letra me vlerë. Me dhënien e provimit profesional për punë me letra me vlerë marrin vërtetim për dhënien e provimit profesional për punë me letra me vlerë.

Paraqitja e kandidatëve bëhet me shkrim, duke dorëzuar aplikim në arkivin e Komisionit të letrave me vlerë të Republikës ës Maqedonisë apo me postë në adresën në vijim:

Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë

rr. Maqedonia nr. 25

Pallati Llazar Pop Trajkov

Fahu postar 859

1000 Shkup

 

Për pjesëmarrje në trajnim kandidati duhet të dorëzojë dokumentet në vijim:

 

  1. Aplikim për ndjekjen e trajnimit të 17 për punë me letra me vlerë (mund ta gjeni në web faqen e Komisionit, në pjesën – Trajnime www.sec.gov.mk);
  2. Dëshmi se ka mbaruar së paku shkollë të mesme katërvjeçare dhe dëshmi për përvojë pune së paku një vit në lëmin e finansave (kopje të noterizuar);
  3. Dëshmi se nuk është i dënuar me vendim gjykate të formës së prerë për vepër penale të kryer në pesë vitet e fundit;
  4. Dëshmi se nuk është i dënuar me vendim gjykate të formës së prerë për vepër penale shkaktim të falimentimit të personit juridik;
  5. Dëshmi për pagesë të realizuar për kompenzim në vlerë prej 12.500,00 denarë në llogarinë e Komisionit të letrave me vlerë të Republikës së Maqedonisë

240-010001582535, deponent i UNI bankës Sha Shkup

210-0444346201-73, deponent i Tutunska bankës Sha Shkup

200-0000122022-04, deponent i Stopanska bankës Sha Shkup

300-0000020097-79, deponent i Komercijallna bankës Sha Shkup

330-0700477004-65, deponent i Kapitall bankës Sha Shkup

290-1000000959-79, deponent i TTK bankës Sha Shkup

320-1000023805-75, deponent i Bankës Qendrore Kooperative Sha Shkup

270-0444346201-80, deponent i Hallk bankës Sha Shkup

500-0000007383-91, deponent i Stopanska bankës Sha Manastir

 

       Qëllimi i remitancës: pjesëmarrje në trajnim për punë me letra me vlerë.

Regjistrimi i kandidatëve bëhet në periudhën nga 30.10.2018 deri më 06.11.2018.

 

Për çdo informatë shtesë mund të drejtoheni në numrat e telefonit të Komisionit të letrave me vlerë të Republikës së Maqedonisë:  02/3244-670 dhe 02/3244-678 apo në е-mail vasko@sec.gov.mk dhe ivana@sec.gov.mk.

                                                                                                                                

                                                      Komisioni i letrave me vlerë

                                                       i Republikës së Maqedonisë

                                                        Kryetar

                                                   mr. Nora Aliti

 ______________________________________________________________________________________________________________________________________

Deri te

KOMISIONI PËR LETRA ME VLERË

 rr. Maqedonia nr. 25

  Pallati Llazar Pop Trajkov

1000 Shkup

 

 

A P L I K I M

 

Unë___________________________me NUIQ________________________, adresa e banimit__________________________ , posta elektronike_________________________, numri i telefonit__________________ paraqitem për ndjekje të trajnimit të 17 për punë me letra me vlerë.

 

 

Data  _________

 

Parashtrues i aplikimit

 

_________________________

 

 

Bashkëngjitur:

  • Dëshmi se personi ka mbaruar së paku shkollë të mesme katërvjeçare;
  • Dëshmi se personi ka përvojë së paku një vit në lëmin e finansave;
  • Dëshmi se nuk është i dënuar me vendim gjykate të formës së prerë për vepër penale të kryer në pesë vitet e fundit;
  • -Dëshmi se nuk është i dënuar me vendim gjykate të formës së prerë për vepër penale shkaktim të falimentimit të personit juridik;
  • -Dëshmi për pagesë të realizuar për kompenzim në vlerë prej 12.5000,00 denarë në llogarinë e Komisionit për letra me vlerë të Republikës së Maqedonisë

 

* pajtohem që të dhënat e mia personale të përfshira në këtë aplikim të jepen në përpunim në përputhje me Ligjin për mbrojtjen e të dhënave personale (Gazeta zyrtare e RM nr. 7/2005 dhe ndryshimet e tij)

 

 

 

 

 

 


Следна вест→ ←Претходна вест

КХВ и Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев ќе ја продлабочат соработката се договорија Алити и Елмази

среда, 14 ноември 2018
DSC_0432-академија слика.JPG

​

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност М-р Нора Алити, заедно со комисионерката Лиле Делиџакова  на 14 ноември, 2018 година, одржаа работен состанок со В.Д. директорката,  Вјолца Елмази  на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев. На средбата, во седиштето на Академијата, преку меѓусебна презентација на досегашната соработка помеѓу Комисијата за хартии од вредност и Академијата, и двете страни  се согласија дека е неопходно истата да се продлабочи и унапреди, пред се со зголемување на бројот на тркалезни маси и работилници од оваа област во континуираната и во почетната обука на Академијата.

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност М-р Нора Алити го изнесе фактот дека постои недостаток од обуки во оваа материја во Академијата, што претставувало и дополнителен мотив да се иницира средбата, бидејќи според неа ако повеќе судски предмети поврзани со хартии од вредност добијат разрешница се зајакнува довербата во пазарот на хартии од вредност, кој е основен предуслов за привлекување на инвеститори и прилив на нов капитал во Република Македонија.

 

Исто така, од страна на Академијата беше упатена покана до претставниците на Комисијата за хартии од вредност да достават апликации за едукатори на Академијата, како би се унапредил квалитетот на обуките од областа на хартиите од вредност, трговското право, корпоративно право и слично, а воедно и да се збогати базата на едукатори на Академијата во оваа област.

Меѓудругото, на овој состанок главен акцент се стави на предлогот да се потпише и Меморандум за соработка помеѓу Академијата и Комисијата за хартии од вредност во блиска иднина.  Со склучување на Меморандум за соработка, двете страни ќе манифестираат јасна волја за соработка која има цел создавање и градење на добра пракса и владеење на добро корпоративно управување, неприкосновена заштита на инвеститорите и акционерите и продлабочена соработка во спречувањето на нечесни и незаконски дејства на пазарот на капитал. Меморандумот ќе обезбеди основ за разменување на податоци и на документи и ќе се утврдат динамиката и полињата на соработка и заедничко делување.

 

 


Следна вест→ ←Претходна вест

Интервју на Претседателот на КХВ, М-р Нора Алити за е-Банкар

четврток, 15 ноември 2018
IMG_1954.JPG

​Интервју на Претседателот на КХВ, М-р Нора Алити за е-Банкар


Следна вест→ ←Претходна вест

Традиционалната Годишна Конференција за пазарот на капитал на КХВ ја собра берзанската и фондовската индустрија во Струга

понеделник, 26 ноември 2018
слика 1.JPG

​

        Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 24 ноември во Струга ја организираше Традиционалната Годишна конференција на пазарот на капитал на која главна тема беа најавените нови закони - Закон за финансиски инструменти и закон за проспекти и обврски за транспарентност.

    Потребата за донесување на овие закони произлегува од потребата за усогласувањето на нашата со легислативата на Европската Унија, процесот на нивното  донесување ќе биде отворен и инклузивен, а оваа средба на КХВ со берзанската заедница е само еден чекор кон тоа, рече Претседателката на КХВ М-р Нора Алити, отворајќи ја традиционалната Годишна конференција. Драфт законите се работат на техничко-оперативно ниво во работни групи во Министерството за финансии, во кои има и претставници на Комисијата за хартии од вредност, но со комисионерите продолжи Претседателката Алити сметавме дека иако сме во многу рана фаза добро е да се презентираат новините, за да можеме како Комисија да се запознаеме со вашите ставови, размислувања, коментари, забелешки  пред да имаме првична верзија на предлог законите .Според неа, важно е да се  дебатира со аргументи и одлуките што ќе се носат да бидат јасно образложени. Во своето обраќање, Претседателката на КХВ најави дека целата законска регулатива што ја спроведува Комисијата  наскоро ќе биде достапна на три јазици -македонски, албански и англиски, која што  заинтересираните ќе можат да ја преземаат на веб страницата на КХВ. 

М-р Нора Алити на крајот резимираше дека за неа како прв човек на институцијата   најважно е  сите активности што се преземаат да се во насока на исполнување на мисијата на КХВ која се базира врз три столба: (1) да ги заштитиме инвеститорите, (2) да одржуваме фер, сигурен, транспарентен и ефикасен пазар на хартии од вредност, и (3) да го олесниме привлекувањето на капитал. Секој  столб на оваа мисија е критичен и подеднакво важен, ако неодржуваме рамнотежа, тогаш инвеститорите, пазарот и, конечно и економијата ќе страдаат, заклучи Претседателката на КХВ.

    На традиционалната годишна конференција за пазарот на капитал се обрати и Комисионерката Лиле Делиџакова, која рече: Како ново раководство на Комисијата за хартии од вредност на РМ зацртавме дека заложбите ќе бидат насочени кон континуирано подобрување на инвестициската клима во Република Македонија, практицирање на добро корпоративно управување, неприкосновена заштита на инвеститорите и на акционерите и спречување на нечесни и незаконски дејства на пазарот на капитал. Ние се залагаме за создавање и одржување на пазарно опкружување кое го оправдува довербата на инвеститорите и се карактеризира со транспарентност и интегритет. Но, покрај овие заложби, истакна Делиџакова, ставаме акцент и на оптимизирање на институционалните перформанси на Комисијата,што подразбира развој на човечкиот потенцијал, институционално управување и организациска инфраструктура и општествена одговорност.  

Годишната конференција, беше интерактивна, па претставниците на брокерските куќи,овластените банки кои работат со хартии од вредност, друштвата за управување со инвестициски фондови, Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и претставникот на друштвото за инвестициско советување поставуваа прашања, изнесуваа забелешки и коментари, даваа предлози за повеќе теми поврзани со пазарот на капитал.

Оваа Конференција, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ја одржува традиционално и е шеста по ред во ваков состав и формат.

 


Следна вест→ ←Претходна вест

Преку серија алатки и иницијативи, КХВ и АБИТ ќе градат култура на поголема финансиска писменост на населението - Потпишан Меморандум за соработка

четврток, 29 ноември 2018
абит слика 29 ноември.jpg

​

     Во насока на исполнување на едукативната функција на КХВ и континуираните заложби за поголема финансиска писменост на населението, Претседателот на КХВ М-р Нора Алити потпиша Меморандум за соработка со Извршниот директор на Фондацијата "Академија за банкарство и информатичка технологија - АБИТ" – Скопје, како дел од групацијата на ПНУ „Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ – Скопје, Доц. Д-р Синиша Наумоски.

- Сакаме преку современи концепти на специјалистичко образование и практичен пристап, како и преку развивање на серија алатки и иницијативи  кои ги препознаваат европските трендови,  да даваме придонес за финансиска едукација во земјава и да градиме култура на добро корпоративно управување . Затоа, Комисијата за хартии од вредност ќе даде силна поддршка на секоја иницијатива на АБИТ која значи усовршување и унапредување на знаењата и вештините од областа на пазарот на капитал и финансискиот систем воопшто. При потпишувањето на Меморандумот за соработка, во седиштето на Комисијата за хартии од вредност на РМ , и двете страни изразија задоволство што  партнерскиот однос кои досега го манифестираа, се заокружи и со Меморандум за соработка со кој се предвидува градење на  долготрајната партнерска соработка меѓу КХВ и АБИТ. 


Следна вест→ ←Претходна вест

ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ ВО ФУНКЦИЈА НА БИЗНИСОТ- КХВ И СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

вторник, 04 декември 2018
stopanska-komora-tabla.jpg

​

   Претседателката на КХВ М-р Нора Алити на покана на Претседателот на Стопанската Комора на Македонија Г-дин Бранко Азески  беше гостин на Управниот одбор на Комората, што претставува само еден чекор за продлабочување на соработката меѓу двете организации,  како и за изнаогање нови форми на соработка.

М-р Нора Алити пред членовите на Управниот одбор зборуваше за примарниот пазар и неговото раздвижување како еден главните приоритети на новиот состав на Комисијата, односно за тоа како може пазарот на капитал да биде во функција на бизнисот.

,,Тука можеме заеднички и на оперативно ниво да соработуваме и да ги потсетиме друштвата од стопанството за бенефитите на going public или „отворање за јавност" односно за бенефитите од користење на пазарот на хартии од вредност како алтернативен извор на финансирање . Посебно мислам на ваши членки кои се акционерски друштва , чии акции котираат на Македонската берза, па преку својот пример да ја раскажат приказната дека пазарот на хартии од вредност овозможува полесен пристап до капитал, пазарно вреднување на компанијата и ликвидност на акциите, зголемена конкурентност, публицитет, можност за позајмување капитал и овозможува одржување на постојана стапка на пораст на компанијата, истакна меѓудругото М-р Алити пред стопанствениците.

  Претседателката на КХВ М-р Нора Алити и во оваа прилика отворено побара засилена  соработка со Стопанската Комора со цел што е можно повеќе пазарот на хартии од вредност да се доближи, усогласи  и димензионира  до приватниот сектор. Токму развојот на примарниот пазар е само едно од подрачјата кои се зацртани за заедничко делување  во Меморандумот за соработка што Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија го потпиша со Стопанската Комора на Македонија.

   Претседателката на КХВ пред Управниот одбор рече дека КХВ оваа година отпочна активности за промовирање на примарниот пазар на капитал преку еден персонализиран и аналитичен пристап насочен претежно кон друштвата со ограничена одговорност. Во моментов, продолжи М-р Алити, Комисијата  се фокусира кон одредени етаблирани друштва со ограничена одговорност кои имаат производи/услуги кои се препознатливи во јавноста, за кои би постоел интерес и кај инвеститорската јавност, кон друштва кои веќе изготвуваат финансиски извештаи за кои имаат мислење од овластен ревизор, кон друштва кои преку своите интернет страници се на некој начин транспарентни на јавноста.

