На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Во јануари, вкупно активни акционерски друштва беа 16. Исто така, КХВ донесе решение за бришење на АДГ Пелагонија Скопје од Регистарот поради стечај. Инаку, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови две дозволи за работење со хартии од вредност и тоа на лицата: 1.Велимир Шиповиќ 2.Јованче Тасковски
Во јануари,КХВ издаде издаде една лиценца за инвестициски советник и тоа на Миомир Алексовски.
КХВ издаде две согласности за именување на директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност и тоа: 1.Миомир Алексовски да биде именуван за в.д. директор на Дирекцијата за услуги со хартии од вредност при "Еуростандард банка" АД Скопје. 2.Васко Митев да биде именуван за директор на брокерската куќа "Илирика Инвестментс" АД Скопје со мандат од четири години.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде дозвола за работење на Дирекција за услуги со хартии од вредност при "Еуростандард банка" АД Скопје, која ќе ги нуди сите услуги со хартии од вредност предвидени со Законот за хартии од вредност, од кои некои од нив досега ги вршеше "Поштел Брокер" АД Скопје.
Во јануари , Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе две редовни контроли.