На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност усвои два Правилника и тоа: 1. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржина и рокови за поднесување извештаи за работењето на берза (Службен весник на РМ број 119/2006) по помината јавна расправа на 12-07-2008 година; 2. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржина на месечниот извештај за работењето на депозитар на хартии од вредност (Службен весник на РМ број 6/2007) по помината јавна расправа на 12-07-2008 година;
КХВ ја одобри четвртата емисија на акции на Евроинс осигурување АД Скопје (поранешен Макошпед осигурување АД Скопје). Со оваа емисија се издаваат 557 обични акции и тоа за постојните акционери на друштвото. Продажната цена по акција изнесува 41.500 денари. На Силекс Банка АД Скопје Комисијата и ја одобри тринаесеттата емисија на акции по пат на приватна понуда со која се издаваат 92.038 обични акции со продажна вредност од 43,46 евра по акција. Емисијата на акции на Силекс банка АД Скопје се врши со паричен влог. Купувач на акциите е Централна кооперативна банка АД Софија како институционален инвеститор. НЛБ Тутунска банка АД Скопје доби одобрение од Комисијата да издаде 68.440 обични акции од четиринаесеттата емисија по пат на приватна понуда. Продажната цена е 9.655 денари по акција. Четиринаесеттата емисија на НЛБ Тутунска банка АД Скопје се врши со паричен влог, а акциите кои се издаваат ќе бидат запишани и уплатени од Нова Љубљанска банка д.д Љубљана, како институционален инвеститор. КХВ и ја одобри втората емисија на акции на Брокерската куќа Еуро брокер АД Скопје. Станува збор за 2.277 обични акции, со вкупен износ на емисијата од 227.700 евра. Втората емисија на акции на Еуро брокер АД Скопје се врши од средства на друштвото, односно со преобразба на акумулирана добивка на друштвотo и е наменета за постојните акционери. Друштвото за управување со инвестициони фондови Илирика фунд менаџмент АД Скопје, доби одобрение од Комисијата за издавање на акции од втора емисија по пат на приватна понуда.Се работи за 15.000 обични акции со номинална вредност од 10 евра по акција. Втората емисија на акции на Илирика фунд менаџмент АД Скопје се врши со паричен влог. Купувач на акциите е ARCLIF пословно советовање, д.о.о. од Љубљана, Р. Словенија.
Комисијата за хартии од вредност и издаде дозвола на Steiermarkische Banka und Sparkassen AG Грац, Република Австрија да даде понуда за откуп на обичните акции издадени од Инвестбанка АД Скопје. Понудата за откуп на акции се однесува на сите 254.362 обични акции со право на глас на Инвестбанка АД Скопје. Тоа значи дека сите акционери кои поседуваат акции со право на глас во банката можат да му ги продадат на австрискиот инвеститор. Steiermarkische Banka und Sparkassen AG Грац, се обврза да ги откупи хартиите од вредност по цена од 9.258 денари по акција. Најмалата количина на обични акции издадени од Инвестбанка АД Скопје која треба да биде прифатена за понудата за откуп да се смета за успешна е 170.423 обични акции со право на глас. Тоа значи дека Steiermarkische Banka und Sparkassen AG Грац треба да откупи минимум 67 проценти од вкупниот број на акции на кои се однесува понудата за откуп. Истовремено, Комисијата за хартии од вредност на Инвестбанка АД Скопје и дозволи на Steiermarkische Banka und Sparkassen AG Грац да и продаде 525 сопствени акции. Австрискиот инвеститор за акциите треба да плати 79.464 евра.
Статер Банка АД Куманово доби дозвола за работење со хартии од вредност. Согласно Законот за хартии од вредност, преку Секторот за инвестиционо банкарство кој се наоѓа во Скопје, Статер Банка АД Куманово, ќе ги врши сите видови на услуги со хартии од вредност. Секторот за инвестиционо банкарство ќе го раководи Надица Ивановска.
Во август беа издадени пет дозволи за брокери. И тоа на: 1. Даринка Дамјановиќ; 2. Петар Трпески; 3. Благоја Станоевски; 4. Слободанка Аспровска; 5. Наташа Томоска;
КХВ издаде осум дозволи за работење на инвестициски советници. И тоа на: 1. Димче Панов; 2. Зоран Мајнов; 3. Александар Манев; 4. Димче Лазаревски; 5. Гордана Гоџо; 6. Горан Марковски; 7. Леонид Дечев; 8. Сашо Дракуловски;
Во август, вкупно активни акционерски друштва се 143. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.
Комисијата за хартии од вредност даде согласност вршител на должност директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје да биде Даринка Дамјановиќ - раководител на сектор во депозитарот.
Комисијата за хартии од вредност и во август секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 3 (три) вонредни контроли .
а) Акционерски друштва Постапувајќи согласно Законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата го одзема правото на глас и правото на дивиденда на 121 обични акции издадени од издавачот Доматти АД Свети Николе (поранешен Југотутун АД Свети Николе), во сопственост на "РА-КА Траде" ДОО увоз-извоз Скопје, стекнати спротивно на Законот за преземање на акционерски друштва. За овој случај, Комисијата побара дополнителни проверки од Управата за јавни приходи и од Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.
Во август, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. .