На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Во октомври, по известувањето од Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје дека ,,Трикотажа Пелистер,, АД Битола ги исполнува условите да биде запишано во Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување , КХВ донесе такво решение, со што бројот на вкупно активни акционерски друштва во Регистарот што го води Комисијата се зголеми и изнесува 12.
Инаку, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.
Во октомври, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде една дозвола за работење на брокер и тоа на Виктор Мисовски.
Дејан Делимитов доби дозвола за работење како инвестициски советник.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде одобрение Друштвото за управување со инвестициски фондови "КД Фондови" АД Скопје да ја прошири дозволата за работа со воведување на нова услуга и тоа инвестиционо советување.
Во октомври, Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе две редовни и три вонредни контроли.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал во октомври постапуваше по пет барања за заштита на акционерско право.