Но, нагласи таа, ова не значи дека во следниот период КХВ ќе работи на стимулирање само на селектирани друштва. Напротив отворена е кон сите заинтересирани страни. Исто така, Претседателката на КХВ М-р Нора Алити најави дека во 2019 ќе се воведе промотивен концепт "0 денари административни трошоци за иницијалната јавна понуда, кој во моментов изнесува 5.000 денари и ќе се понуди безплатна професионална помош при подготовка за емисија на хартии од вредност и тоа од донесување на Одлуката за емисија на хартии од вредност до изготвување на проспектот и придружната документација.

 

 

 

 

 

 


Следна вест→ ←Претходна вест

Техничка помош за финансиска едукација во Програмата на Конституенцата на Министерството за финансии на Холандија во соработка со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при ОЕЦД

понеделник, 10 декември 2018
lazar_pop_trajkov-3.jpg

​

На крајот на септември 2018 година, во Хаг, Холандија, се одржа првиот состанок со кој официјално започна петгодишниот проект за финансиска едукација (2018-2022 година) со поддршка на Министерството за финансии на Холандија и Меѓународната мрежа за финансиска едукација при ОЕЦД (ИНФЕ-ОЕЦД). На состанокот присуствуваа претставници од Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација на Република Македонија. Координациското тело, вклучувајќи ги петте институции: Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, ќе биде носител на проектот и ќе ги спроведува идните активности, а воедно и ќе воспостави соработка со други релевантни институции и организации во Република Македонија заради успешна реализација на севкупниот проект.

Во овој проектот се вклучени земјите коишто имаат интерес да ја подигнат свеста за финансиска писменост на своето население или веќе преземаат чекори во оваа насока, а тоа се: Македонија, Романија, Молдавија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија и Грузија.

Во текот на 2019 година, мисијата на Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД ќе оствари средба во Македонија за одредување на конкретните активности за развивање на стратешки документи за подигање на нивото на финансиската писменост во земјата. Проектот има за цел да даде поддршка во следниве области:

  • Процена на сегашното ниво на финансиска писменост на населението и идентификување на приоритетите и целните групи;
  • Создавање, имплементација и евалуација на Национална стратегија за финансиска едукација;
  • Развивање и спроведување на различни активности за промовирање на финансиската писменост.

Проектот ќе се одвива во повеќе фази, и тоа: истражување, планирање, развој, имплементација, реализација и евалуација. Во рамки на проектот ќе бидат преземени повеќе видови на иницијативи, а воедно достапна ќе биде техничка помош при повеќе активности, вклучително за прибирање и анализа на податоци за нивото на финансиската писменост во одделните земји, како и за развој и спроведување на националните стратегии и иницијативи за финансиска едукација во земјите, засновани пред сé врз принципите и политиките на ИНФЕ-ОЕЦД. Клучна за земјите ќе биде меѓусебната размена на знаења за постојните иницијативи во финансиската едукација, како и размената на знаења за специфичните потреби и целни групи на земјите учеснички, врз основа на претходно спроведените истражувања.

За време на состаноците на мисијата, ќе се изработат извештаи за мапирање на тековните иницијативи за финансиска едукација кај земјите, а по завршувањето на мисијата ќе се изработат извештаи со заклучоци и препораки за развој на национална стратегија, приспособени на потребите на секоја земја учесничка. Крајната цел на проектот е имплементација на ефикасна и издржана Национална стратегија за финансиска едукација којашто ќе биде насочена кон создавање подобри проекти за финансиско образование, поголема вклученост на релевантните институции во активностите на финансиската едукација и со тоа повисоко ниво на финансиска писменост.

 


Следна вест→ ←Претходна вест

Склучен меморандум за соработка во сферата на финансиската едукација

понеделник, 17 декември 2018
DSC_0438.jpg

​

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија денеска на 17 декември, 2018 година склучи меморандум за соработка со Македонската банкарска асоцијација, Министерството за образование и наука и Народната банка на Република Македонија. Меморандумот главно се однесува  на соработката во сферата на финансиската едукација на младата популација и финансиската писменост на населението, како и на други прашања од областа на финансиите.

 

Во рамки на оваа соработка, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и трите институции, за првпат во нашава земја ќе го организираат „Европскиот квиз на парите", којшто е проект на Европската банкарска федерација, наменет за финансиска едукација на младите. Со тоа, Република Македонија се вклучува во второто издание на овој квиз, чија основна цел е финансиска едукација на учениците на возраст од тринаесет до петнаесет години. Се очекува дека во квизот ќе учествуваат над четириесет илјади ученици од дваесет и пет европски земји.

 

„Европскиот квиз на парите" се одвива во две фази – првата се националните  натпревари во секоја земја поединечно, а втората е европското финале. Националниот натпревар во Република Македонија ќе се одржи на 27 март 2019 година, во рамки на Европската недела на парите. Најдобрите двајца ученици ќе ја претставуваат нашата земја на финалето коешто ќе се одржи на 7 мај 2019 година во Брисел, Белгија. Организацијата на овој настан во нашата земја ќе придонесе за поголема ангажираност на младите во доменот на финансиската едукација и за збогатување на нивните знаења од сферата на финансиите.   


Следна вест→ ←Претходна вест

КХВ во соработка со НБРМ, Министерството за образование и МБА објавува ЈАВЕН ПОВИК до основните и средните училишта во Република Македонија

вторник, 18 декември 2018
ivana.jpg

​

Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Македонија за учество во меѓународниот натпревар Европскиот квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години.

Европскиот квиз на парите се одвива во две фази – првата фаза се националните натпревари во секоја земја поединечно, а втората фаза е европското финале.  Националниот натпревар во Република Македонија ќе се одржи на 27 март 2019 година, во рамките на Европската недела на парите. Најдобрите двајца ученици ќе ја претставуваат нашата земја на финалето коешто ќе се одржи на 7 мај 2019 година во Брисел, Белгија.

Натпреварите ќе се реализираат преку посебна електронска апликација за оваа намена Кахут (Kahoot!), којашто е едукативна платформа на база на игра. Финалниот натпревар во Белгија ќе се одвива на мајчиниот јазик на учесниците.

Се повикуваат сите заинтересирани основни и средни училишта да пријават одделенија / класови за учество на националниот натпревар во Република Македонија, најдоцна до 31 јануари 2019 година на следнава електронска адреса на Македонската банкарска асоцијација: info@mba.mk

Притоа, треба да се има предвид следново:

  • Секое основно или средно училиште може да пријави повеќе одделенија / класови;
  • Учениците треба да бидат на возраст од 13 до 15 години на денот на пријавувањето;
  • Заедно со податоците за одделенијата / класовите треба да се достават податоци за наставниците / професорите под чие менторство ќе се одвива подготовката.

Во периодот од крајот на јануари до почетокот на март, ќе се одвиваат подготовки и интерно тестирање на пријавените одделенија / класови за потребите на националниот натпревар. Организаторите на настанот ќе се погрижат за едукативните материјали коишто ќе им бидат потребни на учесниците од Република Македонија за подготовка за интерното тестирање, националниот натпревар и европското финале, за што пријавените одделенија / класови и нивните ментори ќе бидат навремено информирани.

Повеќе информации за Европскиот квиз на парите се достапни на следниве веб-страници: www.mba.mk и www.efb.eu.

 


Следна вест→ ←Претходна вест

Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за работење со хартии од вредност

понеделник, 24 декември 2018
komisija.png

​

Врз основа на член 112 став 3, член 112-б, член 112-в, член 112-г, член 112-д, член 112-ќ, член 112-е, член 112-з, член 112-ѕ, член 112-и, член 112-ј, член 112-љ, член 112-н и член 190 од Законот за хартии од вредност (Службен весник на Република Македонија бр.95/2005, 25/2007, 7/2008, 57/2010, 135/2011, 13/2013, 188/2013, 43/2014, 15/2015, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и 83/2018), Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на седницата одржана на __-12-2018 година донесе:

 

Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот
за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит
за работење со хартии од вредност

Член 1

Во Правилникот за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за работење со хартии од вредност (Службен весник на Република Македонија бр. 102/2014 и 107/2016) во членот 8 став (1) точка 2 зборот "присуствувано на" се заменува со "завршено".

                                                          Член 2

          Во член 8 ставот (2) се менува и гласи:

 

          "Кандидатот пријавата за следење на обуката и полагање на испитот за работење со хартии од вредност ја доставува до Комисијата во писмена форма во рокот определен во соопштението за организирање на обука, објавено во дневните весници и на веб станицата на Комисијата, заедно со:

           -доказ за уплатен надомест согласно Тарифникот за утврдување висина на надоместоци што ги наплатува Комисијата за хартии од вредност на РМ".

 

                                                                    Член 3   

           Во член 8 по ставот (2) се додава нов став (3) кој гласи:

 

"Кандидатот има обврска во рок од 15 дена од денот на поднесување на пријавата  за следење на обуката и полагање на испитот за работење со хартии од вредност истата да ја комплетира со целокупната документација за исполнување на условите од став 1 на овој член ".

Ставот (2) и (3) стануваат став (3) и (4).

 

Член 4

Во член 10 по ставот (9) се додава нов став (10) кој гласи:

 

            „Доколку обуката за работење со хартии од вредност се спроведува како менторска настава, кандидатите пријавени на истата имаат обврска да го положат стручниот испит во рок од 2 години од денот на издаденото Решение за право на полагање на стручниот испит за работење со хартии од вредност од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија."

            Ставот (10) и (11) стануваат став (11) и (12).

 

Член 5

         Во член 21 став (2) се менува и гласи:

 

       "апостил печат на документoт издаден од глобална професионална организација од областа на хартиите од вредност, од надлежен орган (регулаторно тело) во земја членка на ЕУ, Европски економски простор, Швајцарската конфедерација, САД или друга земја со чиј надлежен орган (регулаторно тело) е склучен договор за меѓусебно признавање на професионални квалификации на принцип на реципроцитет со кој се докажува стекнатата квалификација во странство во областа на работење со хартии од вредност".

 

                                                         Член 6

Во член 22 став (1) се менува и гласи:

"Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со одлука ја именува Комисија за признавање од најмалку 3 члена од лицата кои се членови на Комисијата за спроведување на стручниот испит за работење со хартии од вредност".

Член 7

 Во член 24 по ставот (3) се додава нов став (4) кој гласи:

 

            „кандидатот има обврска да ја положи испитната област - Регулатива за пазарот на капитал во Република Македонија и другите области или делови од области кои ги утврдила Комисијата за признавање во рок од најмногу 60 дена од првиот овозможен испитен термин на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија."

            Ставот (4) и (5) стануваат став (5) и (6).

Член 8

          Овој Правилник влегува во сила со осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија."

Број 09-1062/1

          Скопје

  19-12-2018 година

           

 

                                               

                                                                                  Комисија за хартии од вредност на

                                                                                Република Македонија

                                                                                  Претседател 

                                                                                 М-р Нора Алити


Следна вест→ ←Претходна вест

Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за инвестиционо советување

понеделник, 24 декември 2018
komisija.png

​

Врз основа на член 112-б, член 112-в, член 112- г, член 112-д, член 112-ѓ, член 112-е, член 112-з, член 112-ѕ, член 112-и, член 112-ј, член 112-љ, член 112-н, член 150 став 3, член 150-а став 6 и член 190 од Законот за хартии од вредност (Службен весник на Република Македонија бр.95/2005, 25/2007, 7/2008, 57/2010, 135/2011, 13/2013, 188/2013, 43/2014, 15/2015, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и 83/2018), Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на седницата одржана на __-12-2018 година донесе:

Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот
за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит
за инвестиционо советување

Член 1

Во Правилникот за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за инвестиционо советување (Службен весник на Република Македонија бр.91/2014, 128/2014 и 107/2016) во членот 8 став (1) точка 2 зборот "присуствувано на" се заменува со "завршено".

                                                         Член 2

          Во член 8 ставот (2) се менува и гласи:

 

          "Кандидатот пријавата за следење на обуката и полагање на испитот за инвестиционо советување ја доставува до Комисијата во писмена форма во рокот определен во соопштението за организирање на обука, објавено во дневните весници и на веб станицата на Комисијата, заедно со:

           -доказ за уплатен надомест согласно Тарифникот за утврдување висина на надоместоци што ги наплатува Комисијата за хартии од вредност на РМ".

 

                                                        Член 3

          Во член 8 по ставот (2) се додава нов став (3) кој гласи:

 

 "Кандидатот има обврска во рок од 15 дена од денот на поднесување на пријавата за следење на обуката и полагање на испитот за инвестиционо советување истата да ја комплетира со целокупната документација за исполнување на условите од став 1 на овој член ".

Ставот (2) и (3) стануваат став (3) и (4).

                                                                   Член 4

 

Во член 10 по ставот (9) се додава нов став (10) кој гласи:

 

            „Доколку обуката за инвестиционо советување се спроведува како менторска настава, кандидатите пријавени на истата имаат обврска да го положат стручниот испит во рок од 2 години од денот на издаденото Решение за право на полагање на стручниот испит за инвестиционо советување од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија."

            Ставот (10) и (11) стануваат став (11) и (12).

                                                                    Член 5

 

Во член 21 став (2) се менува и гласи:

 

       "апостил печат на документoт издаден од глобална професионална организација од областа на хартиите од вредност, од надлежен орган (регулаторно тело) во земја членка на ЕУ, Европски економски простор, Швајцарската конфедерација, САД или друга земја со чиј надлежен орган (регулаторно тело) е склучен договор за меѓусебно признавање на професионални квалификации на принцип на реципроцитет со кој се докажува стекнатата квалификација во странство во областа на работење со хартии од вредност".

                                                         Член 6

Во член 22 став (1) се менува и гласи:

"Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со одлука ја именува Комисија за признавање од најмалку 3 члена од лицата кои се членови на Комисијата за спроведување на стручниот испит".

Член 7

 Во член 24 по ставот (3) се додава нов став (4) кој гласи:

 

            „Кандидатот има обврска да ја положи испитната област - Регулатива за пазарот на капитал во Република Македонија и другите области или делови од области кои ги утврдила Комисијата за признавање во рок од најмногу 60 дена од првиот овозможен испитен термин на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија."

