На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Oткако претходно беа на јавна расправа Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги усвои следните подзаконски акти: 1. Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на Регистар на единствена евиденција на прекршоците, изречените прекршочни санкции и донесените одлуки и Регистар на издадени прекршочни платни налози и начинот на пристап до информациите од Регистрите,. 2. Правилник за измена на Правилникот за содржината и начинот на водење на книгата на налози; 3. Правилник за начинот на потврдување на прифаќањето или одбивањето на налог за тргување со хартии од вредност; Исто така, КХВ разгледа неколку предлог правилници и истите ги стави на јавна расправа, со цел јавноста да ги каже своите забелешки во однос на подзаконските акти.Станува збор за: 1. Предлог правилник за изменување и дополнување на Правилникот формата и содржината на барањето за одобрување на приватна понуда на хартии од вредност; 2. Предлог правилник за изменување и дополнување на Правилникот формата и содржината на соопштението за одобрување на приватна понуда на хартии од вредност;
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на "Метал –Нет"ДОО увоз-извоз Куманово и на "Квалитет –Пром" ДООЕЛ Куманово им издаде дозвола да дадат заедничка понуда за преземање на "Агрокуманово" АД Куманово. Понудата за преземање се однесува на 14.798 обични акции со право на глас издадени од "Агрокуманово" АД Куманово. Преземачите се обврзуваат да ги откупат хартиите од вредност по цена од 2.190 денари, која е еднаква за сите акции на кои се однесува понудата. Најмалата количина на обичните акции кои треба да бидат откупени за понудата да биде успешна е 14.702 обични акции, што претставува 57,53 проценти од вкупниот број на обични акции. Имено, најнискиот процент од сите обични акции на "Агрокуманово" АД Куманово кои преземачите треба да ги стекнат заедно со хартиите од вредност кои веќе ги поседуваат треба да изнесува 99,62 проценти.
Во декември, вкупно активни акционерски друштва беа 17. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови две дозволи за работење со хартии од вредност и тоа на лицата: 1. Лидија Трајковиќ; 2. Биљана Стојановиќ;
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност за измените на Проспектот на отворениот инвестициски фонд КБ Публикум Паричен и на Статутот на отворениот инвестициски фонд КБ Публикум Паричен.
Во декември , Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе три контроли од кои две редовни и една вонредна.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по две барања за заштита на акционерско право.