На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Во февруари, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија разгледа неколку подзаконски акти и истите ги стави на јавна расправа се со цел јавноста да ги каже евентуалните забелешки и тоа: 1. Предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за дополнителните информации кои треба да ги содржи барањето за издавање на дозвола за работење на брокерска куќа ; 2. Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за работење со хартии од вредност; 3. Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за инвестиционо советување; Исто така, во февруари, КХВ по завршена јавна расправа разгледа и усвои два подзаконски акти. Станува збор за: 1. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на соопштението за издавање на хартии од вредност по пат на приватна понуда; 2. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за одобрување на приватна понуда на хартии од вредност;
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Македонски железници ТРАНСПОРТ АД Скопје и даде одобрение да ја издаде третата емисија на 302.295 обични акции со непаричен влог и тоа по пат на приватна понуда. Вредноста на емисијата е 302.295.000 денари.
Во февруари, вкупно активни акционерски друштва беа 16. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе Решение со кое се утврдува за успешна заедничката понуда за преземање на акции издадени од "Агрокуманово" АД Куманово, а дадена од "Метал –Нет"ДОО увоз-извоз Куманово и "Квалитет – Пром" ДООЕЛ Куманово. Врз основа на оваа понуда , преземачите се стекнаа со вкупно 14.702 обични акции и заедно со 10.756-те акции што веќе ги поседуваа, располагаат со вкупно 25.458 обични акции. Ова претставува учество од 99,62 проценти од вкупниот број на обични акции издадени од "Агрокуманово" АД Куманово. На овој начин "Метал –Нет"ДОО увоз-извоз Куманово и "Квалитет – Пром" ДООЕЛ Куманово го исполнија условот за најмалата количина на обични акции издадени од "Агрокуманово" АД Куманово која требаше да биде прифатена за понудата за преземање да се смета за успешна.
Во февруари , Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе две вонредни контроли.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по тринасет барања за заштита на акционерско право.