На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Во март, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија по завршена јавна расправа го разгледа и усвои Правилникoт за изменување и дополнување на Правилникот за дополнителните информации кои треба да ги содржи барањето за издавање на дозвола за работење на брокерска куќа.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на "Албсиг"АД Скопје му даде одобрение да издаде трета емисија на акции по пат на приватна понуда. Станува збор за 50.000 обични акции во вкупна вредност од 500.000 евра. Третата емисија е наменета за познат купувач- единствениот акционер Алб –Сигурацион АД Тирана.Со третата емисија на акции, "Албсиг"АД Скопје врши зголемување на основната главнина со трансформирање на заем, даден од страна на единствениот акционер на друштвото во нови влогови, во согласност со законската регулатива.
Во март, вкупно активни акционерски друштва беа 14. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија им даде согласност на Комерцијална банка АД Скопје , НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Еуростандард Банка" АД Скопје, сите четири овластени банки за вршење на услуги со хартии од вредност, како и на брокерските куќи "Илирика Инвестментс" АД Скопје и "Еурохаус" АД Скопје да ја прошират дозволата за работење со хартии од вредност со нова услуга. Тие ќе можат да вршат прием и пренос на налози за купување и за продавање хартии од вредност на странски пазари, со што ќе можат да се приклучат на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската и на Македонската берза.
КХВ издаде три дозволи за инвестициски советник и тоа на Сашо Дракуловски, Васко Митев и на Ѓорѓи Палевски. Исто така, Комисијата му ја обнови дозволата за работење на инвестициски советник на Ристо Биткоски.
Во март, КХВ обнови четири дозволи за работење на брокер и тоа на Виолета Симјановска, Антонио Панев, Елена Јакимовска Петровска и на Драган Анастасовски.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по едно барање за заштита на акционерско право.