ЗА КХВ
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ)
е основана на 19.06.1992 година со Одлука на Владата на Република
Македонија со седиште во Скопје.
КХВ е самостојна
и независна организација со својство на правно лице.
КХВ ја сочинуваат
седум членови, од кои еден е претседател. Согласно член 159
од Законот за хартии од вредност од 2000 година, членовите
и претседателот на КХВ ги именува Собранието на РМ на предлог
на Владата на РМ.
КХВ формира
Стручна Служба со која раководи директор. Стручната Служба
на КХВ е составена од четири сектори и тоа: Сектор за општи
и правни работи, Сектор за давање одобренија, Сектор за контрола
на пазарот на капитал и Сектор за истражување и анализа и
меѓународна соработка на пазарот на капитал.
КХВ врши регулирање
и контрола на сите учесници во работењето со долгорочни хартии
од вредност во РМ.
КХВ е одговорна
за спроведување на Законот за хартии од вредност и Законот
за инвестициони фондови, Законот за превземање на акционерски
друштва, како и на сите подзаконски акти донесени врз основа
на овие закони.
КХВ, во рамките
на своите законски надлежности и овластувања, е одговорна
и за законито и ефикасно функционирање на пазарот на долгорочни
хартии од вредност и за заштитата на правата на инвеститорите,
со цел постојано јакнење на довербата на широката јавност
во институциите на пазарот на долгорочни хартии од вредност
во РМ.
КХВ ги врши
следните функции:
- Презема мерки
за обезбедување и спроведување на Законот за хартии од вредност
и други закони во нејзина надлежност;
- Донесува
акти, односно правилници кои произлегуваат од Законот за
хартии од вредност и други закони во нејзина надлежност;
- Презема мерки
за обезбедување и спроведување на актите, односно правилниците
донесени во согласност со Законот за хартии од вредност
и други закони во нејзина надлежност;
- Врши контрола
на целокупната документација кај субјектите издавачи на
хартии од вредност, презема мерки и донесува одлуки за заштита
на интересите на лицата кои се сопственици или инвестираат
во хартии од вредност и спречува нечесни и незаконити дејности
поврзани со работењето со хартии од вредност ;
- Издава одобренија
кои произлегуваат од Законот за хартии од вредност и други
закони во нејзина надлежност;
- Го регулира
начинот на тргување со хартии од вредност на Берзата и пазар
преку шалтер;
- Ги следи
и ги контролира активностите на брокерските куќи и банките
во работењето со хартии од вредност, како и овластени друштва
за управување со инвестиции, односно инвестиционите фондови;
- Врши контрола
над работењето на Централниот дерпозитар за хартии од вредност;
- Одредува
стандарди на конкуренција меѓу брокерските куќи и банките
во работењето со хартии од вредност, како и овластените
друштва за управување со инвестиции, односно инвестиционите
фондови, по пат на проверка или на друг начин;
- Дава согласност
за именување и разрешување на раководните лица од Законот
за хартии од вредност и на раководните лица во друштвото
за управување со инвестициони фондови од Законот за инвестиционите
фондови;
- Ги одобрува
јавните повици што се издаваат во врска со јавна понуда
на хартии од вредност;
- Се грижи
за законит, чесен и транспарентен пазар на хартии од вредност;
- Ги одобрува
правилата на пазарот на хартии од вредност кои се однесуваат
на котацијата на хартиите од вредност и обврските за јавност
на податоците за друштвото и периодични извештаи од страна
на котирани друштва;
- Соработува
со други институции во Република Македонија и надвор од
неа по пат на размена на информации и на други начини;
- Го пропишува
начинот и постапката на тргување со долгорочни хартии од
вредност издадени во Република Македонија со кои ќе се тргува
надвор од границите на Република Македонија;
- Ги пропишува
условите за учество на овластените учесници на Берзата при
тргување на странски берзи;
- Донесува
акти, односно правилници за внатрешната организација на
Комисијата и
- Врши други
работи во врска со работењето со хартии од вредност согласно
Законот за хартии од вредност.
|