            Ставот (4) и (5) стануваат став (5) и (6).

Член 8

 

            Овој Правилник влегува во сила со осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија."

 

Број 09-1063/1

          Скопје

  19-12-2018 година          

 

                       

                                                                             Комисија за хартии од вредност на

                                                                                Република Македонија

                                                                                  Претседател 

                                                                                 М-р Нора Алити 


Следна вест→ ←Претходна вест

Правилник за измена на Правилникот за критериумот за рангирање на субдепозитарна банка на инвестициски фонд

вторник, 25 декември 2018
komisija.png

​

За јавна расправа

 

Врз основа на член 190 од Законот за хартии од вредност (Службен весник на Република Македонија, бр. 95/2005, 25/2007, 7/2008, 57/2010, 135/2011, 13/2013, 188/2013, 43/2014, 15/2015, 154/2015, 192/2015,  23/2016 и 83/2018) и врз основа на член 38 став 4 од Законот за инвестициски фондови (″Службен весник на Република Македонија″ број 12/2009, 67/2010, 24/2011, 188/2013, 145/2015 и 23/2016), Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на седницата одржана на ден 19.12.2018 година, донесе

 

 

Правилник

за измена на Правилникот за критериумот за рангирање на субдепозитарна банка на инвестициски  фонд

 

 

Член 1

 

          Во Правилникот за критериумот за рангирање на субдепозитарна банка на инвестициски фонд ("Службен весник на Република Македонија" бр. 130/2013, бр. 32/2014, бр. 101/2014, бр. 28/2015, бр. 126/2015,  бр.182/2016 и 33/2018) во член 8 зборовите "најдоцна до 31.12.2018 година" се заменуваат со зборовите "најдоцна до 31.12.2019 година".

 

                                                                      Член 2

 

          Со влегувањето во сила на овој Правилник престанува да важи Правилникот за измена на Правилникот за критериумот за рангирање на субдепозитарна банка на инвестициски фонд, од времен карактер ("Службен весник на Република Македонија" бр. ---------------).

 

                                                                      Член 3

 

 Овој Правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во ″Службен весник на Република Македонија″.

 

 

Број 08-941/8    

19.12.2018 година

Скопје

                                                       Комисија за хартии од вредност на

                                                                                Република Македонија 

                                                                                      Претседател

                                                                                    М-р Нора Алити

 


Следна вест→ ←Претходна вест

КХВ и УФР со координирани активности до засилена борба против перењето пари и финансирањето на тероризам-потпишан Меморандум за соработка

четврток, 27 декември 2018
20181227_113721.jpg

​

    Со Меморандумот со Управата за финансиско разузнавање максимално ги отворaме за соработка  институциите една кон друга , затоа што "отвореноста" e извор на можности, потенцијали и нови предизвици, наспроти "затвореноста" која симболизира зачмаеност и стагнација рече Претседателката на КХВ М-р Нора Алити на  самиот чин  на потпишувањето на Меморандумот со Директорот на Управата за финансико разузнавање Г-дин Блажо Трендафилов. Причините за потпишување на овој Меморандум се темeлат на заеднички интереси на двете институции и реалната потреба за воспоставување на подлабока соработка во нашата заедничка борба против перењето пари и финансирањето на тероризам. Оваа соработка е подготвена да одговори на предизвиците пред кои се исправени и двете страни, ставајќи го целокупниот потенцијал и знаење на располагање , а со цел да се развие долгорочен  и успешен  партнерски однос констатираа  првите луѓе  Алити и Трендафилов.

И двете страни заклучија дека, органите на надзор, неопходно е да ја гледаат широката слика и да заземаат координиран и холистички пристап, а  изразија и подготвеност да спроведуваат повеќе заеднички контроли со цел надзорот над примената на законските обврски  да не паѓа меѓу пукнатините на границите на законските надлежности на индивидуалните органи на надзор.


Следна вест→ ←Претходна вест

Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за документите што ги доставува издавачот на хартии од вредност при поднесување на барањето за одобрение на јавна понуда на хартии од вредност

среда, 02 јануари 2019
komisija.png

​

Врз основа на член 190 и член 14 став 1 точка ж) од Законот за хартии од вредност ("Службен весник на РМ" бр.95/05, ........ и бр.83/18), Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на седницата одржана на 28.12.2018 година, донесе 

 

 

П Р А В И Л Н И К

за изменување и дополнување на Правилникот за документите

што ги доставува издавачот на хартии од вредност

при поднесување на барањето за одобрение на

јавна понуда на хартии од вредност

 

 

Член 1

 

  1. Во Правилникот за документите што ги доставува издавачот на хартии од вредност при поднесување на барањето за одобрение за јавна понуда на хартии од вредност ("Службен весник на РМ" бр.28/08,171/13 и 64/15) во членот 3 став (1) точка 5. алинеја "трета"  се брише.

     
  2. По точката 27. се додава нова точка 27а. која гласи:

     

"27a. Доколку барањето се однесува на одобрување на иницијална јавна понуда согласно член 12 став (2) од Законот за хартии од вредност, издавачот нема обврска до Комисијата да достави доказ за уплата на пропишаниот надоместок за разгледување и одлучување по барањето за одобрение за издавање на хартии од вредност."

                                                           

Член 2

 

Во членот 3 став (2) по точката 25. се додава нова точка 25а. која гласи:

 

"25a. Доколку барањето се однесува на одобрување на иницијална (првата) јавна понуда на обврзници издавачот нема обврска до Комисијата да достави доказ за уплата на пропишаниот надоместок за разгледување и одлучување по барањето за одобрение за издавање на хартии од вредност."

 

Член 3

 

Завршни одредби

 

Одредбите од член 1 став (2) и член 2 од овој Правилник важат до 31.12.2019 година.

 

 

 

   Член 4

            Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". 

 

 

 

           

Број 03-1107/1                                                       

Скопје, 28-12-2018  година

 

                                                           Комисија за хартии од вредност на

                                                                           Република Македонија

                                                                                   Претседател

                                                                                  М-р Нора Алити


Следна вест→ ←Претходна вест

Ефективноста во борбата за спречување перење пари зависи од способноста на индустријата да известува за сомнителни активности, а органите на надзор и на прогон да споделат навремени информации- Претседателкатa Алити на Семинарот на Советот на Европа

вторник, 15 јануари 2019
IMG_3241.JPG

​

   Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити  денеска на 15 јануари, 2019 година  го отвори  Семинарот на тема ,,Акција против економскиот криминал,, кој е финансиран од Советот на Европа, а  организиран на иницијатива на Комисијата за хартии од вредност. Претседателката Алити на почетокот им се заблагодари на организаторите што за релативно краток временски период организираат втор семинар на тема поврзана со спречувањето перење пари и финансирање тероризам, а на друштвата за  управување со инвестициски фондови за самоиницијативноста и за демонстрираната заложба  и посветеност  за доследна примена на  Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

 

Во своето обраќање, Претседателката на КХВ истакна дека Комисијата  како регулатор и орган на надзор има два клучни интереси во напорите за спречување перење пари и финансирање на тероризам: прво, КХВ е одговорна, преку едукација, контрола а онаму каде што е потребно и преку изрекување на соодветни и пропорционални мерки, да обезбеди учесниците на пазарот на капитал  доследно да го почитуваат законот и  второ,  Комисијата е и корисник на финансиски разузнавачки информации.  Па оттаму, потенцира  Претседателката на КХВ, ефективноста на регулаторите во борбата за спречување перење пари и финансирање тероризам значително зависи од способноста на индустријата да известува за сомнителни активности, како и од способноста на различните органи на надзор, и органи на прогон  да соработуваат и да споделат навремени и квалитетни финансиски разузнавачки информации.  Во овој контекст, М-р Алити ја истакна соработката со Управата за финансиско разузнавање, со која КХВ е во постојана комуникација и координација.  Оваа година рече Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија планираме и неколку заеднички контроли,  затоа што и двете институции веруваат дека само преку синхронизиран пристап  може да  се постигнат резултати.

 

  

 


Следна вест→ ←Претходна вест

Lajmërim

среда, 16 јануари 2019
sec.jpg

​

Lajmërim

 

Më datë 31.12.2018 në Gazetën Zyrtare të RM me numër 248/2018 është publikuar Ligji për ndryshim dhe plotësim të Ligjit për ndërmarrjen e shoqërive aksionare i cili hyn në fuqi më ditën e publikimit në Gazetën Zyrtare të RM.

            Me ndryshimin e ligjit në fjalë, respektivisht në nenin 5, parashikohen kritere të reja për veprim të përbashkët, të cilat kanë të bëjnë me përcaktimin e veprimit të përbashkët në bazë të prokurës së dhënë për pjesëmarrje dhe votim në kuvend të aksionarëve.  

            Në bazë të Ligjit, nuk konsiderohet si veprim i përbashkët ushtrimi i së drejtës së votës në bazë të autorizimeve të dhëna nga më shumë aksionarë tek një person të autorizuar në një procedurë në përputhje me Ligjin për shoqëri tregtare, përveç nëse kjo paraqet mënyrë e fshehur e marrëveshjejes, qëllimi i së cilës është marrja dhe konsolidimi i kontrollit mbi kompaninë e synuar.

            Me ndryshimin e fundit vendoset obligimi për personin e autorizuar që detyrimisht të lajmërojë Komisionin e Letrave me Vlerë të RM për qëllimin dhe arsyet e dhënies së autorizimeve nga më shumë aksionarë, në afat kohor prej pesë ditëve të punës para mbajtjes së seancës së Kuvendit të aksionarëve. Në pajtim me këtë ndryshim, lajmërimin të cilin personi i autorizuar ka për detyrë t'a dorëzojë deri te Komisioni, detyrimisht duhet të përmbajë qëllimin dhe arsyet e dhënies së autorizimeve, numrin e fletëaksioneve për të cilat është dhënë prokura, si dhe vallë e njëjta është me ose pa udhëzime për të votuar.

            Më tej, në përputhje me ndryshimin e Ligjit, poashtu në qoftë se personi i autorizuar nuk lajmëron Komision në afatin e caktuar ligjor, do të konsiderohet se ushtrimi i së drejtës së votës në bazë të autorizimeve të dhëna nga më shumë aksionarë ndaj atij personi është mënyrë e fshehtë e marrëveshjejes, qëllimi i së cilës është marrja dhe konsolidimi i kontrolit mbi shoqërinë e synuar në përputhje me paragrafin 8 të nenit 5 nga Ligji.

            Në bazë të dispozitave të lartëpërmendura të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit së ndërmarrjes së shoqërive aksionare, bëjmë me dije për nevojën e respektimit në mënyrë konsekuente të këtij detyrimi ligjor, që paraqet obligim për persona të autorizuar të cilët marrin pjesë në kuvend të aksionarëve.  

            Me këtë rast informojmë se deri në fund të muajit Janar të vitit 2019 në faqen e internetit të Komisionit do të publikohet formular për lajmërim nga person i autorizuar në kuvend të aksionarëve, të cilin në të ardhmen do të mund t'a përdorin personat e autorizuar për të lajmëruar KLV. Deri atëherë, personat e autorizuar mund të lajmërojnë Komisionin në formë të cilën ata vetë do ta caktoin. 


Следна вест→ ←Претходна вест

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ КОМИСИЈАТА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ПАВЕЛ ШАТЕВ

среда, 16 јануари 2019
IMG_0867.JPG

​ Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија,  М-р Нора Алити на 15 јануари 2019 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители , потпиша Меморандум за соработка со Директорот на Академијата, Проф.Д-р Наташа Габер Дамјановска  .

На средбата особено беше истакнато меѓусебното задоволство за ажурноста во остварување на оваа соработка, која меѓу другото ќе опфаќа и заедничка организација на проекти од заеднички интерес, размена на информации за активностите на двете институции, предлагање на теми и организирање на активности, размена на предавачи, ќе се овозможи користење на правна литература и публикации, соработка во организација и учество на настани за промоција на Комисијата и  на Академијата и презентација на судиската и јавнообвинителската професија пред публика/слушатели  определена/и од страна на Комисијата и презентација на законските функции и стварната надлежност на Комисијата пред публика/слушатели определена/и од страна на Академијата, соработка при организација на симулацијата на судски процеси, за реализација на практични обуки за слушателите на почетна и континуирана обука.

 


Следна вест→ ←Претходна вест

Известување

среда, 16 јануари 2019
sec.jpg

​

Известување

 

            На ден 31.12.2018 година во Службен весник на РМ број 248/2018 е објавен Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва кој влегува во сила со денот на објавување во Службен весник на РМ.

            Со измената на предметниот закон, поточно во член 5, се предвидуваат нови критериуми за заедничко дејствување, кои се однесуваат на утврдување на заедничко дејствување врз основа на дадено полномошно за присуство и гласање на собрание на акционери.

            Согласно Законот, за заедничко дејствување не се смета остварувањето на правото на глас врз основа на овластувања дадени од повеќе акционери на еден полномошник во постапка согласно со Законот за трговските друштва, освен ако тоа претставува прикриен начин на договарање чија цел е стекнување и зацврстување на контролата врз целното друштво.

            Со последната измена се воведува обврска за полномошникот задолжително да ја извести Комисијата за хартии од вредност на РМ за намерата и причините за давањето на полномошната од повеќе акционери, во рок од пет работни дена пред одржувањето на Собранието на акционери. Согласно оваа измена, известувањето кое полномошникот има обврска да го достави до Комисијата, задолжително треба да ја содржи намерата и причините за давањето на полномошната, бројот на акции за кои е дадено полномошно, како и дали истото е со или без инструкции за гласање.

            Понатаму,  согласно измената на Законот исто така доколку полномошникот не ја извести Комисијата во наведениот законски рок, ќе се смета дека остварувањето на правото на глас врз основа на овластувањата дадени од повеќе акционери на тоа лице е прикриен начин на договарање чија цел е стекнување и зацврстување на контролата врз целното друштво согласно ставот 8 од членот 5 од Законот.

            Врз основа на горенаведените одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва, укажуваме на потребата од доследно почитување на оваа законска обврска, која претставува должност за ополномоштени лица кои присуствуваат на собрание на акционери.

