На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Годишен извештај
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност (КХВ) за ноември 2007 година
10.12.2007

Подзаконски акти кои произлегуваат од законите во надлежност на КХВ

Комисијата за хартии од вредност го усвои Правилникот за пресметување на нето вредноста на имотот на инвестициониот фонд и за пресметување на нето вредноста на имотот по удел или акција на инвестицониот фонд.

Решенија за емисија на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Акционерското друштво за осигурување Сава Табак-Скопје му ја одобри четвртата емисија на акции. Станува збор за 460 обични акции во износ од 230.000 евра. Емисијата се реализира како приватна понуда и е наменета за постојните акционери од компанијата.

Преземања на акционерски друштва

Во ноември,Комисијата за хартии од вредност утврди дека понудата на МЕГА ЕЛ ЕООД, Софија, Р. Бугарија за откуп на акциите на АД Фабрика за кабли Неготино е успешна, односно дека на јавниот повик за преземање на фабриката се јавиле 204 акционери кои понудиле 25.377 акции што претставува 14,9% од вкупниот број акции издадени од друштвото.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност издаде пет дозволи за работење на брокер. И тоа на: 1. Михајло Брова Зиков 2.Златко Кузмановски 3. Билјана Аризанкова 4.Ана Кралева 5.Александар Богиќевиќ

Супервизорски (надзорни) активности на КХВ

Комисијата за хартии од вредност на актуелниот директор на ЦДХВ Стеван Шапчески му го продолжи мандатот за дополнителни четири години. Исто така , во ноември Панче Шурков доби согласност да биде директор на брокерската куќа Бета брокер АД Скопје, а Игор Размовски да раководи со Одделот за работа со хартии од вредност на Охридска банка АД Охрид.

Согласности за субјектите кои се предмет на супервизија на КХВ

Комисијата за хартии од вредност даде согласност на измените и дополнувањата на Статутот на Централниот депозитар на хартии од вредност со кои наместо досегашниот двостепен систем (Управен и Надзорен одбор) се воведува едностепен (Одбор на директори).

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во ноември вкупно активни акционерски друштва беа 144. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во ноември секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 1 (една ) редовна контрола . Предмет на контролата беше: документацијата од реализирани берзански трансакции; книгата на налози; висината на ликвидниот капитал пропишан со закон; водењето на парични средства на посебна сметка на клиентите; ревидираните и поништени трансакции во изминатиот период; придржување кон налозите на клиентите и кон правилата на берзанското работење и брокерската етика и.т.н. Исто така, беа извршени и 3 (три) вонредни контроли.

Санкции

а) Брокерски куќи Комисијата за хартии од вредност трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Мак Брокер АД Скопје. Причина за ова е укинувањето на дозволата за основање и работење на Македонска Банка АД Скопје од страна на Народната банка на Македонија, која е и единствен основач на Мак Брокер. Решението за одземање на дозволата на Мак Брокер стапи на сила од 28 ноември 2007. б) Акционерски друштва По истрагата што ја спроведе Комисијата за хартии од вредност, а во која беше утврдено дека котираната компанија АДГ Маврово Скопје не ги почитувала обврските што ги има како друштво со посебни обврски за известување, а членовите на органите на управување тргувале врз основа на инсајдерски информации, во ноември беа изречени неколку мерки: - Времено, за период од 30 работни дена, го прекина тргувањето со акциите на АДГ Маврово Скопје и забрани вршење на нетрговски преноси со акциите. Оваа санкција стапи на сила од 5.12.2007 година, по истекот на изречената мерка од страна на Македонска берза за времено прекинување на тргувањето со акциите на АДГ Маврово Скопје; - Ќе се поведе прекршочна постапка пред надлежниот суд против АДГ Маврово Скопје, бидејќи друштвото не ги исполнило обврските од Законот за хартии од вредност за доставување на годишен, полугодишен и тримесечен финансиски извештај, како и на тековни соопштенија и материјали за акционерски собранија; - Заради недоставување на првичен извештај за сопственост, ниту извештај за промена на сопственост, согласно Законот за хартии од вредност, Комисијата за хартии од вредност ќе поведе прекршочна постапка пред надлежниот суд против членовите на органите на управување на АДГ Маврово Скопје; - Комисијата за хартии од вредност констатира дека членовите на органите на управување на АДГ Маврово Скопје поседувале ценовно чувствителни информации кои навремено не ги објавиле и не ги направиле достапни до целокупната инвеститорска јавност, а притоа своите акции ги продавале. Затоа, Комисијата за хартии од вредност поднесе иницијатива до надлежните институции за поведување постапка против членовите на органите на управување на АДГ Маврово Скопје заради злоупотреба на службената положба и овластувањата при тргување со хартии од вредност врз основа на инсајдерски информации. Комисијата за хартии од вредност за случајот со АДГ Маврово Скопје достави информација до Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и до Управата за јавни приходи.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Во ноември, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 11(единаесет) барања за заштита на акционерски права. Некои се жалат на повреда на берзанските процедури на тргување и бараат проверка на трансакции реализирани на Македонската берза АД. Други пак, не се согласуваат со бројот на акции кои се водат во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Меѓународна соработка

Во ноември во Комисијата за хартии од вредност престојуваше Erik T.Huitfeldt кој како странски експерт треба да помогне во изготвување на методологија преку која ќе се обезбеди современ пристап на контрола базиран врз ризикот (risk-based approach) на ваков начин ќе се подобри квалитетот на супервизијата. Меѓународниот консултант е ангажиран во соработка со Светската банка преку донација од Кралството Холандија.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA