На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија усвои нeколку Предлог Правилници кои претходно беа на јавна расправа со цел јавноста да ги каже своите забелешки:
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија го одобри барањето на "Стопанска банка" АД Битола за издавање на прва емисија на корпоративни обврзници по пат на јавна понуда. Станува збор за 5.000.000 долгорочни должнички хартии од вредност со поединечна минимална продажна цена од 1 евро во денарска противвредност на денот на уплатата. Обврзницата што се издава е долгорочна со каматен принос, неограничено пренослива, во нематеријален облик и гласи на име. Вредноста на емисијата на обврзниците кои се предмет на јавната понуда е 5.000.000 евра и претставува 26,30% од основната главнина на "Стопанска банка" АД Битола. Емисијата на обврзници е заради зајакнување на капиталот и вкупниот финансиски потенцијал на банката со што "Стопанска банка" АД Битола планира да ги оствари бизнис целите утврдени со деловната политика за следниот четиригодишен период.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на "Халк банка " АД Скопје ѝ ја одобри дванаесетта емисија на акции по пат на приватна понуда. Со дванаесетта емисија на акции, "Халк банка" АД Скопје ќе издаде 73.949 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000 денари по акција или со вкупен износ на емисијата од 739.490.000 денари. Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач –институционалниот инвеститор "Turkiye Halk Bankasi Anonim Sirketi" од Република Турција.
Во јули и август , вкупно активни акционерски друштва беа 14. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.
КХВ донесе одлука по барањата на ДУИФ ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје за изменување и дополнување на статутите, проспектите и скратената форма на проспектите на ВФП Премиум Инвест и на ВФП Кеш Депозит.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност Сашо Дракуловски и во наредните четири години да биде именуван за директор на брокерската куќа "Еурохаус" АД Скопје. Сашо Дракуловски и досега беше на оваа позиција.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови една дозвола за работење на брокер и тоа на Емилија Брљамова
КХВ издаде две дозволи за работење на инвестиционен советник и тоа на Катерина Поповска и на Игор Бојковски. Исто така во јули и август, КХВ на Катерина Илиќ Нонкуловска и ја обнови лиценцата за инвестициски советник
Во јули и август , Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе шест контроли
Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по четири барања за заштита на акционерски права од кои едно од група акционери