Потпиши
SEC WebSite
  • Учесници
  • Регулатива
  • Односи со јавност
  • Аналитика
  • Обуки
  • За комисијата
  • Контакт
Пребарај
Search
lock
  • Информатички систем за супервизија и известување
  • Портал на КХВРМ

Skip Navigation LinksIzvestaj

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во октомври усвои два предлог Правилника, откако претходно истите беа на јавна расправа со цел јавноста да ги каже своите забелешки во однос на подзаконските акти. Станува збор за :
1. Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на мислењето што овластениот ревизор го дава во постапката за одобрување на зделка со заинтересирана страна кај акционерско друштво чии хартии од вредност котираат на берза и
2. Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината, начинот на водење и постапката за запишување на овластените ревизори во регистарот на овластени ревизори кои даваат мислење во постапка на одобрување на зделка со заинтересирана страна;

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

 Во октомври , вкупно активни акционерски друштва беа 18. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.

Спроведени контроли

Во октомври , Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал во октомври спроведе три редовни контроли.

Активности по барања на акционери за заштита на нивните права

Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по две барања за заштита на акционерско право.

Подзаконски акти кои произлегуваат од законите во надлежност на КХВ

По јавната расправа, каде јавноста имаше можност да ги каже своите забелешки и сугестии, Комисијата за хартии од вредност во февруари ги усвои следниве правилници: 1. Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и условите за полагање на стручен испит за работење со хартии од вредност; 2.Правилникот за определување на формата и содржината на Проспектот и поканата за запишување на хартии од вредност; 3. Правилникот за определување на други документи потребни кон барањето за одобрение за издавање на хартии од вредниост; 4. Правилникот за содржината на соопштението за издавње на хартии од вредност чии вкупен износ не надминува над 25.000 евра во денарска противвредност. Исто така, КХВ во февруари ги разгледа и следните предлог-Правилници: 1.Предлог-Правилникот за начинот и постапката на издавање, понуда и продажба на деривативни финансиски инструменти на примарниот пазар, тргувањето со деривативните финансиски инструменти на секундарниот пазари порамнувањето и утврдувањето на овие трговски трансакции; 2.Предлог-Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за времето и начинот на обелоденување на ценовно чуствителни информации на акционерско друштво со посебни обврски за известување; Овие Предлог-правилници одат на јавна расправа. Јавната расправа се обезбедува преку веб страницата www.sec.gov.mk на Комисијата за хартии од вредност

Преземања на акционерски друштва

Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на обичните акции издадени од Силекс банка АД Скопје дадена од Централна кооперативна банка АД Софија, Република Бугарија. Врз основа на оваа понуда, Централна кооперативна банка АД Софија се стекна со 136.658 обични акции, кои обезбедуваат учество од 62,57% од акциите со право на глас од Силекс банка АД Скопје. Согласно законските прописи, Централна кооперативна банка АД Софија ја извести Комисијата за хартии од вредност дека понудата за откуп на 183.388 обични акции ја прифатиле вкупно 107 иматели на обични акции кои доставиле изјави за вкупно 136.658 обични акции издадени од Силекс банка АД Скопје и дека понудата за откуп е успешно реализирана. Откупот на хартиите од вредност се изврши по цена од 4.791 денари по акција. Врз основа на известувањето за исходот од понудата за откуп и по целосно утврдување на фактичката состојба, согласно член 43 од Законот за преземање на акционерските друштва, Комисијата за хартии од вредност го донесе решението за успешност на понудата. Земајќи ги предвид и 35.000 обични акции што бугарскиот инвеститор претходно ги поседуваше во Силекс банка АД Скопје, Централна кооперативна банка АД Софија вкупно ќе има 171.658 обични акции, односно 78,60% од акциите со право на глас издадени од Силекс банка АД Скопје.

Меѓународна соработка

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова на крајот на февруари оствари работен состанок со претставници на Светската банка и со тим од Владата на Република Македонија задолжени за ,, Doing Business Project,,. На средбата се разгледани можностите за измена на законската регулатива со која се уредува објавувањето на податоци за големите зделки и зделките со заинтересирана страна, односно во годишните извештаи на акционерските друштва да бидат дадени информации за големината на трансакцијата и начинот и постапката за нејзиното одобрување, како и објавување на податоци за фактите кои се однесуваат на заинтересираната страна. Освен тоа, потребно е да се обелоденуваат и сите информации кои говорат за било каков конфликт на интереси или пак дека е склучена определена зделка која е на штета на малцинските акционери.

Подзаконски акти кои произлегуваат од законите во надлежност на КХВ

Комисијата за хартии од вредност во јануари го разгледа предлог -Правилникот за содржината, начинот и роковите за поднесување на барање за изземање од обврската на акционерско друштво со посебни обврски за известување за доставување на годишен, полугодишен, тримесечен и тековен извештај на акционер и на друго заинтересирано лице. Предлог-правилникот оди на јавна расправа. Јавната расправа се обезбедува преку веб страницата www.sec.gov.mk на Комисијата за хартии од вредност.

Преземања на акционерски друштва

Комисијата за хартии од вредност издаде дозвола на Централна кооперативна банка АД Софија, Република Бугарија да даде понуда за откуп на обичните акции издадени од Силекс Банка АД Скопје. Понудата за откуп на акции се однесува за 183.388 обични акции на Силекс банка. Централна кооперативна банка АД Софија се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 4.791 денари.

Одобренија и согласности на брокерски куќи

Комисијата за хартии од вредност во јануари даде дозволи за работа на две брокерски куќи и тоа на: Пеон брокер АД Скопје и Мој Брокер АД Скопје. -Пеон брокер АД Скопје е регистрирана со основна главнина од 76.022,75 евра во денарска противвредност, поделена на 4.650 обични акции со номинална вредност од 16,3488 евра по акција.Согласно член 94 од Законот за хартии од вредност, оваа членка на пазарот на капитал ќе купува и ќе продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, ќе дејствува како покровител при котација и ќе има можност да врши инвестициско советување. -Мој Брокер АД Скопје има основна главнина од 80.000 евра во денарска противвредност, поделена на 8.000 обични акции со номинална вредност од 10 евра по акција. Оваа брокерска куќа ќе ги врши истите дејности како и Пеон брокер АД Скопје, односно ќе купува и продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, ќе дејствува како покровител при котација и ќе врши инвестициско советување.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност издаде четири дозволи за работење на брокер. И тоа на: 1.Даница Гавриловиќ; 2.Горан Поповски; 3.Ирена Каневче Георгиева; и 4.Тони Костов.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во февруари вкупно активни акционерски друштва беа 141. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Супервизорски (надзорни) активности на КХВ

Комисијата за хартии од вредност издаде согласност лицето Крсте Шајноски да биде директор на брокерската куќа Еуро Брокер АД Скопје.Согласноста за именување на Крсте Шајноски за директор на Еуро Брокер АД Скопје се дава за период од четири години. Шајноски доаѓа на местото на Зоран Мајнов.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во февруари секојдневно on-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 20 (дваесет) вонредни контроли.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во февруари, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 12 (дванаесет) барања за заштита на акционерски права. Дел од акционерите бараат поништување на трансакции, а некои од нив не се согласуваат со бројот на акции кои се водат во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Обуки

Во функција на подигање на знаењето на студентите од областа на акционерството и воопшто за светските трендови на пазарите на капитал, како и заради поттикнување на младите генерации својата иднина да ја гледаат токму во овој дел од финансискиот пазар, Комисијата за хартии од вредност одлучи на приватните универзитети бесплатно да им додели комплети од 9-те книги кои се во издание на КХВ. Досега, оваа стручна литература веќе е доставена и се користи од страна на сите државни високо-образовни институции кои третираат проблематика од областа на пазарот на капитал.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јануари вкупно активни акционерски друштва беа 141. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Супервизорски (надзорни) активности на КХВ

Комисијата за хартии од вредност издаде пет согласности за директори на брокерски куќи и на дирекции за работа со хартии од вредност и тоа: 1.Горан Марковски да биде именуван за директор на Дирекцијата за вршење услуги со хартии од вредност на Комерцијална Банка АД Скопје; 2.Ѓорѓи Палевски да биде директор на Поштел брокер АД Скопје 3. Димче Панов да раководи со Мој Брокер АД Скопје; 4.Биљана Аризанкова да биде именувана за директор на Пеон брокер АД Скопје; 5.Катерина Нонкуловска да биде именувана за директор на Дирекцијата за работa со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Стопанска Банка АД Скопје.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во јануари секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 1 (една) вонредна контрола на брокерска куќа.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во јануари, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 10 (десет) барања за заштита на акционерски права. Некои од нив не се согласуваат со бројот на акции кои се водат во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Дел од акционерите пак, реагираат на фактот што друштвото во кое имаат акции одбивало да им ја достави документацијата што ја барале.

Обуки

Комисијата за хартии од вредност донесе одлука да ја организира 13-тата по ред обука на кадри за работа со хартии од вредност (брокери) за најмногу 200 кандидати. Термините и условите ќе бидат дополнително објавени. За сите заинтересирани кои сакаат да ја следат обуката, КХВ ќе објави соопштение во дневниот печат и на својата веб страна во кое ќе бидат утврдени роковите за пријавување.

Меѓународна соработка

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова имаше средба со странскиот консултант Klaus Schmidt-Hebbel. Со него беа заеднички разгледани можностите за развој на македонскиот пазар на капитал и воведувањето на нови финансиски инструменти. Во јануари, претставници на Комисијата за хартии од вредност на покана на Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија учествуваа на работилници организирани во рамките на проектот ГОФРЕ-Градење на административните капацитети за ЕУ ,поддржан од Британската влада.Темите на работилниците беа: „Финансиски услуги„; и „Слободно движење на капиталот„, а беа спроведени од страна на Европскиот институт од Софија. На работилниците учествуваа членови на работните групи на НПАА, а нивната цел беше да се придонесе кон подобрување на капацитетите на националните структури за хармонизација на националното со ЕУ законодавството во оваа област и размена на искуства со Република Бугарија.

Подзаконски акти кои произлегуваат од законите во надлежност на КХВ

Комисијата за хартии од вредност во декември разгледа неколку предлог-правилници кои одат на јавна расправа. Јавната расправа се обезбедува преку веб страницата www.sec.gov.mk на Комисијата за хартии од вредност. Станува збор за: 1.Правилникот за содржината на соопштението за запишување и уплата на хартии од вредност за понуда чиј износ е помалку од 25.000 евра во денарска противвредност; 2.Правилникот за формата и содржината на проспектот и поканата за запишување и уплата на хартии од вредност; 3.Правилникот за документите што ги доставува издавачот на хартии од вредност при поднесување на барањето за одобрение на јавна понуда на хартии од вредност; 4.Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и условите за полагање на стручен испит за работење со хартии од вредност; 5.Правилникот за измена на Правилникот за формата и содржината на годишните, полугодишните, тримесечните и тековните извештаи и резимето на годишните извештаи на акционерските друштва со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност.

Решенија за емисија на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност ја одобри првата емисија на должнички хартии од вредност на ПроКредит банка АД Скопје. Се работи за 5.000 обврзници со вкупна вредност од 300.000.000 денари. Каматната стапка изнесува 8,4 % годишно. Рокот на доспевање на обврзниците е три години. Купувач на обврзниците од првата емисија на ПроКредит Банка АД Скопје е НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Прокредит Банка АД Скопје ги издава обврзниците за да обезбеди финансиски средства кои ќе ги пласира во кредити. Ова е прва емисија на корпоративни обврзници што ја издава една банка во Република Македонија. Во декември, Комисијата за хартии од вредност и даде одобрение на брокерската куќа Битола Брокер АД Битола да издаде 3.577 обични акции во вкупна вредност од 10.948.106 денари. Третата емисија на акции на Битола Брокер АД Битола се реализира по пат на приватна понуда. Исто така, Универзална инвестициона банка АД Скопје доби одобрение од КХВ за продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда. Станува збор за 1.580 акции со продажна цена од 3.000 денари по акција, односно вкупната продажна вредност изнесува 4.740.000 денари.

Преземања на акционерски друштва

Milestone ehf.Sudurlandsbraut, Reykjavik Iceland успешно ја презема Комерцијално инвестициона банка АД Куманово, утврди Комисијата за хартии од вредност. Milestone ehf.Sudurlandsbraut, Reykjavik Iceland има стекнато 97.647 обични акции кои обезбедуваат учество од 75,9% од акциите со право на глас издадени од Комерцијално инвестициона банка АД Куманово.

Одобренија и согласности на брокерски куќи

Идеја Плус Брокер АД Радовиш е новата брокерска куќа што доби дозвола за работа од Комисијата за хартии од вредност.Оваа брокерска куќа е регистрирана со основна главнина од 75.000 евра во денарска противвредност, поделена на 75.000 обични акции со номинална вредност од едно евро по акција. Согласно член 94 од Законот за хартии од вредност, оваа членка на пазарот на капитал ќе купува и ќе продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, ќе дејствува како покровител при котација и ќе има можност да врши инвестициско советување. Директор на Идеја Плус Брокер АД Радовиш е Јанка Димитрова.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност издаде три дозволи за работење на брокер.И тоа на: 1. Горан Марковски 2. Соња Кузманоска-Трајкоска; 3. Фанче Куцуловска;

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во декември вкупно активни акционерски друштва беа 144. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во декември секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 5 (пет) редовни контроли. Од нив три на брокерски куќи и по една редовна контрола на Македонската берза АД Скопје и на Централниот депозитар АД Скопје . Исто така, беа извршени и 4 (четири) вонредни контроли.

Санкции

а) Брокерски куќи Комисијата за хартии од вредност привремено го забрани работењето на Дирекцијата за работа со хартии од вредност на Стопанска банка АД Скопје.Забраната е со времетраење од 30 работни дена. Оваа мерка е изречена поради правен пропуст, односно заради необезбедување согласност од КХВ за новоназначениот директор, откако била разрешена претходната директорка. Забраната стапи на сила од денот на донесувањето на одлуката (12.12.2007 година). б) Брокери Во декември двајца брокери останаа без дозволи за работа. Едниот е вработен во брокерската куќа Алта Виста Брокер АД Скопје, а другиот во Бродил Дил АД Скопје. КХВ им ја изрече оваа мерка на брокерите, бидејќи се вклучиле во активност која има за цел да ги доведе во заблуда инвеститорите на пазарот на хартии од вредност. Двајцата брокери извршиле налози за купување и продавање на акции на МЗТ Леарница АД Скопје по цена зголемена за 14.185,71 % од претходно реализираните трансакции на Македонската Берза со истата акција. Последната постигната цена на акцијата на МЗТ Леарница АД Скопје била 700,00 денари, за на 23.11.2007 да се истргува по цена од 100.000 денари.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во декември, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 18 (осумнаесет) барања за заштита на акционерски права. Некои се жалат на повреда на берзанските процедури на тргување и бараат проверка на трансакции реализирани на Македонската берза АД. Други пак, не се согласуваат со бројот на акции кои се водат во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Дел од акционерите реагираат на продажбата на акции од јавни претпријатија.

Обуки

На 26 декември, 79 кандидати добија Уверенија за положен стручен испит за инвестициско советување од вкупно 123 кандидати кои ја следеа Првата обука за инвестициски советници. Високиот процент на успешно завршена обука е резултат на добри професори и ангажирани слушатели, координирано од Комисијата за хартии од вредност. Како менаџери за управување со капиталот, инвестициските советници се врска помеѓу пазарот на хартии од вредност и инвеститорите. Со тоа се премостува празнината што постои помеѓу инвеститорите и нивните финансиски цели", рече Претседателката на КХВ, Марина Наќева- Кавракова. Според Претседателката Кавракова, правилно инвестициско решение ќе помогне да се остварат финансиските цели на инвеститорот и тоа треба да биде крајната цел на инвестицискиот советник.

Меѓународна соработка

На 26 декември, Комисијата за хартии од вредност во соработка со УСАИД го промовираше Водичот "Разбери ги инвестициските фондови", во кој се содржани предностите и недостатоците од инвестирањето во инвестициски фонд, целите и очекувањата од вложувањето во нив. Оваа брошура ја изработи Комисијата за хартии од вредност со великодушна поддршка на УСАИД и таа треба да им помогне на инвеститорите полесно да ги осознаат новите финансиски играчи на пазарот на хартии од вредност- инвестициските фондови. Во текот на декември, Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова оствари работна средба со претставникот на Светската банка Соња Брајовиќ Братановиќ која е координатор на Проектот- Financial Sector Assessment Program. На состанокот начелно е договорено при идната мисија на Светската банка што се очекува да се реализира во февруари 2008 да се оцени степенот на имплементација на принципите на Меѓународната организација на Комисиите за хартии од вредност IOSCO. Исто така, Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова се сретна со Силвија Миноти од Светската банка. На дневен ред на состанокот беше Акциониот план што Комисијата за хартии од вредност го изработи во соработка со Светската банка , а проилегува од Стратегијата за спроведување на Законот за хартии од вредност во периодот 2007/2012 година.

Подзаконски акти кои произлегуваат од законите во надлежност на КХВ

Комисијата за хартии од вредност го усвои Правилникот за пресметување на нето вредноста на имотот на инвестициониот фонд и за пресметување на нето вредноста на имотот по удел или акција на инвестицониот фонд.

Решенија за емисија на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Акционерското друштво за осигурување Сава Табак-Скопје му ја одобри четвртата емисија на акции. Станува збор за 460 обични акции во износ од 230.000 евра. Емисијата се реализира како приватна понуда и е наменета за постојните акционери од компанијата.

Преземања на акционерски друштва

Во ноември,Комисијата за хартии од вредност утврди дека понудата на МЕГА ЕЛ ЕООД, Софија, Р. Бугарија за откуп на акциите на АД Фабрика за кабли Неготино е успешна, односно дека на јавниот повик за преземање на фабриката се јавиле 204 акционери кои понудиле 25.377 акции што претставува 14,9% од вкупниот број акции издадени од друштвото.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност издаде пет дозволи за работење на брокер. И тоа на: 1. Михајло Брова Зиков 2.Златко Кузмановски 3. Билјана Аризанкова 4.Ана Кралева 5.Александар Богиќевиќ

Супервизорски (надзорни) активности на КХВ

Комисијата за хартии од вредност на актуелниот директор на ЦДХВ Стеван Шапчески му го продолжи мандатот за дополнителни четири години. Исто така , во ноември Панче Шурков доби согласност да биде директор на брокерската куќа Бета брокер АД Скопје, а Игор Размовски да раководи со Одделот за работа со хартии од вредност на Охридска банка АД Охрид.

Согласности за субјектите кои се предмет на супервизија на КХВ

Комисијата за хартии од вредност даде согласност на измените и дополнувањата на Статутот на Централниот депозитар на хартии од вредност со кои наместо досегашниот двостепен систем (Управен и Надзорен одбор) се воведува едностепен (Одбор на директори).

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во ноември вкупно активни акционерски друштва беа 144. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во ноември секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 1 (една ) редовна контрола . Предмет на контролата беше: документацијата од реализирани берзански трансакции; книгата на налози; висината на ликвидниот капитал пропишан со закон; водењето на парични средства на посебна сметка на клиентите; ревидираните и поништени трансакции во изминатиот период; придржување кон налозите на клиентите и кон правилата на берзанското работење и брокерската етика и.т.н. Исто така, беа извршени и 3 (три) вонредни контроли.

Санкции

а) Брокерски куќи Комисијата за хартии од вредност трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Мак Брокер АД Скопје. Причина за ова е укинувањето на дозволата за основање и работење на Македонска Банка АД Скопје од страна на Народната банка на Македонија, која е и единствен основач на Мак Брокер. Решението за одземање на дозволата на Мак Брокер стапи на сила од 28 ноември 2007. б) Акционерски друштва По истрагата што ја спроведе Комисијата за хартии од вредност, а во која беше утврдено дека котираната компанија АДГ Маврово Скопје не ги почитувала обврските што ги има како друштво со посебни обврски за известување, а членовите на органите на управување тргувале врз основа на инсајдерски информации, во ноември беа изречени неколку мерки: - Времено, за период од 30 работни дена, го прекина тргувањето со акциите на АДГ Маврово Скопје и забрани вршење на нетрговски преноси со акциите. Оваа санкција стапи на сила од 5.12.2007 година, по истекот на изречената мерка од страна на Македонска берза за времено прекинување на тргувањето со акциите на АДГ Маврово Скопје; - Ќе се поведе прекршочна постапка пред надлежниот суд против АДГ Маврово Скопје, бидејќи друштвото не ги исполнило обврските од Законот за хартии од вредност за доставување на годишен, полугодишен и тримесечен финансиски извештај, како и на тековни соопштенија и материјали за акционерски собранија; - Заради недоставување на првичен извештај за сопственост, ниту извештај за промена на сопственост, согласно Законот за хартии од вредност, Комисијата за хартии од вредност ќе поведе прекршочна постапка пред надлежниот суд против членовите на органите на управување на АДГ Маврово Скопје; - Комисијата за хартии од вредност констатира дека членовите на органите на управување на АДГ Маврово Скопје поседувале ценовно чувствителни информации кои навремено не ги објавиле и не ги направиле достапни до целокупната инвеститорска јавност, а притоа своите акции ги продавале. Затоа, Комисијата за хартии од вредност поднесе иницијатива до надлежните институции за поведување постапка против членовите на органите на управување на АДГ Маврово Скопје заради злоупотреба на службената положба и овластувањата при тргување со хартии од вредност врз основа на инсајдерски информации. Комисијата за хартии од вредност за случајот со АДГ Маврово Скопје достави информација до Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и до Управата за јавни приходи.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во ноември, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 11(единаесет) барања за заштита на акционерски права. Некои се жалат на повреда на берзанските процедури на тргување и бараат проверка на трансакции реализирани на Македонската берза АД. Други пак, не се согласуваат со бројот на акции кои се водат во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Меѓународна соработка

Во ноември во Комисијата за хартии од вредност престојуваше Erik T.Huitfeldt кој како странски експерт треба да помогне во изготвување на методологија преку која ќе се обезбеди современ пристап на контрола базиран врз ризикот (risk-based approach) на ваков начин ќе се подобри квалитетот на супервизијата. Меѓународниот консултант е ангажиран во соработка со Светската банка преку донација од Кралството Холандија.

Решенија за емисија на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност ја одобри осмата емисија на акции на АЛФА банка АД Скопје. Емисијата ќе се реализира по пат на приватна понуда и е наменета за единствениот акционер Алфа банка АЕ Атина. Станува збор за 3.120 обични акции, во вкупна вредност на емисијата од 374.400.000 денари. Осмата емисија на акции се врши од сопствени средства на банката, а со неа се зголемува основната главнина на друштвото.

Одобренија и согласности на инвестициски фондови

Комисијата за хартии од вредност даде одобренија за основање на следниве отворени инвестициски фондови: 1.Илирика Југоисточна Европа, 2.Илирика Глобал Растечки Пазари и 3.Иново Статус Акции. Овие фондови претставуваат нови чинители на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија и во нив можат да инвестираат сите граѓани и компании. Илирика Југоисточна Европа и Илирика Глобал Растечки Пазари ги основа Друштвото за управување со фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје. Основач на Иново Статус Акции е Друштвото за управување со фондови Иново Статус АД Скопје. Отворените инвестициски фондови ќе прибираат парични средства преку јавен повик за продажба на документи за удел во фондовите и истите ќе ги вложуваат во согласност со Законот за инвестициски фондови, Статутот и Проспектот на фондот. Тоа значи дека секој инвеститор преку уплата на пари, ќе добие удел, врз основа на кој како сопственик ќе има право на сразмерен дел од добивката на фондот и во секое време ќе може да побара исплата на уделот и да истапи од фондот. Согласно податоците на Проспектите на фондовите, средствата ќе се инвестираат во: 1.Илирика Југоисточна Европа - во хартии од вредност на компании и банки кои работат на територијата на земјите од Југоисточна Европа; 2.Илирика Глобал Растечки Пазари - на глобалните и пазарите во подем, како и на Балканот; 3.Иново Статус Акции- во хартии од вредност на издавачи чие седиште е на територијата на Македонија, Хрватска, БиХ, Словенија Србија и на Црна Гора.

Одобренија и согласности на брокерски куќи

Ауцтор Брокери АД Скопје е новaта брокерска куќа што во октомври доби дозвола за работа од Комисијата за хартии од вредност. Основната главнина на Ауцтор Брокери АД Скопје изнесува 150.000 евра во денарска противвредност, а поделена е на 15.000 обични акции со номинална вредност од 10 евра по акција. Оваа членка на пазарот на капитал ќе купува и ќе продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, ќе управува со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент, ќе дејствува како покровител при котација и ќе има можност да врши инвестициско советување.

Преземања на акционерски друштва

Во октомври Комисијата за хартии од вредност даде две дозволи за понуди за откуп на акции и тоа на : 1. МЕГА ЕЛ ЕООД, Софија, Р.Бугарија да ја преземе АД Фабрика за кабли Неготино; 2. Milestone ehf., Reykjavik, Iceland да ги откупи обичните акции издадени од Комерцијално инвестициона банка АД Куманово. -Понудата за откуп што ја даде МЕГА ЕЛ ЕООД, Софија, Р.Бугарија се однесува на 76.688 обични акции издадени од АД Фабрика за кабли Неготино. Понудувачот МЕГА ЕЛ ЕООД се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 1550 денари по акција. -Понудата на Milestone ehf., Reykjavik, Iceland се однесува 128.655 обични акции од Комерцијално инвестициона банка АД Куманово, а ќе се смета за успешна, доколку Milestone ehf., Reykjavik, Iceland откупи 67 % од вкупниот број на обични акции на кои се однесува понудата за откуп. Понудувачот се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 2.740 денари по акција.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност издаде две дозволи за работење на брокер. И тоа на: 1.Јасмина Џартова 2.Ирена Бошков

Супервизорски (надзорни) активности на КХВ

Тамара Анчева Крстева доби согласност да биде именувана за директор на брокерската куќа Ауцтор Брокери АД Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во октомври вкупно активни акционерски друштва беа 144. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во октомври секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 4 (четири) редовни контроли. Предмет на контролата беше: документацијата од реализирани берзански трансакции; книгата на налози; висината на ликвидниот капитал пропишан со закон; водењето на парични средства на посебна сметка на клиентите; ревидираните и поништени трансакции во изминатиот период; придржување кон налозите на клиентите и кон правилата на берзанското работење и брокерската етика и.т.н. Исто така, беа извршени и 5 (пет) вонредни контроли.

Санкции

а) Брокерски куќи Комисијата за хартии од вредност донесе решение за привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Мак Брокер АД Скопје за кои има добиено дозвола. Забраната трае 30 работни дена, а се применува од денот на донесувањето (17.10.2007). Временото суспендирање на Мак Брокер АД Скопје е резултат на фактот што Второстепената Комисија за решавање на жалби од областа на пазарот на хартии од вредност го потврди решението на Комисијата за хартии од вредност, а ја одби жалбата на Мак Брокер АД Скопје. Времената забрана на Мак Брокер е заради непорамнета трансакција. Комисијата за хартии од вредност покрена прекршочна постапка против брокерската куќа Сензал АД Скопје и одговорното лице, заради кршење на член 104 став 2 од Законот за хартии од вредност според кој ,,Брокерската куќа е должна да ја информира КХВ за секоја промена во сопственичката структура во рок од осум календарски дена од денот на настанувањето на промената". б) ЦДХВ Откако судот донесе пресуда според која Централниот депозитар за хартии од вредност извршил незаконито и неосновано бришење во акционерската книга на Екско Трејд АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност го санкционира на тој начин што јавно објави за утврдените неправилности и незаконитости во работењето на депозитарот. в) Брокери Комисијата за хартии од вредност на брокерот Сашо Китановски од брокерската куќа "Битола брокер" АД Битола му изрече привремена забрана за тргување во времетраење од 30 календарски дена. КХВ го санкционира брокерот, откако констатира дека ја повредил процедурата при продажба на акции од "Стопанска банка АД Битола", а биле во сопственост на "Транскоп " АД Битола. г) Акционерски друштва Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое го прекина тргувањето со акциите на Раде Кончар АД Скопје и ја забрани реализацијата на нетрговските преноси со обичните акции на друштвото. Забраната е со траење од 30 работни дена, а е изречена поради непочитување на одредби од Законот за хартии од вредност во делот на дозволените начини на тргување со хартии од вредност. Исто така, во врска со овој случај КХВ донесе решение со кое го задолжи Централниот депозитар за хартии од вредност да ги отстрани утврдените неправилности и незаконитости со тоа што ќе ја врати состојбата на сметките на хартии од вредност на акционерите како пред преземање на активностите за кои е санкциониран Раде Кончар АД Скопје.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во октомври Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 11(единаесет) барања за заштита на акционерски права. Некои поплаки се однесуваат на раскинување на договорите кои се потпишани според Законот за трговски друштва,а врз основа на кои им се блокирани акциите. Дел од акционерите се жалат на повреда на берзанските процедури на тргување и бараат проверка на трансакции реализирани на Македонската берза АД. Други пак, прашуваат како им се симнати акциите од сметките што се водат во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Обуки

Претставници на Комисијата за хартии од вредност учествуваа на семинар во Мадрид, Шпанија организиран од IOSCO на тема Транзиција кон меѓународните стандарди за финансиско известување (IFRS) што се одржа во периодот од 15-19 октомври 2007 година. Целта на семинарот беше да се информираат регулаторните тела за предизвиците што ги очекуваат во транзицијата кон меѓународните стандарди за финансиско известување. Семинарот беше добра шанса учесниците да разменат искуства на оваа тема. Во периодот од 25 до 27 октомври 2007 година во Мадрид се одржа состанок на членките на Регионалниот европски комитет на IOSCO на кој Комисијата за хартии од вредност имаше свој претставник. На состанокот на членките на Регионалниот европски комитет на IOSCO, застапени беа неколку области значајни за регулаторите на пазарот на капитал. На пленарната сесија беа обработени следниве теми: -Имплементација на Принципите и целите на IOSCO; -Продлабочување на дијалогот со учесниците на пазарот; -Процесот на апликација за потпишување на Меморандумот на разбирање на IOSCO. Исто така, во октомври, кандидатите кои ја посетуваат Првата обука за инвестициско советување го полагаа третиот и последен модул од стручниот испит. Преостанува уште Комисијата за хартии од вредност да им ги додели сертификатите, по што ќе се здобијат со звањето-инвестициски советник.

Одобренија и согласности на брокерски куќи

Динев Брокер АД Скопје е новата брокерска куќа која во септември доби дозвола за работа од Комисијата за хартии од вредност. Оваа брокерска куќа е регистрирана со основна главнина од 75.100 евра во денарска противвредност, поделена на 3.004 обични акции со номинална вредност од 25 евра по акција. Согласно член 94 од Законот за хартии од вредност, оваа членка на пазарот на капитал ќе купува и ќе продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, ќе дејствува како покровител при котација и ќе има можност да врши инвестициско советување. Со Динев Брокер АД Скопје раководи Ленин Прцуловски.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност издаде десет дозволи за работење на брокер. И тоа на: 1.Крсте Шајноски 2.Габриела Јовева 3.Мате Стојановски 4.Ангел Пејков 5.Јанка Димитрова 6.Благој Митров 7.Блаже Митревски 8.Тамара Анчева Крстева 9.Катерина Нонкуловска 10. Даниела Новеска

Супервизорски (надзорни) активности на КХВ

Комисијата за хартии од вредност даде согласност Маја Ивановска да биде именувана за директор на Дирекцијата за работа со хартии од вредност на Силекс банка АД Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во септември вкупно активни акционерски друштва беа 144. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во септември секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 3 (три) редовни контроли. Предмет на контролата беше: документацијата од реализирани берзански трансакции; книгата на налози; висината на ликвидниот капитал пропишан со закон; водењето на парични средства на посебна сметка на клиентите; ревидираните и поништени трансакции во изминатиот период; придржување кон налозите на клиентите и кон правилата на берзанското работење и брокерската етика и.т.н. Исто така, беа извршени и 2 (две) вонредни контроли.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во септември Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 8 (осум) барања за заштита на акционерски права. Дел од акционерите се жалат на повреда на берзанските процедури на тргување и бараат проверка на трансакции реализирани на Македонската берза АД. Некои поплаки пак, се однесуваат на несогласување со бројот на акции во електронскиот запис во книгите на акции во Централниот депозитар АД Скопје.

