На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Во февруари , вкупно активни акционерски друштва беа 13. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на лицата Димитар Поповски и Иљо Кузманов им издаде дозвола да дадат понуда за преземање на "Единство" АД Струмица.
Понудата се однесува на 20.203 обични акции со право на глас, издадени од "Единство" АД Струмица, кои претставуваат 50,01% од основната главнина на друштвото. Преземачите се обврзуваат да ги откупат хартиите од вредност по цена од 303 денари по акција.
Најмалата количина на хартии од вредност која треба да се прифати, за понудата за преземање да се смета за успешна изнесува 25,03 проценти од вкупниот број на обични акции, со право на глас издадени од "Единство" АД Струмица. Во понудата се наведува дека преземачите Димитар Поповски и Иљо Кузманов би поседувале 75,02% од вкупниот број на обични акции со право на глас издадени од "Единство" АД Струмица.
Друштвото за управување со инвестициски фондови "КБ Публикум"АД Скопје доби одобрение да основа нов отворен инвестициски фонд КБ Публикум -МБИ 10. Според инвестициската стратегија, КБ Публикум-МБИ 10 првенствено е наменет за инвеститори кои сакаат своите средства да ги вложат на среден рок, односно на период подолг од една година. Како инвеститори на Фондот може да се јават домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори на кои им е дозволено да вложуваат, согласно законската регулатива. Најголемо учество во имотот на фондот ќе имаат сопственичките хартии од вредност на домашните издавачи, односно ќе доминира изложеноста кон македонскиот пазар на капитал. Покрај ваквите вложувања, а заради ликвидност, дел од средствата на фондот ќе бидат вложени во краткорочни депозити во комерцијални банки во Македонија.Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во следните видови финансиски инструменти:
Депозити кај овластени банки од Република Македонија со рок на доспевање пократок од една година и отворени инвестициски фондови со најниско ниво на ризик кои вложуваат исклучиво во депозити и должнички хартии од вредност под услов да не наплаќаат трошоци за управување повисоки од 1% од нето вредноста на имотот на фондот .
Во февруари, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија му ја обнови дозволата за инвестициски советници на Драган Илковски.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по две барања за заштита на акционерско право.