КБ Публикум-Балансиран е новиот отворен инвестициски фонд кој доби одобрение за основање од Комисијата за хартии од вредност согласно новиот Закон за инвестициски фондови.
Основач на фондот е Друштвото за управување со фондови КБ Публикум Инвест АД Скопје. Новиот учесник на пазарот на капитал ќе прибира парични средства преку продажба на удели во фондот, а истите ќе ги вложува во согласност со Законот за инвестициски фондови, Статутот и со Проспектот на фондот.
Согласно податоците на Проспектот на фондот, средствата ќе се инвестираат во:
- акции на друштва од Република Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, БиХ, Украина, Руската федерација, Бразил, Индија, Кина и од земјите членки на ЕУ, Цефта и ОЕЦД;
-во должнички и краткорочни должнички хартии од вредност на издавачи од Република Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, БиХ, Украина, Руската федерација, Бразил, Индија, Кина и од земјите членки на ЕУ, Цефта и ОЕЦД;
- во депозити кај овластени банки во земјава со рок на достасување помалку од 1 година;
-во инструменти на пазарот на пари кои се тргуваат на организирани пазари издадени од издавачи од Република Македонија, како и од државите членки на ЕУ, Цефта и ОЕЦД;
-во инвестициски фондови кои претежно инвестираат во акции и во должнички хартии од вредност на издавачи од земјите од Југоисточна Европа, Украина, ЕУ, Цефта, ОЕЦД, Бразил, Кина, Индија, САД и Руската Федерација под услов да не наплатуваат трошоци за управување повисоки од 2,5 %.