Обуки

"Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување во КХВ-Поголема транспарентност и навремено објавување на финансиските податоци " беше темата на која се дискутираше на четирите работилници што Комисијата за хартии од вредност ги организираше во соработка со USAID - Проект за деловно опкружување и Меѓународната финансиска корпорација IFC. Вакви работилници беа одржани две во Скопје и по една во Битола и во Струмица. Целта е друштвата да сфатат дека објавувањето податоци и обезбедувањето транспарентност за инвеститорите не е само законска обврска, туку и начин на промоција пред потенцијалните инвеститори. Почетокот на едукативната кампања го означи Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова која се обрати на првата работилница во Скопје. Таа рече: Финансиските извештаи што се доставуваат во Регистарот им овозможуваат на инвеститорите да ги проценат економските перформанси на едно друштво во минатото и неговата финансиска состојба во сегашноста. На тој начин вели Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова се дава подобра проценка на ризиците и на бенефитите од вложувањата, како и заштита на сопствените интереси. Исто така, во септември се одржа полагањето на на II модул од стручниот испит за инвестициско советување.

Меѓународна соработка

За можностите за натамошно продлабочување на соработката меѓу Комисијата за хартии од вредност и Меѓународната финансиска корпорација IFC , а со цел да се зајакне капацитетот на Комисијата за хартии од вредност како независно и самостојно регулаторно тело на пазарот на капитал , разговараа Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова и Регионалниот директор на Проектот за корпоративно управување Juan Carlos Fernandez Zara при Меѓународната финансиска корпорација IFC на средбата што се оствари на 20 септември. Преку техничка помош од страна на странски консултанти што се очекува во иднина да ја обезбеди IFC ќе се усоврши контролната функција на Комисијата во пресрет на започнувањето со работа на инвестициските фондови во Република Македонија.

Решенија за емисија на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на РМ му даде одобрение на Макошпед Осигурување АД Скопје за издавање на трета емисија на акции наменета за постојните акционери на друштвото по основ на распределба на нераспределената добивка на друштвото. Со оваа емисија на акции друштвото издава 1 025 акции во вкупна вредност од 524.072,25 евра. Комисијата и одобри на Македонската берза АД Скопје да емитира акции од трета емисија. Станува збор за 1396 обични акции во вкупен износ од 51 845 759,50 денари. Оваа емисија е наменета за акционерите на берзата и се врши од средства на берзата по основ на исплата на дивиденда во акции. КХВ на седницата ја одобри тринаесетата емисија на акции по пат на приватна понуда на НЛБ Тутунска банка АД Скопје што ќе се реализира со паричен влог. Се работи за 91 755 обични акции во продажен износ од 734 040 000 денари.

Одобренија и согласности на инвестициски фондови

Комисијата за хартии од вредност даде дозвола за основање на второто друштво за управување со фондови во Република Македонија, Иново Статус АД Скопје. Основач на друштвото се 3 (три) правни лица и 6 (шест) физички лица, државјани на Република Бугарија. Основната главнина на друштвото изнесува 130 000 евра. Предвидено е друштвото да основа и да управува со еден отворен инвестициски фонд. Со основањето на второто друштво за управување со фондови се зголемува конкурентноста во инвестициското работење на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност на Методија Динев му издаде дозвола за брокер.

Супервизорски (надзорни) активности на КХВ

Фимка Митева доби согласност да биде именувана за директор на брокерската куќа Публикум АД Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во август вкупно активни акционерски друштва се 145. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Aктивности по барања на акционери за заштита на правата

Во август Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 5 (пет) барања за заштита на акционерски права. Дел од акционерите се жалат на повреда на берзанските процедури на тргување и бараат проверка на трансакции реализирани на Македонската берза АД.

Решенија за емисија на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност ја одобри шестата емисија на акции на Клириншки интербанкарски системи АД Скопје што се реализира како приватна понуда. Станува збор за 493 обични акции во износ од 4.930.000 денари. Исто така, Комисијата за хартии од вредност одобри продажба на 125 сопствени акции издадени од АД за осигурување ТАБАК од Скопје за познат купувач.

Одобренија и согласности на инвестициски фондови

Комисијата за хартии од вредност издаде одобрение за основање на друштво за управување со фондови Илирика Фунд Менаџмент АД. Ова друштво е прво во Република Македонија, иако Законот за инвестициски фондови дава можност за тоа уште од 2000 година. Основач на друштвото е Илирика ДЗУ д.о.о. Љубљана, Република Словенија. Предвидено е Илирика Фунд Менаџмент АД да основа и да управува со два отворени инвестициски фондови. Овие фондови ќе прибираат слободни парични средства од инвеститорите, ќе управуваат со нив и потоа ќе ги инвестираат во различни финансиски инструменти (хартии од вредност,пари,финансиски деривати). Со работењето на инвестициските фондови на македонскиот пазар на хартии од вредност им се овозможува пред се на малите инвеститори да ги вложат парите во хартии од вредност , а при тоа да бидат заштитени од поголемите индивидуални ризици, присутни при секое инвестирање. Директор на Илирика Фунд Менаџмент АД е Александар Манев. Исто така , во јули се регистрирани 4 (четири ) приватни фондови во Регистарот на приватни фондови што го води Комисијата за хартии од вредност. Станува збор за : 1. Small Investment Fund 2.СЕЕ Инвест Фонд 3. Фишер ОМЕГА приватен инвестициски фонд 4. Fisher ALPHA Овие приватни фондови се основаат само на одредено време кое не може да биде пократко од осум години и во нив можат да вложат најмногу до 20 инвеститори. Големината на фондот изнесува најмалку 500.000 евра во денарска противвредност. Минималната преземена договорена обврска на вложување на секој поединечен инвеститор во приватниот фонд не може да биде помала од 50.000 евра во денарска противвредност. Приватните фондови се наменети за одредена мала група инвеститори. Во оваа група инвеститори ги вклучуваме особено институционалните инвеститори (дури и државата како инвеститор посредно или непосредно) кои самите се доволно стручни и компететни, со капацитет за вреднување и прецизно проучување на целокупниот релевантен информациски материјал (финансиски и тековен) на една компанија неопходен за сигурно вложување во таа компанија.Исто така овие добро информирани инвеститори го познаваат и самиот начин на фукционирање на приватните фондови. Поради тоа, приватните фондови наместо кон поголем број компании, своите вложувања ги насочуваат само кон неколку посебно одбрани компании. Конечниот резултат од едно вакво вложување треба да биде прераснување на таргетираната компанија во водечка - лидер компанија во својата дејност во земјата и пошироко во регионот

Одобренија и согласности на брокерски куќи

Публикум АД Скопје и ВИП АД Скопје се новите брокерски куќи што добија дозвола за работа од Комисијата за хартии од вредност. Основната главнина на Публикум АД Скопје изнесува 75.000 евра во денарска противвредност, а поделена е на 75.000 обични акции со номинална вредност од 1 евро по акција. Согласно член 94 од Законот за хартии од вредност, оваа членка на пазарот на капитал ќе купува и ќе продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, ќе дејствува како покровител при котација и ќе има можност да врши инвестициско советување. ВИП АД Скопје е регистрирана со основна главнина од 500.000 евра во денарска противвредност, поделена на 50.000 обични акции со номинална вредност од 10 евра по акција. Оваа брокерска куќа има овластување да ги врши сите услуги: да купува и продава хартии од вредност во свое име и за своја сметка, да управува со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент, да врши трансакции и активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со и без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност, да дејствува како покровител при котација, ќе има можност да врши инвестициско советување и ќе извршува трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва. Директор на ВИП АД Скопје е Ѓорѓи Игњатов.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност издаде десет дозволи за работење на брокер. И тоа на : 1.Дарко Сима 2.Анде Ѓурчиновски 3.Александра Томоска 4.Иван Ортаковски 5.Зорица Пиперкоска 6.Сашо Дракуловски 7.Панче Шурков 8.Ана-Марија Николова 9.Емилија Вукиќевиќ 10.Славица Атанасова

Супервизорски (надзорни) активности на КХВ

Комисијата за хартии од вредност даде три согласности за директори на брокерски куќи и тоа: 1. Викторија Трајчова Недановска да биде именувана за директор на Дирекцијата за работи со хартии од вредност и брокерски-посреднички услуги на Стопанска банка АД Скопје; 2. Марјан Поповски да биде директор на брокерската куќа Сензал АД Скопје; 3. Драги Тасевски да биде именуван за директор на брокерската куќа НЛБ Тутунскаброкер АД Скопје.

Согласности за субјектите кои се предмет на супервизија на КХВ

Комисијата за хартии од вредност даде согласност на Правилата за тргување на Македонската Берза АД Скопје.

Согласности за субјектите кои се предмет на супервизија на КХВ

Комисијата за хартии од вредност даде согласност на Правилата за тргување на Македонската Берза АД Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јули вкупно активни акционерски друштва се 145. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Aктивности по барања на акционери за заштита на правата

Во јули Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 8 (осум) барања за заштита на акционерски права. Некои од акционерите се жалат на повреда на берзанските процедури на тргување и бараат проверка на трансакции реализирани на Македонската берза АД.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јуни вкупно активни акционерски друштва се 143. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во јуни секојдневно on-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 2 (две) редовни контроли. Предмет на контролата беше: документацијата од реализирани берзански трансакции; книгата на налози; висината на ликвидниот капитал пропишан со закон; водењето на парични средства на посебна сметка на клиентите; ревидираните и поништени трансакции во изминатиот период; придржување кон налозите на клиентите и кон правилата на берзанското работење и брокерската етика и.т.н.

Aктивности по барања на акционери за заштита на правата

Во јуни Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше контролната функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ во јуни доставени се 12 (дванаесет) барања за заштита на акционерски права. Некои акционери не се согласуваат со обештетувањето при деноминација на акции. Дел од поплаките пак се однесуваат на несогласување со бројот на акции во електронскиот запис во книгите на акции во Централниот депозитар АД и на прекршување на берзанските процедури на тргување.

Обуки

Во текот на јуни продолжи Првата обука за инвестициски советници. Исто така, се организираше полагање на испитот за Првиот модул , при што од вкупно 84 кандидати кои го полагаа , дури 79 постигнаа позитивни резултати.

Останати активности кои произлегуваат од законите во надлежност на КХВ

Комисијата за хартии од вредност во јуни пред јавноста го презентираше Годишниот извештај за работењето на КХВ во деловната 2006 година кој чека на усвојување од страна на Парламентот.

Меѓународна соработка

Од 11 јуни до 15 истиот месец, претставници на Европската комисија беа во оценска мисија на финансискиот сектор во Република Македонија. Преку обиколка на повеќе институции меѓу кои Комисијата за хартии од вредност го скенираа пазарот на капитал, банкарството и осигурувањето. Мониторингот врз Комисијата за хартии од вредност како регулатор на пазарот на хартии од вредност го вршеа Jośe Manuel Portero- Comisiόn National del Mercado de Valores и Evžen Št'astnỳ -Czech National Bank. Главна тема на состаноците со европретставниците беше законската регулатива на пазарот на хартии од вредност, како се имплементира во пракса и дали во неа се вградени принципите на IOSCO. Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Проф.Д-р Весна Пендовска на 11 јуни присуствуваше на средбата меѓу претставниците на мисијата на Светската банкa и македонскиот владин тим што се одржа во Владата на РМ. Што се однесува до реформите на пазарот на капитал беше констатирано дека се остварува напредок со планираната динамика, при што за дел од овие реформи средства се обезбедени преку грант од холандската техничка помош. КХВ ја продолжи соработката со Светската банка околу изработката на Акциониот план за имплементација на Стратегијата за спроведување на Законот за хартии од вредност во периодот 2007-2012 година. Претставници на КХВ на 25 јуни присуствуваа на презентирањето на поглавјата од Националната програма за усвојување на Acquis на Европската унија. При презентацијата на поглавјето ,,Финансиски услуги,, беше потенцирано дека Стратегијата за зајакнување на улогата и функцијата на КХВ треба да биде базирана на ризици кои се детектирани врз основа на преглед на минатите спроведени активности и откриени проблеми со кои се соочува КХВ. Исто така, Комисијата за хартии од вредност во наредниот период треба да ги идентификува областите и учесниците на пазарот на хартии од вредност за кои постои најголема веројатност да бидат извори на прекршоци и измами во работењето со хартии од вредност.

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност во мај го донесе Правилникот за кадровско, техничка организациона оспособеност на друштво за управување со инвестициски фондови.

Решенија за емисија на хартии од вредност

КХВ на седницата ја одобри четвртата емисија на акции на ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје што ќе се реализира како приватна понуда. Станува збор за 53.477 обични акции во износ од 2.673.850 евра.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност издаде шест дозволи за работење на брокер и тоа на : 1. Фимка Митева 2. Климент Волкан 3. Томо Томовски 4. Александар Заовски 5. Раде Илиевски 6. Драги Тасевски

Одобренија и согласности на брокерски куќи

Скопје АД. Основната главнина на новата брокерска куќа изнесува 75.000 евра, а поделена е на 1.500 обични акции со номинална вредност од 50 евра по акција. Согласно член 94 од Законот за хартии од вредност, оваа членка на пазарот на капитал ќе купува и ќе продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, ќе дејствува како покровител при котација и ќе има можност да врши инвестициско советување. Сензал Скопје АД е 18 - ти овластен учесник на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.

Согласности за субјектите кои се предмет на супервизија на КХВ

Комисијата за хартии од вредност даде согласност на измените и дополнувањата на Статутот на Македонската Берза АД Скопје. Овие корекции се прават заради усогласување со Законот за хартии од вредност и со последните измени на Законот за трговски друштва.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во мај вкупно активни акционерски друштва се 143. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата. Од "Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување" потенцијалните инвеститори можат да црпат точни, целосни, навремени информации врз основа на кои можат да носат правилна, вистинска, профитабилна и издржана деловна одлука за вложување на својот капитал.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во мај секојдневно on-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 1 (една) редовна контрола. Предмет на контролата беше: документацијата од реализирани берзански трансакции; книгата на налози; висината на ликвидниот капитал пропишан со закон; водењето на парични средства на посебна сметка на клиентите; ревидираните и поништени трансакции во изминатиот период; придржување кон налозите на клиентите и кон правилата на берзанското работење и брокерската етика и.т.н. Исто така, Секторот за контрола на пазарот на капитал во мај изврши 1 (една) вонредна контрола

Aктивности по барања на акционери за заштита на правата

Во мај Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше контролната функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ во мај доставени се 14 (четиринаесет) барања за заштита на акционерски права. Дел од поплаките се однесуваат на несогласување со бројот на акции во електронскиот запис во книгите на акции во Централниот депозитар АД и на прекршување на берзанските процедури на тргување. Има и акционери кои се жалат на повреда на правилата при берзанското работење во извршна постапка.

Обуки

Во текот на мај продолжи Првата обука за инвестициски советници.На покана на Комисијата за хартии од вредност на 31 мај во Скопје пристигна Г-дин Хрвоје Бујановиќ, извршен директор на инвестицискиот фонд на Привредна банка од Хрватска. Како експерт, г-дин Бујановиќ одржа предавања во рамките на подрачјето "Портфолио менаџмент".

Останати активности кои произлегуваат од законите во надлежност на КХВ

Комисијата за хартии од вредност во мај го донесе Годишниот извештај за работењето на КХВ во деловната 2006 година. Согласно член 230 од Законот за хартии од вредност, Годишниот извештај заедно со ревидираните финансиски извештаи кои се во согласност со меѓународните стандарди на 23 мај го достави до Владата на РМ и до Собранието на РМ заради нивно усвојување.

Меѓународна соработка

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија доби донација од Кралството Холандија, администрирана преку Светската банка за зајакнување на капацитетот, со што треба да се подобри климата за инвестиции во земјата. Донацијата во износ од 50.000 евра е дел од грантот во висина од 2,5 милиони евра што е наменет за техничка помош на институциите заради исполнување на условите на ПДПЛ 2 и 3 аранжманот на Република Македонија со Светската банка. Со донацијата, Комисијата за хартии од вредност како регулатор на пазарот на капитал во Република Македонија ќе ангажира меѓународен консултант кој ќе помогне при изготвувањето на Акционен план што произлегува од Стратегијата за спроведување на Законот за хартии од вредност во периодот 2007/2012 година.

Преземања на Акционерски друштва

Во април Комисијата за хартии од вредност на РМ го донесе решението за успешност на понудата за откуп на обичните акции издадени од Охридска банка АД Охрид дадена од Сосиете Женерал (Société Générale, SA). Сосиете Женерал (Société Générale, SA) се стекна со 166.022 обични акции, кои обезбедуваат учество од 51,47 % од вкупниот број акции со право на глас од Охридска банка АД Охрид.Согласно законските прописи, Француската групација Сосиете Женерал (Société Générale, SA) ја извести Комисијата за хартии од вредност дека понудата за откуп на 322.549 обични акции ја прифатиле вкупно 297 иматели на обични акции кои доставиле изјави за вкупно 166.022 обични акции издадени од Охридска банка АД Охрид и дека понудата за откуп е успешно реализирана. Откупот на хартиите од вредност се изврши по цена од 8.157,96 денари по акција.

Усогласување со Законот за хартии од вредност

Брокерската куќа Еуроброкер и Дирекцијата за работа со хартии од вредност на Охридска банка добија дозвола за работа од Комисијата за хартии од вредност. Тоа значи дека овие овластени учесници на пазарот на хартии од вредност го усогласиле работењето со новиот Закон за хартии од вредност.

Согласности за субјектите кои се предмет на супервизија на КХВ

Комисијата за хартии од вредност даде согласност на изменетите процедури за тргување на Македонската Берза. Со нив, се воведува тргување врз основа на таканаречена базна цена, што се смета за основа над или под која ценовните флуктуации нема да можат да бидат поголеми или помали од десет отсто. Лимитот од десет отсто за зголемување или намалување на цените на акциите и досега беше присутен во тргувањето на Берзата, но тој се однесуваше на постигнатата цена во текот на минатиот берзански ден. Новината која се воведува е што предвид се зема и дали претходниот ден е истргувана т.н. "минимална прифатлива количина хартии од вредност", која, пак, зависи и од просечната дневна количина на истргувани хартии од вредност во периодот од 20 претходни дена на тргување, вкупно издадените хартии од вредност од еден издавач и распространетоста на тие хартии од вредност во јавноста. Во иднина нема да бидат можни нагли скокови или падови на цените на акциите на акционерските друштва со истргувани пет- шест или десетина акции. Одлуката за ценовните ограничувања ќе се однесува на сите хартии од вредност, вклучувајќи ги и акциите на некотираните трговски друштва.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во април вкупно активни акционерски друштва се 143. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата. Од "Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување" потенцијалните инвеститори можат да црпат точни, целосни, навремени информации врз основа на кои можат да носат правилна, вистинска, профитабилна и издржана деловна одлука за вложување на својот капитал.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во април вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 2 (две) редовни контроли. Предмет на контролата беше: документацијата од реализирани берзански трансакции; книгата на налози; висината на ликвидниот капитал пропишан со закон; водењето на парични средства на посебна сметка на клиентите; ревидираните и поништени трансакции во изминатиот период; придржување кон налозите на клиентите и кон правилата на берзанското работење и брокерската етика и.т.н. Исто така, Секторот за контрола на пазарот на капитал изврши 2 (две) вонредни контроли.

Aктивности по барања на акционери за заштита на правата

Во април Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ во април доставени се 7 (седум) барања за заштита на акционерски права. Некои од акционерите бараат проверка на сметката во Централниот депозитар за хартии од вредност, други се жалат на повреда на берзанските процедури на тргување. Дел од поплаките пак, се однесуваат на несогласување со бројот на акции во електронскиот запис во книгите на акции во Централниот депозитар АД.

Обуки

Во текот на април се одржа II модул од Првата обука за инвестициски советници. За подрачјето "Финансиски деривативи" Комисијата за хартии од вредност ангажираше странски експерт . Станува збор за францускиот стручњак г-динот Mark Sinsheimer. Овој врвен аналитичар работел и на проекти од Европската Комисија. Присуството на г-динот Mark Sinsheimer во Скопје, Претседателот на КХВ, Проф.Д-р Весна Пендовска го искористи за размена на мислења околу финансиските деривати како нови инструменти на пазарот на хартии од вредност.Иако се предвидени со Законот за хартии од вредност , деривативните финансиски инструменти се уште не егзистираат на македонскиот пазар на капитал.

Решенија за емисија на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Земјоделското трговско друштво ‚‚Сточарство" АД - Богданци му одобри продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда. Станува збор за 308 обични акции со продажна цена од 3.100 денари по акција, односно вкупна продажна вредност од 954.800 денари. Продажната цена е еднаква на номиналната вредност на акциите. Номиналниот износ на сопствените акции кои се предмет на понудата за продажба претставува 4,34% од основната главнина на ЗДТ ,,Сточарство" АД - Богданци.

Преземања на Акционерски друштва

Француската групација Societe Generale SA ,Париз на 16 март доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност за давање понуда за откуп на обичните акции издадени од Охридска банка АД Охрид. Понудата за откуп на акции е упатена до сите иматели на обични акции од Охридска банка АД Охрид. Понудата се однесува на 322.549 обични акции издадени од Охридска банка АД Охрид, а ќе се смета за успешна, доколку Societe Generale SA откупи најмалку 51 % од вкупниот акционерски капитал на Охридска банка АД Охрид, односно 164.500 обични акции. Понудувачот се обврза да ги откупи хартиите од вредност по цена од 8.157,96 денари по акција. Одлуката за издавање дозвола на Societe Generale SA беше донесена едногласно.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност изврши 1 (една) редовна контрола над овластен учесник на пазарот на хартии од вредност. Предмет на контролата беше: документацијата од реализирани берзански трансакции; книгата на налози; висината на ликвидниот капитал пропишан со закон; водењето на парични средства на посебна сметка на клиентите; ревидираните и поништени трансакции во изминатиот период; придржување кон налозите на клиентите и кон правилата на берзанското работење и брокерската етика и.т.н. Исто така, Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 1 (една) вонредна контрола над брокерска куќа.

Aктивности по барања на акционери за заштита на правата

До КХВ доставени се 12 (дванаесет) барања за заштита на акционерски права. Некои од акционерите се жалат на повреда на берзанските процедури на тргување и бараат проверка на трансакции реализирани на Македонската берза АД. Дел од поплаките пак, се однесуваат на несогласување со бројот на акции во електронскиот запис во книгите на акции во Централниот депозитар АД.

Обуки

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на РМ Проф.Д-р Весна Пендовска на 30 март 2007 на 69 лица им врачи уверенија за положен брокерски испит. Станува збор за група кандидати кои ги посетуваа обуките што Комисијата ги спроведе во периодите јануари/февруари и октомври/ноември 2006 година. Честитајќи им за завршената обука и за вложениот труд, Проф.Д-р Весна Пендовска ги повика идните брокери на фер работа и на професионален однос со клиентите. Ги предупреди дека токму тие заедно со инвестиционите советници кои ја следат Првата обука треба да им помагаат на потенцијалните инвеститори при носењето правилна, вистинска и профитабилна одлука за вложување на својот капитал, што позитивно ќе влијае врз целокупната економија во државата.

Семинари и конференции

Претставници на Комисијата за хартии од вредност учествуваа на осмата годишна конференција што се одржа во периодот од 29-31 март во Охрид, а ја организираше Македонската берза АД Скопје. На овој форум на кој беше собрана балканската брокерска и берзанска елита се дискутираше за состојбите, проблемите, идеите и решенијата на клучните прашања актуелни за македонскиот финансиски пазар, а особено за индустријата на хартии од вредност. Дводневната конференција беше исклучителна можност на едно место да се соочат ставовите на финансиските посредници, на инвеститорите, на котираните компании , на регулаторите и на организаторите на пазарот на хартии од вредност.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во февруари вкупно активни акционерски друштва се 152.

Дозволи за работа на брокер

Во текот на месецот, Комисијата за хартии од вредност позитивно одлучи по 3 (три) барања за давање дозвола за работа на брокер.

Согласности за субјектите кои се предмет на супервизија на КХВ

Комисијата за хартии од вредност даде согласност Зоран Мајнов да биде именуван за директор на брокерската куќа Еуро Брокер АД Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во март вкупно активни акционерски друштва се 152.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за контрола на пазарот на капитал постапуваше по 6 (шест) барања за заштита на акционерски права.

Обуки

На 10 февруари започна Првата обука на кадри за инвестициско советување.На свеченото отворање на обуката говореа Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Проф.Д-р Весна Пендовска, Министерот за финансии Проф.Д-р Трајко Славески и раководителот на проектот и член на КХВ Проф. Д-р Владимир Филиповски. Поради големиот интерес на кандидатите, обуката е организирана во две групи. Првата обука за инвестициски советници ја следат вкупно 123 лица.

Меѓународни активности

Во февруари, Комисијата за хартии од вредност ја достави Нацрт-Стратегијата за зајакнување на улогата и работата на КХВ до Светската банка. Овој стратешки документ е резултат на повеќемесечната соработка на КХВ со светските банкари. Во неа се идентификувани учесниците на пазарот на капитал и областите за кои постои најголема веројатност да бидат извор на прекршувања на прописите за работењето со хартии од вредност и на измами. Главната цел е - да им се застане на патот на прекршителите на законот, да се намалат можностите за ценовни манипулации и да се зајакне супервизорската улога на Комисијата.Стратегијата, особено внимание посветува на зголемување на транспарентноста и обелоденувањето на податоците од Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување. Исто така, акцент се става и на кадровската екипираност на регулаторот. Досегашната соработка на Комисијата за хартии од вредност со УСАИД, како и натамошните проекти кои нашата институција ќе ги имплементира во иднина беа тема на неформалниот разговор на Претседателот на КХВ Проф.Д-р Весна Пендовска со новиот директор на Мисијата на УСАИД (Агенција на САД за Меѓународен развој) во Македонија Патриша Рајдер. Оваа средба беше остварена на приемот што го организираше Амбасадорот на САД во Рeпублика Македонија Џилијан Миловановиќ по повод пристигнувањето на госпоѓата Патриша Рајдер. Комисијата за хартии од вредност во февруари му беше домаќин на консултатот John Moon, кој во моментов работи како Директор на Секторот за истраги во една од најголемите инвестициски банки во САД - од UBS Investment Bank. Експертот Moon и тим од КХВ развија концепт и ги утврдија основните принципи, односно предуслови за издавање, тргување, клиринг и порамнување на деривативни финансиски инструменти во РМ. Техничката помош од консултантот John Moon беше овозможена на барање од Комисијата, а во соработка со проектот на USAID за услуги во доменот на финансиските пазари - Financial Services Volunteer Corps.

Дозволи за брокери

Комисијата издаде една дозвола за работење на брокер.

Усогласување со Законот за хартии од вредност

Централниот депозитар за хартии од вредност со Законот за хартии од вредност ги усогласи следните акти: а) статутот; б) правилата за работа; в) правилата за членство; г) правилата за однесување и дисциплина; д)правилата за арбитража на ЦДХВ и Берза. Со овие акти се обезбедува уште поголема заштита на инвеститорите, се регулира однесувањето на членките на ЦДХВ, се утврдуваат условите за прием во членство во депозитарот, се доуредува начинот на разрешување на споровите и.т.н. Македонската берза АД Скопје ги усогласи, а Комисијата за хартии од вредност даде виза на : а) Правила за членство и б) Правила за однесување и дисциплина на Македонската берза АД Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јануари во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност се водеа 157 акционерски друштва. Овие акционерски друштва по своето основање издале хартии од вредност по пат на јавна понуда или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери, или се котирани на берза.

Супервизорски (надзорни) активности на КХВ

Комисијата за хартии од вредност издаде две согласности за директори на дирекции за работа со хартии од вредност и тоа: 1.Викторија Трајчова Недановска да биде директор на Дирекцијата за работи со хартии од вредност и брокерско - посреднички услуги на Стопанска Банка АД Скопје; 2.Василка Николовска да биде именувана за директор Дирекцијата за работа со хартии од вредност на ТТК Банка АД Скопје.

Спроведени контроли

Во текот на јануари 2007 година, Комисијата за хартии од вредност изврши 1 (една) вонредна контрола над овластен учесник на берзата.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за контрола на пазарот на капитал постапуваше по 5 (пет) барања за заштита на акционерски права.

Обуки

Од 10 јануари до 26 истиот месец траеше пријавувањето на заинтересираните кандидати за следење на Првата обука на кадри за инвестициско советување, чиј старт е на 10 февруари. Интересот за професијата инвестициски советници е голем, па бројот на пријавени кандидати ја надмина предвидената квота од 30 лица. Пријавени се вкупно 123 кандидати. Комисијата за хартии од вредност на РМ ги подели во две групи, едната од 62 , а втората од 61 лице. Инвестициските советници на стручен и високо професионален начин ќе обезбедуваат услуги за своите клиенти поврзани со управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент и инвестициско советување.

Меѓународни активности

По сугестија на претставникот на Светска Банка, а во соработка со ФСВЦ, во периодот од 15-19 јануари 2007 година КХВ беше домаќин на полскиот експерт Кристоф Грабовски, кој како волонтер на ФСВЦ беше ангажиран да изврши скенирање на македонската регулатива за пазарот на хартии од вредност, по што неговите предлози за унапредување на работата и активностите на КХВ станаа дел од Стратегијата за зајакнување на улогата и работата на нашата институција.

Подзаконски акти кои произлегуваат од законите во надлежност на КХВ

По јавната расправа, каде јавноста имаше можност да ги каже своите забелешки и сугестии, Комисијата за хартии од вредност во март го усвои Правилникот за содржината, начинот и роковите за поднесување на барање за изземање од обврската на акционерско друштво со посебни обврски за известување за доставување на годишен, полугодишен, тримесечен и тековен извештај на акционер и на друго заинтересирано лице. Исто така, КХВ во март ги разгледа и следните предлог-Правилници: 1. Предлог Правилникот за известување од страна на акционерско друштво со посебни обврски за известување за стекнати односно оттуѓени хартии од вредност на правни или физички лица; 2. Предлог Правилникот за определување на дополнителните податоци што се поднесуваат со барањето за дозвола за основање на берза и за постапката на донесување на одлука во врска со барањето; 3. Предлог Правилникот за определување на дополнителни услови во врска со дозволените методи за тргување со хартии од вредност; 4. Предлог Правилникот за определување на други дополнителни критериуми кои треба да ги исполни членка на берзата, а кои не се определени во ЗХВ и Правилата за членство на берзата; 5. Предлог Правилникот за начин на водење и одржување на одделни податоци за работењето на берзата; Овие Предлог-правилници одат на јавна расправа. Јавната расправа се обезбедува преку веб страницата www.sec.gov.mk на Комисијата за хартии од вредност.

Решенија за емисии на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Комерцијално Инвестициона Банка АД Куманово и даде одобрение за издавање на седма емисија на акции. Со ова, КИБ АД Куманово доби дозвола да издаде 215.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 1.720 денари по акција, односно со вкупен износ од 369.800.000 денари. Емисијата се реализира по пат на приватна понуда. Купувач на акциите е Milestone Ehf. Iceland. Комисијата за хартии од вредност на друштвото за осигурување Сигма АД Скопје му ја одобри третата емисија на 300.000 обични акции, со вкупна вредност од 3.000.000 евра. Оваа приватна понуда е наменета за институционалниот инвеститор - Анонимно друштво за осигурување ,,Голема сигурност" АД Тирана, Република Албанија. Беше одбиено барањето на Фруктал Мак АД Скопје за давање одобрение за издавање акции од трета емисија по пат на јавна понуда, бидејќи за оваа емисија нема согласност од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кој е сопственик на приоритетни акции во Фруктал Мак АД Скопје.

Одобренија и согласности на инвестициски фондови

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) даде дозвола за основање на друштвото за управување со фондови, Мој Фонд АД Скопје. Основачи се пет физички и едно правно лице, сите од Република Македонија. Основната главнина на друштвото изнесува 100.000 евра. Предвидено е друштвото да основа и да управува со еден отворен инвестициски фонд. Ова е трето друштво за управување со фондови во земјава и со неговото основање се очекува да се зголеми конкурентноста во инвестициското работење на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Дозволи за инвестициски советници

КХВ во март ги даде првите дозволи за работење на инвестициски советници. Станува збор за седум лица кои претходно ја следеа Првата обука за инвестициски советници и се стекнаа со уверение за положен стручен испит за инвестициско советување: 1. Методи Мајнов; 2. Кирил Колемишевски; 3. Милан Димитриоски; 4. Ѕвонко Станковски; 5. Бојан Цветковски; 6.Гоце Мартиноски; 7.Дарко Јованоски; Со добивањето на лиценца за работа, пазарот се здобива со нов профил на кадри, чија работа ќе се базира на експертиза, умешност за добри проценки за идното движење на пазарот и на цврсто почитување на етичките норми. Инвестициските советници се очекува на граѓаните да им помагаат при носење на одлуки за инвестирање.

Дозволи за брокери

Во март КХВ даде осум дозволи за работење на брокер и тоа на: 1. Елизабета Кочовска-Ицева; 2. Мирјана Наумоска; 3. Бојан Филиповски; 4. Шахине Ајдини; 5. Александар Андреев; 6. Димитар Танчев; 7. Радмила Ѓорѓиевска; 8. Ана Софијанова;

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во март вкупно активни акционерски друштва беа 141. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Согласности за субјектите кои се предмет на супервизија на КХВ

Комисијата за хартии од вредност даде согласност на измените и дополнувањата на Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје. Со нив, освен четирите суперкотирани компании (Бетон, Инвест банка, Комерцијална банка и Топлификација) отсега, и останатите триесет и четири котирани друштва ќе мораат да објавуваат целосни консолидирани ревидирани финансиски извештаи и тоа: Ревизорско мислење, Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за паричните текови, Извештај за промените во капиталот и Белешки кон финансиските извештаи. Оваа обврска друштвата се должни да ја исполнуваат во рок од 30 дена по усвојувањето од Собранието на акционери. Преку објавување на целосни консолидирани ревидирани финансиски извештаи ќе се зголеми транспарентноста, а инвеститорите ќе имаат повеќе информации за друштвата.

Супервизорски (надзорни) активности на КХВ

Комисијата за хартии од вредност издаде две согласности за директори на брокерски куќи и тоа: Васко Митев да биде директор на брокерската куќа Илирика Инвестментс АД Скопје, а Искра Костова да раководи со брокерската куќа Бро Дил АД Скопје.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во март секојдневно on-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе една редовна контрола.

Санкции

а) Брокерски куќи Комисијата за хартии од вредност (КХВ), по неколку извршени контроли, изрече санкции спрема три брокерски куќи и тоа: -Решение за привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје за кои има добиено дозвола. Временото суспендирање на Иново Брокер АД Скопје е резултат на тргување со налози со истечен рок на важност. -Решение за Инвестброкер АД Скопје да ги отстрани утврдените неправилности и незаконитости со кое ја задолжи брокерската куќа во рок од 90 дена од денот на добивањето на решението да ја усогласи структурата на средствата на основната главнина согласно Законот за хартии од вредност; -Решение за јавна опомена на Дирекцијата за работа со хартии од вредност на ТТК банка АД Скопје, поради неправилност при водење на книгата на налози за блок трансакции.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во март, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 8 (осум) барања за заштита на акционерски права. Најголем број од акционерите не се согласуваат со бројот на акции кои се водат во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Меѓународна соработка

Во март, претставници на Комисијата за хартии од вредност одржаа серија работни состаноци со експерти од Светската банка одговорни за пазарот на хартии од вредност во врска со PDPL-3 аранжман и FINANCIAL SECTOR ASSESSMENT PROGRAM. На средбите се дискутираше за законската регулатива што ја спроведува КХВ, за дел од правилниците кои произлегуваат од Законот за девизно работење, како и за усогласеноста на регулативата со принципите на IOSCO. Претставниците на Комисијата пред експертот му ја презентираа структурата на пазарот на хартии од вредност во Македонија, постапката за издавање нови хартии од вредност, платниот систем поврзан со клирингот и порамнувањето, како функционираат Берзата и ЦДХВ, кои се ризиците при непорамнети трансакции, како КХВ соработува со странските регулатори итн. Екпертот од Светската Банка реализираше и повеќе работни состаноци со претставници од депозитна банка, друштво за управување со инвестиционен фонд, УСАИД Проектот за деловно опкружување и др. Од страна на светскиот банкар беше оценето дека Комисијата за хартии од вредност ги исполнува условите за пристапување кон потпишување на MMOU--то на IOSCO. Во однос на имплементирањето на методологојата за супервизија базирана на ризик, беше оценето дека тоа е подолгорочен процес на кој КХВ треба да работи во иднина, користејќи слични странски искуства и решенија.

Преземања на акционерски друштва

Комисијата за хартии од вредност и издаде дозвола на ИНГРА ДД Загреб, Република Хрватска да даде понуда за откуп на обичните акции издадени од АДГ Маврово-Скопје. Понудата за откуп на акции се однесува за 154.210 обични акции на АДГ Маврово-Скопје.Тоа значи дека сите акционери кои поседуваат акции со право на глас во скопската градежна компанија можат да му ги продадат на хрватскиот инвеститор. ИНГРА ДД Загреб од Република Хрватска се обврза да ги откупи хартиите од вредност по цена од 2.500 денари. За понудата да биде успешна, потребно е ИНГРА ДД Загреб да откупи 50.889 обични акции, со што, заедно со претходно стекнатите акции, хрватската компанија ќе поседува 51% од вкупниот број на издадени обични акции.

Одобренија и согласности на брокерски куќи

КХВ даде дозвола за работа на брокерската куќа ЕУРОХАУС АД Скопје. Оваа брокерска куќа е регистрирана со основна главнина од 150.000 евра во денарска противвредност, поделена на 150.000 обични акции со номинална вредност од едно евро по акција. Согласно член 94 од Законот за хартии од вредност, оваа членка на пазарот на капитал ќе купува и ќе продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, ќе управува со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент, ќе дејствува како покровител при котација и ќе има можност да врши инвестициско советување.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во април вкупно активни акционерски друштва беа 140. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Супервизорски (надзорни) активности на КХВ

Комисијата за хартии од вредност издаде согласност за директор на брокерската куќа ЕУРОХАУС АД Скопје да биде Сашо Дракуловски. Согласно Правилникот за начинот и постапката на давање согласност за именување директор на овластено правно лице за вршење услуги со хартии од вредност, Комисијата за хартии од вредност спроведе интервју со предложениот кандидат за директор на овластеното правно лице. По спроведеното интервју со лицето Сашо Дракуловски беше оценето дека кандидатот располага со соодветно познавање на постојните прописи од областа на хартиите од вредност и финансиите, познавање на акционерството и берзанското работење. Врз основа на тоа, Комисијата за хартии од вредност донесе одлука да се даде согласност Сашо Дракуловски да биде именуван за директор на брокерската куќа Еурохаус АД Скопје.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во април секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 4 ( четири) редовни контроли.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во април , Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 10 (десет) барања за заштита на акционерски права.

Меѓународна соработка

Во април , претставници на Комисијата за хартии од вредност учествуваа на обука во организација на Комисијата за хартии од вредност на САД (USSEC) во рамките на Меѓународниот институт за развој на пазарите на хартии од вредност. Обуката се одржа во периодот од 07 до 17 април, 2008 година во Вашингтон-САД, а по истата во периодот од 21 до 23 април беа организирани посети на берзите во Њујорк и Чикаго. Програмата на обуката, беше конципирана на начин што овозможи учесниците да се запознаат со регулативата, организацијата и со функционирањето на пазарот на хартии од вредност во САД. При тоа, со агендата беа опфатени следните теми: - правна рамка за развој на пазарот на капитал; - предизвиците на регулативата во пазарите во развој; - пазарни манипулации: од перспектива на ФИНРА; - интервју и процедури и техники за сведочење; - структурата на пазарот на хартии од вредност во САД; - инсајдерско тргување; - брокер дилери; - инвестициони фондови; - соработка помеѓу регулатори и овластените учесници на пазарот на хартии од вредност; - измами преку интернет; - порамнување, правни лекови и казни; - регулативата за пазарот на хартии од вредност; - супервизорски и стандарди за услогасување на брокер дилерите; - пазарна микроструктура на пазарите во развој; - управување со ризик од страна на брокер дилерите; - етика; - техники за надзор на пазарот на хартии од вредност; - процес на обелоденување; - ревизија и сметководстевни измами; - измами при финансиско известување; - хеџ фондови: Што ги плаши регулаторите и што може да направиме во врска со тоа? - инвестиционен менаџмент; - надзор над инвестиционите советници; - агенции за рангирање на хартиите од вредност; - корпоративно управување; - кризи на пазарот на хартии од вредност; - развој на пазарот на хартии од вредност: Панел дискусија; - едукацијата на инвеститорите; - стратегии за регионализација на пазарите во развој; - меѓународна соработка; Во рамките на програмата беа организирани и неколку работилници, како на пример за enforcement во пазарите на хартии од вредност, контрола над инвестиционите советници со решавање на случаи за конкретни повреди на регулативата и кодексите за однесување.

Подзаконски акти кои произлегуваат од законите во надлежност на КХВ

По јавната расправа, каде јавноста имаше можност да ги каже своите забелешки и сугестии, Комисијата за хартии од вредност во мај ги усвои следните Правилници: 1. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за времето и начинот на обелоденување на ценовно чувствителни информации на акционерско друштво со посебни обврски за известување; 2. Правилник за известување од страна на акционерско друштво со посебни обврски за известување за стекнати односно оттуѓени хартии од вредност на правни или физички лица; 3. Правилник за определување на дополнителните податоци што се поднесуваат со барањето за дозвола за основање на берза и за постапката на донесување на одлука во врска со барањето; 4. Правилник за определување на други дополнителни критериуми кои треба да ги исполни членка на берза, кои не се определени во Законот за хартии од вредност и правилата за членство на берза; 5. Правилник за определување на дополнителни услови во врска со дозволените методи за тргување со хартии од вредност; 6. Правилник за начинот на водење и одржување на одделни податоци за работењето на берзата; 7. Правилник за начинот и постапката на издавањето, понудата и продажбата на деривативни финансиски инструменти на примарниот пазар, тргувањето со деривативните финансиски инструменти на секундарниот пазар и порамнувањето и утврдувањето на овие трговски трансакции. Исто така, КХВ во мај ги разгледа и следните предлог-Правилници: 1.Предлог-Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за обука и полагање на стручен испит за работење со хартии од вредност ; 2.Предлог-Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за добивање дозвола за основање на депозитар на хартии од вредност; 3.Предлог-Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката на давање согласност за именување на директор на депозитар на хартии од вредност; 4. Предлог -Правилникот за формата и содржината на годишните, полугодишните, тромесечните и тековните извештаи, резимето од годишните извештаи, материјали за акционерски собранија на акционерските друштвата со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност; Овие Предлог-правилници одат на јавна расправа. Јавната расправа се обезбедува преку веб страницата www.sec.gov.mk на Комисијата за хартии од вредност.

Решенија за емисиja на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност во мај ја одобри првата емисија на обврзници на НЛБ Тутунска АД Скопје по пат на јавна понуда. Банката издаде 12.000 обврзници со вкупна вредност од 12.000.000 евра. НЛБ Тутунска АД Скопје ги издава обврзниците за потребите на управување со структурна ликвидност, обезбедување долгорочни извори на финансирање на активностите на банката и управување со каматните ризици. Ова е прва емисија на корпоративни обврзници во Република Македонија што се реализира како јавна понуда. Исто така, во мај Комисијата за хартии од вредност го одби барањето за давање одобрение за издавање на втора емисија на акции од Друштвото за осигурување Граве АД Скопје.

Преземања на акционерски друштва

Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на обичните акции издадени од АДГ Маврово- Скопје дадена од ИНГРА д.д Загреб, Република Хрватска. Вкупно 372 акционери прифатиле своите акции што ги имале во АДГ Маврово-Скопје да ги продадат по цена од 2500 денари по акциja. На тој начин, хрватската ИНГРА се стекна со 109.913 обични акции, кои обезбедуваат учество од 52,08% од акциите со право на глас од скопската градежна компанија. Земајќи ги предвид и 56.802 обични акции што хрватскиот инвеститор претходно ги поседуваше во АДГ Маврово-Скопје, ИНГРА д.д Загреб вкупно ќе има 166.715 обични акции, односно 79,01% од акциите со право на глас издадени од АДГ Маврово- Скопје. Тоа значи дека хрватска ИНГРА успешно го презема АДГ Маврово.

Одобренија и согласности на брокерски куќи

Делта Брокер АД Скопје и Нови Триглав АД Скопје се двете нови брокерски куќи кои добија дозвола за работа од Комисијата за хартии од вредност. -Делта Брокер АД Скопје е регистрирана со основна главнина од 75.000 евра, поделена на 1000 обични акции со номинална вредност од 75 евра по акција. Согласно член 94 од Законот за хартии од вредност, оваа членка на пазарот на капитал ќе купува и ќе продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, ќе дејствува како покровител при котација и ќе има можност да врши инвестициско советување. Директор на Делта Брокер АД Скопје ќе биде Оливера Клинчарова. -Нови Триглав АД Скопје има основна главнина од 160.000 евра во денарска противвредност, поделена на 20.000 обични акции со номинална вредност од 8 евра по акција. Овој овластен учесник на пазарот ќе ги врши истите услуги како и Делта Брокер АД Скопје, односно ќе купува и ќе продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, ќе дејствува како покровител при котација и ќе има можност да врши инвестициско советување. Со Нови Триглав АД Скопје ќе раководи Александар Домазетовски.

Одобренија и согласности на инвестициски фондови

Комисијата даде дозвола за основање на друштво за управување со фондови КД фондови АД Скопје. Основачи на КД фондови АД Скопје се едно странско правно лице-КД Склади дружба за управљање д.о.о.Љубљана и две физички лица од Република Македонија. Основната главнина на друштвото изнесува 150.000 евра. Предвидено е друштвото да основа и да управува со два отворени инвестициски фонда. Со основањето на новото друштво за управување со фондови се зголемува конкурентноста во инвестициското работење на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Дозволи за брокери

Беа издадени девет дозволи за работење на брокер и тоа на: 1. Катерина Лалевска; 2. Александар Домазетовски ; 3.Китановски Сашо; 4. Јован Лалевски; 5. Новеска Гордана; 6. Проданоска Емилија; 7. Златко Нестороски; 8. Ивановски Васил; 9. Ивановска Надица;

Дозволи за инвестициски советници

Беа издадени шеснаесет дозволи за работење на инвестициски советници.И тоа на: 1. Емилија Вукиќевиќ; 2. Јанка Димитрова; 3. Аврамска Тања; 4. Каркинска Весна; 5. Сашо Милев; 6. Коста Костадиновски; 7. Кирил Настоски; 8. Ангелина Богдановска; 9. Благица Зографска; 10. Андреј Пулејков; 11. Гоце Новачевски; 12. Зорица Петкова; 13. Емилија Брљамова; 14. Зоран Колев; 15. Стојанчо Рибарски; 16. Оливера Клинчарова;

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во мај вкупно активни акционерски друштва беа 140. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Санкции

а) Акционерски друштва -На барање на Државното правобранителство на РМ, Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое на Свисслион Д.о.о Скопје му се забранува да располага, отуѓува, оптоварува, реализира заложно право и му се ограничува правото на глас на 5339 акции кои ги има во Агроплод АД Ресен, се до правосилноста на пресудата во судската постапка што се води пред Основниот суд Скопје 2. Имено, Државното правобранителство има поднесено тужба против Свисслион Д.о.о Скопје за утврдување ништовност на склучениот договор со Министерството за економија за продажба на 5339 акции од Агроплод АД Ресен. - Комисијата за хартии од вредност побара од Централниот регистар на РМ да го поништи решението за упис на присоединување на Микрогранулат АД Тетово кон Карпош -Предилница АД Крива Паланка. Истовремено, КХВ донесе решение со кое Карпош-Предилница АД Крива Паланка и одговорното лице се задолжуваат да извршат поништување на регистацијата. Комисијата за хартии од вредност и наложи на Македонската берза АД Скопје времено да го прекине тргувањето со акциите на Карпош-Предилница АД Крива Паланка, а на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје времено да не врши нетрговски преноси на акциите на Карпош-Предилница АД Крива Паланка.

Супервизорски (надзорни) активности на КХВ

Комисијата за хартии од вредност даде согласност на новите Тарифници за висината на надоместоците што ги наплатуваат Македонската Берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, со што се намалуваат провизиите кои ги плаќаат клиентите. Тоа значи дека поефтинува тргувањето на македонскиот пазар на хартии од вредност. Берзата и Депозитарот ги намалија надоместоците за своите услуги, откако КХВ од нив побара да ја преиспитаат нивната висина и да извршат корекција. Со овој потег, Берзата и Депозитарот ја следат политиката на КХВ која ги намали надоместоците што таа ги наплатува за околу 30 проценти. Новите тарифници на Берзата и на Депозитарот се применуваат од 1 јуни, а ќе важат до 1 октомври, по што повторно ќе се направи анализа на пазарот за да се утврдат ефектите од целокупното поефтинување на услугите и ќе се преиспитаат можностите за ново намалување на надоместоците.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во мај, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 6 (шест) барања за заштита на акционерски права.

Меѓународна соработка

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова учествуваше на 33-тата Годишна конференција на Меѓународната организација на Комисиите за хартии од вредност (IOSCO) што се одржа од 26-29 мај во Париз, Република Франција. Оваа конференција на едно место ги собра сите регулаторни тела од светот, како и членовите на меѓународната финансиска заедница. На годишната конференција на IOSCO учествуваа повеќе од 750 делегати ширум светот, вклучително и претставници од над 100 земји. Целокупната финансиска индустрија дискутираше за случувањата на пазарите на капитал во светот и за предизвиците што престојат. Наредната 34-та конференција на IOSCO ќе се одржи во јуни во Тел Авив, Израел.

Останати активности кои произлегуваат од законите во надлежност на КХВ

Комисијата за хартии од вредност го донесе Годишниот извештај за работењето на КХВ во деловната 2007 година, заедно со ревидираните финансиски извештаи кои се во согласност со меѓународните стандарди.

Подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност усвои два Правилника и тоа : -Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржина на месечниот извештај за работењето на депозитар на хартии од вредност и - Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржина и рокови за поднесување извештаи за работењето на берза Правилниците се од времен карактер со важење од 90 дена. Двата правилника се објавени на веб-страницата на КХВ на јавна расправа.

Решенија за емисиja на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Клириншка куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје и даде одобрение за издавање на седма емисија на акции. Со ова, КИБС АД Скопје доби дозвола да издаде 1.467 обични акции во вкупен износ од 14.670.000 денари. Емисијата е наменета за познати купувачи-акционерите на друштвото. Исто така, беше дадено одобрение на Извозна и кредитна банка АД Скопје да продава сопствени акции по пат на приватна понуда. Станува збор за 1.051 обични акции по продажна цена од 49.000 денари по акција, односно вкупната продажна вредност изнесува 51.499.000 денари.

Одобренија и согласности на инвестициски фондови

Во јуни , Комисијата даде дозвола за основање на друштво за управување со фондови Сава Инвест АД Скопје. Основачи на Сава Инвест АД Скопје се две правни лица - Позаваровалница Сава д.д.Љубљана, Република Словенија и Акционерското друштво за осигурување Сава Табак Скопје. Основната главнина на друштвото изнесува 200.000 евра. Предвидено е друштвото да основа и да управува со три отворени инвестициски фондови. Со основањето на новото друштво за управување со фондови се зголемува конкурентноста во инвестициското работење на македонскиот пазар на хартии од вредност. Сава Инвест АД Скопје e петтo друштвo за управување со фондови во Република Македонија.

Дозволи за инвестициски советници

Беше издадена една дозвола за работење на инвестициски советник. И тоа на Александар Коцаре. Дозволата за работа на лицето Александар Коцаре се дава за период од пет години од денот на издавањето.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јуни вкупно активни акционерски друштва беа 140. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Супервизорски (надзорни) активности на КХВ

Комисијата за хартии од вредност даде согласност на Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во јуни секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 3 (три) редовни и 2(две) вонредни контроли .

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во јуни, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 6 (шест) барања за заштита на акционерски права.

Меѓународна соработка

Во периодот од 23 го 27 јуни 2008 година, претставници на Комисијата за хартии од вредност беа во тридневна посета на Агенцијата за пазарот на хартии од вредност на Република Словенија.Тоа беше добра шанса да се добие јасен преглед за состојбата и за развојот на словенечкиот пазар на хартии од вредност и да се пренесат позитивните искуства , што пак ќе помогне при креирањето на правците за понатамошен развој на македонскиот пазар на капитал. Едукацијата на вработените во КХВ беше финансиски поддржана од страна на USAID/FSVC во Република Македонија. Во истиот период, претстваник на Комисијата за хартии од вредност учествуваше на Регионалниот семинар на хартии од вредност во Софија, организиран од Toronto Centre, а инициран и поддржан од Комисијата за финансиска супервизија на Република Бугарија, во соработка со ATTF,Global Corporate Governance Forum I International Finance Corporation и техничка помош од IOSCO. На семинарот беа потенцирани сите тековни проблеми со кои се соочуваат регулаторите на пазарот на хартии од вредност, како глобални, така и регионални.Посебен акцент беше ставен на овластувањата за супервизија според директивите на Европската унија, соработката меѓу домашните регулатори и со регулатори од други држави , како и специфичните предизвици во случај на пазарна злоупотреба и надзор над друштвата.

Подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност усвои пет Правилници и тоа: 1.Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за обука и полагање на стручен испит за работење со хартии од вредност; 2. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за добивање дозвола за основање на депозитар на хартии од вредност; 3. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката на давање согласност за именување на директор на депозитар на хартии од вредност; 4. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржина на месечниот извештај за работењето на овластено правно лице со дозвола за работа со хартии од вредност; 5 .Правилник за формата и содржината на годишните, полугодишните, тромесечните и тековните извештаи, резимето од годишните извештаи, материјали за акционерски собранија на акционерските друштвата со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност. Пред усвојувањето, правилниците беа на јавна расправа, каде јавноста имаше можност да даде коментари.

Решенија за емисиja на хартии од вредност

а) Одобрени емисии на хартии од вредност - Комисијата за хартии од вредност на Друштвото за осигурување Граве АД Скопје му даде одобрение да издаде 186 обични акции во износ од 186.000 евра. Втората емисија на акции е наменета за единствениот акционер на друштвото, австриската осигурителна компанија Грацер Векселзајтиге. - Во јули беше дадено одобрение Охридска банка АД Охрид да продава сопствени акции по пат на приватна понуда. Станува збор за 1.315 обични акции во вкупна продажна вредност од 10.726.455 денари. б) Одбиени барања -КХВ ги одби барањата за издавање на втора емисија на акции по пат на приватна понуда на брокерската куќа Илирика Инвестментс АД Скопје и на Интернешенел Хотелс АД Скопје. -КХВ го одби барањето на Друштвото за земјоделско сточарство, производство и промет " Гоце Делчев" АД с.Трубарево-Скопје за издавање на трета емисија на акции врз основа на правосилна судска пресуда со која се поништува основот за зголемување на главнината.

Одобренија и согласности на инвестициски фондови

МП Инвест АД Скопје е друштвото за управување со фондови кое во јули доби дозвола за основање од Комисијата за хартии од вредност. Основачи на МП Инвест АД Скопје се Медвешек Пушник ДЗУ Д.Д.Љубљана, Република Словенија и седум домашни и странски физички лица. Основната главнина на друштвото изнесува 200.000 евра. МП Инвест АД Скопје ќе основа и ќе управува со два отворени инвестициски фонда, со што ќе се зголеми конкурентноста во инвестициското работење на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Дозволи за брокери

Во јули беа издадени седум дозволи за брокери. И тоа на: 1. Сашко Милев 2. Грозда Костадинова 3. Кирил Настоски; 4. Драган Илкоски; 5. Филип Петрушевски; 6. Марија Балукоска; 7. Владимир Спасовски;

Дозволи за инвестициски советници

КХВ издаде девет дозволи за работење на инвестициски советници. И тоа на: 1.Ивица Стојановиќ; 2.Цветанчо Димовски; 3.Антигона Буклеска; 4.Елизабета Цветановска; 5.Жарко Атанасовски; 6.Филип Николовски; 7.Даниела Трајковска; 8.Дарко Блажевски; 9.Благој Митров;

прочитај повеќе Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јули, Комисијата за хартии од вредност, врз основа на Законот за хартии од вредност, како и врз основа на Правилникот за начин и време на запишување и бришење на акционерско друштво, содржина и начин на водење, ажурирање на податоците и пристап на јавноста до Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување, изврши бришење на: AT Пролетер АД Скопје и Бетон АД Битола од Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување и изврши запишување на: Агросервис АД Скопје, Благој Туфанов АД Радовиш и ИДЕВЕЛОП АД Скопје.Со тоа, вкупно активни акционерски друштва се 143. Инаку, во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Супервизорски (надзорни) активности на КХВ

Комисијата за хартии од вредност даде согласност за директори на две брокерски куќи и една дирекција за работa со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги. И тоа: - Виктор Мисовски да биде директор на Ауктор Брокери АД Скопје; - Катерина Лалевска да раководи со Битола Брокер АД Битола; - Катерина Нонкуловска да биде именувана за директор на Дирекцијата за работa со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Стопанска Банка АД Скопје.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во јули секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 1 (една) редовна и 2 (две) вонредни контроли.

Санкции

а) Брокерски куќи -Комисијата за хартии од вредност донесе решение за привремена забрана на работењето во времетраење од 30 работни дена на брокерската куќа "Динев Брокер" АД Скопје. Оваа мерка е изречена, откако Комисијата за хартии од вредност изврши вонредна контрола, при што констатира промена во кадровската оспособеност на "Динев Брокер" АД Скопје. Имено, постоечкиот извршен директор кој воедно е и овластен брокер, спогодбено го раскинал договорот за работа и брокерската куќа "Динев Брокер" АД Скопје од 21 јули работи без директор и без најмалку двајца брокери, што е спротивно на Законот за хартии од вредност. - Брокерската куќа ВИП АД Скопје ја задолжи да ја усогласи структурата на средствата на основната главнина на друштвото. КХВ изрече глоба до 5000 евра за ВИП АД Скопје и до 2000 евра за директорот на брокерската куќа; - Брокерската куќа Фершпед АД Скопје ја задолжи во рок од 90 дена да ја усогласи структурата на средствата на основната главнина и за тоа да ја извести Комисијата. б) Акционерски друштва - Поради кршење на Законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата за хартии од вредност на Свисслион ДОО Скопје му го одзема правото на глас и правото на дивиденда на 1356 акции што претставува 6,75 % од вкупниот број на акции со право на глас. - Комисијата донесе решение со кое се одзема правото на глас и правото на дивиденда од 1.699 обични акции со право на глас на "Фустеларко Борец" АД Битола, сопственост на "Мал Метропол" ДООЕЛ Битола, а стекнати спротивно на Законот за преземање на акционерски друштва. Исто така, КХВ изрече глоба до 5000 евра за купувачот на акциите "Мал Метропол" ДООЕЛ Битола и за брокерската куќа "Битола Брокер" АД Битола, а до 2000 евра за одговорните лица на двата субјекти. в) Акционери - Комисијата за хартии од вредност при контрола на начинот на стекнување на акции во Агроплод АД Ресен утврди дека лицето Ѓорѓи Китиновски како поединечен акционер поседува 6.612 обични акции кои претставуваат 32,93 % од вкупниот број на издадени обични акции со право на глас од Агроплод АД Ресен. Комисијата констатира дека Китиновски стекнал над 25 % од акциите, без да даде понуда за откуп што било негова обврска согласно Законот за преземање на акционерски друштва. Ваквото поведение КХВ го санкционира и затоа донесе решение со кое на Ѓорѓи Китиновски му се одзема правото на глас и правото на дивиденда на 1.592 обични акции кои ги поседува во Агроплод АД Ресен. 1.592 обични акции претставуваат 7,93 % од обичните акции со право на глас на друштвото. г) Централен депозитар за хартии од вредност Комисијата за хартии од вредност времено за период од 30 работни дена му ја одзема согласноста на Стеван Шапчески за директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје поради сторени две неправилности и тоа: - порамнување на блок трансакција со акции издадени од ИК банка АД Скопје спротивно на Законот за хартии од вредност и на правилата за работа на ЦДХВ и - неправилно порамнување на трансакција со акции издадени од Македонска берза АД Скопје, односно неосновано одлагање на порамнувањето надвор од законскиот рок врз основа на заклучоци донесени од стечаен судија кои не претставуват дозволен правен основ за ваквото постапување.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во јули, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 10 (десет) барања за заштита на акционерски права.

Меѓународна соработка

Комисијата за хартии од вредност на почетокот на јули 2008 година ја усвои Проценката преку само-оценување за имплементацијата на принципите и целите на Меѓународната Организација на Комисиите за хартии од вредност- IOSCO кои се однесуваат на регулирање на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија согласно IOSCO методологијата, изготвена од страна на Секторот за истражување и развој на пазарот на капитал и меѓународна соработка во КХВ. Оваа проценка преку методологијата на IOSCO, освен што има за цел унапредување на националното законодавство од областа на пазарите на хартии од вредност во секоја земја-членка на IOSCO, за КХВ и Република Македонија претставува одраз на нивото на развој на пазарот на хартии од вредност, неговата организациона, законска и институционална инфраструктура, како и насока за понатамошно усогласување и унапредување. Истовремено, оваа проценка ќе биде од особено значење и за меѓународните оценски мисии кои го следат растот и развојов на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија, како и за заинтересираните странски инвеститори, кои преку истата ќе можат да добијат интергирана слика за регилираноста на пазарот на хартии од вредност во РМ.

Подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност усвои два Правилника и тоа: 1. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржина и рокови за поднесување извештаи за работењето на берза (Службен весник на РМ број 119/2006) по помината јавна расправа на 12-07-2008 година; 2. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржина на месечниот извештај за работењето на депозитар на хартии од вредност (Службен весник на РМ број 6/2007) по помината јавна расправа на 12-07-2008 година;

Решенија за емисиja на хартии од вредност

КХВ ја одобри четвртата емисија на акции на Евроинс осигурување АД Скопје (поранешен Макошпед осигурување АД Скопје). Со оваа емисија се издаваат 557 обични акции и тоа за постојните акционери на друштвото. Продажната цена по акција изнесува 41.500 денари. На Силекс Банка АД Скопје Комисијата и ја одобри тринаесеттата емисија на акции по пат на приватна понуда со која се издаваат 92.038 обични акции со продажна вредност од 43,46 евра по акција. Емисијата на акции на Силекс банка АД Скопје се врши со паричен влог. Купувач на акциите е Централна кооперативна банка АД Софија како институционален инвеститор. НЛБ Тутунска банка АД Скопје доби одобрение од Комисијата да издаде 68.440 обични акции од четиринаесеттата емисија по пат на приватна понуда. Продажната цена е 9.655 денари по акција. Четиринаесеттата емисија на НЛБ Тутунска банка АД Скопје се врши со паричен влог, а акциите кои се издаваат ќе бидат запишани и уплатени од Нова Љубљанска банка д.д Љубљана, како институционален инвеститор. КХВ и ја одобри втората емисија на акции на Брокерската куќа Еуро брокер АД Скопје. Станува збор за 2.277 обични акции, со вкупен износ на емисијата од 227.700 евра. Втората емисија на акции на Еуро брокер АД Скопје се врши од средства на друштвото, односно со преобразба на акумулирана добивка на друштвотo и е наменета за постојните акционери. Друштвото за управување со инвестициони фондови Илирика фунд менаџмент АД Скопје, доби одобрение од Комисијата за издавање на акции од втора емисија по пат на приватна понуда.Се работи за 15.000 обични акции со номинална вредност од 10 евра по акција. Втората емисија на акции на Илирика фунд менаџмент АД Скопје се врши со паричен влог. Купувач на акциите е ARCLIF пословно советовање, д.о.о. од Љубљана, Р. Словенија.

Преземања на акционерски друштва

Комисијата за хартии од вредност и издаде дозвола на Steiermarkische Banka und Sparkassen AG Грац, Република Австрија да даде понуда за откуп на обичните акции издадени од Инвестбанка АД Скопје. Понудата за откуп на акции се однесува на сите 254.362 обични акции со право на глас на Инвестбанка АД Скопје. Тоа значи дека сите акционери кои поседуваат акции со право на глас во банката можат да му ги продадат на австрискиот инвеститор. Steiermarkische Banka und Sparkassen AG Грац, се обврза да ги откупи хартиите од вредност по цена од 9.258 денари по акција. Најмалата количина на обични акции издадени од Инвестбанка АД Скопје која треба да биде прифатена за понудата за откуп да се смета за успешна е 170.423 обични акции со право на глас. Тоа значи дека Steiermarkische Banka und Sparkassen AG Грац треба да откупи минимум 67 проценти од вкупниот број на акции на кои се однесува понудата за откуп. Истовремено, Комисијата за хартии од вредност на Инвестбанка АД Скопје и дозволи на Steiermarkische Banka und Sparkassen AG Грац да и продаде 525 сопствени акции. Австрискиот инвеститор за акциите треба да плати 79.464 евра.

Одобренија и согласности на брокерски куќи и дирекции за работа со хартии од вредност

Статер Банка АД Куманово доби дозвола за работење со хартии од вредност. Согласно Законот за хартии од вредност, преку Секторот за инвестиционо банкарство кој се наоѓа во Скопје, Статер Банка АД Куманово, ќе ги врши сите видови на услуги со хартии од вредност. Секторот за инвестиционо банкарство ќе го раководи Надица Ивановска.

Дозволи за брокери

Во август беа издадени пет дозволи за брокери. И тоа на: 1. Даринка Дамјановиќ; 2. Петар Трпески; 3. Благоја Станоевски; 4. Слободанка Аспровска; 5. Наташа Томоска;

Дозволи за инвестициски советници

КХВ издаде осум дозволи за работење на инвестициски советници. И тоа на: 1. Димче Панов; 2. Зоран Мајнов; 3. Александар Манев; 4. Димче Лазаревски; 5. Гордана Гоџо; 6. Горан Марковски; 7. Леонид Дечев; 8. Сашо Дракуловски;

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во август, вкупно активни акционерски друштва се 143. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Супервизорски (надзорни) активности на КХВ

Комисијата за хартии од вредност даде согласност вршител на должност директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје да биде Даринка Дамјановиќ - раководител на сектор во депозитарот.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во август секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 3 (три) вонредни контроли .

Санкции

а) Акционерски друштва Постапувајќи согласно Законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата го одзема правото на глас и правото на дивиденда на 121 обични акции издадени од издавачот Доматти АД Свети Николе (поранешен Југотутун АД Свети Николе), во сопственост на "РА-КА Траде" ДОО увоз-извоз Скопје, стекнати спротивно на Законот за преземање на акционерски друштва. За овој случај, Комисијата побара дополнителни проверки од Управата за јавни приходи и од Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во август, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. .

Решенија за емисиja на хартии од вредност

Комерцијална банка АД Скопје - Комисијата за хартии од вредност ја одобри петтата емисија на обични акции на Комерцијална банка АД Скопје по пат на јавна понуда. Со оваа емисија, Комерцијална банка АД Скопје ќе издаде 471.000 обични акции. Цената по која хартиите од вредност ќе бидат понудени е 6.515,00 денари по акција. Вкупната вредност на емисијата изнесува 3.068.565.000,00 денари. Јавната понуда ќе се смета за успешна, доколку се запишат и уплатат најмалку 60 % од понудените акции. Инсиг Македонија АД Скопје - КХВ на Друштвото за осигурување Инсиг Македонија АД Скопје му ја одобри третата емисија по пат на приватна понуда. Се работи за 1500 обични акции со вкупен износ на емисијата од 1.500.000 евра. Единствен купувач на акциите е институционалниот инвеститор Институт за осигурување АД Тирана, Република Албанија.

Преземања на акционерски друштва

Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на обичните акции издадени од Инвестбанка АД Скопје дадена од Steiermarkische Banka und Sparkassen AG Грац, Република Австрија. Steiermarkische Banka und Sparkassen AG Грац, Република Австрија се стекна со 243.786 обични акции, кои обезбедуваат учество од 95,84 % од вкупниот број акции со право на глас од Инвестбанка АД Скопје. Согласно законските прописи, Австриската Steiermarkische Banka und Sparkassen AG Грац ја извести Комисијата за хартии од вредност дека понудата за откуп на 254.362 обични акции ја прифатиле вкупно 266 иматели на обични акции кои доставиле изјави за 243,786 обични акции издадени од Инвестбанка АД Скопје и дека понудата за откуп е успешно реализирана. Откупот на хартиите од вредност се изврши по цена од 9.258 денари по акција. Врз основа на известувањето за исходот од понудата за откуп и по целосно утврдување на фактичката состојба, согласно член 43 од Законот за преземање на акционерските друштва, Комисијата за хартии од вредност го донесе решението за успешност на понудата. Со оглед на фактот што Steiermarkische Banka und Sparkassen AG Грац стекна над 95 % од вкупниот број акции со право на глас од Инвестбанка АД Скопје, останатите акционери кои не ја прифатиле понудата имаат можност на австрискиот инвеститор во дополнителен рок да му ги продадат своите акции. Исто така, и Steiermarkische Banka und Sparkassen AG Грац има право да побара од акционерите да им ги откупи акциите, за да поседува 100 % од капиталот на Инвестбанка АД Скопје.

Одобренија и согласности на инвестициски фондови

Комисијата за хартии од вредност даде одобрение за основање на нови пет инвестициски фондови од отворен тип во кои можат да инвестираат сите граѓани и компании.Станува збор за: - Мој Фонд - го основа Друштвото за управување со фондови Мој Фонд АД Скопје; - Сава инвест растечки фонд акции и Сава инвест балансирачки фонд - ги основа Друштвото за управување со фондови Сава Инвест АД Скопје; - КД Брик и КД Јужен Балкан - ги основа Друштвото за управување со фондови КД Фондови АД Скопје. Овие отворени инвестициски фондови ќе прибираат парични средства преку јавен повик за продажба на документи за удел во фондовите и истите ќе ги вложуваат во согласност со Законот за инвестициски фондови, Статутот и Проспектот на фондот. Согласно податоците на Проспектите на фондовите, средствата ќе се инвестираат во: 1.Мој Фонд-претежно во акции на компании и банки кои работат на територијата на Македонија, Србија, Хрватска, БИХ, Бугарија, Словенија и Турција, а ќе инвестира и во земји од ЕУ, Руска Федерација, САД, Кина, Австралија и.т.н. 2.Сава инвест растечки фонд акции- главно во акции на издавачи од Македонија, БИХ, Хрватска, Црна Гора, Србија и Албанија, но и во земјите од ЕУ и ОЕЦД. 3.Сава инвест балансирачки фонд - во различни инструменти на пазарите во Македонија, БИХ, Хрватска, Црна Гора, Србија и Албанија, како и во земјите од ЕУ и ОЕЦД. 4.КД Брик-во хартии од вредност на компании и финансиски институции од земјите на БРИК (Бразил,Русија,Индија и Кина), растечките, развиените и балканските земји. 5.КД Јужен Балкан-претежно во акции на пазарите на хартии од вредност во Македонија, Албанија, Турција, БИХ, Молдавија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора и Романија.

Дозволи за брокери

Во септември беа издадени пет дозволи за брокери. И тоа на: 1.Елена Србиновска; 2.Михајло Ивковски; 3.Бранко Марсениќ; 4.Билјана Митревска; 5.Билјана Станковска - Арсова;

Дозволи за инвестициски советници

КХВ на Васко Митев му издаде дозвола за работење како инвестициски советник.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во септември, вкупно активни акционерски друштва се 141. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Супервизорски (надзорни) активности на КХВ

Комисијата за хартии од вредност даде согласност на измените и дополнувањата на Тарифата на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, со кој дополнително се намалуваат надоместоците што ги наплатува ЦДХВ за порамнување на склучените трансакции, односно наместо 0,125% по трансакција од 1 октомври Депозитарот наплатува 0,1 % по трансакција.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во септември секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 2 ( две ) редовни и 4 (четири) вонредни контроли.

Санкции

а) Брокерски куќи КХВ санкционираше две брокерски куќи и тоа: - "Иново Брокер" АД Скопје- КХВ ја задолжи брокерската куќа да ја усогласи структурата на средствата на основната главнина на друштвото.Исто така , КХВ глоба до 5000 евра за "Иново Брокер" АД Скопје и до 2000 евра за директорот на брокерската куќа. - "Публикум" АД Скопје- КХВ ја задолжи брокерската куќа да ја усогласи структурата на средствата на основната главнина на друштвото.Исто така , КХВ глоба до 5000 евра за "Публикум" АД Скопје и до 2000 евра за директорот на брокерската куќа.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во септември , Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 6 ( шест) барања за заштита на акционерски права.

Meѓународна соработка

Во текот на септември, претставници на Комисијата за хартии од вредност учествуваа на следниве настани: 1) конференција во организација на Комисијата за хартии од вредност на Република Србија на 11 септември 2008 година; 2) дводневна работилница во организација на УСАИД-Проект за деловно опкружување во периодот од 18-20 септември 2008 година; 3) семинар за MiFID Implementation in practice: CEE&SEE кој се одржа од 24-27 септември 2008 година; 4) семинар во организација на IOSCO на тема "Market and liquidity risk", кој се одржа од 29 септември до 03 октомври 2008 година во Мадрид , Шпанија; 5) семинар во организација на Советот на Европа - Комитетот за евалуација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, што се одржа од 30 септември до 04 октомври 2008 година.

Решенија за емисиja на хартии од вредност

Националната групација за осигурување Осигурителна полиса АД Скопје доби одобрение да издаде 47.901 обични акции во износ од 479.010 евра. Оваа трета емисија на акции се реализира по пат на приватна понуда.

Одобренија и согласности на брокерски куќи

Брокерската куќа Нови Триглав АД Скопје која поседува основна главнина од 160.000 евра , освен купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, дејствување како покровител при котација и инвестиционо советување, доби одобрение да може и да управува со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент.

Дозволи за инвестициски советници

Комисијата издаде две дозволи за работа на инвестициски советници. И тоа на: 1. Борка Цветановска; 2. Александар Проданоски

прочитај повеќе Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во октомври , вкупно активни акционерски друштва се 141. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во октомври секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 7 ( седум) редовни и 2 (две) вонредни контроли.

Санкции

а) Брокерски куќи - Комисијата за хартии од вредност донесе решение за одземање на дозволата за работа на КБЦ Секјуритис Скопје АД Скопје, а до надлежниот суд поднесе предлог за отворање на ликвидација.Овој чекор, Комисијата го презема врз основа на донесената одлука за престанување на друштвото и спроведување на постапка за ликвидација од страна на Собранието на акционери на КБЦ Секјуритис Скопје АД Скопје одржано на 26 септември 2008 година и спроведената непосредна вонредна контрола согласно Законот за хартии од вредност од страна на Комисијата за хартии од вредност. Тоа значи дека од 17.10.2008 година КБЦ Секјуритис Скопје АД Скопје престана со работа и нема да може да врши услуги со хартии од вредност предвидени со Законот за хартии од вредност. -Комисијата за хартии од вредност при редовниот надзор на тргувањето на македонската берза и вонредните контроли на налозите и реализацијата на трансакциите утврди дека брокерските куќи Бета брокер АД Скопје и Мој брокер АД Скопје извршиле ценовна манипулација што е забрането дејствие во работењето со хартии од вредност. КХВ констатира дека при реализација на трансакции со обични акции издадени од ЕМО АД Охрид било предизвикано манипулативно зголемување на цената на акциите, со што се создала лажна претстава за таа хартија од вредност на пазарот. Согласно Законот за хартии од вредност за сторените ценовни манипулации, Комисијата на Мој брокер АД Скопје и на Бета брокер АД Скопје им изрече привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност во рок од 30 работни дена, а двете брокерски куќи треба да платат и глоба во висина од 4-5000 евра. Бидејќи двајцата брокери кои ги реализирале трансакциите не се придржувале кон инструкциите дадени од клиентите, КХВ им ја одзема дозволата за работа. Едниот е вработен во брокерската куќа Мој брокер АД Скопје, а другиот во Бета брокер АД Скопје. - Комисијата на Одделот за работа со хартии од вредност на "Охридска банка" АД Охрид поради недоставување извештај за клиент и непоседување на доказ за уредна достава на извештајот му изрече глоба во висина од 4-5000 евра и јавна опомена. б) Акционерски друштва Со оглед на фактот што при присоединување на Микрогранулат АД Тетово кон Карпош-Предилница АД Крива Паланка и регистацијата на акционерското друштво за производство и услуги Карбо-Нова АД Крива Паланка во Централниот регистар на РМ, дошло до зголемување на основната главнина без одобрение од Комисијата за хартии од вредност, КХВ донесе решение со кое се прогласува ништовност на понудата за зголемување на основната главнина на Карпош-Предилница АД Крива Паланка и го задолжи Централниот депозитар АД Скопје да ја врати претходната состојба на акциите.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во октомври, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 9 (девет) барања за заштита на акционерски права.

Обуки

Комисијата за хартии од вредност и Проектот за деловно опкружување на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) од 2 до 4 октомври во Охрид, организираа работилница на тема "Медиумите, информациите за пазарот на капитал и јакнење на корпоративната одговорност". Мотивот за организирање и одржување на ваков вид на работилница (workshop) за новинари од печатените и од електронските медиуми во Република Македонија е динамичниот развој на пазарот на капитал, потребата од следење на глобалните трендови од страна на сите учесници меѓу кои се и новинарите, а се со крајна цел градење на систем на објективно и навремено информирање за глобалните, регионалните и за домашните случувања. Експертите од областа на банкарскиот и финансискиот сектор кои земаа учество, дискутираа за улогата на Комисијата за хартии од вредност како регулатор на пазарот на капитал, за регионалните и за глобалните трендови на пазарот на капитал, за примената на концептот на општествена одговорност на компаниите и за важноста на нивната транспарентност. Учесниците на работилницата потенцираа дека улогата на медимумите е голема врз пазарот на хартии од вредност каде информациите се суштина на сите движења и затоа треба особено да се внимава на изразите и на терминологијата што се користат, како и на начинот на пласирање на информациите. На работилницата беа присутни 21 новинар.

Meѓународна соработка

Meѓународна соработка Во текот на октомври, претставници на Комисијата за хартии од вредност учествуваа на следниве настани: 1. Семинар во организација на IOSCO на тема "The market and liquidity risk" во Мадрид , Шпанија во период од 29 септември до 3 октомври. 2. од 30 септември до 4 октомври во Стразбур, Франција , семинар во организација на Советот на Европа- Комитет за евалуација намеркиет за спречување на перење пари и финансирање на тероризам; 3. 4th Annual PPD in CEE&SEE Conference од 15-17 октомври во Будимпешта, Унгарија. 4. Семинар во организација на Capital Markets Board of Turkey and US Securities and Exchange Commission на тема "Capital MarketDevelopment Enforcement and oversight" во периодот од 20-24 октомври во Истанбул , Турција.

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност ги разгледа предлог Правилникот за дополнување на правилникот за содржина и начин на водење на книгата на налози и предлог Правилникот за дополнување на правилникот за начин на потврдување на прифаќање на налог за тргување. Двата правилника се објавени на веб-страницата на КХВ на јавна расправа.

Решенија за емисиja на хартии од вредност

- Комисијата за хартии од вредност на Друштвото за градежништво Бетон АД Скопје му ја одобри втората емисија на акции која ќе се реализира по пат на приватна понуда. Бетон АД Скопје треба да издаде 21.756 обични акции заради зголемување на основната главнина на компанијата, односно за создавање услови за проширување на пазарот на дејствување на друштвото. Продажната цена е 255,65 евра по акција, така што вкупниот износ на емисијата е 5.561.921,4 евра. Новоиздадените акции се наменети за две правни лица кои не се акционери во Бетон АД Скопје и тоа: Пунта Кресцент Лимитед од Британски Девствени острови и Арровкрест Лимитед од Никозија, Кипар. -Акционерското друштво за производство и промет на вино Винарската визба Тиквеш експорт-импорт АД Скопје доби дозвола да издаде 63.950 обични акции со вкупна вредност од 6 милиони евра. Акциите од втората емисија ќе ги купи Европската банка за обнова и развој, а целта според издавачот е да се модернизира и прошири производството. -КХВ донесе решение со кое на Евроинс осигурување АД Скопје му ја одобри петтата емисија на акции по пат на приватна понуда. Со оваа емисија, Евроинс осигурување АД Скопје ќе издаде 2.786 обични акции. Продажната цена е 41.500 денари по акција, така што вкупната вредност на емисијата е 115.619.000 денари. Зголемувањето на основната главнина на Евроинс осигурување АД Скопје се врши со нови парични влогови, при што купувач на акциите е институционалниот инвеститор Euroins Insurance Group JSC, Етрополе, Република Бугарија. - Комисијата му даде одобрение на Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје да ја издаде втората емисија од 225.000 акции во износ од 2.250.000 евра. Единствен купувач на акциите е Анонимно друштво за осигурување АЛБ Сигурацион АД Тирана, кое е акционер во АЛБСИГ АД Скопје и тоа со учество од 100% во основната главнина на друштвото. -КХВ на Друштвото за осигурување Сигал АД Скопје делумно му го одобри барањето за издавање на втора емисија на обични акции, односно му дозволи да издаде 156 акции по основ на преобразба на статутарната резерва во акционерски капитал. Делот на барањето што се однесува на преобразба на добивката на друштвото за 2007 година КХВ го одби, бидејќи Сигал АД Скопје не издвоило дел од добивката во општиот резервен фонд.

Одобренија и согласности на брокерски куќи

На барање на брокерската куќа ВИП АД Скопје која ги извршуваше сите видови на услуги со хартии од вредност и поседуваше 500.000 евра основна главнина, КХВ дозволи отсега да врши само купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, дејствување како покровител при котација и инвестициско советување за што во секое време ВИП АД Скопје треба да поседува и да одржува 75.000 евра основна главнина.

Дозволи за инвестициски советници

Комисијата издаде една дозвола за работа на инвестициски советник и тоа на лицето Александар Павлески.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во ноември,вкупно активни акционерски друштва се 141. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во ноември секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 5 ( пет) редовни и 2 (две) вонредни контроли.

Супервизорски (надзорни) активности

Комисијата за хартии од вредност даде согласност за директори на една брокерска куќа и една дирекција за работa со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги. И тоа: -Михајло Брова Зиков да биде директор на Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност на Комерцијална банка АД Скопје - Сашо Дракуловски да раководи со брокерската куќа Еурохаус АД Скопје

Санкции

а) Брокерски куќи Комисијата за хартии од вредност при редовниот надзор на тргувањето на македонската берза и контролите на учесниците на пазарот, утврди дека брокерите од брокерската куќа Мој брокер АД Скопје во текот на својата работа не се придржувале кон инструкциите дадени од клиентите и непотребно го одложувале извршувањето на налозите, иако условите на пазарот на хартии од вредност дозволувале нивно реализирање. Согласно Законот за хартии од вредност за сторените повреди, Комисијата на Мој брокер АД Скопје и изрече привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност во рок од 30 работни дена. Исто така, брокерската куќа треба да плати и глоба во висина од 4000 до 5000 евра, а одговорното лице на Мој Брокер АД Скопје казна во износ од 1000 до 2000 евра.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во ноември, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 7 (седум) барања за заштита на акционерски права.

Meѓународна соработка

Во текот на ноември, претставници на Комисијата за хартии од вредност учествуваа на следниве настани: - На годишен состанок на Европскиот Регионален Комитет на IOSCO, кој се одржа ноември во Мадрид-Шпанија во периодот од 01-04 ноември 2008 година. - На тридневен семинар организиран од IOSCO, на тема "Practical approaches to Market Oversight" во Мадрид-Шпанија во периодот од 18 -21 ноември 2008 година.

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност, по претходно спроведена јавна расправа, го усвои Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на Регистер на единствена евиденција на прекршоците, изречените прекршочни глоби (санкции), склучени спогодби за посредување и донесените одлуки од страна на Комисијата за хартии од вредност и начинот на пристап до информациите од Регистерот.

Решенија за емисиja на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое на Граве осигурување АД Скопје му ја одобри третата емисија на акции по пат на приватна понуда. Со оваа емисија, Граве осигурување АД Скопје треба да издаде 2.064 обични акции. Продажната цена е 1.000 евра по акција, така што вкупната вредност на емисијата е 2.064.000 евра. Купувач на акциите е постојниот акционер како институционален инвеститор, Грацер Векселзајтиге, Осигурително Акционерско друштво од Грац, Австрија. -Комисијата и даде одобрение на Националната групација за осигурување АД Осигурителна полиса Скопје да ја издаде четвртата емисија од 110.000 обични акции во износ од 1.100.000 евра. Емисијата е наменета за познат купувач и тоа за институционалниот инвеститор Приватен инвестициски фонд Фишер Делта. -Комисијата донесе решение со кое на Кроација осигурување АД - Друштво за осигурување на живот Скопје и даде одобрение за издавање долгорочни хартии од вредност - втора емисија на 22.500 обични акции во износ од 2.250.000 евра. - Комисијата за хартии од вредност на Друштвото за осигурување Сигал Уника Австрија АД Скопје му даде одобрение да ја издаде третата емисија од 975 обични акции во износ од 1.555.125 евра по пат на приватна понуда. Акциите се наменети за институционалниот инвеститор Сигал Уника Груп Австрија ш.а. Тирана Република Албанија .

Одобренија и согласности на инвестициски фондови

КБ Публикум инвест АД Скопје е новото друштво за управување со фондови кое доби дозвола за основање од Комисијата за хартии од вредност. Основачи на КБ Публикум инвест АД Скопје се Publikum holding ДОО Љубљана, Словенија, Forlex S.R.L.Trieste, Италија, Pom-Invest DD Марибор, Словенија и Комерцијална Банка АД Скопје.Основната главнина на друштвото изнесува 500.000 евра. Согласно статутот на друштвото, предвидено е на почеток, КБ Публикум инвест АД Скопје да основа и да управува со два отворени инвестициски фондови, со што се очекува да се зголеми конкурентноста во инвестициското работење на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Дозволи за брокери

Комисијата издаде една дозвола за работа на брокер и тоа на лицето Цветанчо Димовски.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во декември, вкупно активни акционерски друштва се 141. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во декември секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 5 (пет) редовни и 1 (една) вонреднa контролa. КХВ спроведе редовни контроли и на Македонската берза АД Скопје и на Централниот депозитар за хартии од вредност.

Супервизорски (надзорни) активности

Комисијата за хартии од вредност даде согласност Зоран Мајнов да биде директор на брокерската куќа"Мој брокер" АД Скопје.

Санкции

а) Брокерски куќи - Брокерската куќа"Битола брокер" АД Битола во текот на работењето не ги почитувала Законот за хартии од вредност и правилата за тргување и согласно Законот за хартии од вредност за сторените повреди, Комисијата на"Битола брокер" АД Битола и изрече привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност во рок од 30 работни дена. Освен забраната за работа, брокерската куќа треба да плати и три глоби од по 4000 до 5000 евра, а одговорното лице на"Битола брокер" АД Битола казна во износ од 3.000 до 6000 евра. - Поради сторени неправилности, незаконитости и непочитување на обврските утврдени со Законот за хартии од вредност, брокерската куќа"Илирика инвестментс" АД Скопје заработи глоба од 4000 до 5000 евра и одговорното лице во висина од 1000 до 2000 евра. - Брокерската куќа"Бета Брокер" АД Скопје на Собранието на акционери одржано на 15 декември 2008 година има донесено одлука за престанок на друштвото и спроведување на постапка за ликвидација. Како резултат на таквата одлука, Комисијата за хартии од вредност спроведе непосредна вонредна контрола и согласно Законот за хартии од вредност донесе решение за одземање на дозволата за работа на"Бета Брокер" АД Скопје и решение за исполнување на условите за ликвидација , а до надлежниот суд поднесе предлог за отворање на ликвидација. б) Брокери -Комисијата за хартии од вредност времено за период од 30 работни дена му ја одзема дозволата за работа на овластен брокер вработен во брокерската куќа"Илирика инвестментс"АД Скопје поради сторени неправилности, незаконитости и непочитување на обврските утврдени со Законот за хартии од вредност и со правилата на тргување.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во декември, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 3 (три) барања за заштита на акционерски права.

Соработка со институции од Република Македонија

Комисијата за хартии од вредност во декември склучи Меморандуми за соработка со Управата за финансиска полиција и со Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Овие Меморандуми се во функција на зајакнување на борбата против перењето пари и финансискиот криминал во Република Македонија.Преку размена на информации и податоци се очекува поефикасно да се откриваат сомнителните трансакции од аспект на финансиски криминал, спречување перење пари и финансирање на тероризмот. Меморандумите за соработка ги потпишаа Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова, Директорот на Управата за финансиска полиција Љупчо Стаматовски и Директорот на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам Ване Цветанов.

Meѓународна соработка

Во текот на декември, претставници на Комисијата за хартии од вредност учествуваа на Семинар организиран од страна на FINRA и IOSCO SRO Консултативен Комитет за Регулаторите во растечките пазари, одржан во Вашингтон од 8-10 Декември, 2008 година. На семинарот беа покриени низа регулаторни проблематики од областа на супервизијата на брокерските куќи, како и супервизија базирана на ризици.Исто така беа претставени неколку модели на саморегулирачки организации кои функционираат на некои растечки пазари.

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност, по претходно спроведена јавна расправа, го усвои Правилникот за дополнување на правилникот за содржина и начин на водење на книгата на налози и Правилникот за дополнување на правилникот за начин на потврдување на прифаќање на налог за тргување .

Решенија за емисиja на хартии од вредност

а) Одобрени емисии -Комисијата за хартии од вредност на Друштвото за финансиски лизинг"Евролиз Ауто"АД Скопје му ја одобри втората емисија на акции по пат на приватна понуда. Станува збор за 1000 обични акции во износ од 50.000 евра. Единствениот купувач на акциите е"Еврохолд Бугарија" АД Софија, Република Бугарија. б) Решение за одбивање на барање за издавање на емисија - КХВ согласно Законот за хартии од вредност донесе Решение за одбивање на барањето на Акционерското друштво за осигурување Вардар Скопје за давање одобрение за издавање на втора емисија на долгорочни хартии од вредност. Причина за ваквата одлука е фактот што Акционерското друштво за осигурување Вардар Скопје во определениот рок не постапи по забелешките кои се содржани во посебен акт на Комисијата за хартии од вредност, кој му е доставен на друштвото. В) Прекинати постапки - КХВ донесе заклучок за прекинување на постапката по барањето на Друштвото за градежништво, трговија и услуги КОЗЈАК АД Куманово за давање одобрение за продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда.

Одобренија и согласности на инвестициски фондови

Друштвото за управување со фондови"МП Инвест" АД Скопје на Собранието на акционери одржано на 12 јануари оваа година има донесено одлука за престанок на друштвото и спроведување на постапка за ликвидација. Како резултат на таквата одлука, Комисијата за хартии од вредност согласно Законот за инвестициони фондови донесе решение за одземање на одобрението за основање на "МП Инвест" АД Скопје. Друштвото за управување со фондови"МП Инвест" АД Скопје не управува со ниту еден отворен или затворен инвестициски фонд.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност издаде две лиценци за работа на брокер. И тоа на лицата: 1. Миомир Алексовски; 2. Кристијан Тодоров;

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јануари, вкупно активни акционерски друштва се 138. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во јануари секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 2 (две ) редовни и 2 (две) вонредни контроли.

Супервизорски (надзорни) активности Јосиф Костандиновски именуван за директор на брокерската куќа ”Е

-Јосиф Костандиновски доби согласност од КХВ да биде директор на брокерската куќа"Еуроброкер" АД Скопје. -На барање на брокерската куќа"Еурохаус" АД Скопје ,КХВ дозволи отсега да врши само купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, дејствување како покровител при котација и инвестициско советување за што во секое време "Еурохаус" АД Скопје треба да поседува и да одржува 75.000 евра основна главнина.

Санкции

а) Брокерски куќи Комисијата за хартии од вредност при редовната контрола на брокерската куќа"Поштел Брокер" АД Скопје констатира дека во текот на работењето не ги почитувала Законот за хартии од вредност и правилата за тргување. Утврдено е дека за некои налози кои не биле реализирани, а биле внесени во Бест системот имало услови за реализација, но брокерската куќа ги менувала истите со што оневозможувала нивна реализација. Согласно Законот за хартии од вредност за сторените повреди, Комисијата на "Поштел Брокер" АД Скопје и изрече привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност во рок од 30 работни дена. б) Брокери КХВ донесе решение за привремена забрана од 30 работни дена на овластен брокер од "Поштел Брокер" АД Скопје да врши работи за кои има добиено дозвола, бидејќи при обидот за реализација на еден од налозите се впуштил во наддавање со што ја надминал цената, дадена во налогот од клиентот. в) Македонска берза АД Скопје КХВ изрече јавна опомена на Македонската берза АД Скопје и на директорот поради ненавремено доставување на побарана документација при редовна годишна контрола на работењето на Македонската берза АД Скопје.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во јануари , Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 5 (пет) барања за заштита на акционерски права.

Меѓународна соработка

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева- Кавракова оствари работна средба со Директорот на УСАИД мисијата во Македонија Мајкл Т. Фриц на која беа дискутирани можностите за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете институции за да се зајакне капацитетот на Комисијата за хартии од вредност како независно и самостојно регулаторно тело на пазарот на капитал. Заеднички е констатирано дека преку проектите што КХВ ги имплементира благодарение на безрезервната поддршка од страна на УСАИД се направени сериозни реформски чекори, особено во делот на подобрувањето на транспарентноста на пазарот на хартии од вредност. Преку неа, постои можност за создавање на атрактивна инвестициска клима и за привлекување на домашни и странски инвеститори.

Решенија за емисиja на хартии од вредност

а) Решение за одбивање на барање за издавање на емисија КХВ донесе Решение за одбивање на барањето на Друштвото за градежништво, трговија и услуги Козјак АД Куманово за давање одобрение за продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда. Комисијата го одби барањето, бидејќи Друштвото за градежништво, трговија и услуги Козјак АД Куманово во определениот рок целосно не постапи по забелешките кои се содржани во посебен акт на Комисијата за хартии од вредност, кој му е доставен на друштвото.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во февруари, вкупно активни акционерски друштва се 138. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во февруари секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 2 (две) редовни и 1 (една) вонредна контрола.

Санкции

а) Брокерски куќи Комисијата за хартии од вредност при неколку редовни и вонредни контроли на брокерската куќа"Алта Виста Брокер" АД Скопје констатира дека брокерската куќа не ја одржува висината на основната главнина. Согласно Законот за хартии од вредност, КХВ отпочна постапка за изрекување глоба на брокерската куќа"Алта Виста Брокер" АД Скопје и на одговорното лице. б) Брокери - КХВ изрече санкции за двајца овластени брокери, вработени во"Бро Дил" АД Скопје. На едниот од нив трајно му ја одзема дозволата за работење, а на другиот брокер му изрече привремена забрана од 30 работни дена да врши работи за кои има добиено дозвола.Овој потег КХВ го повлече откако при редовна контрола на брокерската куќа"Бро Дил"АД Скопје утврди дека во текот на работењето не ги почитувала Законот за хартии од вредност и правилата за тргување. Неколку налози биле реализирани по цени пониски од цените определени во налозите од страна на клиентите, што е во спротивност со законските одредби во кои стои дека во текот на својата работа брокерот треба строго да се придржува кон инструкциите дадени од клиентот. - КХВ донесе решение за изрекување јавна опомена на овластен брокер, вработен во Секторот за инвестициско банкарство"Статер Банка" АД Куманово откако при редовна контрола на Секторот за инвестициско банкарство"Статер Банка" АД Куманово утврди незаконитости и непочитување на правилата за работа со хартии од вредност во работењето.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во февруари, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 4 (четири) барања за заштита на акционерски права.

Меѓународна соработка

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Марина Наќева-Кавракова оствари работна средба со директорот на Агенцијата за пазарот на хартии од вредност на Република Словенија Дамјан Жугељ. Оваа средба беше во рамките на официјалната посета на Претседателот на Република Словенија Н.Е. г-дин Данило Тирк на нашата земја што се реализираше на 17 и 18 февруари 2009 година. Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова и директорот на Агенцијата за пазарот на хартии од вредност на Република Словенија Дамјан Жугељ заеднички констатираа дека соработката меѓу двата регулатора и натаму треба да продолжи во сите сфери од заемен интерес, со истото темпо како и досега

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во март , вкупно активни акционерски друштва се 137. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Дозволи за брокери

КХВ издаде една дозвола за брокер и тоа на лицето Јасмина Поповска.

Дозволи за инвестициски советници

КХВ издаде една лиценца за инвестициски советник и тоа на лицето Јасмина Поповска.

Супервизорски (надзорни) активности

Комисијата даде согласност за именување на Иван Штериев за главен извршен директор на Македонската Берза АД Скопје, а на Елена Јакимовска Петровска да биде извршен директор на Македонската Берза АД Скопје.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во март секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 3 (три) редовни и 5 (пет ) вонредни контроли.

Санкции

а) Брокерски куќи Комисијата за хартии од вредност на брокерската куќа Динев Брокер АД Скопје трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност. Истовремено, донесе решение за исполнување на условите за отворање на ликвидација и врз основа на тоа до надлежниот суд ќе поднесе предлог за отворање на ликвидација. КХВ ја изрече оваа мерка, бидејќи брокерската куќа се уште не ги има исполнето континуираните услови за членство на Македонската берза АД Скопје и нема именувано директор со дозвола од Комисијата, поради што Динев Брокер АД Скопје не работи повеќе од шест месеци.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во март, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 10 (десет) барања за заштита на акционерски права.

Соработка со институции од Република Македонија

- Комисијата за хартии од вредност на 25 март 2009 потпиша Меморандум за соработка со Управата за јавни приходи. Овој документ е во функција на зајакнување на борбата против финансискиот криминал и даночното затајување во Република Македонија. Меморандумот за соработка го потпишаа Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова и Директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски. Се очекува преку размена на информации и податоци поефикасно да се откриваат сомнителните трансакции и да се зголеми ефикасноста на супервизорската, односно инспекциската функција на финансиските пазари во Република Македонија. Двете институции ќе ја продолжат и соработката на полето на обуката на вработените и размена на искуства за истражувањата и развојните процеси кои се од заеднички интерес. Потпишувањето на Меморандумот претставува формализирање на соработката на Комисијата за хартии од вредност со Управата за јавни приходи. - Претставници на Комисијата за хартии од вредност учествуваа на серија работилници кои се одржаа во периодот од 16-20 март во Скопје во организација на Британската амбасада во Скопје ,а под покровителство на советникот на Премиерот на РМ за борба против корупцијата Г-ѓа Моника Маковеј.

Меѓународна соработка

Претставници на Комисијата за хартии од вредност во март учествуваа на неколку меѓународни настани: - Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева Кавракова престојуваше во Љубљана-Република Словенија, во периодот од 02-03 март 2009 година. Во текот на посетата беа реализирани повеќе работни состаноци со Агенцијата за пазарот на хартии од вредност на Република Словенија во врска со нивното искуство за супервизија на инвестиционите фондови, останатите овластени учесници на пазарот на хартии од вредност, имплементацијата на европските директиви во областа на пазарот на капитал во нивните законодавства, како и размена на искуства при подготвување на текстот на предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност. - Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова и Секретарот на КХВ Мате Стојановски во периодот од 04-05 март 2009 година година учествуваа на работни состаноци во организација Хрватската Агенција за надзор на финансиски услуги, за размена на искуства при подготвување на текстот на предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност. -Во периодот од 30 март до 01 април 2009 година, во Мадрид, Шпанија се одржа состанокот на членките на Регионалниот европски комитет (ERC) на IOSCO. На состанокот на членките на Регионалниот европски комитет на IOSCO, застапени беа теми од неколку области значајни за регулаторите на Пазарот на хартии од вредност. Работата на состанокот беше организирана во една пленарна сесија , на која беа обработени следниве теми: -Имплементација на Принципите и целите на IOSCO; -Процесот на апликација за потпишување на MMoU од практична гледна точка.

Одобренија за инвестициски фондови

КБ Публикум-Балансиран е новиот отворен инвестициски фонд кој доби одобрение за основање од Комисијата за хартии од вредност согласно новиот Закон за инвестициски фондови. Основач на фондот е Друштвото за управување со фондови КБ Публикум Инвест АД Скопје. Новиот учесник на пазарот на капитал ќе прибира парични средства преку продажба на удели во фондот, а истите ќе ги вложува во согласност со Законот за инвестициски фондови, Статутот и со Проспектот на фондот. Согласно податоците на Проспектот на фондот, средствата ќе се инвестираат во: - акции на друштва од Република Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, БиХ, Украина, Руската федерација, Бразил, Индија, Кина и од земјите членки на ЕУ, Цефта и ОЕЦД; -во должнички и краткорочни должнички хартии од вредност на издавачи од Република Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, БиХ, Украина, Руската федерација, Бразил, Индија, Кина и од земјите членки на ЕУ, Цефта и ОЕЦД; - во депозити кај овластени банки во земјава со рок на достасување помалку од 1 година; -во инструменти на пазарот на пари кои се тргуваат на организирани пазари издадени од издавачи од Република Македонија, како и од државите членки на ЕУ, Цефта и ОЕЦД; -во инвестициски фондови кои претежно инвестираат во акции и во должнички хартии од вредност на издавачи од земјите од Југоисточна Европа, Украина, ЕУ, Цефта, ОЕЦД, Бразил, Кина, Индија, САД и Руската Федерација под услов да не наплатуваат трошоци за управување повисоки од 2,5 %.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во април , вкупно активни акционерски друштва се 137. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Супервизорски (надзорни) активности

КХВ во април даде согласност за директори на неколку брокерски куќи и дирекции за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги. И тоа: - Горан Поповски да биде именуван за директор на Дирекцијата за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Стопанска банка АД Скопје; - Петар Трпески да раководи со брокерската куќа Ауктор Брокери АД Скопје; - Ѓорѓи Игњатов доби согласност за директор на брокерската куќа ВИП АД Скопје и - Влатко Панајотовиќ доби согласност да биде директор на брокерската куќа Пеон Брокер АД Скопје.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во април секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 3 (три) редовни контроли.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во април, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 6 (шест) барања за заштита на акционерски права.

Meѓународна соработка

На први април во Лондон, Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева Кавракова учествуваше на The ICFR inaugural summit кој се одржа во рамките на самитот на Г20 . На конференцијата беше истакнато дека една од мерките за справување со последиците од економската криза и инструмент за спречување на идни потреси на економијата е најразвиените држави да размислат за можноста од интегрирање на регулаторите во небанкарскиот сектор. Беше потенцирано дека интеграцијата би довела до поголема кохезија помеѓу регулаторите и унифицираност на мерките кои се преземаат спрема учесниците на пазарот на капитал.

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност во мај разгледа неколку предлог Правилници и тоа: 1. Предлог Правилник за кадровска, техничка и организациона оспособеност за основање и работење на друштво за управување со инвестициски фондови; 2. Предлог Правилник за начинот, постапката и видот на активности кои може друштвото за управување со инвестициски фондови да ги пренесе на трети лица; 3. Предлог Правилник за постапка, условите и начинот на припојување на отворени инвестициски фондови; 4 .Предлог Правилник за задолжителна содржина, форма и рокови за доставување на извештаи за работењето од страна на инвестициските фондови, друштвата за управување и депозитарната банка; 5. Предлог Правилник за утврдување на вредноста на инвестицискиот фонд и за пресметување на нето вредноста на имотот по удел или по акции во инвестицискиот фонд; Петте правилници се објавени на веб-страницата на КХВ на јавна расправа.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во мај , вкупно активни акционерски друштва се 137. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Супервизорски (надзорни) активности

Комисијата за хартии од вредност не даде согласност на измените и дополнувањата на тарифата за висината на надоместоците на Македонската берза АД Скопје. Со тоа, КХВ не го прифати барањето на Македонската берза АД Скопје да се зголемат дел од надоместоците што таа ги наплатува од учесниците на пазарот и да се воведат нови надоместоци за нови услуги. Комисијата смета дека во услови на светска финансиска криза, со зголемување на надоместоците дополнително би се влошила состојбата на пазарот на хартии од вредност и дестимулативно би влијаело врз инвеститорите. Исто така, берзата би ја намалила својата и онака слаба конкурентност во однос на берзите од регионот.

Санкции

а) Централен депозитар за хартии од вредност Комисијата за хартии од вредност во мај донесе решение за времено отповикување на согласноста на Стеван Шапчески за директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје во траење од 30 работни дена. Оваа санкција, Комисијата ја изрече бидејќи била извршена резервација на хартии од вредност и порамнување на трансакција врз основа на невалидно полномошно. б) Брокерски куќи - Комисијата за хартии од вредност при редовната контрола на брокерската куќа"Илирика инвестментс" АД Скопје констатира дека во текот на работењето не ги почитувала Законот за хартии од вредност и правилата за тргување. Согласно Законот за хартии од вредност за сторените повреди, Комисијата на"Илирика инвестментс" АД Скопје и на директорот им изрече јавна опомена. -КХВ ја задолжи"Публикум" АД Скопје во рок од еден месец да отпочне постапка пред Комисијата за добивање согласност за директор на брокерската куќа и во истиот рок да вработи еден брокер или инвестициски советник. Вакво решение КХВ донесе, бидејќи при вонредна контрола беше констатирано дека брокерската куќа не е кадровски екипирана."Публикум" АД Скопје е веќе санкционирана од страна на Македонската берза АД Скопје поради неисполнување на континуираните услови за членство и од 1 април годинава брокерската куќа не тргува. в) Брокери КХВ трајно им ја одзема дозволата за работење на двајца брокери вработени во брокерската куќа"Иново Брокер" АД Скопје. При вонредна контрола на"Иново Брокер" АД Скопје, утврдено е дека едниот од нив внел налог во Бест системот кој не бил потпишан од страна на клиентот, а другиот брокер го задржал, со што извршиле повреда на правилата за тргување и на Законот за хартии од вредност.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во мај секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 3 (три) редовни контроли.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во мај, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 5 (пет) барања за заштита на акционерски права.

Meѓународна соработка

Комисијата за хартии од вредност и УСАИД - Проект за деловно опкружување на 22 мај 2009 година потпишаа Меморандум за соработка, со што само се формализира и досега успешната соработка меѓу двата субјекта.Меморандумот го потпишаа Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева Кавракова и Директорот на Проектот за деловно опкружување при УСАИД Александар Шахов. Во Меморандумот се прецизирани активности кои заеднички ги спроведуваат Комисијата за хартии од вредност и УСАИД - Проект за деловно опкружување, со цел зајакнување на институционалниот капацитет на Комисијата за хартии од вредност како регулатор на пазарот на капитал. Исто така, КХВ со безрезервна поддршка на УСАИД - Проект за деловно опкружување, работи и на подигање на степенот на знаење на малцинските акционери за заштита на нивните права, на зголемување на транспарентноста на акционерските друштва што се водат во Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување, со што пазарот на хартии од вредност станува поатрактивен за инвеститорите.

Подзаконски акти

-Комисијата за хартии од вредност во јуни го разгледа и го усвои Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на инвестициски фондови во Комисијата за хартии од вредност и начинот на утврдување на идентификациониот број на инвестицискиот фонд.Претходно,овој подзаконски акт беше на јавна расправа каде јавноста имаше можност да ги каже своите забелешки. -Исто така, КХВ во јуни го разгледа Предлог Правилникот за начинот и постапката за вршење контрола и надзор на работењето на инвестициските фондови, друштвата за управување со инвестициските фондови и депозитните банки.Предлог Правилникот е објавен на веб-страницата на КХВ на јавна расправа.

Решенија за емисии на хартии од вредност

- Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое на Акционерското друштво за осигурување Вардар Скопје му даде одобрение да издаде втора емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Со оваа емисија, Акционерското друштво за осигурување Вардар Скопје ќе издаде 45.138 обични акции, во вкупна вредност од 180.552.000 денари. Емисијата се врши заради зголемување на основната главнина на друштвото; - Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое на Друштвото за градежништво, трговија и услуги "Козјак"АД Куманово му даде одобрение за продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда.Се работи за 3.411 обични акции во износ од 5.457.600 денари; - Комисијата за хартии од вредност и даде одобрение на брокерската куќа "Инвестброкер" АД Скопје да ја зголеми основната главнина со издавање на акции од четврта емисија по пат на приватна понуда.Станува збор за 3.560 обични акции во износ од 383.910,4 евра односно 23.577.051,00 денари во денарска противвредност по среден курс на Народна Банка на РМ.

Согласности за директори на брокерски куќи

Во јуни, Комисијата за хартии од вредност даде согласност за директори на три брокерски куќи. И тоа: -Александар Домазетовски да биде именуван за директор на брокерската куќа"Нови Триглав"АД Скопје; -Оливера Клинчарова доби согласност за директор на брокерската куќа"Делта Брокер" АД Скопје и -Кирил Митровски и натаму да раководи со брокерската куќа"Инвестброкер" АД Скопје.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност издаде една дозвола за брокер и тоа на Тања Поповска.

Дозволи за инвестициски советници

Комисијата за хартии од вредност во јуни издаде една лиценца за инвестициски советник и тоа на лицето Велимир Шиповиќ.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јуни, стартуваше проектот за воведување електронско доставување на финансиски извештаи и тековни информации од страна на акционерските друштва со посебни обврски за известување во Регистарот што го води КХВ. За таа намена, КХВ на акционерските друштва им додели корисничко име и лозинка за пристап на веб-страницата на Комисијата на која се објавуваат информации за работењето на компаниите. Воведувањето на електронскиот начин на објавувањето на податоци во Регистарот е овозможено со новата веб-страница на КХВ која е изработена со помош на Проектот за деловно опкружување на УСАИД (БЕА).Со ваквиот начин на доставување на податоци во Регистарот се очекува да се зголеми транспарентноста на пазарот на хартии од вредност, да им се олесни работата на компаниите при доставувањето на финансиските извештаи, а инвеститорите да добијат унифицирани извештаи од кои ќе можат да црпат релевантни информации и податоци. Инаку, во јуни, вкупно активни акционерски друштва се 137. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Супервизорски (надзорни) активности

На барање на брокерската куќа"Ауктор Брокери"АД Скопје која поседуваше 150.000 евраосновна главнина, КХВ дозволи отсега да врши само купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, дејствување како покровител при котација и инвестициско советување за што во секое време"Ауктор Брокери"АД Скопје треба да поседува и да одржува 75.000 евра основна главнина. Тоа значи дека оваа брокерска куќа повеќе нема да управува со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент.

Санкции

а) Брокери Комисијата за хартии од вредност при непосредна контрола на брокерската куќа"Фершпед брокер" АД Скопје констатира дека брокер во текот на работењето не ги почитувал Законот за хартии од вредност и правилата за тргување, односно не биле реализирани три налози во целост и за нив нема склучено трансакции, иако на берзата постоеле пазарни услови за нивна реализација, согласно инструкциите дадени од клиентите. За сторените повреди, КХВ донесе решение за привремена забрана од 30 работни дена на овластениот брокер од"Фершпед брокер"АД Скопје да врши работи за кои има добиено дозвола. б) Акционерски друштва со посебни обврски за известување По спроведување на постапка пред Прекршочната комисија, КХВ им изрече опомена на над 50 акционерски друштва со посебни обврски за известување, бидејќи необјавувале податоци во Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување или пак нецелосно и ненавремено ја исполнувале таквата обврска.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во јуни секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 1(една) редовна и 2 (две) вонредни контроли.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во јуни, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 5(пет) барања за заштита на акционерски права.

Meѓународна соработка

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина-Наќева Кавракова учествуваше на 34-тата Годишна Конференција на IOSCO која се одржa во периодот од 05-11јуни 2009 година воТел Авив, Израел.

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност ги разгледа и ги усвои следните Правилници: - Правилник за кадровска, техничка и организациона оспособеност за основање и работа на друштво за управување со фондови; - Правилник за начинот и постапката за вршење контрола и надзор на работењето на инвестиционите фондови, друштвата за управување со инвестициските фондови и депозитните банки; - Правилник за утврдување на вредноста на инвестицискиот фонд и за пресметување на нето вредноста на имотот по удел или по акции во инвестицискиот фонд; -Правилник за начинот, постапката, и видот на активности кои може друштвото за управување со инвестициски фондови да ги пренесе на трети лица; - Правилник за задолжителната содржина, формата и роковите за доставување на извештаите за работењето од страна на инвестициските фондови, друштвата за управување и депозитарната банка; Претходно,овие подзаконски акти беа на јавна расправа каде јавноста имаше можност да ги каже своите забелешки. Исто така, КХВ ги разгледа и следните Предлог Правилници: -Предлог Правилник за формата и содржината на барањето за добивање на одобрение за избор на депозитарна банка; -Предлог Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на удели во отворениот инвестициски фонд и објавување на податоците од Регистарот на удели; -Предлог Правилник за формата и содржината на проспектот на отворениот и затворениот инвестициски фонд ; -Предлог Правилник за формата и содржината на скратената форма на проспектот на отворениот инвестициски фонд; -- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за вршење контрола на овластени учесници на пазарот за хартии од вредност (Сл. весник на РМ број 6/2007); Овие Предлог-Правилници се објавен на веб-страницата на КХВ за јавна расправа.

Заклучок за прекин на поведена постапка

Набарање на ЗК Пелагонија АД Битола,Комисијата за хартии од вредност донесе заклучок за прекин на постапката по барањето за одобрение за издавање на хартии од вредност по пат на јавна понуда-продажба на сопствени акции од ЗК Пелагонија АД Битола;

Согласности за директори на брокерски куќи

Комисијата за хартии од вредност даде согласност лицето Александар Петрески да биде именуван за директор на брокерската куќа Еуроброкер АД Скопје.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност издаде три дозволи за брокер и тоа на лицата: 1.Винко Наумовски; 2.Флорин Шакири; 3.Александар Петрески;

Дозволи за инвестициски советници

Комисијата за хартии од вредност издаде една лиценца за инвестициски советник и тоа на лицето Атанас Стојчески.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јули/август, вкупно активни акционерски друштва се 137. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Супервизорски (надзорни) активности

КХВ даде согласност на измените на Статутот на друштвото за управување со фондови КД Фондови АД Скопје, како и за именување на извршни членови на Одборот на директори на друштвото.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во јули/август секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 2(две) редовна и 1(една) вонредни контроли.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во јули/август, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 4(четири) барања за заштита на акционерски права.

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност го разгледа и го усвои Правилникот за постапката, условите и начинот за припојување на отворени инвестициски фондови. Претходно,овој подзаконски акт беше на јавна расправа каде јавноста имаше можност да ги каже своите забелешки. Исто така, КХВ ги разгледа и следните Предлог Правилници: -Предлог-Правилникот за потребна документација која се приложува како доказ на условите за именување на членови на управниот одбор односно извршни членови на одборот на директори на друштво за управување со инвестициски фондови; - Предлог-Правилникот за дозволени вложувања, ограничувања на вложувањата и пречекорување на ограничувањата за вложување на имотот на отворен фонд; Овие Предлог-Правилници се објавени на веб-страницата на КХВ за јавна расправа.

Согласности за директори на брокерски куќи

Комисијата за хартии од вредност, даде согласност за директори на две брокерски куќи. И тоа: - Јанка Димитрова да биде именувана за директор на брокерската куќа "Идеја Плус Брокер"АД Радовиш и - Велимир Шиповиќ доби согласност за директор наброкерската куќа "Иново Брокер "АД Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во септември, вкупно активни акционерски друштва се 134. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Санкции

Акционерски друштва со посебни обврски за известување -Поради необјавување на ценовно чувствителна информација од страна на Тутунов комбинат Боро Петрушевски-Папучар АД Куманово, а заради заштита на потенцијалните инвеститори, Комисијата донесе решение со кое се наложува времено да се прекине тргувањето со хартиите од вредност на ова друштво со посебни обврски за известување, како и времено да се забранат нетрговските преноси во период од 30 работни дена. Имено, Тутунов комбинат Куманово нема доставено известување до КХВ дека има статус неактивен во Регистарот на годишни сметки, што е негова законска обврска. - Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое јавно ќе се обелоденат незаконитостите што ги има направено Акционерското друштво за осигурување Вардар Скопје во постапката за издавање на втора емисија на долгорочни хартии од вредност. Имено, друштвото врз основа на неконечно решение ја евидентирало втората емисија на акции, прво во Ценралниот регистар на РМ, а потоа и во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, со што ги повредило одредбите на Законот за хартии од вредност, според кои хартиите од вредност се уплатуваат во рок од 15 календарски дена од конечноста на решението. Централен депозитар за хартии од вредност Поради предвремено евидентирање на втората емисија на акции на Акционерското друштво за осигурување Вардар Скопје, КХВ го санкционираше Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје со мерката-јавно објавување на утврдената неправилност во работењето на ЦДХВ. Брокерски куќи - Комисијата за хартии од вредност на брокерската куќа"Публикум" АД Скопје трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност. Истовремено, донесе решение за исполнување на условите за отворање на ликвидација и врз основа на тоа до надлежниот суд ќе поднесе предлог за отворање на ликвидација. КХВ ја изрече оваа санкција, бидејќи брокерската куќа се уште нема именувано директор со дозвола од Комисијата и не ги има исполнето континуираните услови за членство на Македонската берза АД Скопје. - КХВ и изрече јавна опомена на брокерската куќа"Делта Брокер" АД Скопје и на директорот поради неправилност при одржувањето на основната главнина на друштвото.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во септември секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 2(две) редовни и 1(една) вонредна контрола.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во септември, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 6 (шест) барања за заштита на акционерски права.

Меѓународна соработка

Претставник на Комисијата за хартии од вредност во периодот од 20 - 22 септември во Стразбур, Франција присуствуваше на одбраната на првиот ProgressReportпред 10ptMONEYVAL-Комитетот за евалуација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам при Советот на Европа. Со усвојувањето на Извештајот е потврден евидентниот напредок на Република Македонија преку зајакнување на правната регулатива во оваа сфера и преку зголемување на ефикасноста на системот за за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Обуки

Комисијата за хартии од вредност донесе 30 решенија за губење на правото на полагање на посебниот стручен испит за инвестициско советување.Решенијата се однесуваат на лицакои ја следеа Првата обука за инвестициски советници , а во утврдениот рок не ги положиле трите модули од стручниот испит за инвестициско советување.

Решенија за емисии на хартии од вредност

-Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое на Акционерското друштво за истражување, проектирање, производство и изградба на енергетски и индустриски објекти со полна одговорност "ЕМО"- Охрид А.Д. му одобри втора емисија на акции по пат на приватна понуда. Со втората емисија, "ЕМО"-Охрид А.Д. ќе издаде 247.285 обични акции во вкупен номинален износ од 7.586.703,8 евра. Акциите од втората емисија на "ЕМО"-Охрид А.Д ги превзема Владата на Република Македонија, согласно Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвата АД Охис, "ЕМО"- Охрид А.Д, Тутунски комбинат Прилеп и 11 Октомври-Еурокомпозит АД Прилеп. - Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое на Друштвото за производство на производи со посебна намена 11 Октомври-Еурокомпозит АД Прилеп му одобри втора емисија на акции по пат на приватна понуда. Со втората емисија, 11 Октомври- Еурокомпозит АД Прилеп ќе издаде 1.692.245 обични акции во износ од 8.652.450 евра. Акциите од втората емисија ги превзема Владата на Република Македонија, согласно Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог, кој важи за четири друштва меѓу кои и 11 Октомври- Еурокомпозит АД Прилеп. -Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје му ја одобри втората емисија на акции по пат на приватна понуда. Со оваа емисија, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ќе издаде 300 обични акции. Продажната цена е 1.000 евра по акција, така што вкупната вредност на емисијата е 300.000 евра. Со втората емисија на акции, ќе се зголеми основната главнина на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. Купувачи на акциите се: - Скупина Прва, Заваровалнишки холдинг д.д. Љубљана, Република Словенија, која ќе купи 51% од новоиздадените акции, односно 153 обични акции и - Комерцијална банка АД Скопје, Република Македонија, која ќе се стекне со 49% од втората емисија, односно со 147 обични акции. Скупина Прва, Заваровалнишки холдинг д.д.Љубљана и Комерцијална банка АД Скопје како институционални инвеститори се постојни акционери во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.

Согласности за директори на брокерски куќи

Комисијата за хартии од вредност на седницата што се одржа на 19 октомври 2009 година, даде согласност Јулијана Ангеловска да биде именувана за директор на брокерската куќа"Алта Виста Брокер" АД Скопје.

Дозволи за брокер

Во октомври, беше издадена една лиценца за брокер и тоа на Љупка Грнчароска.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во октомври, вкупно активни акционерски друштва се 134. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Санкции

Акционерски друштва со посебни обврски за известување КХВ на Друштвото за земјоделство и сточарство"Сингелиќ" АД Скопје му изрече опомена, откако утврди дека не ги исполнило обврските како акционерско друштво со посебни обврски за известување кое се води во Регистарот на КХВ, односно не доставило финансиски извештаи, согласно Законот за хартии од вредност. Брокерски куќи Поради неодржување на висината и на структурата на основната главнина, КХВ им изрече прекршочна санкција-опомена на седум брокерски куќи и на нивните одговорни лица- извршни директори. Станува збор за: -"НЛБ Тутунска Брокер" АД Скопје; -"Иново Брокер" АД Скопје; -" ВИП" АД Скопје; -"Битола Брокер" АД Битола; -"Еуро брокер" АД Скопје; -"Инвест Брокер" АД Скопје; -"Алта Виста Брокер" АД Скопје. Исто така, Комисијата на брокерската куќа"Битола Брокер" АД Битола и изрече опомена поради недоставување на месечен извештај за работењето на друштвото. Исто така, оваа брокерска куќа поради непочитување на Законот за хартии од вредност, односно поради тоа што не извршиле уплата на средства од продажба на акции во рок од еден работен ден по приемот на парите на сметката на клиентот, треба да плати глоба во висина од 4.000 евра, а нејзиниот директор казна од 1000 евра.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во октомври секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 3 (три) редовни контроли.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во октомври, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 4 (четири) барања за заштита на акционерски права.

Меѓународна соработка

Во октомври, Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева Кавракова учествуваше надва меѓународни настани.И тоа: 1. IOSCO Technical Committee Annual Conference,05-09 октомври 2009 година, Базел, Швајцарија; 2.Workshop on facilitating cross-border liquidity flows by interconnecting Exchange Markets/Members" liquidity networks in the South Eastern Europe and Middle East Area (SEEMETEXT-TRANSFORM: uppercaseA), 22-24 октомври 2009 година во Атина; Исто така, Комисијата за хартии од вредност беше одржан работен состанок со Г-дин Нимиш Џавери, Директор на Проектот за конкурентност на УСАИД, на кој се дискутираше за правците за заедничко дејствување и можностите за поддршка на КХВ од овој проект.

Подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за инвестициски фондови

Комисијата за хартии од вредност во ноември ги разгледа следните Предлог Правилници: 1. Предлог-Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање одобрение за организирање на отворен инвестициски фонд и потребната документација која се поднесува кон истото; 2. Предлог Правилникот за Правилник за утврдување на постапката, тошоците и роковите за ликвидација на отворените инвестициски фондови; 3. Предлог Правилникот за Правилник за сметковниот план, содржината на одделните сметки во сметковниот план на отворените фондови, како и формата и содржината на финансиските извештаи на отворените фондови; Овие Предлог-Правилници се објавени на веб-страницата на КХВ за јавна расправа.

Решенија за емисии на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредностдонесе решение со кое на "Тутунски комбинат" АД Прилеп му одобри втора емисија на акции по пат на приватна понуда.Со втората емисија, "Тутунски комбинат" АД Прилеп ќе издаде 1.335.395 обични акции со номинална вредност на акцијата од 51,13 евра. Акциите од втората емисија на "Тутунски комбинат"АД Прилепги превзема Владата на Република Македонија,согласно Законот за претворање на побарувањата на РепубликаМакедонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвата АД "Охис", "ЕМО"- Охрид А.Д, "Тутунски комбинат" АД Прилеп и "11 Октомври-Еурокомпозит" АД Прилеп.

Согласност за директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност

Комисијата даде времена согласност за именување на Антонио Панев за вршител на должност-директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Антонио Панев седум години работи во отсекот на оператори на сметки на ЦДХВ АД Скопје. Панев ќе ја врши должностав.д.директор на ЦДХВ АД Скопје 30 работни дена,колку што трае и суспензијата на Извршниот директор Стеван Шапчевски.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во март секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе 2(две) редовни и 3(три) вонредни контроли.

Санкции

Aкционерски друштва со посебни обврски за известување - КХВ на својата седница го разгледа постапувањето на ЗК Пелагонија АД Битола по решението на Комисијата за отстранување на утврдените неправилности во постапката на продажба на сопствени акции по пат на јавна понуда при што донесе решение со кое го поништува претходното решение за давање одобрение за продажба на сопствени акции по пат на јавна понуда. Брокерски куќи - Комисијата за хартии од вредност го разгледа извештајот од редовна контрола на работењето на брокерската куќа Мој Брокер АД Скопје и одлучи да изрече јавна опомена на брокерската куќа и одговорното лице поради непочитување на член 122 став 1 и 3 од ЗХВ и непочитување на член 16 став 2 и 3 од правилата за тргување на Македонска Берза АД Скопје и непридржување и непотребно одложување на извршување на налогот број 3405 во услови на постоење на пазарни услови за реализација на истиот. Јавна опомена е изречена и на овластениот брокер, вработен во брокерската куќа Мој Брокер АД Скопје поради непочитување на одредбата од член 7 од Правилникот за содржината и начинот на водење на книгата на налози на брокерската куќа. - Комисијата за хартии од вредност го разгледа извештајот од редовна контрола на работењето на брокерската куќа Инвестброкер АД Скопје и одлучи да изрече јавна опомена на овластените брокери поради непочитување на одредбите од ЗХВ и Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје. - Комисијата трајно му ја одзема дозволата за работа на брокерската куќа ВИП АД Скопје за вршење на услуги со хартии од вредност поради непостапување на брокерстата куќа по решението на Комисијата за отстранување на утврдени неправилности и незаконитости и донесената одлука на собранието на акционери на брокерската куќа за престанок на работа на брокерската куќа. Комисија истовремено донесе решение со кое се утврдува дека се исполнети условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа на ВИП АД Скопје. - Комисијата со решение ја задолжи брокерската куќа Делта брокер АД Скопје да ја отстрани утврдената неправилност и да достави извештај во кој ќе ги опише превземените мерки за отстранување на неправилностите и незаконитостите. Поради непостапување по решението, Комисијата на брокерската куќа Делта брокер АД Скопје и изрече привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност во времетраење од 30 дена. - Комисијата донесе заклучок со кој се запира постапката поведена пред Комисијата за хартии од вредност за менување на решението за давање на дозвола за работа на брокерската куќа Идеја Плус брокер АД Радовиш. И донесе решение со кое трајно ја одзема дозволата за работа на брокерската куќа Идеја Плус АД Радовиш поради настанување на променети околности во работењето на брокерската куќа. Истовремено донесе решение со кое се утврдува дека се исполнети условите за отварање на ликвидација на брокерската куќа и заклучи за истото да го информира надлежниот суд за спроведување на ликвидацијата. Друштва за управување со фондови - Комисијата за хартии од вредност трајно му ја одзема дозволата за работа на Друштвото за управување со фондови Мој фонд АД Скопје поради непостапување по решение на Комисијата за хартии од вредност за отстранување на неправилностите, констатирани при редовна контрола и поради неусогласување на работењето на друштвото со одредбите од Законот за инвестициски фондови.

Согласности

Комисијата донесе решение со кое даде согласност на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД ФОНДОВИ АД Скопје за пренос на административните работи кои се однесуваат на водење на деловните книги и сметки и изготвување на финансиски извештаи.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во март, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 3 (три) барања за заштита на акционерски права.

Соработка со институции

Во март КХВ оствари средба со претставници на IFC-Интернационална Финансиска корпорација за можноста за финансирање на општините по пат на јавно приватно партнерство, директно финансирање или издавање на обврзници во кои IFC би се јавил како гарант на емисијата во делот на рејтингот на општината.

Решенија согласно Законот за преземање на акционерски друштва

Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое се утврди за успешна понудата за откуп на обичните акции издадени од Статер Банка АД Куманово дадена од Централна Кооперативна Банка АД Софија, РепубликаБугарија. Врз основа на понудата Централна Кооперативна Банка АД Софија се стекна со 317.864 обични акции, кои обезбедуваат учество од 93,72% од акциите со право на глас издадени од Статер Банка АД Куманово.

Решенија согласно Законот за хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност донесе решение за давање согласност за именување на лицето Емилија Брљамова за директор на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје - Служба за услуги со хартии од вредност . Комисијата за хартии од вредност донесе решение за измена на Решението за издавање дозвола за работење на УНИ Банка АД Скопје - Дирекција за работа со хартии од вредност со седиште во Скопје . Со измената на решението врз основа на член 94 од Законот за хартии од вредност УНИ Банка АД Скопје - Дирекција за работа со хартии од вредност ќе ги врши следните видови услуги со хартии од вредност : купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот ; купување и продавање на хартии од вредност.

Решенија за трајно одземање на дозвола за работа


Подзаконски акти кои произлегуваат од законот за инвестициски фондови


Решенија согласно Законот за инвестициски фондови

Комисијата постапувајќи по барањето на Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје за давање согласност на измените на Статутот и Проспектот Илирика Глобал Растечки Пазари отворен инвестиционен фонд и одобрување на скратената форма на Проспектот на отворениот инвестициски фонд и донесе решение со кое: - даде одобрение за измени на Статутот на Илирика Глобал Растечки Пазари - отворен инвестиционен фонд и на Пречистениот текст на Статутот на Илирика Глобал Растечки Пазари - отворен инвестициски фонд. - даде одобрение за измени на Проспектот на Илирика Глобал Растечки Пазари - отворен инвестиционен фонд донесени и на пречистениот текст на Проспектот на Илирика Глобал Растечки Пазари - отворен инвестициски фонд. - даде одобрение на скратената форма на проспектот на Илирика Глобал Растеч

Согласности за извршни членови на одбор на директори на Друштво за управување со фондови

СогласноЗаконот за инвестициски фондови, КХВ даде согласност Александар Манев и Коста Костадиновски да бидат извршни членови на одборот на директори на Друштвото за управување со фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во ноември, вкупно активни акционерски друштва се 134. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Санкции

Брокерски куќи Комисијата за хартии од вредност утврди дека брокерската куќа Илирика инвестментс АД Скопје сторила прекршок со тоа што ги користела паричните средства на еден клиент за сметка на друг што претставува непочитување на одредбите на Законот за хартии од вредност. За сторените повреди, КХВ на брокерската куќа Илирика инвестментс АД Скопје и изрече глоба од 4.000 евра, а на одговорното лице казна во висина од 1.000 евра.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во ноември секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе7 (седум) редовни контроли.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во ноември, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 3 (три) барања за заштита на акционерски права.

Активности за едукација на акционерските друштва од Регистарот на КХВ

Комисијата за хартии од вредност на 17 ноември 2009 промовираше Прирачник за издавање на хартии од вредност што го изработи во соработка соМеѓународната финансиска корпорација, дел од Групацијата на Светска банка (ИФЦ) и Секретаријатот за економски прашања на Швајцарија. Овој Прирачник има за цел да ги поттикне акционерските друштва со посебни обврски за известување да издаваат нови емисии на хартии од вредност. Прирачникот за издавање на хартии од вредност треба на друштвата да им помогне полесно да го рaзберат целиот процес на издавање хартии од вредност, од донесување одлука до обезбедувње на потребното одобрение од Комисијата за хартии од вредност, по што може да почне продажбата на хартиите од вредност.

Подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за инвестициски фондови

Комисијата за хартии од вредност во декември ги разгледа следните Предлог Правилници: Предлог Правилник за содржината на договорот за управување со затворен инвестициски фонд; Предлог Правилник за формата и содржината на барањето за добивање одобрение за основање на затворен фонд; Предлог Правилник за постапката на преземање на работите на управување со инвестициски фондови кои ги вршело друштво за управување со инвестциски фондови; Предлог Правилник за начинот и постапката за давање согласност за именување на членови на управниот одбор, односно извршни членови на одборот на директори на друштвото за управување со инвестициски фондови; Предлог Правилник за утврдување на структурата, пресметката и начинот на одржување на средствата на друштвото за управување со инвестициски фондови; Предлог Правилник за утврдување на постапката за прекин и продолжување на продажбата и откупот на удели во отворениот инвестициски фонд; Предлог Правилник за начинот, постапката, и потребната документација за добивање дозвола за работење на друштвотоза управување со инвестициски фондови ; Предлог Правилникот за содржината и времето на објавување на цената на уделите во отворен и акциите во затворен инвестициски фонд ; Предлог Правилник за критериумот за рангирање на субдепозитарна банка на инвестициски фонд ; Овие Предлог-Правилници се објавени на веб-страницата на КХВ за јавна расправа. Исто така, КХВ во декември ги усвои и следните правилници: Правилник за формата и содржината на барањето за добивање одобрение за организирање на отворен инвестициски фонд и потребната документација која се поднесува кон истото; Правилник за утврдување на постапката, тошоците и роковите за ликвидација на отворените инвестициски фондови ; Правилник за потребна документација која се приложува како доказ на условите за именување на членови на управниот одбор односно извршни членови на одборот на директори на друштво за управување со инвестициски фондови; Правилник за формата и содржината на барањето за добивање на одобрение за избор на депозитарна банка; Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на удели во отворениот инвестициски фонд и објавување на податоците од Регистарот на удели; Правилник за формата и содржината на проспектот на отворениот и затворениот инвестициски фонд; Правилник за формата и содржината на скратената форма на проспектот на отворениот инвестициски фонд ; Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за вршење контрола на овластени учесници на пазарот за хартии од вредност; Правилник за дозволени вложувања, ограничувања на вложувањата и пречекорување на ограничувањата за вложување на имотот на отворен фонд; Претходно, овие правилници беа ставени на јавна расправа каде што јавноста имаше можност да ги каже своите забелешки.

Решенија за емисии на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое на Земјоделскиот комбинат "Пелагонија" АД Битола му даде одобрение за продажба на сопствени акции по пат на јавна понуда. Предмет на понудата се 18.000 обични акции, а продажната цена по акција е 2.470 денари. Вкупната продажна вредност на понудените акции изнесува 44.460.000 денари.

Согласности за извршни членови на одбор на директори на Друштво за управување со фондови

Согласно, Законот за инвестициски фондови, КХВ даде согласност Миа Стефановска Зографска и Благој Митров да бидат извршни членови на одборот на директори на Друштвото за управување со фондови Иново Статус АД Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во декември, вкупно активни акционерски друштва се 132. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Супервизорски (надзорни) активности

Комисијата за хартии од вредност даде согласност на новите правила за тргување на Македонската берза АД Скопје со одредени забелешки, по кои берзата треба да постапи во рок од 90 дена. Со имплементацијата на новите правила за тргување се создадени сите предуслови за реализација на проектот e-trade.

Санкции

Брокерски куќи Комисијата за хартии од вредност во декември изрече санкции за неколку учесници на пазарот на хартии од вредност. И тоа: - Брокерската куќа "Ауктор брокери" АД Скопје не ги почитувала Законот за хартии од вредност и правилата на овластените учесници на пазарот и затоа "Ауктор брокери" АД Скопје и нејзиното одговорно лице заработија јавна опомена. - Кај Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност на Комерцијална банка АД Скопје, КХВ утврди непочитување на Законот за хартии од вредност и на правилата на овластените учесници на пазарот. Согласно Законот за хартии од вредност за сторените повреди, Комисијата на Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност на Комерцијална банка АД Скопје и на нејзиното одговорно лице им изрече јавна опомена. - Комисијата за хартии од вредност при редовна контрола констатира дека брокерската куќа "Иново брокер" АД Скопје во текот на работењето, не ги почитувала Законот за хартии од вредност и правилата за тргување, па затоа на "Иново брокер" АД Скопје, на одговорното лице и на еден овластен брокер им изрече јавна опомена. Исто така, КХВ донесе решение за отстранување на утврдени неправилности и незаконитости во работењето на "Иново брокер" АД Скопје и ја задолжи брокерската куќа во утврдениот рок да ги отстрани техничките недостатоци во системот. - КХВ утврди дека Дирекцијата за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Стопанска банка АД Скопје ја вршела услугата "чување на хартии од вредност" што вклучува отворање и водење на сметки на хартии од вредност по налог на клиентот нормирана во член 94 точка з од ЗХВ, за која нема побарано, ниту добиено согласност од КХВ. Заради тоа, Комисијата донесе решение за отстранување на утврдените неправилности и незаконитости во работењето, односно во рок од 30 дена да поднесе барање до Комисијата за добивање одобрение за обавување на услугата.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во декември секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 3 (три) редовни контроли и 1 (една) вонредна контрола.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во декември, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 3 (три) барања за заштита на акционерски права.

Подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за инвестициски фондови

Комисијата за хартии од вредност во јануари ги разгледа следните Предлог Правилници: 1. Предлог Правилник за начинот, постапката и потребната документација за добивање дозвола за основање на подружница на странско друштво за управување со инвестициски фонд во Република Македонија; 2. Предлог Правилник за потребната документација за стекнување квалификувано учество во друштвото за управување со инвестициски фондови; Овие Предлог-Правилници се објавени на веб-страницата на КХВ за јавна расправа. Исто така, КХВ во јануари ги усвои и следните правилници: 1. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за кадровска,техничка и организациона оспособеност за основање и работа на овластено правно лице за вршење услуги со хартии од вредност (Службен весник на Република Македонија бр. 110/2006) (од времен карактер); 2. Правилник за сметковниот план, содржината на одделните сметки во сметковниот план на отворените фондови, како и формата и содржината на финансиските извештаи на отворените фондови.

Согласности за извршни членови на одбор на директори на Друштво за управување со фондови

КХВ даде согласност Горан Марковски да биде именуван за извршен член на Одборот на директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови "КБ Публикум Инвест" АД Скопје, a Велко Велковски да биде извршен член на Одборот на директори на Друштвото за управување со фондови "Сава Инвест" АД Скопје. Заради усогласување со Законот за инвестициски фондови потребно е Друштвата за управување со инвестициски фондови "КБ Публикум Инвест" АД Скопје и "Сава Инвест" АД Скопје да номинираат нови кандидати за втори извршни членови, бидејќи предложените не добија согласност од КХВ поради неисполнување на условите потребни за именување на таа позиција.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јануари, вкупно активни акционерски друштва се 132. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Санкции

Брокерски куќи Комисијата донесе решение за привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа ВИП АД Скопје, бидејќи не го одржувала законски определениот износ на ликвидни средства и основната главнина. КХВ ќе поведе и прекршочна постапка против брокерската куќа и нејзиното одговорно лице. Акционерски друштва со посебни обврски за известување 1. Комисијата за хартии од вредност при вонредна ненајавена контрола на процесот на продажба на сопствени акции од Земјоделски комбинат "Пелагонија" АД Битола по пат на јавна понуда, утврди неправилности во работењето на издавачот, поради што ја прекина продажбата на 18.000 обични акции, со продажна цена од 2.470 денари по акција. Комисијата за хартии од вредност утврди дека Земјоделскиот комбинат "Пелагонија" АД Битола не го почитува времето на запишување на акциите од јавната понуда , одобрено со Решение на Комисијата за хартии од вредност. На тој начин, ЗК "Пелагонија" АД Битола ги прекрши член 21 од Законот за хартии од вредност, Правилникот за начинот и постапката за запишување на хартии од вредност, Одлуката за продажба на сопствени акции од основачка емисија, донесена од Собранието на акционери на ЗК "Пелагонија" АД Битола и Проспектот за запишување и уплата на хартиите од вредност. На 11.01.2010, Комисијата одржа седница и донесе решение со кое ЗК "Пелагонија" АД Битола се задолжува: - да ги откаже сите запишувања на сопствени акции и да ги врати уплатите на купувачите, заедно со депозитна камата, доколку до приемот на решението од КХВ дошло до запишување и уплата на сопствени акции; - во рок од 15 дена од приемот на решението, да воспостави систем на евиденција на временскиот редослед на запишувачите на акции од јавната понуда во рамки на времето на запишување на акциите, утврдено со одлуката за продажба и проспектот за запишување и уплата на хартии од вредност и за преземените активности да достави соодветен доказ до Комисијата; -најдоцна во рок од 1 работен ден по добивањето на решението од КХВ да ја извести јавноста дека се прекинува јавната понуда, на ист начин и на исто место како што се објавени проспектот и поканата за запишување и уплата на хартиите од вредност; - во рок од 3 работни дена од добивањето на решението до Комисијата за хартии од вредност да поднесе барање за давање одобрение за измени на Проспектот. Продажбата на сопствени акции по пат на јавна понуда ќе продолжи доколку КХВ ги одобри измените на Проспектот. 2. Поради необјавување на тековен извештај за ценовно чувствителна информација, КХВ на Акционерското друштво "Оранжерии"с.Хамзали, Босилово му изрече санкција- опомена.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во јануари, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 4 (четири) барања за заштита на акционерски права.

Подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за инвестициски фондови

КХВ во февруари ги усвои следните правилници, кои претходно беа ставени на јавна расправа: 1.Правилник за потребната документација за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во друштвото за управување со инвестициски фондови; 2.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за кадровска, техничка и организациона оспособеност за основање и работа на овластено правно лице за вршење услуги со хартии од вредност; 3.Правилник за критериумот за рангирање на субдепозитарна банка на инвестициски фонд; 4.Правилник за содржината на договорот за управување со затворен инвестициски фонд; 5.Правилник за формата и содржината на барањето за добивање одобрение за основање на затворен фонд; 6.Правилник за постапката на преземање на работите на управување со инвестициски фондови кои ги вршело друштво за управување со инвестициски фондови; 7.Правилник за начинот и постапката за давање согласност за именување на членови на управниот одбор, односно извршни членови на одборот на директори на друштвото за управување со инвестициски фондови; 8.Правилник за утврдување на структурата, пресметката и начинот на одржување на средствата на друштвото за управување со инвестициски фондови; 9.Правилник за утврдување на постапката за прекин и продолжување на продажбата и откупот на удели во отворениот инвестициски фонд; 10.Правилник за начинот, постапката, и потребната документација за добивање дозвола за работење на друштвото за управување со инвестициски фондови; 11.Правилник за содржината и времето на објавување на цената на уделите во отворен и акциите во затворен инвестициски фонд; Комисијата за хартии од вредност во февруари го разгледа и Предлог Правилникот за дозволени вложувања, ограничувања на вложувањата и пречекорување на ограничувањата за вложување на имотот на затворениот фонд. Овој Предлог-Правилник е објавен на веб-страницата на КХВ за јавна расправа.

Согласности за извршни членови на одбор на директори на Друштво за управување со фондови

КХВ даде согласност Андреј Пулејков да биде именуван за извршен член на Одборот на директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови "КБ Публикум Инвест" АД Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во февруари, вкупно активни акционерски друштва се 132. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во февруари секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе6(шест) вонредни контроли.

Санкции

Брокерски куќи - Комисијата за хартии од вредност при редовна контрола констатира дека брокерската куќа "Битола брокер" АД Битола при приемот, реализацијата на налозите и исплатата на паричните средства од продажбата на хартиите од вредност на сметките на клиентите не ги почитувала Законот за хартии од вредност и Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје. Согласно Законот за хартии од вредност за сторените повреди, КХВ на брокерската куќа "Битола брокер" АД Битола и изрече привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност за кои има добиено дозвола од Комисијата за хартии од вредност во траење од 30 работни дена. Санкции од КХВ заработија и двајца овластени брокери, вработени во брокерската куќа "Битола брокер" АД Битола. Имено,поради непочитување на волјата на клиентите при внесот, промената и реализацијата на налозите во системот за тргување на Македонската берза АД Скопје, на еден овластен брокер, привремено му забрани да врши работи со хартии од вредност во траење од 30 работни дена, а другиот брокер доби јавна опомена. - Врз основа на наодите од спроведената редовна контрола, Комисијата утврди дека ТТК банка АД Скопје-Дирекција за работа со хартии од вредност ги прекршила Законот за хартии од вредност и Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, поради што согласно законските прописи на ТТК банка АД Скопје-Дирекција за работа со хартии од вредност и на одговорното лице им изрече јавна опомена . Поради непочитување на Законот за хартии од вредност, Правилникот за содржината и начинот на водење на книгата на налози и на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност им изрече јавна опомена на двајца овластени брокери од ТТК банка АД Скопје-Дирекција за работа со хартии од вредност. Друштва за управување со фондови Комисијата за хартии од вредност трајно му ја одзема дозволата за работа на Друштвото за управување со фондови "Сава Инвест" АД Скопје. Вакво решение, КХВ донесе поради тоа што и по истекот на една година од стапувањето на сила на новиот Закон за инвестициски фондови, друштвото не го усогласи работењето со одредбите на овој закон. За неусогласувањето на Друштвото за управување со фондови "Сава Инвест" АД Скопје со новиот Закон за инвестициски фондови, Комисијата за хартии од вредност беше однапред известена од страна на "Сава Инвест" АД Скопје и до КХВ беше доставена одлука на Одборот на директори на ДУФ "Сава Инвест" АД Скопје дека двата отворени инвестициски фонда со кои управува, "Сава Инвест Балансирачки фонд" и "Сава Инвест Растечки фонд Акции", ќе престанат со работа и дека треба да се започне постапка за ликвидација. Ликвидацијата на отворените инвестициски фондови, согласно законските прописи ќе ја спроведе депозитарната банка на фондовите "НЛБ Тутунска Банка" АД Скопје.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во февруари, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 3 (три) барања за заштита на акционерски права.

Обуки и работилници

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) и Проектот за деловно опкружување на УСАИД (БЕА) на 5 и 6 февруари 2010 година во Охрид организираа работна средба на тема "Пазарот на хартии од вредност во Република Македонија - состојби и перспективи". Средбата се организираше за 30-ина директори на брокерските куќи, дирекциите на банките за вршење на услуги со хартии од вредност, друштвата за управување со инвестициски фондови, Македонската берза АД Скопје и за Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.Целта на работилницата беше да им се овозможи на учесниците на пазарот на хартии од вредност заеднички да ги анализираат и да дискутираат за тековните случувања на пазарот на капитал, новите правила за тргување и за новиот Закон за инвестициски фондови. Работилницата ја отвори претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева Кавракова и директорот на УСАИД/БЕА Александар Шахов. Од работилницата произлегоа и неколку заклучоци, со чија реализација треба да се подобрат условите на пазарот на капитал, и да се обезбеди непречено спроведување на новините, воведени со соодветните закони.

Соработка со институции

На 22 февруари 2010 година, КХВ потпиша Меморандум за соработка со Јавното обвинителство на Република Македонија. Меморандумот за соработка го потпишаа Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова и Јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Шврговски. Овој документ е во функција на зголемување на ефикасноста на финансискиот пазар во Република Македонија. Се очекува преку размена на информации и податоци да се зајакне борбата против финансискиот криминал, поефикасно да се откриваат сомнителните трансакции и истите побрзо да добиваат правна разрешница. КХВ пристапикон Протоколот за соработка за превенција и репресија на корупцијата и на судирот на интереси.Со него,како и импликациите кои ќе ги има неговата примена во областа на пазарот на хартии од вредност полесно ќе се спроведуваат постапките кои што се во надлежност на Комисијата за хартии од вредност. Преку размена на податоци и информации со други државни органи и институции, надлежни за спроведување на антикорупциската политика во Република Македонија, ќе се придонесе за ефикасна реализација на антикорупциските процеси во областа на пазарот на хартии од вредност и до понатамошно јакнење на довербата на јавноста во институциите на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија. Комисијата за хартии од вредност го парафира Протоколот за соработка за превенција и репресија на корупцијата и на судирот на интереси на Државната комисија за спречување на корупцијата на 22 февруари 2010 година.

Дозволи за инвестициони советници

Комисијата за хартии од вредност издаде 2(две) лиценци за инвестициони советници и тоа на лицата: 1. Јулијана Ангеловска 2. Дејан Делимитров

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во март, вкупно активни акционерски друштва се 131. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во април вкупно активни акционерски друштва се 131. Како што е познато во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Спроведени контроли


Соработка со институции


Решенија за емисии на хартии од вредност

Комисијата на КИБС АД Скопје му издаде одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда осма емисија на 1.601 обична акција во износ од 16.010.000 денари, за зголемување на основната главнина со средства на друштвото со издавање хартии од вредност по пат на приватна понуда со осма емисија донесена од Собранието на акционери на КИБС АД Скопје. Комисијата на АД Охис Скопје му издаде одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност втора емисија на 926.167 обични акции, во вредност од 47.353.992,54 евра односно 2.896.837.875,22 денари за зголемување на основната главнина на АД Охис Скопје.

Дозволи за брокер

Во мај, беа издадени, 2 (две) лиценци за брокер и тоа на Драган Димитриевски и на Зорица Петкова.

Преземање на мерки

Комисијата ги разгледа извештаите од извршена посредна контрола за необјавување на ценовно чувствителни информации од акционерските друштва АК Џумајлија АД Лозово, Бетон АД Скопје, Волнарскиот Комбинат, Тодор Циповски-Мерџан, Тетекс АД Тетово, Гранит АД Скопје, Млаз АД Богданци, КЈУБИ Македонија АД Скопје, Мода АД Свети Николе и ТД Бисерка Ад Куманово при што утврди неправилност кај истите друштва со посебни обврски за известување во смисла на член, 158 став, 3 и член, 160 став, 1 од Законот за хартии од вредност заради недоставување до Комисијата за хартии од вредност и необјавување на ценовно чувствителна информација. Имајќи ја предвид утврдената неправилност, но и фактот дека соодветните информации се јавно обелоденети, Комисијата заклучи да ги одбие приговорите на друштвата: АК Џумајлија АД Лозово, Бетон.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во мај,, вкупно активни акционерски друштва се, 164. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од, 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од, 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Дозволи за инвестициони советници

Комисијата за хартии од вредност издаде 1(една) лиценца за инвестиционен советник и тоа на лицето Драги Тасевски.

Согласности за директори

Комисијата за хартии од вредност на седницата што се одржа на 30.06.2010 година постапуваше по 2(две) барања за добивање согласност за директор и донесе решение за давање согласност за именување на лицата: 1. Драги Тасевски за директор на Службата за работа со хартии од вредност на НЛБ Тутунска банка АД Скопје; и 2. Драган Димитриевски за директор на брокерската куќа Пеон Брокер АД Скопје.

Санкции

Брокерски куќи КХВ на РМ донесе решение за одземање на дозвола за работа на Статер Банка АД Куманово Сектор за инвестиционо банкарство издадена со Решение на Комисијата бр. 08-379/5 од 01.04.2010 година, за вршење на услуги со хартии од вредност. Одземањето на дозволата се врши поради донесено решение на НБРМ бр. 15-4294/2 од 23.06.2010 година со кое се повлекува согласноста на Статер Банка АД Куманово за вршење на финансиските активности тргување со хартии од вредност, гарантирање и пласман на хартии од вредност. Комисијата по извршената редовна годишна контрола на работењето на Стопанска Банка АД Скопје-Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги и донесе: - Решение за изрекување на јавна опомена на Стопанска Банка АД Скопје-Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги и на одговорното лице-директор на дирекцијата Горан Поповски заради непочитување на член 122 став 1 од Законот за хартии од вредност, односно непридржување и непотребно одложување на извршување на налози на клиенти во услови на постоење на пазарни услови за реализација на налог, и непочитување на член 14 и член 16 став 2 и 3 од Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, како и поради непочитување на член 123 став 2 од Законот за хартии од вредност каде е предвидено дека брокерската куќа ги уплаќа паричните средства добиени од продажба на хартиите од вредност, исклучително во име и за сметка на клиентот во рок од еден работен ден по приемот на паричните средства од продажбата, освен ако поинаку не е договорено. - Решение за изрекување на јавна опомена на овластениот брокер Горан Поповски поради непочитување на одредбите од член 115 став 1 од Законот за хартии од вредност, односно поради непридржување кон инструкциите дадени од страна на клиентот во налогот број 39300, даден на ден 07-05-2009 година и во налогот број 42523 од 15-03-2010 година. - Решение за изрекување на јавна опомена на овластениот брокер Емилија Вукучевиќ поради непочитување на одредбите од член 115 став 1 од Законот за хартии од вредност, односно поради непридржување кон инструкциите дадени од страна на клиентот во налогот број 42480, даден на ден 08-03-2010 година. Акционерски друштва Комисијата по извршената контрола на акционерското друштво Ветекс АД Велес и постапувајќи по барањата за заштита на акционерските права на акционерите донесе: - Решение со кое се утврдува неправилност кај ВЕТЕКС АД Велес, друштво со посебни обврски за известување во смисла на член 158 став 3 и член 160 став 1 од Законот за хартии од вредност, заради недоставување до Комисијата за хартии од вредност и необјавување на ценовно чувствителна информација во врска со заснована хипотека од прв ред над недвижниот имот, деловни објекти сопственост на ВЕТЕКС АД Велес во корист на НЛБ Тутунска банка АД Скопје, заради обезбедување на побарување од 200.000,00 евра и заснован залог врз подвижен имотот, деловна опрема и заснована хипотека врз недвижен имот, производни погони со магацински простор, сопственост на Друштвото во корист на Комерцијална банка АД Скопје, заради обезбедување на побарување од 568.500,00 евра поради што му изрече мерка јавно обелоденување на информациите за неправилностите и незаконитостите на Ветекс АД Велес, друштво со посебни обврски за известување, пришто јавното обелоденување на утврдената неправилност и незаконитост ќе се изврши со објавање во Службен весник на РМ и на веб страната на Комисијата за хартии од вредност, по конечноста на решението.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јуни, вкупно активни акционерски друштва се, 164. Како што е познато,, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од, 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од, 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во јуни секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе 3 (три) редовни контроли.

Барања за ослободување од обврска за обелоденување на ценовно чувствителна информација

Комисијата ги разгледа барањата на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје и Стопанска Банка АД Скопје за ослободување од обврска за обелоденување на ценовно чувствителни информации и едногласно одлучи да ги задолжи НЛБ Тутунска Банка АД Скопје и Стопанска Банка АД Скопје, како друштва со посебни обврски за известување да ги објават ценовно чувствителните информации согласно Законот за хартии од вредност.

Санкции

Акционерски друштва со посебни обврски за известивање Комисијата го разгледа извештајот во врска со извршен нетрговски пренос на 818.736 акции на издавачот МОДА АД Свети Николе заедно со целокупната документација и донесе решение за одземање на правото на глас и дивиденда од акциите стекнати со правна работа спротивна на Законот за превземање на акционерски друштва од страна на Casa Moda West GmbH до нивно отуѓување и заклучок согласно член 69 став 1 алинеја 1 од Законот за превземање да поведе прекршочна постапка против правното лице Casa Moda West GmbH и одговорното лице на правното лице поради недавање на јавна понуда за откуп на акции. Комисија ги разгледа извештаите од извршената контрола за необјавување на ценовно чувствителна информација од акционерските друштва: - АД Фабрика за кабли Неготино, - Макстил АД Скопје, - Макпромет АД Штип, - Жито Лукс АД Скопје, - Топлификација АД Скопје, - Макпетрол АД Скопје и - Современ Дом АД Прилеп, при што одлучи да им изрече мерка јавно обелоденување на информациите за утврдените неправилности и незаконитости согласно член 220 став 1 точка а) од Законот за хартии од вредност. По спроведување на постапка пред Прекршочната комисија, КХВ на РМ им изрече единствена санкција глоба, во висина од 4.000 Евра во денарска противвредност по среден курс на НБРМ на над 23 акционерски друштва со посебни обврски за известување, бидејќи сториле прекршок со несторување, при што не ги исполнувале обврските - необјавувале податоци во Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување или пак нецелосно и ненавремено ја исполнувале таквата обврска. Истовремено Комисијата постапувајќи по барањето за поведување на прекршочна постапка донесе решение за поведување на единствена прекршочна санкција опомена на 2 друштва со посебни обврски за известување заради неисполнивање на обврските по член 154 став 1, член 155 став 1 и член 160 став 1 од Законот за хартии од вредност.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јули, вкупно активни акционерски друштва се 164. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Решенија за емисии на хартии од вредност


Согласности за директори на брокерски куќи

Во август, Комисијата за хартии од вредност на РМ даде согласност за директор на една брокерска куќа, и тоа на Марјан Поповски за директор на брокерска куќа Нови Триглав АД Скопје.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во август секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 2(две) редовни контроли.

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност во август го усвои Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за времето и начинот на обелоденување на ценовно чувствителни информации на акционерските друштва со посебни обврски за известување. Претходно,овој подзаконски акт беше на јавна расправа каде јавноста имаше можност да ги каже своите забелешки. Исто така, КХВ на РМ во август го усвои Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на првичниот извештај за сопственост на акционер, извештајот за промена на сопственост на акционер и конечниот извештај за промена на сопственост на акционер, како и Предлог Правилник за изменување на Правилникот за формата и содржината на првичниот извештај за сопственост на член на надзорен, управен одбор или на одбор на директори на акционерско друштво со посебни обврски за известување, како и лицата со посебни одговорности и овластувања, заради постапување по укажувањето на Дирекцијата за заштитата на личните податоци. Предлог Правилниците се објавени на веб-страницата на Комисијата на јавна расправа.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во август, вкупно активни акционерски друштва се, 164. Како што е познато,, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од, 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од, 50 акционери или се котирани на овластената берза,, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво,, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Подзаконски акти

КХВ на РМ во септември го разгледа Предлог Правилник за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за инвестиционо советување. Предлог Правилникот е објавен на веб-страницата на Комисијата на јавна расправа.

Решенија за емисии на хартии од вредност

Комисијата одлучуваше по барањето на Земјоделски Комбинат Пелагонија АД Битола за давање одобрение за продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда наменета за познати купувачи (продолжување на постапката по Заклучокот на Комисијата од 14.07.2010 за прекин на постапката) и притоа Комисијата одлучи да го одбие барањето бр. 02-538 од 28.06.2010 година за давање одобрение за продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда на Земјоделски комбинат Пелагонија АД Битола поднесено до Комисијата за хартии од вредност на 29.06.2010 година. Комисијата го одби поднесеното барање по спроведена постапката на контрола, заради испитување на постоењето на поврзаност помеѓу правните лица за кои е наменета приватна понуда и акционерот ЗК Пелагонија АД Битола - сопственик на сопствени акции во ЗК Пелагонија АД Битола. Комисијата одлучи на Зираат Банка АД Скопје да и даде одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда - втора емисија на 105.995 обични акции во износ од 105.995.000 денари. Акциите од втората емисија се наменети за единствениот акционер на Зираат Банка АД Скопје - Т.Џ. Зираат Банкаси АШ Анкара, Турција.

Согласности за директори на брокерски куќи

Во септември, Комисијата за хартии од вредност на РМ даде согласност за директор на една брокерска куќа, и тоа на Емилија Брљамова за директор на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, Служба за услуги со хартии од вредност.

Санкции

Комисијата донесе Решение со кое утврди неправилност кај ЈАКА 80 АД Радовиш, друштво со посебни обврски за известување, заради ненавремено доставување до Комисијата за хартии од вредност и ненавремено објавување на ценовно чувствителна информација во врска со заснован залог врз подвижен имот од прв ред, сопственост на заложниот должник ЈАКА 80 АД Радовиш кај заложниот доверител Министерство за финансии- Управа за јавни приходи. За утврдената неправилност, Комисијата на друштво со посебни обврски за известување ЈАКА 80 АД Радовиш, му изрече мерка јавно обелоденување на информациите за неправилностите и незаконитостите. Комисијата заклучи да покрене прекршочна постапка пред Комисијата за одлучување по прекршок на Комисијата за хартии од вредност против Илинден АД Битола и одговорното лице, заради непочитување на одредби од Законот за хартии од вредност и Правилникот за времето и начинот на обелоденување на ценовно чувствителни информации, а во врска со реализацијата на заснован залог на недвижен имот-хипотека на должникот Илинден АД Битола заради обезбедување на враќање на кредит од доверителот Еуротел ДООЕЛ Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во септември,, вкупно активни акционерски друштва се, 164. Како што е познато,, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од, 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од, 50 акционери или се котирани на овластената берза,, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво,, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во септември секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 1(една) редовна и 1(една) вонредна контрола.

Подзаконски акти

КХВ ги усвои Предлог Правилниците: Правилникот за сметковниот план, содржината на одделните сметки во сметковниот план на затворените фондови, како и формата и содржината на финансиските извештаи на затворените инвестициски фондови. Правилникот за методологијата за пресметување на ризиците од вложувањето во финансиските деривативни инструменти. Предлог Одлуката за утврдување на начинот на пресметување на приносот по удел во отворен инвестициски фонд и за пресметување на волатилноста на инвестициските фондови. Предлог правилниците и предлог одлуката се објавени на веб-страницата на КХВ на РМ за јавна расправа. Комисијата ги усвои следните правилници кои претходно беа објавени на веб-страната на Комисијата за јавна расправа: Правилникот за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за инвестиционо советување Правилникот за изменување на Правилникот за формата и содржината на првичниот извештај за сопственост на член на надзорен, управен одбор или на одбор на директори на акционерско друштво со посебни обврски за известување, како и лицата со посебни одговорности и овластувања (Службен весник на РМ бр.6/2007) Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на првичниот извештај за сопственост на акционер, извештајот за промена на сопственост на акционер и конечниот извештај за промена на сопственост на акционер (Службен весник на РМ бр.6/2007) Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за времето и начинот на обелоденување на ценовно чувствителни информации на акционерските друштва со посебни обврски за известување -Правилникот за сопствени средства на брокерска куќа; -Правилникот за годишни и шестмесечни финансиски неревидирани извештаи на банка со дозвола за работа со хартии од вредност ; -Правилникот за начинот на работење на друштвото за управување со инвестициски фондови ; -Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на Проспектот и поканата за запишување и уплата на хартии од вредност ; -Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за запишување на хартии од вредност ; Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината на барањето за одобрение за издавање на хартии од вредност по пат на јавна понуда.

Санкции

Акционерски друштва со посебни обврски за известување Комисијата го разгледа Извештајот во врска со објавите на ревидирани годишни финансиски извештаи за 2009 година и неревидирани полугодишни извештаи за првата половина на 2010 од АД-а со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и притоа одлучи: - за 27 акционерски друштва со посебни обврски за известување кои кумулативно, не доставиле годишен ревидиран финансиски извештај за 2009 година и полугодишен финансиски извештај за 2010 година да се поведе прекршочна постапка со предлог до прекршочната комисијата при Комисијата, да изрече мерка согласно член 242 од ЗХВ, глоба во износ од 4000 евра до 5000 евра за друшвото; - на 8 акционерски друштва кои не доставиле еден од извештаите, годишен или шестмесечен, да изрече административна мерка, за отстранување неправилности и незаконитости, согласно член 220 став 1 точка б од ЗХВ, со што друштвата би се задолжиле да го достават за објава недоставениот извештај; - на акционерските друштва кои со задоцнување доставиле извештај за објавување (полугодишен или годишен), да им се упати допис со укажување во иднина да ги почитуваат предвидените законски рокови за доставување за објава на извештаите. - на акционерските друштва кои доставиле извештај за објавување (полугодишен или годишен), но заради нецелосни или пропуштени податоци, односно информации, извештаите не им се објавени, да им се упати допис со укажување истите веднаш да ги искорегираат и достават преку модулот на КХВ за објавување; и - на нововнесените акционерски друштва (согласно измените и дополнувањата на Законот за хартии од вредност од 26-04-2010 година) во регистарот кои не доставиле полугодишен извештај, да им се упати допис со укажување истите веднаш да ги достават преку модулот на КХВ за објавување.

Одземање на дозвола за работа со хартии од вредност

Комисијата донесе решение за трајно одземање на дозвола за работење со хартии од вредност на Уни банка АД Скопје -Дирекција за работа со хартии од вредност издадена со Решение на Комисијата за хартии од вредност број 08-2338/3 од 16-11-2006 година и УП1 08-27 од 28/04/2010 година, за вршење на услуги со хартии од вредност, поради донесената одлука на Надзорниот одбор на Уни Банка со која Дирекцијата за работа со хартии од вредност ќе престане да врши услуги поврзани со хартии од вредност.

Обуки

Комисијата за хартии од вредност донесе 10 решенија за губење на правото на полагање на посебниот стручен испит за работа со хартии од вредност, заради изминување на 2(две) години од денот на завршување на обуката.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во октомври,, вкупно активни акционерски друштва се, 164. Како што е познато,, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од, 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од, 50 акционери или се котирани на овластената берза,, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво,, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за инвестициски фондови

По спроведена јавна расправа, Комисијата во ноември донесе три подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за инвестициски фондови. И тоа: - Правилник за сметковниот план, содржината на одделните сметки во сметковниот план на затворените фондови, како и формата и содржината на финансиските извештаи на затворените инвестициски фондови; - Правилник за методологијата за пресметување на ризиците од вложувањето во финансиските деривативни инструменти; - Одлука за утврдување на начинот на пресметување на приносот по удел во отворен инвестициски фонд и за пресметување на волатилноста на инвестициските фондови.

Решенија за емисија на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност го одби барањето на Комерцијална Банка АД Скопје за давање одобрение за зголемување на почетниот капитал (основната главнина) на Комерцијална Банка АД Скопје со емисија на обични акции по пат на приватна понуда-VI (шеста) емисија, наменета за два институционални инвеститори; East Capital Explorer Investments AB од Стокхолм, Шведска и Publikum Holding d.o.o. од Словенија. Одбивањето е од причина што при разгледување на барањето на Банката за давање одобрение за зголемување на почетниот капитал на Банката со емисија на обични акции по пат на приватна понуда-VI (шеста) емисија, Комерцијална Банка АД Скопје не достави докази дека наведената приватна понуда е наменета за институционални инвеститори согласно одредбите од Законот за хартии од вредност.

Санкции

Акционерски друштва со посебни обврски за известување Поради непочитување на обрските за обелоденување на информации и податоци од страна на акционерските друштва од Регистарот на АД-а со посебни обврски за известување, КХВ одлучи да им изрече мерка- глоба на следниве 5 акционерски друштва: - МЛАЗ АД Богданци; - Живинарска фарма Белимбегово АД ; - Огражден АД Берово, Тутун АД Скопје и -Пролукс АД Велес. Истовремено, КХВ одлучи да им изрече јавни опомени на следните акционерски друштва: -Гранит АД Скопје; -Мода АД Свети Николе и -Осигурување КЈУБИ АД Скопје. Оваа санкција им е изречена како на друштва со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во ноември, вкупно активни акционерски друштва се 164. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за хартии од вредност

КХВ на РМ во декември ги разгледа и усвои следниве предлог Правилници кои произлегуваат од Законот за хартии од вредност ; -Предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за за формата и содржината на годишните, полугодишните, тримесечните и тековните извештаи, резимето од годишните извештаи, материјали за акционерски собранија на акционерските друштвата со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност; -Предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за постапката и условите за достапност на податоци од издавач на хартии од вредност и од акционерските друштва со посебни обврски за известување; -Предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начин и време на запишување и бришење на акционерско друштво, содржина и начин на водење, ажурирање на податоците и пристап на јавноста до Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување ; -Предлог-Упатство за изменување и дополнување на Упатството за за начинот и постапката за внесување, промена и зачувување на податоците на веб страницата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување; -Предлог Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за инвестиционо советување; Овие Предлог подзаконски акти одат на јавна расправа ,каде заинтересираните можат да ги дадат своите забелешки .

Решенија за емисија на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и одобри на Алфа Банка АД Скопје да ја емитува деветата емисија на акции по пат на приватна понуда заради зголемување на почетниот капитал. Со деветата емисија се издаваат 3.075 обични акции во износ од 369.000.000 денари. Новоиздадените акции се наменети за постојниот и единствен акционер, институционален инвеститор ALPHA BANK A.E-Атина, Р.Грција. Исто така, Комисијата и одобри на Централна Кооперативна Банка АД Скопје да ја емитува 14-тата емисија на 233.944 обични акции во вкупен износ од 593.795.205 денари за зголемување на почетниот капитал/основната главнина на банката, заради присоединување на Статер Банка АД Куманово кон Централна Кооперативна Банка АД Скопје.

Согласности за директори на брокерски куќи

Комисијата даде согласност за именување на Катерина Илиќ Нонкуловска за директор на Дирекцијата за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Стопанска банка АД Скопје и на Горан Поповски за помошник директор на Дирекцијата за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Стопанска банка АД Скопје. COLOR: red

Дозволи за брокери

Комисијата даде согласност за обновување на дозволата за работење на брокери на вработени во Инвестброкер АД Скопје и Бро-Дил АД Скопје. Станува збор за: Маја Костиќ, Кирил Митровски, Зоран Трифуновски, Искра Костова и Дарко Јовановски;

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и водекември секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе 2 (две) редовни контроли на инвестициски фондови, по една редовна на Македонската берза АД Скопје и на Централниот депозитар за хартии од вредност и 3 (три) контроли на брокерски куќи.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизијана пазарот на капитал постапуваше по 3 (три) барања за заштита на акционерски права.

Супервизорски активности

Комисијата за хартии од вредност даде согласност на Правилата за формирање и начинот на користење на Гарантниот фонд; Со средствата од гарантниот фонд се овозможува намирување на обврските на членките на депозитарот, кога ќе немаат доволно парични средства за порамнување на трговските трансакции со хартии од вредност. КХВ даде согласност на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје. Со Правилата за тргување се регулира: начинот на запишување на јавно понудените хартии од вредност преку берза, предусловите за запишување, изразување на цената и количината на јавно-понудените хартии од вредност преку берза, одржување и времетраење на запишувањето на хартии од вредност преку берза, како и постапките за одвивање на запишувањето на јавно понудените хартии од вредност преку берза по модел на фиксна цена и минимална цена.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во декември, вкупно активни акционерски друштва се 157. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во јануари ги усвои следните Правилници: -Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината на месечниот извештај за работењето на овластено правно лице со дозвола за работење со хартии од вредност; -Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на категориите на сопствени средства и начинот на пресметување на износот и структурата на влоговите при основање и средствата од активата на овластено правно лице со кои треба да располага и во континуитет;

Решенија за емисија на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во јануари на Комерцијална Банка АД Скопје и одобри да ја емитува шестата емисија на акции по пат на јавна понуда заради зголемување на почетниот капитал на банката и обезбедување на оптимална адекватност на капиталот во наредниот период. Со шестата емисија се издаваат 265.000 обични акции во износ од 927.500.000 денари. Исто така, КХВ му одобри на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје да ја емитува втората емисија на акции по пат на приватна понуда заради зголемување на основната главнина. Со втората емисија се издаваат 19.200 обични акции во износ од 192.000 евра. Новоиздадените акции се наменети за постојниот акционер, институционален инвеститор КД Склади дружба за управљање доо Љубљана и за 4 (четири) нови инвеститори - физички лица.

Согласности за директори на брокерски куќи

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност за именување на Лидија Трајковиќ за извршен директор на Фершпед Брокер АД Скопје.

Дозволи за брокери

Комисијата даде согласност за обновување на дозволата за работење на брокери кои се вработени во Поштел Брокер АД Скопје , Комерцијална Банка АД Скопје- Дирекција за вршење на услуги со хартии од вредност, Фершпед Брокер АД Скопје, Ауктор и Хита АД Скопје и Еуро Брокер АД Скопје. Станува збор за : 1.Жарко Атанасовски; 2.Глигор Павловски; 3.Тони Павловски; 4.Ѓоко Алексовски; 5.Драган Лесиќ; 6.Горан Ковачевиќ; 7.Марија Штерјова; 8.Ѓорѓи Палевски;

Дозволи за инвестициски советници

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Ѓорѓи Палевскиму даде дозвола за инвестициски советник .

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во декември секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе 3 (три) контроли и тоа една на Македонската берза АД Скопје, Централниот депозитар за хартии од вредност и на една брокерска куќа.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизијана пазарот на капитал во јануарипостапуваше по 1 (едно) барање за заштита на акционерски права.

Санкции

А)Брокерски куќи -КХВ изрече јавна опомена на брокерските куќи и на директорите на брокерските куќи Ауктор и Хита АД Скопје и на Комерцијална Банка АД Скопје-Дирекција за вршење на услуги со хартии од вредност, поради задоцнето порамнување на трансакции со хартии од вредност; - Комисијата изрече глоба заради неодржување на основната главнина на брокерската куќа Поштел Брокер АД Скопје; Б) Брокери КХВ изрече санкции на следните брокери: - На директорот на брокерската куќа Фершпед Брокер АД Скопје Младен Дамев, КХВ му ја одзеде дозволата за работа на брокер; -КХВ изрече привремена забрана за работа од 30 календарски денови на брокерот Методија Ивановски, вработен во брокерската куќа Пеон Брокер АД Скопје; - Комисијата изрече јавна опомена на брокерот Миомир Алексовски, вработен во брокерската куќа Поштел Брокер АД Скопје.

Санкции изречени заради кршење на Законот за превземање на акционерски друштва

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе одлука за одземање на правото на глас и дивиденда на акционери кои стекнале акции во Тајмиште АД Кичево, спротивно на Законот за превземање на акционерски друштва.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јануари , вкупно активни акционерски друштва се 156. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, во февруари по завршена јавна расправа ги усвои следните Правилници: -Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за постапката и условите за достапност на податоци од издавач на хартии од вредност и од акционерските друштва со посебни обврски за известување; -Правилник за начин и време на запишување и бришење на акционерско друштво, содржина и начин на водење, ажурирање на податоците и пристап на јавноста до Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување; -Правилник за формата и содржината на годишните, полугодишните, тримесечните и тековните извештаи, резимето од годишните извештаи, материјали за акционерски собранија на акционерските друштвата со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност; -Правилник за начинот и условите за обука и полагање на стручен испит за инвестиционо советување; Исто така, во февруари КХВ го усвои предлог и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за обновување на дозволата за работење на брокер по што го стави на јавна расправа.

Дозволи за брокери

Комисијата даде согласност за обновување на дозволата за работењена брокери кои се вработени во брокерските куќи: "Алта Виста" АД Скопје, "Пеон Брокер" АД Скопје, "Фершпед Брокер" АД Скопје, "Еуро Брокер" АД Скопје и "Мој Брокер" АД Скопје. Станува збор за : 1. Јосиф Костадиновски; 2. Методија Ивановски; 3. Младен Дамев; 4. Лидија Трајковиќ; 5. Билјана Стојановиќ; 6. Димче Панов; 7. Стојан Василев;

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во февруари секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе 14 вонредни контроли.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизијана пазарот на капитал во февруари постапуваше по едно >барање за заштита на акционерски права.

Санкции

А) Брокерски куќи - Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе одлука за привремена забрана за вршење на услуги со хартии од вредност на брокерската куќа "Нови Триглав" АД Скопје. Ваквата санкција, КХВ ја изрече бидејќи "Нови Триглав" АД Скопје не ги исполнува законски пропишаните кадровски, технички и организациони услови и не ја одржува основната главнина. Привремената забрана за вршење на услуги со хартии од вредност е за период од 30 работни дена. - Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, на брокерската куќа Фершпед Брокер АД Скопје привремено и забрани да ги врши сите услуги со хартии од вредност . Оваа мерка, КХВ ја изрече бидејќи брокерската куќа Фершпед Брокер АД Скопје префрлала пари без законски основ од сметката на еден клиент на сметката на друг клиент, а без притоа да се склучи трансакција со хартии од вредност. Ваквата незаконска операција се врши во врска со купопродажба на акции на "Млекара" АД Битола, а освен "Фершпед Брокер" АД Скопје во финансиските трансфери учествувале и странскиот инвеститор ЦЕЕ Инвестментс Б.В., приватниот фонд "Фишер Тета" и правното лице "Лабруско" ДОО Скопје. Привремената забрана на Фершпед Брокер АД Скопје за вршење на сите услуги со хартии од вредност е за период од 30 работни дена.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во февруари , вкупно активни акционерски друштва се 156. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Обуки

На 19 февруари 2011 година заврши Втората обука на кадри за инвестициско советување која што Комисијата за хартии од вредност ја организираше поради потребите на пазарот за нови кадри за инвестициско советување.Обуката ја следеа 110 кандидати кои за да се стекнат со уверение за положен стручен испит за инвестициско советување во Република Македонија ќе треба да ги положат трите модули. Ваквите кадри ќе ги следат берзанските случувања, ќе изготвуваат анализи и ќе ги советуваат инвеститорите за предностите и ризиците од купувањето и продавањето на хартии од вредност. Инвестициските советници се очекува да дадат значителен придонес во подобрувањето на финансискиот пазар и неговото развивање. Обуката започна на 02 декември 2010 година , а при нејзиното организирање Комисијата за хартии од вредност имаше поддршка и помош од USAID-Проектот за деловно опкружување.

Подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, во март по завршена јавна расправа ги усвои следните Правилници: 1. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината на месечниот извештај за работењето на овластено правно лице со дозвола за работење со хартии од вредност; 2. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на категориите на сопствени средства и начинот на пресметување на износот и структурата на влоговите при основање и средствата од активата на овластено правно лице со кои треба да располага во континуитет; 3. Правилник за потребната дополнителна документација за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во брокерска куќа, берза на хартии од вредност или депозитар;

Дозволи за директори на брокерски куќи

Васко Митев доби согласност од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија да биде именуван за директор на брокерската куќа Илирика Инвестментс АД Скопје.

Дозволи за брокери

Комисијата даде согласност за обновување на дозволата за работење на Васко Митев и на Татјана Атанасова, вработени во брокерската куќа: " Илирика Инвестментс " АД Скопје и на Стеван Шапчески од "Централниот депозитар за хартии од вредност" АД Скопје.

Супервизорски активности

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде дозвола Стојан Василев да биде именуван за директор на брокерската куќа Алта Виста Брокер АД Скопје.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во март секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе вкупно 2 контроли и тоа една редовна , една вонредна.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во март постапуваше по шеснаесет барањ а за заштита на акционерски права.

Санкции

А) Брокерски куќи, брокери и фондови - Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Нови Триглав АД Скопје заради неодржување на основна главнина и заради кадровска неоспособеност. - КХВ ја изрече ваквата санкција бидејќи и по истекот на определениот рок од 15 дена, брокерската куќа не вработи потребен број брокери и инвестициски советници со дозвола за работа и не го обезбеди потребниот износ на основна главнина за вршење на услуги со хартии од вредност, со што не ја отстрани утврдената неправилност. Ова задолжение Нови Триглав АД Скопје го доби од страна на Комисијата уште н 14 февруари 2011 година. - Истовремено, со трајното одземање на дозволата за работа на Нови Триглав АД Скопје се исполнуваат условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе поведе постапка пред надлежниот суд. - Инаку, Нови Триглав АД Скопје почнувајќи од 24 февруари, па до 7 април оваа година е времено исклучена од членство во Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. - Поради извршена ценовна манипулација со акции на Жито Полог АД Тетово во сопственост на ЗК Пелагонија АД Битола, овластен брокер од брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје заработи привремена забрана да врши работи со хартии од вредност за период од три месеци. Имено, брокерот знаејќи за продажната цена на акциите која била на пазарот внел налог и реализирал трансакција со цел да ја зголеми цената и да создаде привид на активно тргување на истата. Исто така, КХВ изрече јавна опомена на брокерската куќа Иново брокер АД Скопје и на нејзиниот директор. Поради ненавремено објавување на ценовно чувствителна информација, КХВ одлучи да се поведе прекршочна постапка против ЗК " Пелагонија" АД Битола. - Комисијата изрече јавна опомена на овластен брокер од брокерската куќа " Илирика Инвестментс" АД Скопје поради нецелосно внесување во Бест системот на " Македонската берза" АД Скопје на целата количина акции определена од клиентот. - КХВ донесе решение за јавна опомена на двајца овластени брокери од " НЛБ Тутунска банка" АД Скопје. Едниот, во текот на својата работа не се придржувал кон инструкциите од клиентот ; . А другиот, затоа што налогот на клиентот не го евидентирал според Правилата за тргување на " Македонската берза" АД Скопје. - ; Комисијата донесе решение со кое го задолжи Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест АД Скопје да ги отстрани утврдените неправилности и незаконитости во рок не подолг од 30 дена и истовремено ДУИФ КБ Публикум Инвест АД Скопје да достави доказ дека сите 14 договори склучени со посредниците при продажба на удели во инвестициски фондови се ревидирани.

Согласности на инвестициски фондови

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест АД Скопје му даде дозвола да основа два нови отворени инвестициски фонда. И тоа: КБ Публикум - Паричен и КБ Публикум- Обврзници. 1. Отворениот инвестициски фонд КБ Публикум - Паричен претставува паричен или кеш фонд. Прибраните средства, паричниот фонд ќе ги вложува во депозити на банки, инструменти на пазарот на пари и краткорочни должнички хартии од вредност од најбонитетни издавачи. Kaj паричните фондови приносот се очекува да биде поголем од каматата на штедење по видување, а клиентите ваквите фондови највеќе ги користат за краткорочен пласман на вишокот на пари, односно за вложувања на период пократок од една година. 2. Отворен инвестициски фонд КБ Публикум - Обврзници претставува обврзнички фонд. Основни инструменти во кои ќе се инвестираат средствата на фондот се банкарските депозити, инструменти на пазарот на пари, краткорочни должнички хартии од вредност од најбонитетни издавачи, државни и корпоративни обврзници. Приносот кај овие фондови по правило би бил поголем од каматата на орочените депозити. Инвестициската стратегија на Фондот сугерира вложување на среден рок со однапред дефиниран период на инвестирање, односно КБ Публикум -Обврзници е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства на период од над една година. Одобрени се и Статутите и Проспектите на отворените инвестициски фондови.

Меѓународна соработка

- Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на РМ Марина Наќева Кавракова во периодот од 21 до 25 март 2011 година престојуваше во Република Хрватска, каде учествуваше на работни состаноцисо градоначалниците на Ријека и Сплит. Целта - запознавање со искуствата во областа на издавање на општински обврзници, од аспект на подготовка, емисија и реализација на проектот. За време на престојот реализирани се и работни средби со институциите кои имаат значајна улога во процесот на издавање на општински обврзници како што се Загребачката Берза, Хрватската Агенција за надзор на финансиските услуги и Привредна Банка Загреб. Освен Претседателот на КХВ Марина Наќева Кавракова, на работните состаноци учествуваа и градоначалниците на неколку единици на локална самоуправа од Република Македонија и тоа Илинден, Гевгелија, Гостивар и Кавадарци, како и претставници од Куманово и од Штип. Овој проект е организиран од страна на УСАИД-Проект за локална самоуправа. - Претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во периодот од 22-24 март 2011 година учествуваа на седмиот состанок на Поткомитетот за внатрешен пазар и конкуренција и на Поткомитетот за економско-финансиски прашања и статистика при Европската унија во Брисел. Освен од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, во Брисел беа и претставници од Министерството за финансии на РМ, Министерството за економија на РМ, Министерството за транспорт и врски на РМ, Министерството за правда на РМ, Министерството за образование и наука на РМ, Кабинетот на заменик претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања, Агенцијата за поттикнување странски инвестиции и др. На двата состанока се презентираше напредокот на Република Македонија во областите кои се однесуваат на внатрешниот пазар и конкуренција како: право на основање и слобода на давање услуги; јавни набавки и концесии; интелектуална сопственост; конкуренција; Финансиски услуги и Право на трговски друштва . Во делот на економско-финансиски прашања и статистика, акцент беше ставен на економските и монетарни случувања во РМ и во ЕУ; односите на РМ со меѓународните финансиски институции; реформите за подобрување на деловната клима во РМ; зајакнувањето на конкурентноста на економијата; слободното движење на капиталот; статистиката; финансиската контрола. Европската Комисија оцени дека Република Македонија успеала да го минимизира влијанието на глобалната финансиска криза, ги поздрави напредокот и активностите што ги презема земјата за натамошно усогласување на законодавството особено во областа на финансиските услуги , а позитивно се изјасни и за административните и регулаторните капацитети на сите супервизорски институции во финансискиот сектор во РМ меѓу кои и Комисијата за хартии од вредност.

Подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, во април по завршена јавна расправа го усвои Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за постапката за обновување на дозволата за работење на брокер.Исто така, усвоени се и следните Предлог Правилници: 1. Предлог Правилник за формата, содржината и начинот на издавање и одземање на службена легитимација и 2. Предлог Правилник за хартиите од вредност и другите финансиски инструменти во кои може да се вложуваат средствата на клиентот при вршење на услугата управување со портфолио по налог и за сметка на индивидувален клиент; Овие два правилника се ставени на веб страницата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија кои се достапни на јавноста за коментари и сугестии.

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ја одобри третата емисија на акции на НЛБ Нов Пензиски фонд АД Скопје по пат на приватна понуда." Со третата емисија на акции, НЛБ; ; " Нов пензиски фонд АД Скопје" ќе издаде 1.2" 00 обични акции со номинална вредност од 100 евра по акција.Емисијата " се врши заради зголемување на основната главнина и тоа " со парични влогови. Акциите се " наменети " за> институционалните инвеститори - постојни акционери на НЛБ Нов Пензиски фонд АД Скопје.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во април им ги обнови дозволите за брокери на следните лица: 1.Маја Ивановска Стефановска; 2.Борис Волкан; 3.Илчо Лазаревски; 4.Иван Штериев; 5.Евита Иванова; 6.Елена Јакимовска Петровска; 7.Виолета Симјановска; 8.Антонио Панев; 9.Драган Анастасовски;

Дозволи за инвестициски советници

КХВ во април на лицето Ристо Битковски му издаде дозвола за работење како инвестициски советник.

Супервизорски активности

КХВ даде согласност на измените и дополнувањата на Статутот на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Со нив: Се дава можност акционер на ЦДХВ да се стекне со акции без ограничување, доколку ги исполни утврдените законски услови за квалификувано учество, наспроти сегашниот максимум од 15 %, се воведува можност ЦДХВ освен со државни хартии од вредност да се стекнува и со сопствени хартии од вредност и му се забранува на Извршниот директор на ЦДХВ да ги пренесува своите овластувања на трети лица.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во април секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе вкупно три контроли на брокерски куќи и тоа две редовни и една вонредна , како и една контрола на акционерско друштво со посебни обврски за известување.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во април постапуваше по шест барања за заштита на акционерски права.

Меѓународна соработка

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Марина Наќева Кавракова учествуваше на 36-тата конференција на Меѓународната организација на Комисиите за хартии од вредност - IOSCO што се одржа во периодот од 15 до 21 април во CapeTown, South Africa. Во оваа пригода, Генералниот секретар на IOSCO Господин Грег Танзер на Претседателот на КХВ Марина Наќева Кавракова и ја врачи Резолуцијата на Групата за носење одлука со која Комисијата за хартии од вредност стана потписник на " мултилатералниот Меморандум за разбирање при консултациите, соработката и размената на информации> " (MMoU) помеѓу регулаторите на пазарот на капитал во земјите-членки на IOSCO и тоа во листа А. Со тоа, како полноправен член, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија активно учествува во работата на IOSCO, почитувајќи ги целите на организацијата : меѓусебна соработка во насока на промовирање на регулатива со високи стандарди заради одржување ефикасни и сигурни пазари; размена на искуства за да се промовира развојот на домашните пазари; обединување на напорите за воспоставување стандарди и ефективна контрола на меѓународните трансакции со хартии од вредност; обезбедување меѓусебна помош за промовирање на интегритетот на пазарите со ригорозна примена на стандардите и со ефективно санкционирање на прекршоците.

Подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, во мај по завршена јавна расправа ги усвои следните правилници: 1.Правилник за потребната дополнителна документација за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во брокерска куќа, берза на хартии од вредност или депозитар; 2.Правилник за формата, содржината и начинот на издавање и одземање на службена легитимација ; 3. Правилник за хартиите од вредност и другите финансиски инструменти во кои може да се вложуваат средствата на клиентот при вршење на услугата управување со портфолио по налог и за сметка на индивидувален клиент;

Решенија за емисии на акции

КХВ во мај ја одобри деветтата емисија на долгорочни хартии од вредност на Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје по пат на приватна понуда. Станува збор за 2.662 обични акции со вкупна вредност од 26.620.000 денари. Деветтата емисија се врши од средства на друштвото, така што акционерите наместо дивиденда во пари ќе добијат акции и тоа сразмерно на нивното учество во основната главнина на Клириншката куќа КИБС АД Скопје.

Преземање на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Дуропак ГмбХ Виена, Република Австрија му издаде дозвола да даде понуда за откуп на сите акции, издадени од Комуна АД Скопје. Станува збор за 260.452 обични акции со право на глас и 18.548 приоритетни кумулативни акции. Дуропак ГмбХ Виена, Република Австрија се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 495 денари (околу 8 евра) по акција. Понудувачот има депонирано 2.254.780 евра на девизната сметка на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, износ, кој е потребен за плаќање на сите хартии од вредност на кои се однесува понудата. Рокот за прифаќање на понудата за откуп изнесува 45 дена од денот на првото објавување на извадокот од Проспектот и на понудата за откуп, а акциите треба да се платат во рок од 8 дена по приемот на решението на Комисијата за хартии од вредност за успешност на понудата.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во мај ја обнови дозволата за работење на еден брокер, вработен во брокерската куќа "Битола Брокер" АД Битола.

Согласности за субјектите кои се предмет на супервизија на Комисијата за хартии од вредност

а) Македонска берза АД Скопје Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност на измените и дополнувањата на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, со кои се воведуваат т.н. маркет мејкери, односно поддржувачи на ликвидност. Маркет мејкерот создава пазар за одредена хартија од вредност, така што во Бест системот на Берзата внесува лимитирани куповни и продажни налози за хартијата од вредност и склучува трансакции врз основа на тие налози во рамките на класичното тргување. На тој начин, маркет мејкерите придонесуваат да се зголемат обемот на тргувањето, ликвидноста на хартијата и длабочината на пазарот, а се намалува распонот во цените на поединечните хартии од вредност. Исто така, КХВ даде согласност на измените и дополнувањата на Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, со кои се подигнуваат стандардите за обелоденување на ценовно чувствителните информации од страна на котираните друштва. Со овие корекции, Правилата за котација се усогласуваат со измените и дополнувањата на Законот за трговски друштва. б) Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје Во мај, Комисијата даде согласност на измените и дополнувањата на Статутот на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Со нив: се дава можност акционер на ЦДХВ да се стекне со акции без ограничување, доколку ги исполни утврдените законски услови за квалификувано учество, наспроти сегашниот максимум од 15 %,се воведува можност ЦДХВ освен со државни хартии од вредност да се стекнува и со сопствени хартии од вредност и на извршниот директор на ЦДХВ му се забранува да ги пренесува своите овластувања на трети лица.

Супервизорски активности

На барање на "Фершпед брокер" АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност и ја намали дозволата за работење на оваа брокерска куќа, со што повеќе нема да ги врши услугите со хартии од вредност како досега, туку само ќе купува и продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот и ќе дејствува како покровител при котација. За вршење на овие дејности, "Фершпед брокер" АД Скопје во секое време мора да поседува основна главнина од 75 илјади евра, а не 500 илјади евра, колку што одржуваше претходно. - КХВ и ја измени дозволата за работење и на "Алта Виста Брокер" АД Скопје, бидејќи брокерската куќа побара повеќе да не ја врши услугата-инвестициско советување, туку само да купува и да продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот и да дејствува како покровител при котација.

Спроведени контроли

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во мај спроведе вкупно 4 контроли од кои 3 редовни и 1 вонредна контрола .

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизијана пазарот на капитал во мајпостапуваше по трибарања > за заштита на акционерски права.

Меѓународна соработка

Во периодот од 09-11 мај 2011 година, претставници на Комисијата за хартии од вредност беа во работна посета на Полската Комисија за финансиски надзор (ПКФН). Посетата беше организиранасо техничка помош од TAIEX програмата. Целта: да се стекнат искуства кои се од особена корист при подобрување на законската регулатива во насока на целосна имплементација на Директивата за Проспектот за издавање на хартии од вредност и на Директивата за транспарентноста и обелодедувањето на соодветните извештаи, информации и податоци. Освен Полската Комисија за финансиски надзор, претставниците на КХВ ја посетија и Варшавската Берза, каде се запознаа со електронските платформи за тргување на акциите и обврзниците, како и на финансиските деривати. Исто така, беше образложена и постапката на прием на котација на одредени хартии од вредност, издадени од издавачите, при што Варшавската Берза посветува особено внимание за промовирање на самиот чин на прием за котација (последна компанија чии акции се примени на котација е НЛБ Нова Љубљанска Банка од Словенија).

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на РЖ Техничка Контрола АД Скопје и даде одобрение за продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда. Станува збор за 9563 обични акции, што претставуваат 4,5447% од основната главнина на друштвото. Продажната цена по акција е 321 денар. Купувач на сопствените акции од РЖ Техничка Контрола АД Скопје со вкупен износ од 3.069.723 денари е АД Факом Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јуни вкупно активни акционерски друштва се 155. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Спроведени контроли

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во јуни спроведе една вонредна контрола.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во јуни постапуваше по две барања за заштита на акционерски права.

Меѓународна соработка

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на РМ Марина Наќева Кавракова, во периодот од 06-08 јуни 2011 година престојуваше во Лисабон, Португалија каде учествуваше на годишниот состанок на Европскиот Регионален Комитет на IOSCO. Во истиот период , претставници на Комисијата за хартии од вредност беа во работна посета на ; Италијанската Комисија за хартии од вредност CONSOB (Commissione Nazionale per le Societagrave e la Borsa ) во Рим. Посетата беше организирана преку донација на Европската Унија - REPARIS проект за изработка на методологија за супервизија на учесниците на пазарот за хартии од вредност. Целта на студиската посета беше размена на искуство и трансфер на знаење во областа на: инвестициски ;те фондови (надзор, адекватноста на капиталот, евалуација и рангирање); SRO's саморегулирачките организации; гарантниот фонд и надоместот на штета на инвеститорите ; спречување на перење пари; анализа на финансиските извештаи на учесниците на пазарот.

