На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за ноември 2015 год.
02.12.2015

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во ноември го усвои Правилникот за формата и содржината на прекршочен платен налог, откако претходно беше на јавна расправа. Исто така, КХВ разгледа неколку предлог правилници и истите ги стави на јавна расправа, со цел јавноста да ги каже своите забелешки во однос на подзаконските акти.Станува збор за: 1.Предлог правилник за формата, содржината и начинот на водење на Регистар на единствена евиденција на прекршоците, изречените прекршочни санкции и донесените одлуки и Регистар на издадени прекршочни платни налози и начинот на пристап до информациите од Регистарот; 2.Предлог правилник за начинот на потврдување на прифаќање на налог за тргување со хартии од вредност; 3.Предлог правилник за содржината и начинот на водење на книгата на налози;

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Друштвото за производство на производи со посебна намена "11 Октомври - Еурокомпозит" АД Прилеп му даде одобрение да издаде четврта емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за 128.702 обични акции во вредност од 40.553.457,00 денари. Со четвртата емисија на акции се врши зголемување на основната главнина на Друштвото за производство на производи со посебна намена "11 Октомври - Еурокомпозит" АД Прилеп со непаричен влог, наменета за Република Македонија, со што акциите ќе бидат преземени од страна на Владата на Република Македонија како институционален инвеститор. КХВ на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давател на услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Мралино, Илинден му даде одобрение да издаде втора емисија на акции по пат на приватна понуда. Станува збор за 71.202 обични акции во износ од 71.202.000 денари. Со овие средства кои се дел од добивката на М-НАВ АД Мралино, Владата на Република Македонија како единствен акционер ја зголемува основната главнина на друштвото.

Преземање на ационерски друштва

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе Решение со кое понудата за преземање на акции од Друштвото за производство и трговија Пелистерка АД Скопје што ја даде Трговското друштво за вработување на инвалидни лица за производство и трговија Цип Продукт ДООЕЛ Скопје се утврди за успешна. Понудата за преземање била прифатена од вкупно 42 сопственици на обични акции со право на глас во Пелистерка АД Скопје кои поседуваат вкупно 10.975 обични акции што претставува 26,51 % од вкупниот број на обични акции со право на глас,односно 21,87% од вкупниот број на сите издадени хартии од вредност на Пелистерка АД Скопје. Врз основа на оваа понуда, преземачот- Цип Продукт ДООЕЛ Скопје се стекна со 10.975 обични акции, па заедно со акциите што веќе ги поседуваше има вкупно 35.316 обични акции што претставува учество од 85,3% од вкупниот број на обични акции, односно 70,38% од вкупниот број на акции издадени од Пелистерка АД Скопје. Преземањето на хартиите од вредност се изврши по цена од 2.100 денари по акција.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во ноември, вкупно активни акционерски друштва беа 18. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови седум дозволи за работење со хартии од вредност и тоа на лицата: 1.Зоран Трифуновски; 2.Кирил Митровски; 3.Маја Костиќ; 4.Ѓорѓи Палевски; 5.Ѓоко Алексовски; 6.Тони Павловски; 7.Жарко Атанасовски;

Спроведени контроли

Во ноември , Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал во ноември спроведе три редовни контроли.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA