На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Во јануари , вкупно активни акционерски друштва беа 13. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.
Во јануари, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови две лиценци за работа на брокер.И тоа на:
- Катерина Илиќ Нонкуловска;
- Емилија Вукиќевиќ;
Во јануари, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови три дозволи за инвестициски советници.И тоа:
- Михајло Брова Зиков;
- Владимир Спасовски;
- Тони Костов;
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност Горан Марковски да биде именуван за Главен извршен член на Одборот на директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови "КБ Публикум Инвест" АД Скопје, а Андреј Пулејков да биде извршен член на истото друштво.
Мандатот на двајцата директори е четири години и трае до 15 декември, 2020 година.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност брокерската куќа "Иново Брокер " АД Скопје да врши прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност. Тоа значи дека со оваа нова услуга, " Иново Брокер" АД Скопје се приклучи на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската, Белградската, Љубљанската и на Македонската берза.
Во јануари, Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе една контрола.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по две барања за заштита на акционерско право.