На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Националната групација за осигурување Осигурителна полиса АД Скопје доби одобрение да издаде 47.901 обични акции во износ од 479.010 евра. Оваа трета емисија на акции се реализира по пат на приватна понуда.
Брокерската куќа Нови Триглав АД Скопје која поседува основна главнина од 160.000 евра , освен купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, дејствување како покровител при котација и инвестиционо советување, доби одобрение да може и да управува со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент.
Комисијата издаде две дозволи за работа на инвестициски советници. И тоа на: 1. Борка Цветановска; 2. Александар Проданоски
Во октомври , вкупно активни акционерски друштва се 141. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.
Комисијата за хартии од вредност и во октомври секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 7 ( седум) редовни и 2 (две) вонредни контроли.
а) Брокерски куќи - Комисијата за хартии од вредност донесе решение за одземање на дозволата за работа на КБЦ Секјуритис Скопје АД Скопје, а до надлежниот суд поднесе предлог за отворање на ликвидација.Овој чекор, Комисијата го презема врз основа на донесената одлука за престанување на друштвото и спроведување на постапка за ликвидација од страна на Собранието на акционери на КБЦ Секјуритис Скопје АД Скопје одржано на 26 септември 2008 година и спроведената непосредна вонредна контрола согласно Законот за хартии од вредност од страна на Комисијата за хартии од вредност. Тоа значи дека од 17.10.2008 година КБЦ Секјуритис Скопје АД Скопје престана со работа и нема да може да врши услуги со хартии од вредност предвидени со Законот за хартии од вредност. -Комисијата за хартии од вредност при редовниот надзор на тргувањето на македонската берза и вонредните контроли на налозите и реализацијата на трансакциите утврди дека брокерските куќи Бета брокер АД Скопје и Мој брокер АД Скопје извршиле ценовна манипулација што е забрането дејствие во работењето со хартии од вредност. КХВ констатира дека при реализација на трансакции со обични акции издадени од ЕМО АД Охрид било предизвикано манипулативно зголемување на цената на акциите, со што се создала лажна претстава за таа хартија од вредност на пазарот. Согласно Законот за хартии од вредност за сторените ценовни манипулации, Комисијата на Мој брокер АД Скопје и на Бета брокер АД Скопје им изрече привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност во рок од 30 работни дена, а двете брокерски куќи треба да платат и глоба во висина од 4-5000 евра. Бидејќи двајцата брокери кои ги реализирале трансакциите не се придржувале кон инструкциите дадени од клиентите, КХВ им ја одзема дозволата за работа. Едниот е вработен во брокерската куќа Мој брокер АД Скопје, а другиот во Бета брокер АД Скопје. - Комисијата на Одделот за работа со хартии од вредност на "Охридска банка" АД Охрид поради недоставување извештај за клиент и непоседување на доказ за уредна достава на извештајот му изрече глоба во висина од 4-5000 евра и јавна опомена. б) Акционерски друштва Со оглед на фактот што при присоединување на Микрогранулат АД Тетово кон Карпош-Предилница АД Крива Паланка и регистацијата на акционерското друштво за производство и услуги Карбо-Нова АД Крива Паланка во Централниот регистар на РМ, дошло до зголемување на основната главнина без одобрение од Комисијата за хартии од вредност, КХВ донесе решение со кое се прогласува ништовност на понудата за зголемување на основната главнина на Карпош-Предилница АД Крива Паланка и го задолжи Централниот депозитар АД Скопје да ја врати претходната состојба на акциите.
Во октомври, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 9 (девет) барања за заштита на акционерски права.
Комисијата за хартии од вредност и Проектот за деловно опкружување на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) од 2 до 4 октомври во Охрид, организираа работилница на тема "Медиумите, информациите за пазарот на капитал и јакнење на корпоративната одговорност". Мотивот за организирање и одржување на ваков вид на работилница (workshop) за новинари од печатените и од електронските медиуми во Република Македонија е динамичниот развој на пазарот на капитал, потребата од следење на глобалните трендови од страна на сите учесници меѓу кои се и новинарите, а се со крајна цел градење на систем на објективно и навремено информирање за глобалните, регионалните и за домашните случувања. Експертите од областа на банкарскиот и финансискиот сектор кои земаа учество, дискутираа за улогата на Комисијата за хартии од вредност како регулатор на пазарот на капитал, за регионалните и за глобалните трендови на пазарот на капитал, за примената на концептот на општествена одговорност на компаниите и за важноста на нивната транспарентност. Учесниците на работилницата потенцираа дека улогата на медимумите е голема врз пазарот на хартии од вредност каде информациите се суштина на сите движења и затоа треба особено да се внимава на изразите и на терминологијата што се користат, како и на начинот на пласирање на информациите. На работилницата беа присутни 21 новинар.
Meѓународна соработка Во текот на октомври, претставници на Комисијата за хартии од вредност учествуваа на следниве настани: 1. Семинар во организација на IOSCO на тема "The market and liquidity risk" во Мадрид , Шпанија во период од 29 септември до 3 октомври. 2. од 30 септември до 4 октомври во Стразбур, Франција , семинар во организација на Советот на Европа- Комитет за евалуација намеркиет за спречување на перење пари и финансирање на тероризам; 3. 4th Annual PPD in CEE&SEE Conference од 15-17 октомври во Будимпешта, Унгарија. 4. Семинар во организација на Capital Markets Board of Turkey and US Securities and Exchange Commission на тема "Capital MarketDevelopment Enforcement and oversight" во периодот од 20-24 октомври во Истанбул , Турција.