За комисијата

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија е самостојно и независно регулаторно тело кое врши јавни овластувања утврдени со Законот за хартии од вредност, Законот за инвестициони фондови, Законот за преземање на акционерски друштва и сите подзаконски акти, кои произлегуваат од нив. Основана е на 19.06.1992 година со Одлука на Владата на Република Македонија. Комисијата го регулира и го контролира работењето со хартии од вредност на територијата на Република Македонија. Во рамките на своите законски надлежности и овластувања, се грижи за законито и ефикасно функционирање на пазарот на хартии од вредност и за заштита на правата на инвеститорите, со цел постојано да се јакне довербата на јавноста во институциите на пазарот на хартии од вредност во земјава. Претседателот и комисионерите ги избира и разрешува Собранието на Република Македонија, по предлог на Владата на Република Македонија.

Состав

clenovi
Габриела Јовева Ѓуровска
gabriela@sec.gov.mk
Мате Стојановски
mate@sec.gov.mk
Светлана Митева
svetlana@sec.gov.mk
Наташа Валкановска
natasa@sec.gov.mk
Славица Илиевска
slavica@sec.gov.mk
Лујза Томовска
lujza@sec.gov.mk
Боркица Груевска
borkica@sec.gov.mk

Овластувања и надлежности

Комисијата ги врши следниве функции:

  • 01Врши контрола над целокупната документација на издавачите на хартии од вредност, презема мерки и носи одлуки за заштита на интересите на лицата кои се сопственици или инвестираат во хартии од вредност и спречува нечесни и незаконски дејствија, поврзани со работењето со хартии од вредност
  • 02Издава дозволи, одобренија и согласности врз основа на Законот за хартии од вредност и другите закони во нејзина надлежност
  • 03Го регулира начинот на тргување со хартии од вредност на берзите
  • 04Го следи и контролира работењето на учесниците на пазарот на хартии од вредност
  • 05Го следи и контролира функционирањето на пазарот на хартии од вредност
  • 06Одредува стандарди на конкуренција меѓу учесниците на пазарот на хартии од вредност, како и овластените друштва за управување со фондови, односно инвестиционите фондови, по пат на контроли или на друг начин
  • 07Дава согласност за именување на директори на брокерски куќи, на одделот во банката кој е надлежен за вршење на услуги со хартии од вредност, како и на друштвата за управување со инвестициони фондови
  • 08Ги одобрува барањата за издавање на хартии од вредност
  • 09Се грижи за законит, чесен и транспарентен пазар на хартии од вредност
  • 10Ги одобрува донесувањето и сите измени на актите на депозитарот и на берзата
  • 11Соработува со други институции во Република Македонија и надвор од неа