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во јули ја одобри петтата емисија на акции на АД за осигурување Сава Табак - Скопје по пат на приватна понуда. Станува збор за 5000 обични акции со продажна цена од 500 евра по акција и вкупен износ на емисијата од 2.500.000 евра. Петтата емисија на акции на друштвото се врши со нови влогови и е наменета за институционалниот инвеститор - постојан акционер Позаваровалница САВА Д.Д. Љубљана, Република Словенија. Зголемувањето на основната главнина, Сава Табак Осигурување АД Скопје го врши заради подобрување на финансиското работење и зајакнување на позицијата на друштвото на осигурителниот пазар.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јули, вкупно активни акционерски друштва се 154. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Супервизорски активности

Комисијата за хартии од вредност на РМ во јули донесе Решение со кое Илирика ДЗУ д.о.о. Љубљана доби согласност да стекне квалификувано учество во друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје. Добивањето согласност за квалификувано учество е чекор на друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје за отпочнување на постапка за докапитализација, односно за зголемување на основната главнина.

Меѓународна соработка

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Марина Наќева Кавракова во периодот од 7 до 10 јули 2011 година престојуваше во Белград, Република Србија. Претседателот на КХВ оствари серија работни состаноци со колегите од Српскиот регулатор за состојбите на пазарите на капитал во двете земји,како и за одредени трансакции.

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Халк Банка АД Скопје и ја одобри десеттата емисија на акции по пат на приватна понуда. Се издаваат нови 146.545 обични акции, со вкупен износ од 1.465.450.000 денари. Десеттата емисија се врши со нови влогови и е наменета за институционалниот инвеститор - постојан акционер Халк Банка А.Ш. Турција од Анкара-Турција. Зголемувањето на основната главнина на Халк Банка АД Скопје е за да се обезбеди оптимална адекватност на капиталот во наредниот период. Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје доби одобрение да емитува 20.000 обични акции во вкупен износ од 200.000 евра. Третата емисија на акции се врши со нови влогови и е наменета за институционалниот инвеститор и постојан акционер на друштвото - Илирика ДЗУ д.о.о Љубљана, Република Словенија. Докапитализацијата се прави заради покривање на неопходните трошоци во работењето и адекватност на капиталот. Комисијата на Друштвото за застапување во осигурувањето - АМГ Премиум АД Скопје му даде одобрение да издаде 35.000 обични акции со вкупен износ од 35.000 евра. Втората емисија се реализира по пат на приватна понуда и е наменета за познат купувач, а се врши заради исполнување на условот за пререгистрација на Друштвото за застапување во осигурувањето во Брокерско друштво за осигурување.

Решенија за преземање на акционерски друштва

КХВ донесе Решение со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на акции издадени од Друштвото за производство на хартија и амбалажа Комуна АД Скопје, дадена од Дуропак ГмбХ Виена, Австрија. Со ова, Скопска Комуна и формално правно е преземена од австрискиот инвеститор, кој се има стекнато со 179.182 обични акции, кои обезбедуваат учество од 68,8 проценти од акциите со право на глас издадени од Комуна АД Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во август, вкупно активни акционерски друштва се 154. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Согласности за директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност

Комисијата даде согласност Јосиф Костандиновски да биде именуван за директор на брокерската куќа Еуро Брокер АД Скопје за мандат од четири години, а Атанас Стојчески за директор на Одделот за работа со хартии од вредност на Охридска банка АД Охрид за период од една година.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност на РМ на Елена Рогановиќ Манчева и издаде лиценца за брокер, а на Игор Размоски му ја обнови дозволата за работење како брокер.

Супервизорски активности

КХВ и даде согласност на Стопанска банка АД Скопје - Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско посреднички услуги, да ја прошири дозволата за работење со хартии од вредност за вршење на уште две нови услуги и тоа: управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент и инвестициско советување. Со ова, Стопанска банка АД Скопје - Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско посреднички услуги може да ги врши сите услуги со хартии од вредност, утврдени со Законот за хартии од вредност и за тоа во секое време мора да поседува и да одржува основна главнина во износ од 500 илјади евра.

Санкции

А) Брокери Комисијата изрече јавна опомена на брокер, вработен во брокерската куќа Иново брокер АД Скопје поради непочитување на Законот за хартии од вредност и на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, односно брокерот не се придржувал кон инструкциите дадени од клиентот.

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност во септември го разгледа Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за инвестиционо советување. Предлог Правилникот е ставен на јавна расправа.

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на брокерската куќа Еурохаус АД Скопје и одобри да издаде 60.000 обични акции по пат на јавна понуда. Продажната цена по акција е 62 денари, а вкупната вредност е 3.720.000 денари. Втората емисија на Еурохаус АД Скопје се врши заради зголемување на капиталот на брокерската куќа и обезбедување на средства за непречено обавување на дејноста на работењето на друштвото во наредниот период. Комисијата одобри на Прехранбена Индустрија Благој Ѓорев АД Велес да продаде 60.753 сопствени обични акции по поединечна продажна цена од 400 денари. Купувачи на акциите се шест правни лица и тоа по две од Скопје и од Велес, и по едно од Штип и од Холандија. Сопствените акции кои се предмет на оттуѓување претставуваат 11,77% од основната главнина на друштвото.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во септември, вкупно активни акционерски друштва се 154. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Согласности за директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност

Комисијата даде согласност Маја Ивановска Стефановска да биде именувана за директор на Службата за работа со хартии од вредност на Централна кооперативна банка АД Скопје за мандат од четири години.

Дозволи за брокери

На седницата беа обновени дозволите за работење на брокер на лицата Емилија Брљамова и Александар Николов.

Дозволи за инвестициски советници

Во септември, КХВ издаде една лиценца за инвестициски советник и тоа на Зоран Христовски.

Супервизорски активности

КХВ ги задолжи Друштвото за управување со инвестициски фондови Иново Статус АД Скопје и Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје во рок не подолг од 30 дена да пристапат кон усогласување на вложувањата, согласно предвидената инвестициска политика наведена во проспектите на фондовите.

Спроведени контроли

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во септември спроведе една вонредна контрола и тоа на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во септември постапуваше по три барањ а за заштита на акционерски права.

Санкции

А) Акционерски друштва со посебни обврски за известување Поради утврдена капитална, роднинска и управувачка поврзаност кај определени акционери на АД Раде Кончар Апаратна техника Скопје, Комисијата за хартии од вредност го одзема правото на глас и на дивиденда на обичните акции кои се стекнати спротивно на Законот за преземање на акционерски друштва. КХВ ги задолжи лицата кои ги поседуваат ваквите акции да ги понудат на продажба во рок не подолг од 90 дена, а против нив ќе се поднесат и прекршочни пријави. Комисијата за хартии од вредност на РМ одби да ја ослободи НЛБ Тутунска банка АД Скопје од обврската за обелоденување на ценовно чувствителна информација во врска со поведена судска постапка ,чија висина изнесува повеќе од 5 % од вредноста на капиталот на банката. Во дописот до КХВ, НЛБ Тутунска банка АД Скопје објаснува дека со објавување на ваква информација долгорочно би се загрозил деловниот интерес, а посредно и материјалниот на банката зашто сама по себе претставува сериозен репутационен ризик, но и потенцијална опасност за воспоставување пракса за поведување на беспредметни спорови од страна на несовесни договорни страни. Комисијата како институција која се грижи за транспарентност на пазарот на хартии од вредност оцени дека објавувањето на ценовно чувствителната информација е во интерес на инвеститорите и е битна за донесување на правилна инвестициска одлука и затоа го одби барањето на НЛБ Тутунска банка АД Скопје.

Меѓународна соработка

Во септември, Претседателот на КХВ на РМ Марина Наќева Кавракова престојуваше во Милочер-Република Црна Гора во периодот од 12-15 септември 2011 година, каде учествуваше на XIX Регионален Милочерски Развоен Форум "Балкан и ЕУ" во организација на Комисијата за хартии од вредност на Република Црна Гора Комисијата со свој претставник зема учество и на конференцијата"Conference of International Takeover Regulators - Takeovers, Mergers & Acquisitions" во организација на "The Austrian Takeover Commission" што се одржа во периодот од 07-09 септември 2011 година во Виена, Aвстрија. Претставник на Комисијата за хартии од вредност на РМ во периодот од 29 септември до 01 октомври 2011 година учествуваше на 36-ти Пленарен состанок на MONEYVAL, Комитетот на кој се бранеше Вториот Извештај за напредокот на системот за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам од последниот круг на евалуација.

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија го усвои Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за критериумот за рангирање на субдепозитарна банка на инвестициски фонд. Овој акт е од времен карактер.

Преземање на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Комисијата за хартии од вредност на РМ даде дозвола физичките лица Марија Толеска и Наташа Толеска да дадат понуда за откуп на сите акции, издадени од Тајмиште АД Кичево. Понудата за откуп се однесува на 17.917 обични акции со право на глас и на 2451 приоритетни кумулативни акции. Понудувачот се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 1550 денари по акција. За таа намена, понудувачот има депонирани средства на сметка на ЦДХВ и обезбедено две банкарски гаранции. Најмалата количина на акции со право на глас на кои се однесува понудата за откуп што треба да биде прифатена за да се смета за успешна е 26% од обичните акции со право на глас,односно 6.211 обични акции.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во октомври, вкупно активни акционерски друштва се 154. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Дозволи за инвестициски советници

Во октомври КХВ беа издадени две дозволи за инвестициски советник и тоа на ГоранПоповски и на Катерина Илиќ Нонкуловска.

Спроведени контроли

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во октомври спроведе четири редовни контроли на брокерски куќи и една редовна контрола на инвестициски фонд.

Согласности за директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија едногласно донесе решение со кое не даде согласност Стеван Шапчески да биде повторно именуван за директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Комисијата за хартии од вредност оцени дека поради досега изречените мерки на предложениот кандидат му е нарушен интегритетот за функцијата директор и со такво поведение согласно Законот за хартии од вредност и Правилникот за начинот и постапката на давање согласност за именување на директор на депозитар з ,''; а хартии од вредност не може да биде директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Според евиденцијата на КХВ против Стеван Шапчески како директор на ЦДХВ АД Скопје изречени се повеќе санкции од кои неколку се времени одземања на согласноста за директор во траење од 30 работни дена. Имено, Стеван Шапчески до Комисијата поднесе барање за добивање согласност за именување за директор на ЦДХВ, бидејќи во ноември оваа година му истекува мандатот. Стеван Шапчески на ова акционерско друштво е директор од октомври 2001 година.

Меѓународна соработка

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Марина Наќева Кавракова учествуваше на ,''2011 IOSCO Emerging Market Committee Annual Meeting,кој се одржа во периодот од 14-21 октомври 2011 година,во Пунта Кана, Доминиканска Република.

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност во ноември го разгледа и усвои Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за инвестиционо советување. Овој подзаконски акт претходно беше ставен на јавна расправа. Исто така, КХВ го усвои и Предлог Правилник за иземенување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за одобрување на приватна понуда на хартии од вредност, по што е објавен на веб страницата на Комисијата за јавна расправа. Јавноста ќе има можност да ги каже и своите забелешки и сугестии о за Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за донесување одлука во случај на молчење на Комисијата, кој е усвоен како подзаконски акт од времен карактер.

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и одобри да ја издаде осумнаесетта емисија на акции по пат на приватна понуда. Станува збор за 184.200 обични акции со поединечна продажна цена од 5.000 денари по акција. Купувач на акциите е Steiermarkishe Bank und Sparkassen AG од Грац, Австрија, кој е институционален инвеститор и постојан акционер во банката. Целта за издавање на акциите по пат на приватна понуда е прибирање на акционерски капитал кој ќе може да се пласира во долгорочни инвестициски и станбени кредити.

Преземање на акционерски друштва со посебни обврски за известување

КХВ во ноември донесе Решение за утврдување на успешност на понудата за откуп на акции издадени од Акционерското друштво Тајмиште производство, преработка, промет и услуги, Кичево.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во ноември, вкупно активни акционерски друштва се 152. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во ноември обнови две брокерски дозволи и тоа на Леонид Дечев и на Гордана Богеска.

Дозволи за инвестициски советници

КХВ издаде една лиценца за инвестициски советник и тоа на Дарко Сима.

Спроведени контроли

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во ноември спроведе три вонредни контроли и две редовни контроли на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност.

Супервизорски активности

Комисијата за хартии од вредност на РМ даде согласност на Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за работа на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Со овие корекции се овозможува овластен учесник да може да отвори портфолио сметка за хартии од вредност на име на друштво за управување со инвестициски фондови или на друштво за инвестициско советување кое има дозвола за управување со портфолио на хартии од вредност, издадена од Комисијата.

Согласности на директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност Даринка Дамјановиќ да биде именувана за вршител на должност - директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Функцијата вршител на должност ќе може да ја врши шест месеци. Именувањето на Даринка Дамјановиќ за вршител на должност - директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје доаѓа откако Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во октомври едногласно донесе решение со кое не даде согласност Стеван Шапчески да биде повторно именуван за директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Даринка Дамјановиќ во моментов е Раководител на правен сектор во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Барања за заштита на акционерски права

До Секторот за супервизија на пазарот на капитал во ноември стигнаа 3 поплаки од акционери за заштита на нивните права.

Санкции

КХВ на Агромеханика АД Скопје и изрече мерка - јавно обелоденување на утврдената неправилност и незаконитост. Имено, Агромеханика АД Скопје поседувала ценовна чувствителна информација во врска со судски спор и како друштво со посебни обврски за известување била должна да ја објави истата , но тоа не го сторила. Ваквата мерка е резултат на серија спроведени контроли од страна на Комисијата, заради заштита на правата на малцинските акционери на Агромеханика АД Скопје. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе решение со кое на правното лице БРИК АД Берово и на Татјана Чичаковска им го одзема правото на глас и правото на дивиденда на обичните акции што ги поседуваат во Алкалоид АД Берово, а што како поврзани лица ги стекнале спротивно на Законот за преземање на акционерски друштва. Затоа, Комисијата ги задолжи лицата кои се стекнале со акции спротивно на одредбите на законот, истите да ги понудат за продажба во рок кој не може да биде подолг од 90 дена.

Обуки

Со корпоративно управување до зголемена вредност на компаниите е насловот на работилницата што на 24 ноември 2011 година во Скопје ја организираа Комисијата за хартии од вредност и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), дел од Групацијата на Светска банка. Работилницата имаше за цел да им помогне на компаниите во Македонија, пред се на друштвата со посебни обврски за известување, преку подобрување на корпоративното управување да станат посакуван партнер на финансиските институции и на инвеститорите.

Меѓународна соработка

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Марина Наќева Кавракова на 30 ноември, 2011 година во Белград, Република Србија ја потпиша Декларацијата за соработка на регулаторите на пазарите на капитал во регионот. Освен Претседателот на Македонската Комисија за хартии од вредност, потпис на документот ставија и претставници на регулаторите на Република Словенија, Република Србија, Република Српска,Федерација БиХ, Брчко дистрикт БиХ, Република Црна Гора и на Република Хрватска. Целта на декларацијата е да се зајакнатинтегритетот и ефикасноста на пазарите на хартии од вредност и заштитата на инвеститорите. Декларацијатаважи пет години.

Подзаконски акти

По завршена јавна расправа , Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во декември усвои два Правилника и тоа: 1.Правилник за изменување и дополнување на правилникот за критериумот за рангирање на субдепозитарна банка на инвестициски фонд и 2. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за одобрување на приватна понуда на хартии од вредност.

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Друштвото за трговија и услуги "Тобако" АД Скопје му одобри емисија на акции по пат на јавна понуда. Предмет на понудата се 200 илјади обични акции, со минимална продажна цена од 617 денари по акција. Доколку, оваа јавна емисија биде успешна, Друштвото за трговија и услуги "Тобако" АД Скопје ќе го исполни условот да биде запишано во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност на друштва со посебни обврски за известување.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во декември, вкупно активни акционерски друштва се 154. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Дозволи за брокери

КХВ во декември му ја обнови дозволата за брокер на Степан Стефановски.

Дозволи за инвестициски советници

Во декември, КХВ им издаде уверенија за инвестициско советување на Петар Велкаврх и на Јанко Тренковски.

Постапка за ликвидација

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на брокерската куќа "Ауктор и Хита Брокери" АД Скопје , поради донесена одлука за престанок со работа на брокерската куќа од страна на Собранието на акционери. Истовремено, со трајното одземање на дозволата за работа на "Ауктор и Хита Брокери" АД Скопје се исполнуваат условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе поведе постапка пред надлежниот суд.

Санкции

A ) Акционерски друштва со посебни обврски за известување Комисијата за хартии од вредност на РМ одби да ја ослободи "Стопанска банка" АД Битола од обврската за обелоденување на ценовно чувствителна информација во врска со поведена судска постапка,чија висина изнесува повеќе од 5 % од вредноста на капиталот на банката. Во барањето до КХВ, "Стопанска банка " АД Битола објаснува дека јавното објавување на информација та би влијаело лошо на репутацијата на банката и врз инвеститорската јавност и пазарот на хартии од вредност. Комисијата како институција која се грижи за транспарентност на пазарот на хартии од вредност оцени дека објавувањето на ценовно чувствителната информација е во интерес на инвеститорите и е битна за донесување на правилна инвестициска одлука и затоа го одби барањето на "Стопанска банка" АД Битола.

Меѓународна соработка

Претставник на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија учествуваше на Годишната Конференција на Европскиот Регионален Комитет на Меѓународната организација на Комисиите за хартии од вредност -IOSCO што се одржа на 15 декември 2011 година во Брисел, Белгија.

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во јануари гo усвои Правилникот > за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на годишните, полугодишните, тримесечните и тековните извештаи, резимето од годишните извештаи, материјали за акционерски собранија и извештај за сопственост на акционерските друштвата со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност. Овој акт е објавен на веб страната на КХВза јавна расправа, со цел сите засегнати страни да ги кажат своите забелешки и сугестии.

Решенија за емисија на хартии од вредност

Во јануари, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и ја одобри деветнаесеттата емисија на акции по пат на приватна понуда. Со тоа, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ќе издаде 184.200 обични акции. Продажната цена по акција е 5.000 денари, а вкупната вредност на емисијата е 921.000.000 денари. Деветнаесеттата емисија на акции, банката ја врши за зголемување на капиталот со парични влогови, а е наменета за институционалниот инвеститор - постојан акционер Steiermarkishe Bank und Sparkassen AG, Република Австрија.Преку емисијата, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје има цел да прибере акционерски капитал кој ќе може да го пласира во долгорочни инвестициски и станбени кредити. Исто така, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје му ја одобри третата емисија на акции по пат на приватна понуда. Се издаваат нови 15.300 обични акции, со вкупен износ од 153 илјади евра. Третата емисија е наменета за познати купувачи од кои еден постојан акционер на ДУИФ-от како институционален инвеститор и еден нов инвеститор кој е физичко лице. Зголемувањето на основната главнина на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје е заради создавање реални услови за адекватност на капиталот.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јануари, вкупно активни акционерски друштва се 152. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Согласност за квалификувано учество

Комисијата за хартии од вредност и даде претходна согласност на Еуростандард банка АД Скопје да стекне квалификувано учество во Македонска берза АД Скопје, односно да се стекне со акции со право на глас, кои заедно со акциите кои претходно ги поседува сама и заедно со поврзаните лица претставуваат вкупен кумулативен износ,кој не надминува 20 проценти од вкупно издадените акции со право на глас од Македонска берза АД Скопје. Имено, Еуростандард банка АД Скопје ќе купи нови 216 обични акции, што претставува 7,74 проценти од обичните акции на Македонска берза АД Скопје. Еуростандард банка АД Скопје, со акциите што ќе ги стекне врз основа на барањето за добивање на согласност за квалификувано учество и со акциите што претходно ги поседува со поврзаните Поштенска банка АД Скопје и Поштел Брокер АД Скопје, ќе има вкупно 414 обични акции со право на глас на Македонска берза АД Скопје, односно 14,38 проценти од обичните акции со право на глас на издавачот.

Согласности за директори на брокерски куќи

Комисијата даде согласност Ѓорѓи Палевски да биде именуван за директор на брокерската куќа Поштел Брокер АД Скопје за мандат од четири години, а Искра Костова за директор на брокерската куќа Бро Дил АД Скопје за период од четири години.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност на РМ обнови и една дозвола за работење како брокер и тоа на Гордан Јанкуловски.

Супервизорски активности

КХВ на Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје му одобри да врши уште две нови услуги согласно Законот за инвестициски фондови и тоа: управување со средства за сметка на индивидуален клиент- сопственик на портфолио и работи на инвестициско советување. Со ова, ДУИФ Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје ја проширува дозволата за работа.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во jануари секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе 2 (две) контроли и тоа една на Македонската берза АД Скопје и една на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во јануари постапуваше по 1 (едно) барање за заштита на акционерски права.

Меѓународна соработка

Во јануари, претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ја следеаRegional Capital Market Development - Enforcement and Oversight Training Programme" .Едукативниот семинарсе одржаво Малта и тоа во периодот од 23 до 26 јануари 2012 година.

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во февруари издаде четири решенија за емисии на акции и тоа на : 1.Акционерското друштво за осигурување Винер Лајф Виена Иншуренс Груп Скопје да издаде втора емисија на акции по пат на приватна понуда. Со тоа, Винер Лајф Виена Иншуренс Груп Скопје издава 300 обични акции со вкупен износ на емисијата од 300.000 евра. Втората емисија на акции, акционерското друштво за осигурување ја врши по пат на зголемување на основната главнина со парични влогови, а е наменета за институционалниот инвеститор - единствениот акционер Vienna Insurance Group AG Wiener Versicherung Gruppe, Република Австрија. Преку емисијата, Винер Лајф Виена Иншуренс Груп Скопје има цел да го зајакне капиталот на друштвото и да го усогласи работењето со Законот за супервизија на осигурување. 2. Органско Хемиската Индустрија"Наум Наумовски Борче" АД Охис Скопје да издаде 74.907 обични акции во вредност од 3.829.920 евра. Акциите од третата емисија се обични и се издаваат по продажна цена која е еднаква на нивната номинална вредност. Емисијата по пат на приватна понуда се врши на тој начин што Република Македонија ги презема акциите од новата емисија, а побарувањата по основ на позајмици и финансиска помош што ги има Охис АД Скопје ги претвора во влогови во друштвото, односно со внесување на непарични влогови. На овој начин се намалува долгот кој Охис АД Скопје го има кон државата по основ на позајмици и финансиска помош. Постапката се спроведува согласно Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на позајмици во траен влог во Друштвото АД Органско хемиска индустрија"Наум Наумовски-Борче" АД Скопје. 3. Прокредит Банка АД Скопје да издаде 357.351 обични акции по пат на приватна понуда. Вкупната вредност на четвртата емисија на акции е 3.000.000 евра. Емисијата на Прокредит Банка АД Скопје се врши заради прибирање на финансиски средства потребни за извршување на активностите на банката. Акциите се наменети за двајца познати купувачи-институционални инвеститори.И тоа: Прокредит Холдинг, кој ќе купи 312.682 акции, со вкупна продажна вредност од 2.625.000 и Eвропската банка за обнова и развој, која ќе купи 44.669 акции со продажна вредност од 375.000 евра. 4. Евроинс Осигурување АД Скопје ;да издаде шеста емисија на акции по пат на приватна понуда, наменета за институционалниот инвеститор - Евроинс Иншуранс Груп ЕАД. Друштвото издава 1.000 обични акции, а вкупниот износ на емисијата изнесува 31.500.000 денари.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во февруари ,вкупно активни акционерски друштва се 150. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Дозволи за брокер

КХВ во февруари обнови една лиценца за работење на брокер и тоа на лицето Зоран Мајнов.

Дозволи за инвестициски советници

КХВ даде три дозволи за инвестициски советници и тоа на лицата Михајло Брова Зиков, Владимир Спасовски и на Тони Костов, сите вработени во Комерцијална банка АД Скопје.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во февруари секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведеедна вонредна контрола на брокерска куќа.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во февруари постапуваше по 2 (две) барања за заштита на акционерски права.

Обука

Во февруари, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија беше домаќин на Работилница на регулатори на пазарите на капитал во регионот. Ваквиот еминентен собир во овие клучни моменти за пазарите на хартии од вредност беше организиран во соработка со УСАИД - Partners for financial Stability и на Меѓународната организација на Комисиите за хартии од вредност - IOSCO. Тема на работилницата беше влијанието на светската економска криза врз пазарите на хартии од вредност, имплементација на IOSCO принципи, регионална соработка и интеграција на пазарите на хартии од вредност, консолидација на небанкарски финансиски регулатори. На средбата учествуваа Марина Наќева Кавракова, Претседател на Комисија за хартии од вредност на РМ,Isabel Pastor, Senior advisor IOSCO, Robert Singletary, USAID"s Partners for Financial Stability (PFS), Зоран Чировиќ, Претседател на Комисија за хартии од вредност на Република Србија, Дамјан Жугељ, Претседател на Комисија за хартии од вредност на Република Словенија, Зоран Џикановиќ, Претседател на Комисија за хартии од вредност на Црна Гора и Raluca Tariuc, Директор на директорат за ЕУ интеграција и меѓународна соработка во Комисија за хартии од вредност на Романија, како и други релевантни личности од пазарите за хартии од вредност во регионот. Работилницата беше дводневна и се одржа на 16 и 17 февруари, 2012 Скопје.

Меѓународна соработка

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Марина Наќева Кавракова учествуваше на ERC Mobile Seminar Training Program 2012 on "New Financial Products:Their Regulatory Challenges and IOSCO acutes Response" lшто се одржа во периодот 22-24 февруари 2012 година во Никозија, Кипар.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во март, вкупно активни акционерски друштва се 154. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Дозволи за инвестициски советници

Во март, КХВ му даде дозвола за инвестициски советник на Драган Илкоски.

Супервизорски активности

КХВ во март даде согласност на измените на Статутот на ДУИФ КД Фондови АД Скопје.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во март секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе три редовни контроли на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во март постапуваше по 3 (три) барања за заштита на акционерски права.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во април, вкупно активни акционерски друштва се 149. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија му издаде дозвола за работење како брокер на Филип Јаневски. Исто така, во април КХВ обнови и две лиценци за брокер и тоа на Катерина Илиќ Нонкуловска и Емилија Вукиќевиќ,и двете вработени во Стопанска Банка АД Скопје-Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско - посреднички услуги.

Дозволи за инвестициски советници

Во април, КХВ даде една дозвола за инвестициски советник и тоа на Филип Јаневски.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во април секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе три редовни и една вонредна контрола на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност .

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во април постапуваше по 1 (едно) барање за заштита на акционерски права.

Меѓународна соработка

Претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија од Секторот за супервизија на пазарот на капитал во периодот од 15 до 26 април 2012 година учествуваа на обука во Вашингтон, САД, организирана од Американската Комисија за хартии од вредност . На 2012 International Institute for Securities Market Development беше дискутирано за предизвиците со кои се соочуваат регулаторите на пазарите за хартии од вредност во земјите во развој, за пазарни манипулации, инсајдерско тргување, за примена на IFRS и IAS. Исто така, во април, претставник на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ја следеше Обуката за имплементација на принципи на добро корпоративно управување и примена на систем за супервизија на пазарни учесници заснован на ризици, што се одржа во Будва, Црна Горна во периодот 22-27 април 2012 година.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во јануари секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе 2 вонредни контроли и тоа на Македонската берза АД Скопје и на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Согласности на директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност


Супервизорски активности

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност на Одлуката за измени и дополнувања на Статутот на Македонската берза АД Скопје.Со измените и дополнувањата, се укинува функцијата Втор извршен член на Одборот на директори на Македонската берза АД Скопје, со што се намалува и бројот на членови на Одборот од девет на осум членови. Имено, отсега Одборот на директори на Македонската берза АД Скопје е составен од седум неизвршни и еден извршен член. Токму извршниот член на Одборот на директори е Главен извршен директор на Македонската берза АД Скопје, кому му се пренесоа и сите овластувања,кои досега ги вршеше вториот извршен директор на Македонската берза АД Скопје. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност на Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за работа на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Со ваквите корекции,главно се воведоа одредени процедури, кои досега не биле утврдени во Правилата за работа, а кои како функционалности се дел од секојдневното работење на Депозитарот. Овие измени се воведоа на барање на членките на Депозитарот. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност за стекнување на квалификувано учество во Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест АД Скопје со кое на Комерцијална банка АД Скопје и се дозволува да стекне акции, чиј вкупен кумулативен износ надминува 50 проценти. КХВ ги одобри Правилата за формирање и начинот на користење на Гарантниот фонд на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Со нив, се овозможува средствата на Гарантниот фонд да се активираат на денот на предвиденото порамнување преку воведување на втор циклус на порамнување кој би се одвивал само во случај на неисполнување на услови за порамнување на паричната страна во утврдениот термин, при што последниот рок за уплата да биде истиот ден. На ваков начин, сите активности кои ЦДХВ ги спроведува се концетрирани во еден ден, со што се зголемува сигурноста на инвеститорите и се намалува ризикот од непорамнување, согласно роковите утврдени при склучувањето на трансакцијата. Истовремено, се избегнува и привремено исклучување на членките од членство во Депозитарот и тоа во случај на непорамнета трансакција од технички причини од страна на деловните банки, со што се креира лош репутациски имиџ и за членките на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и за пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во јануари постапуваше по 1(едно) барање за заштита на акционерско право.

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги разгледа и утврди следните предлог Правилници: Предлог Правилник, за содржината, начинот на водење и постапката за запишување на овластените ревизори во Регистарот на овластени ревизори кои даваат мислење во постапка на одобрување на зделка со заинтересирана страна; Предлог Правилник за поблиску пропишување на условите и потребната документација која се приложува како доказ за исполнување на условите за овластен ревизор за давање мислења во постапка за одобрување на зделка со заинтересирана страна; и Правилник , за содржината и формата на мислењето што овластениот ревизор го дава во постапка на одобрување на зделка со заинтересирана страна. Овие Предлог-Правилници се објавени на веб-страницата на КХВ за јавна расправа.

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на “Клириншка куќа Клириншки интербанкарски системи“ АД Скопје и даде одобрение да ја издаде десеттата емисија на долгорочни хартии од вредност, наменета за познати купувачи -акционерите на друштвото. Станува збор за 876 обични акции во вкупна вредност на емисијата од 8.760.000 денари. Десеттата емисија на акции се врши од средства на друштвото по основ на исплата на дивиденда во акции на акционерите на КИБС АД Скопје, сразмерно на нивното учество во основната главнина на друштвото.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во мај, вкупно активни акционерски друштва се 146. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Дозволи за брокери

Во мај, Комисијата обнови три дозволи за брокер. И тоа на: Томо Томовски, Иван Ортаковски и Зорица Пиперковска.

Супервизорски активности

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност на измените на Статутот, Проспектот и Скратениот проспект на отворените инвестициски фондови КД Брик и КД Нова ЕУ, со кои управува Друштвото за управување со инвестициски фондови “КД Фондови“ АД Скопје.

Дозволи на директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност Елена Јакимовска Петровска да биде именувана за извршен директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Мандатот ѝ е до 23 март, 2015 година. Елена Јакимовска Петровска е втор по ред директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје од основањето на оваа институција. КХВ даде согласност Атанас Стојчески да биде именуван за директор на Одделот за работа со хартии од вредност при експозитура во Скопје на Охридска банка АД Охрид, со мандат од 3 години кој почнува да тече од денот на добивање согласност од страна на Комисијата за хартии од вредност. Комисијата даде согласност Миа Стефановска- Зографска и Благој Митров да бидат именувани за извршни членови на Одборот на директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови “Иново Статус“АД Скопје. Со тоа, во наредните четири години главен извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови “Иново Статус“АД Скопје останува да биде Миа Стефановска- Зографска, а извршен директор Благој Митров.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во мај секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе две редовни и три вонредни контроли на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во мај постапуваше по 2 (две) барања за заштита на акционерски права.

Санкции

А) Брокерски куќи -Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија трајно и ја одзема дозволата за работа со хартии од вредност на брокерската куќа “БРО-ДИЛ” АД Скопје, поради донесена одлука за престанок на брокерската куќа од страна на Собранието на акционери. Истовремено, со трајното одземање на дозволата за работа на “БРО-ДИЛ” АД Скопје се исполнуваат условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија поведе постапка пред надлежниот суд. - Комисијата согласно Законот за хартии од вредност изрече привремена забрана на брокерската куќа“ Битола Брокер“ АД Битола за вршење на сите услуги со хартии од вредност за кои има добиено дозвола од КХВ во времетраење од 30 работни дена, поради ненавремена исплата на парични средства на клиент, чии акции му ги продале.