На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност (КХВ) за мај 2008 год.
09.06.2008

Подзаконски акти кои произлегуваат од законите во надлежност на КХВ

По јавната расправа, каде јавноста имаше можност да ги каже своите забелешки и сугестии, Комисијата за хартии од вредност во мај ги усвои следните Правилници: 1. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за времето и начинот на обелоденување на ценовно чувствителни информации на акционерско друштво со посебни обврски за известување; 2. Правилник за известување од страна на акционерско друштво со посебни обврски за известување за стекнати односно оттуѓени хартии од вредност на правни или физички лица; 3. Правилник за определување на дополнителните податоци што се поднесуваат со барањето за дозвола за основање на берза и за постапката на донесување на одлука во врска со барањето; 4. Правилник за определување на други дополнителни критериуми кои треба да ги исполни членка на берза, кои не се определени во Законот за хартии од вредност и правилата за членство на берза; 5. Правилник за определување на дополнителни услови во врска со дозволените методи за тргување со хартии од вредност; 6. Правилник за начинот на водење и одржување на одделни податоци за работењето на берзата; 7. Правилник за начинот и постапката на издавањето, понудата и продажбата на деривативни финансиски инструменти на примарниот пазар, тргувањето со деривативните финансиски инструменти на секундарниот пазар и порамнувањето и утврдувањето на овие трговски трансакции. Исто така, КХВ во мај ги разгледа и следните предлог-Правилници: 1.Предлог-Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за обука и полагање на стручен испит за работење со хартии од вредност ; 2.Предлог-Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за добивање дозвола за основање на депозитар на хартии од вредност; 3.Предлог-Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката на давање согласност за именување на директор на депозитар на хартии од вредност; 4. Предлог -Правилникот за формата и содржината на годишните, полугодишните, тромесечните и тековните извештаи, резимето од годишните извештаи, материјали за акционерски собранија на акционерските друштвата со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност; Овие Предлог-правилници одат на јавна расправа. Јавната расправа се обезбедува преку веб страницата www.sec.gov.mk на Комисијата за хартии од вредност.

Решенија за емисиja на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност во мај ја одобри првата емисија на обврзници на НЛБ Тутунска АД Скопје по пат на јавна понуда. Банката издаде 12.000 обврзници со вкупна вредност од 12.000.000 евра. НЛБ Тутунска АД Скопје ги издава обврзниците за потребите на управување со структурна ликвидност, обезбедување долгорочни извори на финансирање на активностите на банката и управување со каматните ризици. Ова е прва емисија на корпоративни обврзници во Република Македонија што се реализира како јавна понуда. Исто така, во мај Комисијата за хартии од вредност го одби барањето за давање одобрение за издавање на втора емисија на акции од Друштвото за осигурување Граве АД Скопје.

Преземања на акционерски друштва

Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на обичните акции издадени од АДГ Маврово- Скопје дадена од ИНГРА д.д Загреб, Република Хрватска. Вкупно 372 акционери прифатиле своите акции што ги имале во АДГ Маврово-Скопје да ги продадат по цена од 2500 денари по акциja. На тој начин, хрватската ИНГРА се стекна со 109.913 обични акции, кои обезбедуваат учество од 52,08% од акциите со право на глас од скопската градежна компанија. Земајќи ги предвид и 56.802 обични акции што хрватскиот инвеститор претходно ги поседуваше во АДГ Маврово-Скопје, ИНГРА д.д Загреб вкупно ќе има 166.715 обични акции, односно 79,01% од акциите со право на глас издадени од АДГ Маврово- Скопје. Тоа значи дека хрватска ИНГРА успешно го презема АДГ Маврово.

Одобренија и согласности на брокерски куќи

Делта Брокер АД Скопје и Нови Триглав АД Скопје се двете нови брокерски куќи кои добија дозвола за работа од Комисијата за хартии од вредност. -Делта Брокер АД Скопје е регистрирана со основна главнина од 75.000 евра, поделена на 1000 обични акции со номинална вредност од 75 евра по акција. Согласно член 94 од Законот за хартии од вредност, оваа членка на пазарот на капитал ќе купува и ќе продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, ќе дејствува како покровител при котација и ќе има можност да врши инвестициско советување. Директор на Делта Брокер АД Скопје ќе биде Оливера Клинчарова. -Нови Триглав АД Скопје има основна главнина од 160.000 евра во денарска противвредност, поделена на 20.000 обични акции со номинална вредност од 8 евра по акција. Овој овластен учесник на пазарот ќе ги врши истите услуги како и Делта Брокер АД Скопје, односно ќе купува и ќе продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, ќе дејствува како покровител при котација и ќе има можност да врши инвестициско советување. Со Нови Триглав АД Скопје ќе раководи Александар Домазетовски.

Одобренија и согласности на инвестициски фондови

Комисијата даде дозвола за основање на друштво за управување со фондови КД фондови АД Скопје. Основачи на КД фондови АД Скопје се едно странско правно лице-КД Склади дружба за управљање д.о.о.Љубљана и две физички лица од Република Македонија. Основната главнина на друштвото изнесува 150.000 евра. Предвидено е друштвото да основа и да управува со два отворени инвестициски фонда. Со основањето на новото друштво за управување со фондови се зголемува конкурентноста во инвестициското работење на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Дозволи за брокери

Беа издадени девет дозволи за работење на брокер и тоа на: 1. Катерина Лалевска; 2. Александар Домазетовски ; 3.Китановски Сашо; 4. Јован Лалевски; 5. Новеска Гордана; 6. Проданоска Емилија; 7. Златко Нестороски; 8. Ивановски Васил; 9. Ивановска Надица;

Дозволи за инвестициски советници

Беа издадени шеснаесет дозволи за работење на инвестициски советници.И тоа на: 1. Емилија Вукиќевиќ; 2. Јанка Димитрова; 3. Аврамска Тања; 4. Каркинска Весна; 5. Сашо Милев; 6. Коста Костадиновски; 7. Кирил Настоски; 8. Ангелина Богдановска; 9. Благица Зографска; 10. Андреј Пулејков; 11. Гоце Новачевски; 12. Зорица Петкова; 13. Емилија Брљамова; 14. Зоран Колев; 15. Стојанчо Рибарски; 16. Оливера Клинчарова;

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во мај вкупно активни акционерски друштва беа 140. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Санкции

а) Акционерски друштва -На барање на Државното правобранителство на РМ, Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое на Свисслион Д.о.о Скопје му се забранува да располага, отуѓува, оптоварува, реализира заложно право и му се ограничува правото на глас на 5339 акции кои ги има во Агроплод АД Ресен, се до правосилноста на пресудата во судската постапка што се води пред Основниот суд Скопје 2. Имено, Државното правобранителство има поднесено тужба против Свисслион Д.о.о Скопје за утврдување ништовност на склучениот договор со Министерството за економија за продажба на 5339 акции од Агроплод АД Ресен. - Комисијата за хартии од вредност побара од Централниот регистар на РМ да го поништи решението за упис на присоединување на Микрогранулат АД Тетово кон Карпош -Предилница АД Крива Паланка. Истовремено, КХВ донесе решение со кое Карпош-Предилница АД Крива Паланка и одговорното лице се задолжуваат да извршат поништување на регистацијата. Комисијата за хартии од вредност и наложи на Македонската берза АД Скопје времено да го прекине тргувањето со акциите на Карпош-Предилница АД Крива Паланка, а на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје времено да не врши нетрговски преноси на акциите на Карпош-Предилница АД Крива Паланка.

Супервизорски (надзорни) активности на КХВ

Комисијата за хартии од вредност даде согласност на новите Тарифници за висината на надоместоците што ги наплатуваат Македонската Берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, со што се намалуваат провизиите кои ги плаќаат клиентите. Тоа значи дека поефтинува тргувањето на македонскиот пазар на хартии од вредност. Берзата и Депозитарот ги намалија надоместоците за своите услуги, откако КХВ од нив побара да ја преиспитаат нивната висина и да извршат корекција. Со овој потег, Берзата и Депозитарот ја следат политиката на КХВ која ги намали надоместоците што таа ги наплатува за околу 30 проценти. Новите тарифници на Берзата и на Депозитарот се применуваат од 1 јуни, а ќе важат до 1 октомври, по што повторно ќе се направи анализа на пазарот за да се утврдат ефектите од целокупното поефтинување на услугите и ќе се преиспитаат можностите за ново намалување на надоместоците.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во мај, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 6 (шест) барања за заштита на акционерски права.

Меѓународна соработка

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова учествуваше на 33-тата Годишна конференција на Меѓународната организација на Комисиите за хартии од вредност (IOSCO) што се одржа од 26-29 мај во Париз, Република Франција. Оваа конференција на едно место ги собра сите регулаторни тела од светот, како и членовите на меѓународната финансиска заедница. На годишната конференција на IOSCO учествуваа повеќе од 750 делегати ширум светот, вклучително и претставници од над 100 земји. Целокупната финансиска индустрија дискутираше за случувањата на пазарите на капитал во светот и за предизвиците што престојат. Наредната 34-та конференција на IOSCO ќе се одржи во јуни во Тел Авив, Израел.

Останати активности кои произлегуваат од законите во надлежност на КХВ

Комисијата за хартии од вредност го донесе Годишниот извештај за работењето на КХВ во деловната 2007 година, заедно со ревидираните финансиски извештаи кои се во согласност со меѓународните стандарди.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA