На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија разгледа нeколку Предлог Правилници и истите ги стави на јавна расправа со цел јавноста да ги каже своите забелешки:
1. Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и начинот на водење на книгата на налози од времен карактер;
2. Предлог Правилник за формата и содржината на барањето за добивање на дозвола за понуда за преземање;
3. Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за давање на согласност за именување на директор на депозитар за хартии од вредност;
4. Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот, постапката и потребната документација за добивање дозвола за работење на друштво за управување со инвестициски фондови;
5. Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за давање на согласност за именување на директор на берза;
6. Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката на давање на согласност за именување директор на овластено правно лице за вршење услуги со хартии од вредност;
Исто така, КХВ разгледа и усвои неколку подзаконски акти ,по завршена јавна расправа. И тоа:
1.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за работење со хартии од вредност;
2.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за инвестиционо советување;
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на "Шпаркасе банка" АД Скопје и даде согласност за стекнување квалификувано учество во "Mакедонска берза" АД Скопје и во "Централниот депозитар за хартии од вредност" АД Скопје, чиј вкупен кумулативен износ не надминува 20 проценти од вкупно издадените акции со право на глас од двете акционерски друштва. Согласно Одлуката за купување, "Шпаркасе банка" АД Скопје има намера да стекне 278 обични акции од "Македонска берза" АД Скопје што претставува 9,95 проценти од акционерскиот капитал на берзата и 842 обични акции од "Централниот депозитар за хартии од вредност" АД Скопје, односно 14,03 проценти од акционерскиот капитал на депозитарот. Доколку "Шпаркасе банка" АД Скопје ја реализира намерата и ги купи акциите, заедно со оние што претходно ги поседува, вкупно би имала 15,97 проценти од акциите на "Македонска берза" АД Скопје и 19,98 проценти од акциите на "Централниот депозитар за хартии од вредност" АД Скопје.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде една дозвола за работење на инвестиционен советник и тоа на Филип Петрушевски.
Во мај, Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе пет контроли од кои 3 редовни и 2 вонредни.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по едно барање за заштита на акционерско право.