На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност усвои пет Правилници и тоа: 1.Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за обука и полагање на стручен испит за работење со хартии од вредност; 2. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за добивање дозвола за основање на депозитар на хартии од вредност; 3. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката на давање согласност за именување на директор на депозитар на хартии од вредност; 4. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржина на месечниот извештај за работењето на овластено правно лице со дозвола за работа со хартии од вредност; 5 .Правилник за формата и содржината на годишните, полугодишните, тромесечните и тековните извештаи, резимето од годишните извештаи, материјали за акционерски собранија на акционерските друштвата со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност. Пред усвојувањето, правилниците беа на јавна расправа, каде јавноста имаше можност да даде коментари.
а) Одобрени емисии на хартии од вредност - Комисијата за хартии од вредност на Друштвото за осигурување Граве АД Скопје му даде одобрение да издаде 186 обични акции во износ од 186.000 евра. Втората емисија на акции е наменета за единствениот акционер на друштвото, австриската осигурителна компанија Грацер Векселзајтиге. - Во јули беше дадено одобрение Охридска банка АД Охрид да продава сопствени акции по пат на приватна понуда. Станува збор за 1.315 обични акции во вкупна продажна вредност од 10.726.455 денари. б) Одбиени барања -КХВ ги одби барањата за издавање на втора емисија на акции по пат на приватна понуда на брокерската куќа Илирика Инвестментс АД Скопје и на Интернешенел Хотелс АД Скопје. -КХВ го одби барањето на Друштвото за земјоделско сточарство, производство и промет " Гоце Делчев" АД с.Трубарево-Скопје за издавање на трета емисија на акции врз основа на правосилна судска пресуда со која се поништува основот за зголемување на главнината.
МП Инвест АД Скопје е друштвото за управување со фондови кое во јули доби дозвола за основање од Комисијата за хартии од вредност. Основачи на МП Инвест АД Скопје се Медвешек Пушник ДЗУ Д.Д.Љубљана, Република Словенија и седум домашни и странски физички лица. Основната главнина на друштвото изнесува 200.000 евра. МП Инвест АД Скопје ќе основа и ќе управува со два отворени инвестициски фонда, со што ќе се зголеми конкурентноста во инвестициското работење на македонскиот пазар на хартии од вредност.
Во јули беа издадени седум дозволи за брокери. И тоа на: 1. Сашко Милев 2. Грозда Костадинова 3. Кирил Настоски; 4. Драган Илкоски; 5. Филип Петрушевски; 6. Марија Балукоска; 7. Владимир Спасовски;
КХВ издаде девет дозволи за работење на инвестициски советници. И тоа на: 1.Ивица Стојановиќ; 2.Цветанчо Димовски; 3.Антигона Буклеска; 4.Елизабета Цветановска; 5.Жарко Атанасовски; 6.Филип Николовски; 7.Даниела Трајковска; 8.Дарко Блажевски; 9.Благој Митров;
Во јули, Комисијата за хартии од вредност, врз основа на Законот за хартии од вредност, како и врз основа на Правилникот за начин и време на запишување и бришење на акционерско друштво, содржина и начин на водење, ажурирање на податоците и пристап на јавноста до Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување, изврши бришење на: AT Пролетер АД Скопје и Бетон АД Битола од Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување и изврши запишување на: Агросервис АД Скопје, Благој Туфанов АД Радовиш и ИДЕВЕЛОП АД Скопје.Со тоа, вкупно активни акционерски друштва се 143. Инаку, во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.
Комисијата за хартии од вредност даде согласност за директори на две брокерски куќи и една дирекција за работa со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги. И тоа: - Виктор Мисовски да биде директор на Ауктор Брокери АД Скопје; - Катерина Лалевска да раководи со Битола Брокер АД Битола; - Катерина Нонкуловска да биде именувана за директор на Дирекцијата за работa со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Стопанска Банка АД Скопје.
Комисијата за хартии од вредност и во јули секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 1 (една) редовна и 2 (две) вонредни контроли.
а) Брокерски куќи -Комисијата за хартии од вредност донесе решение за привремена забрана на работењето во времетраење од 30 работни дена на брокерската куќа "Динев Брокер" АД Скопје. Оваа мерка е изречена, откако Комисијата за хартии од вредност изврши вонредна контрола, при што констатира промена во кадровската оспособеност на "Динев Брокер" АД Скопје. Имено, постоечкиот извршен директор кој воедно е и овластен брокер, спогодбено го раскинал договорот за работа и брокерската куќа "Динев Брокер" АД Скопје од 21 јули работи без директор и без најмалку двајца брокери, што е спротивно на Законот за хартии од вредност. - Брокерската куќа ВИП АД Скопје ја задолжи да ја усогласи структурата на средствата на основната главнина на друштвото. КХВ изрече глоба до 5000 евра за ВИП АД Скопје и до 2000 евра за директорот на брокерската куќа; - Брокерската куќа Фершпед АД Скопје ја задолжи во рок од 90 дена да ја усогласи структурата на средствата на основната главнина и за тоа да ја извести Комисијата. б) Акционерски друштва - Поради кршење на Законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата за хартии од вредност на Свисслион ДОО Скопје му го одзема правото на глас и правото на дивиденда на 1356 акции што претставува 6,75 % од вкупниот број на акции со право на глас. - Комисијата донесе решение со кое се одзема правото на глас и правото на дивиденда од 1.699 обични акции со право на глас на "Фустеларко Борец" АД Битола, сопственост на "Мал Метропол" ДООЕЛ Битола, а стекнати спротивно на Законот за преземање на акционерски друштва. Исто така, КХВ изрече глоба до 5000 евра за купувачот на акциите "Мал Метропол" ДООЕЛ Битола и за брокерската куќа "Битола Брокер" АД Битола, а до 2000 евра за одговорните лица на двата субјекти. в) Акционери - Комисијата за хартии од вредност при контрола на начинот на стекнување на акции во Агроплод АД Ресен утврди дека лицето Ѓорѓи Китиновски како поединечен акционер поседува 6.612 обични акции кои претставуваат 32,93 % од вкупниот број на издадени обични акции со право на глас од Агроплод АД Ресен. Комисијата констатира дека Китиновски стекнал над 25 % од акциите, без да даде понуда за откуп што било негова обврска согласно Законот за преземање на акционерски друштва. Ваквото поведение КХВ го санкционира и затоа донесе решение со кое на Ѓорѓи Китиновски му се одзема правото на глас и правото на дивиденда на 1.592 обични акции кои ги поседува во Агроплод АД Ресен. 1.592 обични акции претставуваат 7,93 % од обичните акции со право на глас на друштвото. г) Централен депозитар за хартии од вредност Комисијата за хартии од вредност времено за период од 30 работни дена му ја одзема согласноста на Стеван Шапчески за директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје поради сторени две неправилности и тоа: - порамнување на блок трансакција со акции издадени од ИК банка АД Скопје спротивно на Законот за хартии од вредност и на правилата за работа на ЦДХВ и - неправилно порамнување на трансакција со акции издадени од Македонска берза АД Скопје, односно неосновано одлагање на порамнувањето надвор од законскиот рок врз основа на заклучоци донесени од стечаен судија кои не претставуват дозволен правен основ за ваквото постапување.
Во јули, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 10 (десет) барања за заштита на акционерски права.
Комисијата за хартии од вредност на почетокот на јули 2008 година ја усвои Проценката преку само-оценување за имплементацијата на принципите и целите на Меѓународната Организација на Комисиите за хартии од вредност- IOSCO кои се однесуваат на регулирање на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија согласно IOSCO методологијата, изготвена од страна на Секторот за истражување и развој на пазарот на капитал и меѓународна соработка во КХВ. Оваа проценка преку методологијата на IOSCO, освен што има за цел унапредување на националното законодавство од областа на пазарите на хартии од вредност во секоја земја-членка на IOSCO, за КХВ и Република Македонија претставува одраз на нивото на развој на пазарот на хартии од вредност, неговата организациона, законска и институционална инфраструктура, како и насока за понатамошно усогласување и унапредување. Истовремено, оваа проценка ќе биде од особено значење и за меѓународните оценски мисии кои го следат растот и развојов на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија, како и за заинтересираните странски инвеститори, кои преку истата ќе можат да добијат интергирана слика за регилираноста на пазарот на хартии од вредност во РМ.