            Во оваа прилика известуваме дека до крајот на месец Јануари 2019 година на веб страната на Комисијата ќе биде објавен образец на известување од полномошник на собрание на акционери, кој ќе може во иднина да го користат полномошниците за да ја известат КХВ. Дотогаш полномошниците можат да ја известуваат Комисијата во форма која сами ќе ја одредат.


Следна вест→ ←Претходна вест

Program çertifikimi për menaxhment të portofolit

петок, 18 јануари 2019
CERTIFIED-PORTFOLIO-MANAGER.jpg

​

             Mundësi e re për marrjen e një çertifikate sipas Programit për menaxher të portofolit pranë Akademisë për Bankim dhe Teknologji Informative – ABTI, në bashkëpunim me Komisionin për letra me vlerë të Republikës së Maqedonisë. Programi për menaxher të çertifikuar të portofolit paraqet zhvillim të shkathtësive, respektivisht të mësuarit se si të zbatohen matjet e portofolit. Më pas duhet të fitohet pasqyrë e qartë për strategjitë e portofolit për klasë të ndryshme të pronave, përfshirë të ardhurat fikse, kapitalit dhe mënyrës alternative të financimit. Qëllimi kryesor është zhvillimi i shkathtësive në vlerësimin e probabilitetit bazor dhe statistikës, njohje me instrumente dhe koncepte të të ardhurave fikse dhe njohje me konceptet për vlerësimin e kapitalit. Grupi i synuar: të gjthë personat e interesuar, të punësuarit në institucionet financiare (banka, fonde të investimeve, fonde pensionale, shtëpi brokerimi dhe kompani të sigurimeve) dhe palë të tjera të interesuara për avancimin e aftësive të tyre për të kuptuar dhe menaxhuar me portofolin si dhe për klient individual dhe profesional. Më tepër informata mund të gjeni në linkun në vijim:

http://www.abit.edu.mk/News.aspx?IdNews=152&IdLanguage=1&IdRoot=1

 


Следна вест→ ←Претходна вест

Сертификациона програма за портфолио менаџмент

петок, 18 јануари 2019
CERTIFIED-PORTFOLIO-MANAGER.jpg

​

     Нова можност за стекнување на сертификат по Програмата за портфолио менаџер од страна на Академијата за Банкарство и Информатичка Технологија-АБИТ, во соработка со Комисија за хартии од вредност на Република Македонија. Програмата за сертифициран портфолио менаџер претставува развивање вештини, односно учење за тоа како да се спроведат мерењата на портфолиото. Потоа треба да се добие јасна слика за портфолио стратегии за различни класи на имот, вклучувајќи фиксен принос, капитал и алтернативен начин на финансирање. Главна цел е развивање на вештини во проценките на основната веројатност и статистика, запознавање со инструменти и концепти со фиксен принос и запознавање со концептите за вреднување на капиталот.      Целна група: сите заинтересирани лица, вработени во финансиски институции (банки, инвестициски фондови, пензиски фондови, брокерски куќи и осигурителни компании) и други заинтересирани лица за унапредување на своите вештини за разбирање и управување со портфолио и за индивидуален и за професионален клиент. Повеќе информации можете  да добиете на следниов линк:

http://www.abit.edu.mk/News.aspx?IdNews=152&IdLanguage=1&IdRoot=1

 


Следна вест→ ←Претходна вест

PROPOZIM RREGULLORE PËR KRITERET E PËRCAKTIMIT TË VEPRIMEVE TË PËRBASHKËTA NË PËRPUTHJE ME LIGJIN MBI NDËRMARRJEN E SHOQËRIVE AKSIONARE

понеделник, 21 јануари 2019
sec.jpg

​

Në bazë të nenit 190 të Ligjit mbi letrat me vlerë ( ''Gazeta  zyrtare e Republikës së Maqedonisë'' nr. 95/20015, 25/2007, 07/2008, 57/2010, 135/2011 dhe 13/2013, 188/2013, 43/2014, 15/2015, 154/2015, 192/2015, 23/2016 dhe 83/2018) dhe nenit 5 paragrafi 11 të Ligjit mbi ndëmarrjen e shoqërive aksionare (''Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë'' nr. 69/2013, 188/2013, 166/2014, 154/2015, 23/2016 dhe 248/2018), Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë në seancën mbajtur më 18.01.2019, e miratoi këtë

 

PROPOZIM RREGULLORE

PËR KRITERET E PËRCAKTIMIT TË VEPRIMEVE TË PËRBASHKËTA NË PËRPUTHJE ME LIGJIN MBI NDËRMARRJEN E SHOQËRIVE AKSIONARE

 

Neni 1

  1.  Me Rregulloren për kriteret për përcaktimin e veprimeve të përbashkëta (në tekstin e mëtejmë: Rregullorja) do të përcaktohen nga afër kriteret për përcaktimin e veprimeve të përbashkëta nga neni 5 paragrafi 1,2,4 dhe 5 të Ligjit mbi ndërmarrjen e shoqërive aksionare ('' Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë'' numër 69/2013, 188/2013, 166/2014, 154/2015, 23/2016 dhe 248/2018).

 

Neni 2

(1)  Për persona që veprojnë bashkërisht në kuptim të nenit 5 paragrafi 1, reshti 1 të Ligjit mbi ndërmarrjen e shoqërive aksionare, do të konsiderohen persona të cilët i lidhin rrethanat e mëposhtme në lidhje me përvetësimin me letra me vlerë:

 

  • - periudha kohore në të cilën kanë fituar letrat me vlerë, në rastet kur dy ose më shumë persona në një periudhë të caktuar kohore njëkohësisht ose gradualisht blejnë letra me vlerë të shoqërisë;

     
  • - mënyra e fitimit të letrave me vlerë, kur letrat me vlerë janë fituar nga dy ose më shumë persona në mënyrë identike

     
  •  - transferet tregtare ose transferat jo-tregtare pavarësisht nga baza e transferimit jo-tregtar, dhe në veçanti në rastin e transfereve tregtar:

     
  1. kur letrat me vlerë personat i kanë blerë nga person i njëjtë, qoftë si pronar qoftë si person i autorizuar i pronarëve të tjerë të letrave me vlerë ose

     
  2. kur gjatë transferimit tregtar kushtet për shitje janë jo-të tregtueshme të pazakonta ose

     
  3. kur transaksionet kryhen nëpërmjet të njëjtit person juridik të autorizuar për kryerjen e shërbimeve me letra me vlerë ose

     

    ç) kur në lidhje me letrat me vlerë të shoqërisë së synuar, përmes mediave duke përfshirë edhe internetin ose në ndonjë mënyrë tjetër, janë publikuar informata që ndikojnë në vëllimin e tregtimit ose çmimit të letrës me vlerë ose informata të tjera nga të cilat mund të konkludohet se dy ose më shumë persona kanë fituar ose kanë për qëllim të fitojnë letra me vlerë të shoqërisë së synuar.

     
  4. Kur një ose më shumë persona kanë fituar letra me vlerë në emër të tyre, dhe për llogari të një personi tjetër, domethënë kur mjetet finansiare për blerjen e letrave me vlerë në emër të këtyre personave janë siguruar nga personi tjetër ose personi tjetër ofron përfitime të tjera për këta persona ose ekzistojnë veprime të tjera që tregojnë se personat e kanë fituar në emër të tyre, dhe për llogari të personit tjetër ose

     

    dh) Kur një ose më shumë persona kanë lidhur kontrata ose kanë ndërmarrë veprime të tjera me person tjetër (blerës) nga e cila rrjedh se personi ose personat marrin detyrim se do të shesin fletëaksionet që ata i posedojnë në shoqërinë e synuar ose me të cilët bien dakord për realizimin e të drejtës për votim ose

     
  5. Kur letrat me vlerë janë dhënë në depozitë, hipotekë ose garancë të tjetër financiare ose kur në mënyrë tjetër i jepet e drejta e votës një personi që ka të drejtë të votojë në emër të tij  dhe sipas vlersimit të tij, domethënë pa udhëzime për votim nga një mbajtës ligjor;

     

ë) Kur përkohësisht bartet e drejta e votimit nga një mbajtës ligjor i letrave me vlerë tek një person, i cili në bazë të autorizimit ka të drejtë të votojë në emër të vet dhe sipas vlerësimit të tij, pa udhëzime për votim, dhe kjo është një mënyrë e fshehtë e negociatave synimi i së cilës është fitimi dhe përforcimi i kontrollit mbi shoqërinë e synuar.

 

- pjesëmarrja procentuale në numrin e përgjithshëm të letrave me vlerë që tashmë kanë, individualisht dhe së bashku me personat me të cilët ata veprojnë së bashku, para fitimit shtesë të letrave me vlerë të shoqërisë, veçanërisht kur para fitimit së bashku posedojnë më pak se pragu kontrollues i ndërmarrjes ose më pak se shumica e kërkuar e përcaktuar me ligj dhe statuti i shoqërisë për marrjen e vendimeve;

 

- pjesëmarrja procentuale e letrave me vlerë të fituara shtesë në numrin e përgjithshëm të letrave me vlerë të shoqërisë për secilin prej personave individualisht dhe së bashku me persona të tjerë, veçanërisht kur pjesëmarrja e përqindjes të secilit prej personave që veprojnë bashkarisht janë të njëjta ose të ngjajshme, kur në mënyrë individuale ose së bashku e tejkalojnë pragun e kontrollit të ndërmarrjes ose shumicën e kërkuar për marrjen e vendimeve ose kur midis tyre ka persona të cilët më parë nuk kanë qenë aksionarë të shoqërisë ose pjesëmarrja e tyre ishte e parëndësishme ose e pamjaftueshme për realizimin e kontrollit në shoqëri.

 

(2)  Në rastin e dhënies së autorizimit nga disa aksionerë tek një person në përputhje me paragrafin 1 rreshti 2 pika ë) të këtij neni, personi i autorizuar detyrohet brenda 5 ditëve të punës para mbajtjes së Kuvendit, të paraqesë lajmërim te Komisioni për qëllimin dhe arsyet për dhënien e autorizimeve, numrin i fletëaksioneve për të cilat janë dhënë autorizimet, si dhe nëse të njëjtat janë me ose pa udhëzime për votim.

 

(3)  Lajmërimin nga paragrafi 2 i këtij neni personi i autorizuar e paraqet me shkrim pranë Komisionit ekskluzivisht në Formularin e përshkruar që është dhënë shtojcë në këtë Rregullore.

 

 

 

Neni 3

(1)  Në kuptim të nenit 5 paragrafi 1 rreshti 5 të Ligjit mbi ndërmarrjen e shoqërive aksionare, së bashku veprojnë dhe persona që në kuvendin e aksionerëve të shoqërisë së synuar kanë propozuar emërim ose shkarkim të anëtarëve të organeve drejtuese, apo bordit mbikqyrës, ose vendime të tjera që lidhen me politikat strategjike dhe afariste të shoqërisë, lënda e të punuarit, si dhe ndryshimet e statusit, të cilat sjellen me shumicën e votave të pranishme në kuvend dhe që kanë votuar për vendimmarje të tilla.

 

(2)  Gjatë vlerësimit vallë personat veprojnë bashkarisht në kuptim  të nenit 5 paragrafi 1 rreshti 5 të Ligjit për ndërmarrjen e shoqërive aksionare, kur vendimet kanë të bëjnë me zgjedhjen e anëtarëve të organit drejtues apo të bordit mbikqyrës  të shoqërisë të synuar, do të merren parasysh kushtet e mëposhtme:

 

а) a ekziston një veprim i përbashkët midis ndonjërit prej anëtarëve të propozuar të organit drejtues,  apo të bordit mbikqyrës dhe cilido prej aksionerëve që ata propozojnë. Konsiderohet se ekziston një veprim i përbashkët nëse plotësohen kushtet e mëposhtme:

- ekziston ose ka ekzistuar një veprim i përbashkët paraprak midis aksionarëve që i propozojnë dhe anëtarëve të propozuar të organit drejtues, respektivisht të bordit drejtues;

- ndërmjet aksionerëve që i propozojnë dhe anëtarëve të propozuar të organit drejtues, respektivisht bordit drejtues ne lidhje me përzgjedhjen e propozuar, ekzistojnë marrëveshje ose ujdi në formë të shkruar ose të pashkruar;

 

b) numri i anëtarëve të propozuar të organit drejtues, apo të bordit drejtues që zgjedhet ose zëvendësohet në raport me numrin e përgjithshëm të anëtarëve të organit drejtues, apo të bordit mbikqyrës.

 

c) pozitat në organin drejtues, respektivisht të bordit mbikqyrës që kanë pasur anëtarët, e ndryshimi i të cilit propozohet, a do të marrin përsipër anëtarët e propozuar të organit drejtues, apo bordit mbikqyrës.

 

c) kohëzgjatja e mandatit të anëtarëve të propozar të organit drejtues, respektivisht bordi mbikqyrës.

 

ç) nëse ndonjë nga aksionarët që propozojnë anëtarët e organit drejtues, apo bordit mbikqyrës, në mënyrë të drejtëpërdrejtë apo të tërthortë, do të ketë një interes tjetër në zgjedhjen e tyre përveç interesit të tij për fletëaksionet e shoqërisë.

 

d) nëse personat e sapozgjedhur për anëtarë të organit drejtues, respekivisht të bordit mbikqyrës të shoqërisë së synuar, menjëherë para zgjedhjes kanë fituar letra me vlerë nga shoqëria e synuar që së bashku me letrat me vlerë të personave që kanë propozuar zgjedhjen e tyre e tejkalojnë pragun e kontrollit, kurse zgjedhja e anëtarëve të organit drejtues, respektivisht të bordit mbikqyrës bëhet menjëherë pas fitimit të fletëaksioneve 

 

 

 

Neni 4

(1)  Për personat që veprojnë bashkërisht në kuptim të nenit 5 paragrafi 2 të Ligjit për ndërmarrjen e shoqërive aksionare, konsiderohen si person/a juridik apo person/a fizik dhe juridik, kur njëri prej tyre drejtpërdrejtë ose tërthorazi kontrollon personin tjetër ose personat tjerë, në kuptim të nenit 3 pika 11 të Ligjit për ndërmarrjen e shoqërive aksionare

 

Neni 5

(2)  Në kuptim të nenit 5 paragrafi 4 të Ligjit pët ndërmarrjen e shoqërive aksionare, personat juridik veprojnë bashkarisht kur ata janë shoqëri të pavarura në mënyrë juridike, dhe të cilat vendosin marrëdhënie të ndërsjellta në përputhje me Ligjin për shoqëritë tregtare si:

 

  • Shoqëri që ka pjesëmarrje të konsiderueshme në shoqëri tjetër, pjesëmarrje të shumicës ose të drejtën e shumicës për të vendosur, si dhe pjesëmarrje të ndërsjelltë dhe

     
  • Shoqëri që është shoqëri varëse ose qeverisëse apo një shoqëri që ka një ndikim mbizotërues.

 

Neni 6

(1)  Kriteret për veprim të përbashkët përkufizuar me këtë Rregullore përcaktohen në mënyrë të pavarur ose kumulative, varësisht nga rrethanat plotësisht të përcaktuara për secilin rast të veçantë.

 

Neni 7

(1)Kjo Rregullore hyn në fuqi ditën e tetë nga dita e publikimit në ''Gazetën zyrtare të Republikës së Maqedonisë''.

 

(2) Me hyrjen në fuqi të kësaj Rregulloreje, mbaron vlefshmëria e Rregullores për përcaktimin e kritereve për veprim të përbashkët (Gazeta  Zyrtare e RM nr. 182/2013 dhe 81/2014).

 

 

 

Nr. 08- 100/1

Shkup,  18.01.2019

 

Кomisioni i letrave me vlerë i

                                                                                      Republikën e Maqedonisë                                                                                       

                                          Kryetar                                      

     Мr.Sc. Nora Aliti

 

 

Formular – Lajmërim

 

Lajmërim nga personi i autorizuar i Kuvendit të aksionerëve

 

Të dhëna për shoqërinë:

 

  1. Emërtim: ___________________________
  2. Numri i fletëaksioneve të dhëna: ___________________________
  3. Data e mbajtjes së Kuvendit të aksionarëve: ___.___.____

 

Të dhëna për personin e autorizuar:

 

  1. Emri dhe mbiemri: ___________________________
  2. Numri i fletëaksioneve që i zotëroni në shoqërinë ________
  3. Numri i përgjithshëm i autorizimeve të marrë për pjesëmarrje dhe votim në seancën e Kuvendit të aksionarëve______
  4. Numri i përgjithshëm i fletëaksioneve që do të përfaqësoni në seancën e Kuvendit të aksionarëve _______

5.Lista e personave që ju i përfaqësoni në Kuvend:

1.    _______________________(emri dhe mbiemri / emërtim --------------------------------------   

(numri i aksioneve)

2.    _______________________(emri dhe mbiemri / emërtim --------------------------------------   

(numri i aksioneve)

3.    _______________________(emri dhe mbiemri / emërtim --------------------------------------   

(numri i aksioneve)

4.    _______________________(emri dhe mbiemri / emërtim --------------------------------------   

(numri i aksioneve)

5.    _______________________(emri dhe mbiemri / emërtim

--------------------------------------   

(numri i aksioneve)

 

 

          Të dhëna për autorizimet e marra:

 

           1.Shkruani qëllimin dhe synimin për dhënien e autorizimeve:

________________________________________________________________________________________________________________________________________

 

            2.A kanë autorizimet udhëzime të qarta për votim?

            PO                                           JO

 

            3.Nëse përgjigjja është PO, tregoni se cilat autorizime janë me udhëzime për votim dhe për çfarë udhëzimi bëhet fjalë?

______________________________________________________________________________________________________

 

________________________________

(emri dhe mbiemri / emërtim, vulë dhe firmosja)


Следна вест→ ←Претходна вест

ПРЕДЛОГ ПРАВИЛНИК ЗА КРИТЕРИУМИТЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКО ДЕЈСТВУВАЊЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА АКЦИОНЕРСКИТЕ ДРУШТВА

понеделник, 21 јануари 2019
sec.jpg

​

Врз основа на член 190 од Законот за хартии од вредност („Службен весник на Република Македонија" бр. 95/2005, 25/2007, 07/2008, 57/2010, 135/2011и 13/2013, 188/2013, 43/2014, 15/2015, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и 83/2018) и член 5 став 11 од Законот за преземање на акционерските друштва ("Службен весник на Република Македонија" бр. 69/2013, 188/2013, 166/2014, 154/2015, 23/2016 и 248/2018), Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на седницата одржана на 18.01.2019 година, го донесе следниот

 

 

ПРЕДЛОГ ПРАВИЛНИК

ЗА КРИТЕРИУМИТЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКО ДЕЈСТВУВАЊЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА АКЦИОНЕРСКИТЕ ДРУШТВА

(за јавна расправа)

 

Член 1

  1. Со Правилникот за критериумите за утврдување на заедничко дејствување (во понатамошниот текст: Правилник) поблиску се пропишуваат критериумите за утврдување на заедничко дејствување од член 5 ставови 1, 2, 4 и 5 од Законот за преземање на акционерски друштва ("Службен весник на Република Македонија" брoj 69/2013, 188/2013, 166/2014, 154/2015, 23/2016 и 248/2018).

 

Член 2

(1)  За лица кои дејствуваат заеднички во смисла на член 5 став 1 алинеа 1 од Законот за преземање на акционерски друштва, се сметаат лица кои ги поврзуваат следните околности во врска со стекнувањето со хартии од вредност:

 

- временскиот период во кој ги стекнувале хартиите од вредност, во случаите кога две или повеќе лица во одреден временски период истовремено или постепено купуваат хартии од вредност на друштвото;

 

- начинот на стекнување на хартиите од вредност, кога хартиите од вредност се стекнати од страна на две или повеќе лица на идентичен начин - трговски преноси или нетрговски преноси без разлика на основот на нетрговскиот пренос, а особено во случај на трговски преноси:

 

а) кога хартиите од вредност лицата ги купувале од едно исто лице, било како сопственик било како полномошник на други сопственици на хартии од вредност или

 

б) кога при трговскиот пренос условите за продажба се непазарни, невообичаени или

 

в) кога трансакциите се извршени преку исто овластено правно лице за вршење услуги со хартии од вредност или

 

г) кога во врска со хартиите од вредност на целното друштво преку медиумите вклучувајќи го и интернетот или на друг начин, се објавени информации кои влијаат на обемот на тргување или цената на хартијата од вредност или други информации од кои може да се заклучи дека две или повеќе лица стекнале или имаат намера да се стекнат со хартии од вредност на целното друштво или

 

д) кога едно или повеќе лица се стекнале со хартиите од вредност во свое име, а за сметка на друго лице, односно кога парични средства за купување на хартиите од вредност во име на овие лица се обезбедени од страна на другото лице или другото лице им нуди други поволности на овие лица или постојат други дејствија кои укажуваат дека лицата стекнувале во свое име, а за сметка на другото лице или

 

ѓ) кога едно или повеќе лица склучиле договори или презеле други дејствија со друго лице (купувач) од кои произлегува дека лицето или лицата се обврзуваат дека ќе му ги продадат акциите што ги поседуваат во целното друштво или со кои се договараат за остварувањето на правото на глас или

 

е) кога хартиите од вредност се дадени во депозит, во залог или друго финансиско обезбедување или кога на друг начин е пренесено правото на глас на лице кое има право да глса во негово име и по сопствена процена, односно без упатсво за гласање од законски имател;

 

ж) кога привремено се пренесува правото на глас од законски имател на хартии од вредност на лице, кое врз основа на полномошно  има право да гласа во негово име и по сопствена процена, без упатство за гласање, а тоа претставува прикриен начин на договарање чија цел е стекнување и зацврстување на контролата врз целното друштво.

 

- процентуалното учество во вкупниот број на хартии од вредност што веќе го имаат, поединечно и заедно со лицата со кои дејствуваат заеднички, пред дополнителното стекнување со хартии од вредност на друштвото, особено кога пред стекнувањето заедно поседуваат помалку од контролниот праг на преземање или помалку од потребното мнозинство утврдено со закон и статутот на друштвото за донесување на одлуки;

 

- процентуалното учество на дополнително стекнатите хартии од вредност во вкупниот број на хартии од вредност на друштвото на секое од лицата поединечно и заедно со другите лица, особено кога процентуалните учества на секое од лицата кои дејствуваат заеднички се исти или слични, кога поединечно или заедно го надминуваат контролниот праг за преземање или потребното мнозинство за донесување на одлуки или кога меѓу нив има лица кои претходно не биле акционери на друштвото или пак нивното учество било незначително или недоволно за остварување на контрола во друштвото.

 

(2)  Во случај на давање на полномошно од страна на повеќе акционери на едно лице согласно став 1 алинеја 2 точка ж) од овој член полномошникот е должен во рок од 5 работни дена пред одржувањето на Собранието, да достави известување до Комисијата за намерата и причините за давањето на полномошната,  бројот на акции за кои се дадени полномошната, како и дали истите се со или без инструкции за гласање.

 

(3)  Известувањето од став 2 на овој член полномошникот го поднесува до Комисијата во писмена форма исклучиво на пропишаниот Oбразец кој е даден прилог кон овој Правилник.

 

Член 3

(1)  Во смисла на член 5 став 1 алинеjа 5 од Законот за преземање на акционерски друштва, заеднички дејствуваат и лица кои на собранието на акционери на целното друштво предложиле именување или разрешување на членови на органи на управување, односно надзорен одбор, или други одлуки кои се однесуваат на стратешките и деловните политики на друштвото, предметот на работење, како и статусните промени, а кои се носат со мнозинство од присутните гласови на собранието и кои гласале за донесување на такви одлуки.

 

(2)  При оценување дали лица дејствуваат заеднички во смисла на член 5 став 1 алинеја 5 од Законот за преземање на акционерски друштва, кога одлуките се однесуваат на изборот на членовите на органот на управување односно надзорниот одбор на целното друштво, се води сметка и за следните состојби:

 

а) дали постои заедничко дејствување помеѓу некој од предложените членови на органот на управување, односно на надзорниот одбор и било кој од акционерите кои ги предлагаат. Се смета дека постои заедничко дејствување доколку се исполнети следните услови:

- постои или постоело претходно заедничко дејствување помеѓу акционерите кои ги предлагаат и предложените членови на органот на управување, односно на надзорниот одбор;

-   помеѓу акционерите кои ги предлагаат и предложените членови на органот на управување, односно на надзорниот одбор во врска со предложениот избор, постојат пишани или непишани договори или спогодби;

 

б) бројот на предложените членови на органот на управување, односно на надзорниот одбор што се избира или се заменува во однос на вкупниот број на членови на органот на управување, односно на надзорниот одбор.

 

в) позициите во органот на управување, односно надзорниот одбор што ги имале членовите чија смена се предлага, а ќе ги преземат предложените членови на органот на управување, односно на надзорниот одбор.

 

г) траењето на мандатот на предложените членови на органот на управување, односно на надзорниот одбор.

 

д) дали некој од акционерите кои ги предлагаат членовите на органот на управување, односно на надзорниот одбор, директно или индиректно, ќе има друг интерес од нивниот избор освен неговиот интерес за акциите на друштвото.

 

ѓ) дали ново избраните лица за членови на органот на управување, односно на надзорниот одбор на целното друштво, непосредно пред изборот стекнувале хартии од вредност од целното друштво кои заедно со хартиите од вредност на лицата кои го предложиле нивниот избор го надминуваат контролниот праг на преземање, а изборот за членови на органот на управување, односно на надзорниот одбор е извршен веднаш по стекнувањето на акциите.

 

Член 4

  1. За лица кои дејствуваат заеднички во смисла на член 5 став 2 од Законот за преземање на акционерски друштва, се сметаат правно/и лице/а односно физичко/и и правно/и лице/а, кога едно од нив непосредно или посредно го контролира другото лице или другите лица, во смисла на член 3 точка 11 од Законот за преземање на акционерски друштва.    

 

Член 5

  1. Во смисла на член 5 став 4 од Законот за преземање на акционерските друштва, правни лица дејствуваат заеднички кога се правно самостојни друштва, а кои воспоставуваат меѓусебни односи согласно Законот за трговски друштва како:

 

  • Друштво кое во друго друштво има значајно учество, мнозинско учество или мнозинско право на одлучување, како и заемно учество и

     
  • Друштво кое е зависно или владеачко друштво односно друштво кое има преовладувачко влијание.

 

Член 6

  1. Критериумите за заедничко дејствување дефинирани со овој Правилник се утврдуваат самостојно или кумулативно, во зависност од целокупно утврдените околности за секој конкретен случај. 

 

Член 7

(1) Овој Правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".

 

(2) Со влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за утврдување на критериумите за заедничко дејствување (Службен весник на РМ бр. 182/2013 и 81/2014).

 

 

Број 08-100/1

Скопје, 18.01.2019 година

 

Комисија за хартии од вредност на     Република Македонија

Претседател

Mr. Sc. Nora Aliti

 

 

Образец – Известување

 

Известување од полномошник на Собрание на акционери

 

Податоци за друштвото:

 

  1. Назив: ____________________________
  2. Број на издадени акции: ____________________________
  3. Дата на одржување на Собрание на акционери: ___.___.____ година

 

Податоци за полномошникот:

 

  1. Име и презиме: ____________________________
  2. Број  на акции кои ги поседувате во друштвото ___________
  3. Вкупен број на добиени полномошна за учество и гласање на седницата на Собранието на акционери _________________
  4. Вкупен број на акции кои ќе ги застапувате на седницата на Собранието на акционери _________________
  5. Список на лица кои ги застапувате на Собранието:
  1. ______________________             (име и презиме / назив)

    -----------------------------------                           (број на акции)
  2. ______________________             (име и презиме / назив)

    -----------------------------------                           (број на акции)
  3. ______________________             (име и презиме / назив)

    -----------------------------------                           (број на акции)
  4. ______________________             (име и презиме / назив)

    -----------------------------------                           (број на акции)
  5. ______________________             (име и презиме / назив)

    -----------------------------------                           (број на акции)

     

     

    Податоци за добиените полномошна:

 

1.Наведете ја целта и намерата за давањето на полномошната:

_______________________________________________________________________________________________________________

 

            2.Дали полномошната имаат јасна инструкција за гласање?

