На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Во јуни , вкупно активни акционерски друштва беа 11. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.
Комисијата и даде одобрение на ПроКредит банка АД Скопје да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда - петта емисија на 600.000 обични акции во вкупна вредност од 3.000.000 евра, односно во денарска противвредност од 185.088.300 денари.
Со петтата емисија на акции, ПроКредит банка АД Скопје врши зголемување на основната главнина со трансформирање на заем во траен влог, даден од страна на единствениот акционер на Банката ПроКредит Холдинг АГ & Цо. КГаА, од Франкфурт на Мајна, Сојузна Република Германија за кој всушност се наменети акциите од оваа емисија.
Во јуни, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде дозвола за давање понуда за преземање на Триглав Осигурување АД Скопје од страна на Триглав ИНТ холдиншка дружба д.д. Љубљана, Република Словенија. Понудата за преземање се однесува на 16.020 обични акции со право на глас издадени од Триглав Осигурување АД Скопје, а преземањето на хартиите од вредност се врши по цена од 14.640 денари по акција.
Во јуни, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност за именување на неколку директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност и тоа:
-Даринка Дамјановиќ, да биде именувана за извршен директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Дамјановиќ на оваа позиција доаѓа од редот на вработените во Депозитарот и има долгогодишно искуство во работењето на Депозитарот кое започнува од самото негово основање;
- Лазе Камчев и Марјан Николовски и во наредните шест години да бидат извршни директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови "КД Фондови" АД Скопје;
- Коста Костадиновски да продолжи да ја врши функцијата главен извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови "Илирика Фунд Менаџмент" АД Скопје, а Јован Дојчиновски извршен директор на истото друштво. И двајцата се со мандат од две години;
- Јосиф Костадиновски доби согласност до крајот на 2017 година да раководи со Одделот за работа со хартии од вредност на "ТТК" Банка АД Скопје.
Во јуни, КХВ на Татјана Бојковска и издаде уверение за инвестиционо советување, а на Лазе Камчев му ја обнови лиценцата за работење на инвестициски советник.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал во април постапуваше по три барања за заштита на акционерско право.