На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности ,,Македонски енергетски ресурси,, Скопје му даде одобрение да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за 10390 обични акции во вкупен износ од 1.039.000 евра. Оваа петта емисија на обични акции се врши со влогови за зголемување на основната главнина на Друштвото заради создавање услови за непречено функционирање. Емисијата на акции е наменета за познат купувач, односно за постојниот единствен акционер - Владата на Република Македонија како институционален инвеститор.
Во декември, бројот на вкупно активни акционерски друштва во Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување што го води Комисијата изнесува 12. Инаку, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија одлучи на ,,Балкан Петролеум,, Холдинг Лимитед да не му се издаде дозвола за давање понуда за преземање на ,,Макпетрол,, АД Скопје. Ваквата одлука , КХВ ја донесе откако на 18 декември, 2017 година со допис од страна на другиот државен орган беше известена дека e решeно претходното прашање. Комисијата констатира дека не се исполнети условите од Законот за преземање на акционерски друштва, според кои Проспектот и Понудата за преземање треба да се изготвени во согласност со законот. Имено, според член 21 став 2 од Законот за преземање на акционерски друштва, акционерите на целното друштво мораат да бидат целосно, точно и навремено информирани за понудата за преземање за да имаат доволно време правилно да ја оценат понудата, да ги дефинираат своите интереси и да донесат одлука за прифаќање или одбивање на понудата за преземање. Овие информации акционерите ги добиваат токму од Проспектот кој во себе содржи детални податоци за понудувачот и за понудата за преземање, за изворите на финансирање на понудата за преземање, целта на понудата за преземање, намерата и плановите на преземачот во врска со целното друштво и сл.
Оттука, по добивањето на дописот од другиот надлежен орган, Комисијата на денешната седница констатира дека во конкретниот случај не може доследно да се применува член 27 став 3 од Законот за преземање на акционерски друштва, поради што Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија како регулатор на пазарот на капитал не смее да толерира на акционерите да не им се достапни сите потребни и релевантни податоци за ,,Балкан Петролеум,, Холдинг Лимитед за да донесат одлука за прифаќање или одбивање на понудата за преземање на ,,Макпетрол,, АД Скопје .
Во декември, КХВ на Тони Костов му ја обнови дозволата за работење на брокер.
Во декември, Комисијата даде согласност Василка Николовска во наредните четири години да раководи со Одделот за работа со хартии од вредност при ,,ТТК Банка,, АД Скопје.
Во декември, Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе четири контроли.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал во декември постапуваше по едно барање за заштита на акционерско право.