            ДА                                           НЕ

 

            3.Доколку одговорот е ДА, наведете кои полномошна се со инструкција за гласање и за каква инструкција се работи?

_______________________________________________________________________________________________________________

 

__________________________________    (име презиме / назив, печат и потпис)


Следна вест→ ←Претходна вест

ЈАВЕН КОНКУРС за избор на идејно решение за заштитен знак (лого) на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија

четврток, 24 јануари 2019
lazar_pop_trajkov-3.jpg

​

Комисија за хартии од вредност на Република Македонија

ЈАВЕН КОНКУРС

за избор на идејно решение за заштитен знак (лого)
на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија

 I Предмет на конкурсот за избор на идејно решение

Предмет на овој конкурс е избор на идејно решение за заштитен знак (лого) на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  кое ќе се користи како официјален заштитен знак на Комисијата во домашна и меѓународна употреба.

 II Информации за Комисијата за хартии од вредност
на Република Македонија

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија е самостојно и независно регулаторно тело кое врши јавни овластувања утврдени со Законот за хартии од вредност, Законот за инвестициони фондови, Законот за преземање на акционерски друштва и сите подзаконски акти кои произлегуваат од нив. Основана е на 19.06.1992 година со Одлука на Владата на Република Македонија.

Согласно Законот, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги врши следниве функции:

- врши контрола над целокупната документација на издавачите на хартии од вредност, презема мерки и носи одлуки за заштита на интересите на лицата кои се сопственици или инвестираат во хартии од вредност и спречува нечесни и незаконски дејствија, поврзани со работењето со хартии од вредност;

- издава дозволи, одобренија и согласности врз основа на Законот за хартии од вредност и другите закони во нејзина надлежност;

- го регулира начинот на тргување со хартии од вредност на берзите;

- го следи и контролира работењето на учесниците на пазарот на хартии од вредност;

- го следи и контролира функционирањето на пазарот на хартии од вредност;

- одредува стандарди на конкуренција меѓу учесниците на пазарот на хартии од вредност, како и овластените друштва за управување со фондови, односно инвестиционите фондови, по пат на контроли или на друг начин;

- дава согласност за именување на директори на брокерски куќи, на одделот во банката кој е надлежен за вршење на услуги со хартии од вредност, како и на друштвата за управување со инвестициони фондови;

- ги одобрува барањата за издавање на хартии од вредност;

- се грижи за законит, чесен и транспарентен пазар на хартии од вредност;

- ги одобрува донесувањето и сите измени на актите на депозитарот и на берзата и

- соработува со други институции во Република Македонија и надвор од неа.

 III Услови кои треба да ги исполнува
идејното решение за заштитен знак (лого)

 (1) Идејното решение на заштитниот знак (лого) треба да биде:

- оригинално и досега неупотребувано,

- адаптибилно на различни димензии,

- лесно препознатливо,

- дизајнерски и естетски конципирано, со современ дизајн,

- симболички и сугестивно да ги имплементира и визуелизира основните цели на постоењето на Комисијата, нејзината улога и надлежности како регулатор во областа на пазарот на капитал.

(2) Заштитниот знак (лого) треба да биде прикажан и испечатен на хартија со формат А4 во следните три варијанти: во боја, црно-бела и црно-бела негатив.

(3) Доколку се користи текст во заштитниот знак (логото) истиот треба да биде на македонски јазик, на албански јазик и на англиски јазик.

(4) Идејното решение да биде погодно за аплицирање на плакат, пано, меморандум, коверт, знаме, визит карта, книга, значка, гравура или друга техника на изработка на природни и вештачки материјали.

(5) Заштитниот знак (логото) треба да биде изработен во векторски формат во: EPS, CDR (Corel Draw) и/или Al (Adobe iliustrator) фајл формат.

(6) Заштитниот знак (логото) треба да биде изработен во битмапирана форма во: GIF, JPG, TIF, и/или PNG фајл формат.

(7) Векторските и бимапирани фајлови треба да бидат снимени на ЦД (CD/DVD).

IV Награда за најдоброто идејно решение за заштитен знак (лого)

На авторот/подносителот чие идејно решение на заштитен знак (лого) на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија е избрано, ќе му се додели парична награда во износ/вредност од 30.000,00 денари.

V Подносители на идејно решение за заштитен знак (лого)

 (1) Право на учество на конкурсот имаат сите заинтересирани физички лица државјани на Република Македонија и правни лица со седиште во Република Македонија, кои ги исполнуваат условите од овој конкурс.

(2) Подносителот на идејното решение за заштитен знак (лого) на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во пријавата потребно е да ги достави следните податоци односно документација:

-    за физичко лице: име и презиме, ЕМБГ и адреса, број на телефон за контакт и е-меил адреса. Кон пријавата подносителот потребно е да приложи и уверение за државјанство.

-    за правно лице: назив, седиште и ЕМБС, број на телефон за контакт и    е-меил адреса. Кон пријавата подносителот потребно е да приложи и тековна состојба издадена од Централниот Регистар на Република Македонија не постара од 6 (шест) месеци.

VI Учество на конкурсот

 (1) Еден автор/подносител на идејно решение може да понуди повеќе идејни решенија.

(2) Подносителот на идејното решение на заштитниот знак (лого) на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, освен идејното решение треба и текстуално да го образложи концептот за заштитниот знак (лого) на Комисијата што го предлага.

(3) Подносителот на идејното решение ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на идејното решение, а Комисијата не е одговорна за тие трошоци без оглед на исходот од постапката за избор на идејно решение.

(4) Подносителот на идејното решение за заштитен знак (лого) на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија треба да го достави во затворен плик со назнака „За Конкурс за избор на идејно решение за заштитен знак (лого) на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија" на адреса:

Комисија за хартии од вредност на Република Македонија

ул.Македонија бр.25 (Палата Лазар Поп-Трајков кат 4)

1000 Скопје

(5) Рок за поднесување на идејните решенија за заштитен знак (лого) на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија е 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот.

(6) Прашања во врска со конкурсот може да се пратат на мејлот konkurs@sec.gov.mk

VII Избор на најдобро идејно решение за заштитен знак (лого)

 (1) Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе направи избор на идејно решение за заштитен знак (лого) според критериуми кои ќе ги утврди и кои ќе важат подеднакво за сите доставени идејни решенија најдоцна 10 дена по завршување на конкурсот.

(2) Комисијата по направениот избор ќе го извести подносителот на идејното решение кое е избрано и истиот ќе се обврзе во рок од 3 (три) дена да достави изјава заверена на нотар за гаранција за оригиналност на идејното решение што е избрано.

(3) Доколку договорот биде потпишан со избраниот автор/подносител, а биде утврдено дека се работи за плагијат или авторството му биде оспорено со правосилна пресуда, авторот/подносителот е должен да го врати паричниот надоместок во целосен износ на Комисијата.

(4) Доколку избраниот подносител на идејно решение на заштитниот знак (лого) на Комисијата од било која причина се откаже, за избран ќе се смета следниот, односно второ рангираниот учесник.

(5) Авторските права ќе се уредат на начин така што со учесникот на конкурсот чие идејно решение на заштитен знак (лого) на Комисијата е избрано, ќе се склучи договор за пренесување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, без никакви обврски спрема авторот освен исплатената парична награда утврдена со конкурсот.

(6) Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија го задржува правото да не избере ниту едно од поднесените идејни решенија.

(7) Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија нема обврска да ги врати доставените материјали до авторите/подносителите од овој конкурс.

(8) Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија нема да ги разгледува идејните решенија кои што ќе пристигнат по предвидениот рок или не се изработени согласно условите од овој конкурс.

                                       



Следна вест→ ←Претходна вест

KONKURS PUBLIK për përzgjedhjen e zgjidhjes ideore të markës tregtare (logo) të Komisionit të letrave me vlerë të Republikës së Maqedonisë

четврток, 24 јануари 2019
lazar_pop_trajkov-3.jpg

​

Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë

KONKURS PUBLIK

për përzgjedhjen e zgjidhjes ideore të markës tregtare (logo)
të Komisionit të letrave me vlerë të Republikës së Maqedonisë

 I Lëndë e konkursit për përzgjedhje të një zgjidhjeje ideore

Lëndë e këtij konkursi është përzgjedhje e zgjidhjes ideore për markë tregtare (logo) të Komisionit të letrave me vlerë që do të përdoret si markë tregtare zyrtare e Komisionit në përdorimin e brendshëm dhe ndërkombëtar.

 II Informata mbi Komisionin e letrave me vlerë të Republikës së Maqedonisë

Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë është organ i pavarur rregullator i cili zbaton autorizime publike të përcaktuara me Ligjin mbi letrat me vlerë, Ligjin mbi fondet e investimeve, Ligjin për ndërmarrjen e shoqërive aksionare dhe të gjitha aktet nënligjore të cilat rrjedhin nga ato. Është themeluar më 19.06.1992 me Vendim të Qeverisë së Republikës së Maqedonisë.

Në përputhje me Ligjin, Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë i kryen këto funksione:

- kryen kontrollë mbi dokumentacionin e përgjithshëm të emetuesve të letrave me vlerë, ndërmerr masa dhe sjell vendime për mbrojtjen e interesave të personave që janë pronarë ose investojnë në letrat me vlerë dhe parandalon veprime të padrejta dhe joligjore, në lidhje me të punuarit me letrat me vlerë;

- lëshon liçenca, miratime dhe pajtueshmëri në bazë të Ligjit të letrave me vlerë dhe ligjet tjera nën jurisdikcionin e tij;

- e rregullon mënyrën e tregtimit me letra me vlerë në bursat;

- e ndjek dhe kontrollon të punuarit e pjesëmarrësve në tregun e letrave me vlerë;

- e ndjek dhe kontrollon funksionimin e tregut të letrave me vlerë;

- përcakton standarde të konkurrencës ndërmjet pjesëmarrësve në tregun e letrave me vlerë, si dhe shoqëritë e autorizuara për menaxhimin me fondet, respektivisht fondet e investimeve, me anë të kontrolleve ose në mënyrë tjetër;

- jep pajtueshmëri për emërimin e drejtorëve të shtëpive të brokerimit, të deparatamentit të bankës që është kompetent për kryerjen e shërbimeve me letrat me vlerë, si edhe të shoqërive për menaxhim me fondet për investime;

- i miraton kërkesat për emetim të letrave me vlerë;

- kujdeset për treg legjitim, të drejtë dhe transparent të letrave me vlerë;

- i miraton sjelljen dhe të gjitha ndryshimet e akteve të depozitarit të bursës dhe

- bashkëpunon me të gjitha institucionet tjera në Republikën e Maqedonisë dhe jashtë saj.

 

 III Kushte të cilat duhet t'i plotësojë zgjidhja ideore për markën tregtare (logo)

 (1) Zgjidhja ideore e markës tregtare (logo) duhet të jetë:

- origjinale dhe deri më tani e papërdorur,

- adaptabile ndaj dimensioneve të ndryshme,

- lehtë e dallueshme,

- e konceptuar me dizajn dhe estetikë, me dizajn modern,

- në mënyrë simbolike dhe sugjestive të zbatojë dhe vizuelizojë qëllim kryesor të ekzistimit të Komisionit, rolin e tij dhe kompetencat si rregullator në fushën e tregut të kapitalit.

(2) Marka tregtare (logo) duhet të jetë e pezantuar dhe shtypur në letër në fromat A4 në tre varijacionet në vijim: në ngjyrë, bardhë e zi dhe bardhë e zi negativ.

(3) Nëse përdoret tekst në markën tregtare (logo), i njëjti duhet të jetë në gjuhën maqedonase, gjuhën shqipe dhe gjuhën angleze.

(4) Zgjidhja ideore duhet të jetë e përshtatshme për aplikim në poster, panel, memorandum, zarfë, flamur, kartelë biznesi, libër, distinktiv, gravurë ose teknikë tjetër të përpunimit të materialeve natyrale dhe artificiale.

(5) Marka tregtare (logo) duhet të jetë e bërë në format vektorial në: EPS, CDR (Corel Draw) dhe/ose Al (Adobe iliustrator) format të skedarit.

(6) Marka tregtare (logo) duhet të jetë e bërë në formë bitmap në: GIF, JPG, TIF, dhe/ose PNG format të skedarit.

(7) Skedarët vektorial dhe bitmap duhet të regjistrohen në CD (CD/DVD).

IV Shpërblim për zgjidhjen më të mirë ideore për markë tregtare (logo)

Autorit/aplikuesit zgjidhja ideore për markë tregtare e të cilit është përzgjedhur nga Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë, do t'i jepet shpërblim në para në shumë/vlerë prej 30.000,00 denarë.

V Aplikues të zgjidhjes ideore për markë tregtare (logo)

 (1) Të drejtë të pjesëmarrjes në konkurs kanë të gjithë personat fizik të interesuar shtetas të Republikës së Maqedonisë dhe persona juridik me seli në Republikën e Maqedonisë, të cilët i plotësojnë kushtet e këtij konkursi.

(2) Aplikuesi i zgjidhjes ideore për markë tregtare (logo) të Komisionit të letrave me vlerë të Republikës së Maqedonisë në fletëparaqitjen duhet të dorëzojë të dhënat, respektivisht dokumentacion e mëposhtëm:

-    për person fizik: emri dhe mbiemri, NUAQ dhe adresa, numër telefoni për kontakt dhe e-mail adresë. Krahas fletëparaqitjes, aplikuesi duhet të paraqesë edhe çertifikatë për shtetësi.

-    për persona juridik: emërtimi, selia dhe NUIS, numër telefoni për kontakt dhe e-mail adresë. Krahas fletëparaqitjes, aplikuesi duhet të paraqesë edhe gjendjen rrjedhëse të lëshuar nga Rregjistri Qendror i Republikës së Maqedonisë jo më të vjetër se 6 (gjashtë) muaj.

