На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност и издаде дозвола на ИНГРА ДД Загреб, Република Хрватска да даде понуда за откуп на обичните акции издадени од АДГ Маврово-Скопје. Понудата за откуп на акции се однесува за 154.210 обични акции на АДГ Маврово-Скопје.Тоа значи дека сите акционери кои поседуваат акции со право на глас во скопската градежна компанија можат да му ги продадат на хрватскиот инвеститор. ИНГРА ДД Загреб од Република Хрватска се обврза да ги откупи хартиите од вредност по цена од 2.500 денари. За понудата да биде успешна, потребно е ИНГРА ДД Загреб да откупи 50.889 обични акции, со што, заедно со претходно стекнатите акции, хрватската компанија ќе поседува 51% од вкупниот број на издадени обични акции.
КХВ даде дозвола за работа на брокерската куќа ЕУРОХАУС АД Скопје. Оваа брокерска куќа е регистрирана со основна главнина од 150.000 евра во денарска противвредност, поделена на 150.000 обични акции со номинална вредност од едно евро по акција. Согласно член 94 од Законот за хартии од вредност, оваа членка на пазарот на капитал ќе купува и ќе продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, ќе управува со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент, ќе дејствува како покровител при котација и ќе има можност да врши инвестициско советување.
Во април вкупно активни акционерски друштва беа 140. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.
Комисијата за хартии од вредност издаде согласност за директор на брокерската куќа ЕУРОХАУС АД Скопје да биде Сашо Дракуловски. Согласно Правилникот за начинот и постапката на давање согласност за именување директор на овластено правно лице за вршење услуги со хартии од вредност, Комисијата за хартии од вредност спроведе интервју со предложениот кандидат за директор на овластеното правно лице. По спроведеното интервју со лицето Сашо Дракуловски беше оценето дека кандидатот располага со соодветно познавање на постојните прописи од областа на хартиите од вредност и финансиите, познавање на акционерството и берзанското работење. Врз основа на тоа, Комисијата за хартии од вредност донесе одлука да се даде согласност Сашо Дракуловски да биде именуван за директор на брокерската куќа Еурохаус АД Скопје.
Комисијата за хартии од вредност и во април секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 4 ( четири) редовни контроли.
Во април , Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 10 (десет) барања за заштита на акционерски права.
Во април , претставници на Комисијата за хартии од вредност учествуваа на обука во организација на Комисијата за хартии од вредност на САД (USSEC) во рамките на Меѓународниот институт за развој на пазарите на хартии од вредност. Обуката се одржа во периодот од 07 до 17 април, 2008 година во Вашингтон-САД, а по истата во периодот од 21 до 23 април беа организирани посети на берзите во Њујорк и Чикаго. Програмата на обуката, беше конципирана на начин што овозможи учесниците да се запознаат со регулативата, организацијата и со функционирањето на пазарот на хартии од вредност во САД. При тоа, со агендата беа опфатени следните теми: - правна рамка за развој на пазарот на капитал; - предизвиците на регулативата во пазарите во развој; - пазарни манипулации: од перспектива на ФИНРА; - интервју и процедури и техники за сведочење; - структурата на пазарот на хартии од вредност во САД; - инсајдерско тргување; - брокер дилери; - инвестициони фондови; - соработка помеѓу регулатори и овластените учесници на пазарот на хартии од вредност; - измами преку интернет; - порамнување, правни лекови и казни; - регулативата за пазарот на хартии од вредност; - супервизорски и стандарди за услогасување на брокер дилерите; - пазарна микроструктура на пазарите во развој; - управување со ризик од страна на брокер дилерите; - етика; - техники за надзор на пазарот на хартии од вредност; - процес на обелоденување; - ревизија и сметководстевни измами; - измами при финансиско известување; - хеџ фондови: Што ги плаши регулаторите и што може да направиме во врска со тоа? - инвестиционен менаџмент; - надзор над инвестиционите советници; - агенции за рангирање на хартиите од вредност; - корпоративно управување; - кризи на пазарот на хартии од вредност; - развој на пазарот на хартии од вредност: Панел дискусија; - едукацијата на инвеститорите; - стратегии за регионализација на пазарите во развој; - меѓународна соработка; Во рамките на програмата беа организирани и неколку работилници, како на пример за enforcement во пазарите на хартии од вредност, контрола над инвестиционите советници со решавање на случаи за конкретни повреди на регулативата и кодексите за однесување.