 

VI Pjesëmarrje në konkursin

 (1) Një autor/aplikues i zgjidhjes ideore mund të ofrojë më shumë zgjidhje ideore.

(2) Aplkuesi i zgjidhjes ideore të markës tregtare (logo) të Komisionit të letrave me vlerë të Republikës së Maqedonisë, përveç zgjidhjes ideore duhet edhe tekstualisht të shpjegon konceptin për markën tregtare (logo) të Komisionit të cilin e propozon.

(3) Aplikuesi i zgjidhjes ideore i mban mbi vete të gjitha shpenzimet në lidhje me përgaditjen dhe dorëzimin e zgjidhjes ideore, ndërsa Komisioni nuk është përgjegjës për ato shpenzime pavarësisht nga rezultati i procedurës së përzgjedhjes të zgjidhjes ideore.

(4) Aplikuesi i zgjidhjes ideore për markë tregtare (logo) të Komisionit të letrave me vlerë të Republikës së Maqedonisë duhet të dorëzojë atë në një zarfë të mbyllur me mbishkrim "Për konkurs për përzgjedhje të zgjidhjes ideore për markë tregtare (logo) të Komisionit të letrave me vlerë të Republikës së Maqedonisë" në adresën:

Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë

rr. Makedonija nr. 25 (Pallati Lazar Pop-Trajkov kati i 4)

1000 Shkup

(5) Afati i fundit për dorëzim të zgjidhjeve ideore për markë tregtare (logo) të Komisionit të letrave me vlerë në Republikën e Maqedonisë është 15 ditë nga dita e shpalljes së Konkursit.

(6) Pyetje në lidhje me konkursin mund të dërgohen në postën elektronike konkurs@sec.gov.mk

VII Zgjedhje e zgjidhjes më të mirë ideore për markë tregtare (logo)

 (1) Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë do të bëjë përzgjedhjen të zgjidhjes ideore për markë tregtare (logo) sipas kritereve të cilat do t'i përcaktojë dhe do të vlejnë njëlloj për të gjitha zgjidhjet e dorëzuara ideore jo më vonë se 10 ditë pas përfindimit të konkursit.  

(2) Komisioni pas përzgjedhjes së bërë, do të lajmërojë aplikuesin e zgjidhjes ideore që është përzgjedhur dhe i njëjti do të obligohet që brenda 3 9tre) ditëve të dorëzojë deklaratë të verifikuar në noter për garancën e origjinalitetit të zgjidhjes ideore e cila është përzgjedhur.  

(3) Nëse marrëveshja firmoset me autorin/aplikuesin e përzgjedhur, dnrësa vërtetohet se bëhet fjalë për pagijaturë ose autorësia të jetë e kontestuar me vendim të prerë gjyqësor, autori/aplikuesi është i detyruar të kthejë kompensimin në para në shumën e plotë pranë Komisionit.   

(4) Nëse dorëzuesi i përzgjedhur i zgjidhjes ideore (logo) të Komisionit nga çfarëdo arsye heq dorë, për të përzgjedhur do të konsiderohet pjesëmarrësi i rradhës, respektivisht i dyti sipas rankimit.  

(5) Të drejtat e autorësisë do të rregullohen në atë mënyrë, që me pjesëmarrësin e konkursit zgjidhja ideore e markës tregtare (logo) të Komisionit e të cilit është përzgjedhur, do të konkludohet marrëveshje për transferimin e të drejtës për përdorim të përhershëm dhe të pakufizuar të së drejtës së autorësisë nga ana e Komisionit të letrave me vlerë të Republikës së Maqedonisë, pa kurfarrë detyrime ndaj autorit përveç pagesës së shpërblimit në para të përcaktuar me konkursin.   

(6) Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë rezervon të drejtën të mos përzgjedh asnjë nga zgjidhjet ideore të dorëzuara.

(7) Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë nuk ka detyrim që t'i kthejë zgjidhjet ideore të cilat do të arrijnë pas afatit të fundit të paraparë ose që nuk janë të hartuara në përputhje me kushtet e këtij konkursi.

(8) Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë nuk do të shqyrtojë zgjidhjet ideore të cilat do të arrijnë pas afatit të fundit të paraparë ose që nuk janë të hartuara në përputhje me kushtet e këtij konkursi.

                                                         

   

 

 

 

.


Следна вест→ ←Претходна вест

КХВ СПОДЕЛУВА - Прв Outreach Семинар ,,Новини во Законот за преземање на акционерските друштва,,

вторник, 29 јануари 2019
lile.JPG

​

           Комисијата за хартии од вредност на РМ  како регулатор на  пазарот на капитал, но и како орган кој  има стратешка мисија да овозможува и  да креира знаења и искуства, одлучи  да организира Серија Семинари под мотото - КХВ СПОДЕЛУВА.

 ,,Новините во Законот за преземање на акционерските друштва,,  беше темата  на  првиот Outreach Семинар, на кој воведно обраќање имаше Комисионерката Лиле Делиџакова, а  учествуваа овластените учесници на пазарот на  хартии од вредност.

 Целта е преку отворена комуникација и координација помеѓу регулаторот и овластените учесници на пазарот на хартии од вредност , проактивно да се  делува и  секој да ја исполнува улогата на пазарот што ја има,  а  истовремено преку  споделување  искуства, ставови и идеи  да се поттикнува  поширока јавна расправа за прашања поврзани со пазарот на капитал.

Со овој семинар што се одржа на 28 јануари, 2019 година стартуваше серијалот преку кој Комисијата,  ја доближува  и објаснува  својата Outreach Програма,  а  на кои во иднина освен учесниците на пазарот на капитал, ќе бидат поканети  и  инвеститори, бизнис заедницата и други. 

Оваа активност е предвидена во Outreach Програмата за  регулаторна усогласеност и развој на пазарот на хартии од вредност и се очекува да биде разбрана како дополнителен напор на КХВ  да превенира, наместо да детектира и да санкционира. 

КХВ верува  дека  Семинарите КХВ СПОДЕЛУВА, а со тоа и заедничката  дебата и  широката  консултација одат во прилог на партнерскиот однос, се разбира  во рамки на законско  дозволеното однесување  и  во насока на просперитет  на пазарот на хартии од вредност.

           

 


Следна вест→ ←Претходна вест

KLV-ja NDAN – Outreach Seminari i parë “Risi në Ligjin mbi ndërmarrje të shoqërive aksionare,,

вторник, 29 јануари 2019
lile.JPG

​

        Komisioni i letrave me vlerë i RM-së si rregullator i tregut të kapitalit, mirëpo edhe si organ i cili ka mision strategjik për të mundësuar dhe krijuar njohuri dhe përvoja, vendosi që të oganizojë një Seri të Seminareve nën moton – KLV-ja NDAN.      

 ,,Risitë në Ligjin mbi ndërmarrjen e shoqërive aksionare" ishte tema e Seminarit Outreach të parë, në të cilin fjalim të hapjes kishte Komisionari Lile Delixhakova, ndërsa pjesë morën pjesëmarrësit e autorizuar në tregun e letrave me vlerë.

Qëllimi është që përmes komunikimit dhe koordinimit të hapur ndërmjet rregullatorit dhe pjesëmarrësve të autorizuar në tregun e letrave me vlerë, të ndikohet në mënyrë proaktive dhe secili të përmbush rolin që ka në treg, dhe njëkohësisht përmes ndarjes së përvojave, qëndrimeve dhe ideve të nxitet debat më i gjerë publik për çështje në lidhje me tregun e kapitalit.  

Me këtë seminar që u mbajt më 28 janar 2019, startoi seriali përmes të cilit Komisioni e afron dhe shpjegon Programin Outreach të vetin, dhe në të cilat në të ardhmen krahas pjesëmarrësve të tregut të kapitalit, do të jenë të ftuar edhe investues, komuniteti afarist e të tjerë. 

Ky aktivitet është i paraparë në Outreach Programin për harmonizim rregullator dhe zhvillim të tregut të letrave me vlerë dhe pritet të kuptohet si përpjekje shtesë  e KLV-së që të parandalojë, në vend se të zbulojë dhe sanksionojë. 

KLV-ja beson që seminaret KLV-ja NDAN, e me atë edhe debati i përbashkët dhe konsultimi i gjerë janë në favor të partneritetit, kuptohet brenda kornizës të sjelljes ligjërisht të lejuar dhe në drejtim të prosperitetit të tregut të letrave me vlerë.  


Следна вест→ ←Претходна вест

DITË E HAPUR PËR ARSIMIM PROFESIONAL DUAL

петок, 08 февруари 2019
ivana.jpg

​

Informohen të gjithë personat e interesuar se më 19.02.2019 (E martë) me fillim në orën 17.00 do të mbahet Ditë e hapur për arsimim profesional dual, ku më hollësisht mund të informohen për trajnimin e ardhshëm  "Menaxher të portofolit" në organizim të Komisionit të letrave me vlerë të Republikës së Maqedonisë dhe ABTI -it.

Të gjithë personat e interesuar do të kenë mundësinë që drejtëpërdrejtë përmes debatit me udhëheqësin e programit çertifikues dhe ligjëruesit (ekspertë të shquar në çdo fushë) të njoftohen me: përmbajtjen e programit, mënyrën e hyrjes në provim, sesionet për provime, afati për provime, si dhe mënyra dhe kushtet për pagesë.

Më tepër informata mund të gjeni në linkun vijues:

http://abit.edu.mk/Seminar.aspx?Id=89&IdLanguage=1&IdRoot=1

Ju presim! 


Следна вест→ ←Претходна вест

ОТВОРЕН ДЕН ЗА СПЕЦИЈАЛИСТИЧКО ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

петок, 08 февруари 2019
ivana.jpg

​

Се информираат сите заинтересирани лица дека на ден 19.02.2019 (Вторник) со почеток во 17.00 часот ќе се одржи Отворен ден за специјалистичко дуално образование, каде може подетално да се информираат за престојната обука "Портфолио менаџер"  во организација на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и АБИТ.

Сите заинтересирани лица ќе имаат можност непосредно преку дебата со раководителот на сертификационата програма и предавачите (истакнати експерти во секоја област) да се запознаат со: содржината на програмата, начинот на полагање, испитните сесии, упитниот рок, како и начинот и условите за плаќање.

Повеќе информации можете да најдете на следниот линк:

http://abit.edu.mk/Seminar.aspx?Id=89&IdLanguage=1&IdRoot=1

Ве очекуваме! 


Следна вест→ ←Претходна вест

Финансиската едукација станува предизвик

понеделник, 11 февруари 2019
EMQ_Logo_EU-smaller-3.png

​

Ако одзивот по јавниот повик за учество во Европскиот квиз на пари е некаков показател, лесно може да се дојде до заклучок дека нашите деца брзо ќе мора да почнат да ги вртат страниците на книгите за пари и финансии. На повикот за учество на овој квиз се пријавени 145 класа од основните и средни училишта од сите четири страни на нашата држава. Реакција  поголема од очекувањата, со оглед на тоа што тој по прв пат се одржува во нашата земја, на оние кои ја почнаа акцијата Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија заедно со Министерството за образование и наука на Република Македонија, Македонската банкарска асоцијација и Народната банката на Република Македонија  организатори на квизот имаат една цел – едукација за финансиска писменост на младите на возраст од 13 до 15 години.

Што се парите, кога настанале, каде се печатат, кој ги издава, кој ги чува се дел од прашањата на кои тинејџерите од нашата земја треба да даваат одговори. Ќе треба да знаат и што е кредит, камата, профит, курсна разлика ... Што се акции, каде и како се купуваат или продаваат,  како да се заштити од компјутерски  измами.  Многу прашања кои  македонската иднина треба набрзина да ги научи и  совлада.

Квизот инаку се одвива во две фази, од која првата се националните првенства во земјите учеснички за време на Европската недела на парите и финален натпревар кој се одржува во Брисел (Кралството Белгија) на 7-ми мај годинава.

Натпреварувањето во Македонија ќе започне на 13 март кога ќе се спроведе првиот подготвителен тест во сите класови/одделенија во школите кои пријавиле учество, за да една недела подоцна се одржи и вториот подготвителен тест. Најдобрите два ученика по овие два теста ќе настапат на  финалниот натпревар, кој  ќе се одржи во Скопје на 27 март, по кој ќе бидат познати победниците кои ќе ја претставуваат Република Македонија на Европскиот квиз на парите во Брисел.

И на националните натпревари, како и на завршницата во Белгија, учесниците тестовите ќе ги полагаат на својот мајчин јазик. 


Следна вест→ ←Претходна вест

Edukata financiare bëhet sfidë

понеделник, 11 февруари 2019
EMQ_Logo_EU-smaller-3.png

​

Nëse përgjigja ndaj thirrjes publike për pjesëmarrje në Kuizin Evropian të parave është ndonjëfarë treguesi, lehtë mund të arrihet deri te përfundimi se fëmijët tanë së shpejti do të duhet të fillojnë t'i shfletojnë faqet e librave për para dhe financa. Në thirrjen për pjesëmarrje në këtë kuiz janë paraqitur 145 klasë nga shkollat fillore dhe të mesme nga të katër anët e vendit tonë. Reagimi ishte më i madh se sa pritshmëritë, duke marrë parasysh se ky kuiz mbahet për herë të parë në vendin tonë, për ata të cilët ia filluan këtij aksioni Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë së bashku me Ministrinë e arsimit dhe shkencave të Republikës së Maqedonisë, Asociacioni Bankar i Maqedonisë dhe Banka Popullore e Maqedonisë si organizatorë të këtij kuizi kanë një qëllim – edukatë për arsimimin financiar të të rinjve të moshës 13 deri më 15 vjet.  

Çfarë janë paratë, kur janë krijuar, ku printohen, kush i emeton, kush i ruan janë pjesë e pyetjeve të cilat adoleshentët nga vendi ynë duhet të japin përgjigje. Do të duhet të dijnë edhe çfarë është krediti, interesi, fitimi, diferenca e kursit të këmbimit...Çfarë janë fletëaksione, ku dhe si blehen apo shiten, si të të mbrohen nga mashtrimet kompjuteristike. Shumë pyetje të cilat ardhmëria e Maqedonisë duhet së shpejti t'i mësojë dhe t'i përvetësojë.  

Kuizi do të kryhet në dy faza, nga të cilat e para janë garat kombëtare në vendet pjesëmarrëse gjatë Javës Evropiane të parave, dhe gara finale e cila mbahet në Bruksel (Mbretëria e Belgjikës) më 7 maj këtë vit.

Garimi në Maqedoni do fillojë më 13 mars kur do të zbatohet testi i parë përgaditës në të gjitha klasat në shkollat të cilat kanë paraqitur pjesëmarrje, që një javë më vonë të mbahet edhe testi i dytë përgaditës. Dy nxënësit më të mirë pas këtyre testeve do të performojnë në garën finale, që do të mbahet në Shkup më 27 mars, pas të cilës do të jenë të njohur fituesit që do ta përfaqësojnë Republikën e Maqedonisë në Kuizin Evropian të parave në Bruksel.    

Edhe në garat kombëtare, si dhe në garën finale në Belgjikë, pjesëmarrësit do t'i marrin testet në gjuhën e tyre amtare.  


Следна вест→ ←Претходна вест

KLV-ja ka logo-markë të re tregtare

петок, 15 февруари 2019
Лого КХВ.jpg

​

Komisioni i letrave me vlerë i Republikës së Maqedonisë së Veriut në seancën e e mbajtur sot me të cilën kryesonte Kryetari i KLV-së Mr.Sc. Nora Aliti konfirmoi logon e re të institucionit, përgjedhjen e të cilës paraprakisht e bëri Komision i Veçantë, i përbërë nga profesorë eminentë universitar, dizajnues dhe ekspertë në lëminë e ekonomisë dhe marrëdhënie me publikun. Me këtë, KLV-ja ka logo-markë të re tregtare. 

     Pas analizës rrënjësore të zgjidhjeve ideore të cilat ishin parashtruar në bazë të Konkursit të shpallur publikisht, Komisioni i veçantë për përzgjedhje të logos-markës së re tregtare në përbërje: Nehat Beqiri, Profesor i rregullt në Fakultetin e arteve pranë Universitetit shtetëror në Tetovë,  Igor Dellov, Dizajnues i grafikës, Elena Naumovska, Profesor inordinar në Fakultetin ekonomik pranë UKIM-it, Dushko Goshevski, Komisionar, Gabriella Joveva Gjurovska, Mr.Sc. e komunikatave – Kryekëshilltare për marrëdhënie me publikun, vendosi si më të mirë të përzgjedh zgjidhjen ideore të parashtruar nga Zeni Ballazhi. Njëzëri u konstatua se zgjidhja ideore është origjinale dhe deri më tani është e papërdorur, adaptibile ndaj dimensioneve të ndryshme, lehtë e dallueshme, e koncipuar me dizajn dhe estetikisht, në mënyrë simbolike dhe sugjeruese e zbaton dhe vizualizon misionin e Komisionit si rregullator në fushën e tregut të kapitalit, mirëpo i shpreh edhe tre shtyllat mbi të cilat themelohet puna e KLV-së (të mbrojë investuesit; të kujdeset për krijimin dhe mirëmbajtjen e tregut të drejtë, të sigurtë, transparentë dhe efikas të letrave me vlerë dhe të lehtësojë tërheqjen e kapitalit me çfarë kontribuon për rritjen ekonomike dhe zhvillimin e shtetit), mirëpo edhe sfidat të cilat do paraprijnë. Zgjidhja ideore u referohet "letrave të hapura" të cilat sugjerojnë transparencë, ndershmëri dhe hapshmëri të institucionit, ndërsa rrezet e diellit mirëqenie dhe optimizëm. Përmes shkallëve reflekton ecje në nivel më të lartë, prosperitet dhe rritje ekonomike. Logoja është e thjeshtë dhe multifunksionale dhe jep hapësirë për t'u modifikuar, me një fjalë është promovuese dhe lehtë memorohet. Përmes ngjyrës së kaltërt dhe tregjuhësisë (maqedonisht, shqip dhe anglisht), i ndjek tendencat shoqërore dhe proçeset eurointegruese të shtetit. Në fakt, Konkursi ishte i shpallur publikisht më 24 janar 2019 dhe duke përfshirë edhe afatin e fundit 7 shkurt 2019, pranë Komisionit të letrave me vlerë aplikuan katër autorë, tre me nga një zgjidhje, ndërsa një autor ofroi pesëmbëdhjetë zgjidhje ideore, që është në përputhje me Konkursin e shpallur.


Следна вест→ ←Претходна вест

КХВ има нов заштитен знак-лого

петок, 15 февруари 2019
Лого КХВ.jpg

​

      Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на денешната седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити го потврди новото лого на институцијата, чиј избор претходно го направи посебна Комисија, составена од еминентни универзитетски професори, дизајнери и експерти по економија и  за односи со јавност. Со тоа, КХВ има нов заштитен знак-лого. 

       По темелна анализа  на идејните решенија кои беа поднесени врз основа на  јавно објавениот Конкурс, Посебната Комисија  за избор на нов заштитен знак- лого во состав: Нехат Беќири, Редовен професор на Факултетот за уметности на Државниот универзитет во Тетово, Игор Делов, Графички дизајнер, Елена Наумовска, Вонреден Професор на Економски Факултет при УКИМ, Душко Гошевски, Комисионер и  Габриела Јовева Ѓуровска, М-р по комуникации и Главен советник за односи со јавност,  одлучи како најдобро да го избере идејното решение поднесено од  авторот Zeni Ballazhi. Едногласно беше констатирано дека идејното решение е оригинално и досега неупотребувано, адаптибилно на различни димензии, лесно препознатливо, дизајнерски и естетски конципирано, симболички и сугестивно ја имплементира и визуелизира  мисијата на Комисијата како регулатор во областа на пазарот на капитал, но ги изразува и трите столба на кои се темели мисијата на КХВ ( да ги заштити инвеститорите; да се грижи за создавање и одржување на фер, сигурен, транспарентен и ефикасен пазар на хартии од вредност и да го олесни привлекувањето на капитал со што придонесува кон економскиот раст и развој на државата), но и предизвиците кои претстојат. Идејното решение упатува на ,,отворени карти,, кои сугерираат транспарентност, чесност и отвореност на институцијата, а сончевите зраци на благосостојба и оптимизам. Преку скалилата одразува чекорење на повисоко ниво, просперитет и економски раст. Логото е едноставно и мултифункционално, остава простор да се модифицира,  со еден збор е  промотивно  и лесно се меморира. Преку сината боја и тројазичноста (македонски, албански и англиски), ги следи општествените трендови  и евроинтегративните процеси на државата. Инаку, Конкурсот беше јавно објавен на 24 јануари, 2019 година и заклучно со крајниот рок , 7 февруари, 2019 година  до Комисијата за хартии од вредност, аплицираа четворица автори, тројца со по едно идејно решение, а еден автор понуди петнаесет идејни решенија , што е во согласност со објавениот Конкурс.


Следна вест→ ←Претходна вест

Lajmërim

понеделник, 18 февруари 2019
komisija.png

​

Komisioni i letrave me vlerë në Republikën e Maqedonisë së Veriut për çdo ditë qëndron për përmirësimin e klimës investive në vend, praktikim të administrimit të mirë korporativ, mbrojtjen e pakontestueshme të investuesve dhe aksionarëve, si dhe për parandalimin e veprimeve të pandershme dhe të paligjshme në tregun e kapitalit. Komisioni investon përpjekje të mëdha për të krijuar dhe mirëmbajtur mjedis të tregut i cili e justifikon besueshmërinë e investuesit dhe karakterizohet me transparencë dhe integritet.     

Për arsye të zbatimit të këtij qëndrimi dhe me besim që shoqëritë aksionare kanë tendencë ndaj respektimit të plotë të rregullave ligjore dhe për zbatimin e praktikave të mira korporative, Komisioni edhe një herë i përkujton shoqëritë aksionare të cilat nuk listohen në bursën e autorizuar dhe të cilat nuk janë shoqëri aksionare me detyrime të veçanta të lajmërimit se në bazë të nenit 166-b nga Ligji për letra me vlerë, kanë për detyrim që në afatin e përcaktuar ligjor të bëjnë publikim në faqen e internetit të Bursës së Maqedonisë ShA Shkup (www.mse.mk) të dhënave vijuese financiare:

- të ardhura (totali), fitimi nga të punuarit e rregullt para tatimimit, fitimi për vitin financiar, fluksi neto i parave të thata, fitimi për vitin financiar për fletëaksion dhe dividentë për fletëaksion, në afat prej 15 ditë nga miratimi i llogarisë vjetore, respektivisht raporteve financiare të shoqërisë dhe

- raporte të audituara financiare dhe mendim nga auditues i liçencuar në afat prej 15 ditë nga miratimi i të njëjtit nëse shoqëria në përputhje me ligjin është e detyruar që të dorëzojë për auditim raportet e saja financiare.

Shoqëritë aksionare janë të detyruara të publikojnë të dhënat që kanë të bëjnë me ndryshimet në pronësinë e strukturës mbi 10%, ndryshimet e statusit të shoqërisë, ndryshime në organet e administrimit dhe udhëheqjes, emetim i ri i letrave me vlerë dhe ndryshime të tjera në të punuarit të cilat ndjeshëm ndikojnë mbi çmimin e letrave me vlerë në afatin më të shkurtër, mirëpo jo më vonë se dhjetë ditë kalendarike nga dita e ndryshimit të bërë.   

KLV-ja ju informon që duhet rregullisht dhe me përditësim të publikoni të dhënat dhe informatat dhe me atë bashkarisht të rrisim transparencën në tregun e kapitalit, që është me rëndësi gjatë sjelljes së vendimeve investive.   


Komisioni i letrave me vlerë i

Republikës së Maqedonisë së Veriut

Kryetar

Mr.Sc. Nora Aliti


Следна вест→ ←Претходна вест

Известување

понеделник, 18 февруари 2019
komisija.png

​

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија секојдневно се залага за подобрување на инвестициската клима во државата, практикување на доброто корпоративно управување, неприкосновена заштита на инвеститорите и на акционерите, како и за спречување на нечесни и незаконски дејства на пазарот на капитал. Вложува  голем труд да се создаде и одржува пазарно опкружување кое ја оправдува довербата на инвеститорите и се карактеризира со транспарентност и интегритет.

Заради спроведување на оваа заложба и со верба дека акционерските друштва се стремат кон целосно почитување на законските прописи и за примена на добрите корпоративни практики, Комисијата уште еднаш ги потсетува  акционерските друштва кои не котираат на овластена берза и кои не се акционерски друштва со посебни обврски за известување дека согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност имаат обврска во законски определен рок за објава на интернет страната на Македонска Берза АД Скопје (www.mse.mk) на следните финансиски податоци:

- приходи (вкупно), добивка од редовно работење пред оданочување, добивка за финансиската година, нето готовински тек, добивка за финансиска година по акција и дивиденда по акција во рок од 15 дена од усвојувањето на годишната сметка, односно финансиските извештаи на друштвото и

- ревидирани финансиски извештаи и мислење од овластен ревизор во рок од 15 дена од усвојувањето на истиот доколку друштвото согласно закон е должно да ги подведе на ревизија своите финансиски извештаи.

Акционерските друштва се должни да ги објават податоците кои се однесуваат на промени во сопственичката структура над 10%, статусни измени на друштвото, промени во органите на управување и раководење, нова емисија на хартии од вредност и други промени во работењето кои значајно влијаат врз цената на хартиите од вредност во најкраток рок, но не подоцна од десет календарски дена од денот на настанатата промена.

КХВ ве информира дека треба редовно и ажурно да ги објавувате податоците и информациите  и со тоа заеднички  да  ја зголемуваме транспарентноста на пазарот на капитал, која е важна при носење на инвестициските одлуки. 


Комисија за хартии од вредност на 

Република Северна Македонија

Претседател

Mr.Sc. Nora Aliti


Следна вестarrow_forward
←Претходна вест
Детали за усогласеност
javascript:commonShowModalDialog('{SiteUrl}'+ '/_layouts/15/itemexpiration.aspx' +'?ID={ItemId}&List={ListId}', 'center:1;dialogHeight:500px;dialogWidth:500px;resizable:yes;status:no;location:no;menubar:no;help:no', function GotoPageAfterClose(pageid){if(pageid == 'hold') {STSNavigate(unescape(decodeURI('{SiteUrl}'))+ '/_layouts/15/hold.aspx' +'?ID={ItemId}&List={ListId}'); return false;} if(pageid == 'audit') {STSNavigate(unescape(decodeURI('{SiteUrl}'))+ '/_layouts/15/Reporting.aspx' +'?Category=Auditing&backtype=item&ID={ItemId}&List={ListId}'); return false;} if(pageid == 'config') {STSNavigate(unescape(decodeURI('{SiteUrl}'))+ '/_layouts/15/expirationconfig.aspx' +'?ID={ItemId}&List={ListId}'); return false;}}, null);
0x0
0x1
ContentType
0x01
898
Историјат на верзијата на збир документи
/_layouts/15/images/versions.gif?rev=23
javascript:SP.UI.ModalDialog.ShowPopupDialog('{SiteUrl}'+ '/_layouts/15/DocSetVersions.aspx' + '?List={ListId}&ID={ItemId}')
0x0
0x0
ContentType
0x0120D520
330
Испрати до друга локација
/_layouts/15/images/sendOtherLoc.gif?rev=23
javascript:GoToPage('{SiteUrl}' + '/_layouts/15/docsetsend.aspx' + '?List={ListId}&ID={ItemId}')
0x0
0x0
ContentType
0x0120D520
350
  • Неодамна
  • англиска верзија

iosco invest in macedonia quality austria mse nbrm cdhv streaming
  • Учесници
  • Регулатива
  • Новости
  • Аналитика
  • За комисијата
  • Контакт

© 2015 Комисија за хартии од вредност | ул. Димитрија Чупоски бр.26, 1000 Скопје | Сите права се задржани