На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
КХВ во февруари ги усвои следните правилници, кои претходно беа ставени на јавна расправа: 1.Правилник за потребната документација за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во друштвото за управување со инвестициски фондови; 2.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за кадровска, техничка и организациона оспособеност за основање и работа на овластено правно лице за вршење услуги со хартии од вредност; 3.Правилник за критериумот за рангирање на субдепозитарна банка на инвестициски фонд; 4.Правилник за содржината на договорот за управување со затворен инвестициски фонд; 5.Правилник за формата и содржината на барањето за добивање одобрение за основање на затворен фонд; 6.Правилник за постапката на преземање на работите на управување со инвестициски фондови кои ги вршело друштво за управување со инвестициски фондови; 7.Правилник за начинот и постапката за давање согласност за именување на членови на управниот одбор, односно извршни членови на одборот на директори на друштвото за управување со инвестициски фондови; 8.Правилник за утврдување на структурата, пресметката и начинот на одржување на средствата на друштвото за управување со инвестициски фондови; 9.Правилник за утврдување на постапката за прекин и продолжување на продажбата и откупот на удели во отворениот инвестициски фонд; 10.Правилник за начинот, постапката, и потребната документација за добивање дозвола за работење на друштвото за управување со инвестициски фондови; 11.Правилник за содржината и времето на објавување на цената на уделите во отворен и акциите во затворен инвестициски фонд; Комисијата за хартии од вредност во февруари го разгледа и Предлог Правилникот за дозволени вложувања, ограничувања на вложувањата и пречекорување на ограничувањата за вложување на имотот на затворениот фонд. Овој Предлог-Правилник е објавен на веб-страницата на КХВ за јавна расправа.
КХВ даде согласност Андреј Пулејков да биде именуван за извршен член на Одборот на директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови "КБ Публикум Инвест" АД Скопје.
Во февруари, вкупно активни акционерски друштва се 132. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.
Комисијата за хартии од вредност и во февруари секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе6(шест) вонредни контроли.
Брокерски куќи - Комисијата за хартии од вредност при редовна контрола констатира дека брокерската куќа "Битола брокер" АД Битола при приемот, реализацијата на налозите и исплатата на паричните средства од продажбата на хартиите од вредност на сметките на клиентите не ги почитувала Законот за хартии од вредност и Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје. Согласно Законот за хартии од вредност за сторените повреди, КХВ на брокерската куќа "Битола брокер" АД Битола и изрече привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност за кои има добиено дозвола од Комисијата за хартии од вредност во траење од 30 работни дена. Санкции од КХВ заработија и двајца овластени брокери, вработени во брокерската куќа "Битола брокер" АД Битола. Имено,поради непочитување на волјата на клиентите при внесот, промената и реализацијата на налозите во системот за тргување на Македонската берза АД Скопје, на еден овластен брокер, привремено му забрани да врши работи со хартии од вредност во траење од 30 работни дена, а другиот брокер доби јавна опомена. - Врз основа на наодите од спроведената редовна контрола, Комисијата утврди дека ТТК банка АД Скопје-Дирекција за работа со хартии од вредност ги прекршила Законот за хартии од вредност и Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, поради што согласно законските прописи на ТТК банка АД Скопје-Дирекција за работа со хартии од вредност и на одговорното лице им изрече јавна опомена . Поради непочитување на Законот за хартии од вредност, Правилникот за содржината и начинот на водење на книгата на налози и на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност им изрече јавна опомена на двајца овластени брокери од ТТК банка АД Скопје-Дирекција за работа со хартии од вредност. Друштва за управување со фондови Комисијата за хартии од вредност трајно му ја одзема дозволата за работа на Друштвото за управување со фондови "Сава Инвест" АД Скопје. Вакво решение, КХВ донесе поради тоа што и по истекот на една година од стапувањето на сила на новиот Закон за инвестициски фондови, друштвото не го усогласи работењето со одредбите на овој закон. За неусогласувањето на Друштвото за управување со фондови "Сава Инвест" АД Скопје со новиот Закон за инвестициски фондови, Комисијата за хартии од вредност беше однапред известена од страна на "Сава Инвест" АД Скопје и до КХВ беше доставена одлука на Одборот на директори на ДУФ "Сава Инвест" АД Скопје дека двата отворени инвестициски фонда со кои управува, "Сава Инвест Балансирачки фонд" и "Сава Инвест Растечки фонд Акции", ќе престанат со работа и дека треба да се започне постапка за ликвидација. Ликвидацијата на отворените инвестициски фондови, согласно законските прописи ќе ја спроведе депозитарната банка на фондовите "НЛБ Тутунска Банка" АД Скопје.
Во февруари, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 3 (три) барања за заштита на акционерски права.
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) и Проектот за деловно опкружување на УСАИД (БЕА) на 5 и 6 февруари 2010 година во Охрид организираа работна средба на тема "Пазарот на хартии од вредност во Република Македонија - состојби и перспективи". Средбата се организираше за 30-ина директори на брокерските куќи, дирекциите на банките за вршење на услуги со хартии од вредност, друштвата за управување со инвестициски фондови, Македонската берза АД Скопје и за Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.Целта на работилницата беше да им се овозможи на учесниците на пазарот на хартии од вредност заеднички да ги анализираат и да дискутираат за тековните случувања на пазарот на капитал, новите правила за тргување и за новиот Закон за инвестициски фондови. Работилницата ја отвори претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева Кавракова и директорот на УСАИД/БЕА Александар Шахов. Од работилницата произлегоа и неколку заклучоци, со чија реализација треба да се подобрат условите на пазарот на капитал, и да се обезбеди непречено спроведување на новините, воведени со соодветните закони.
На 22 февруари 2010 година, КХВ потпиша Меморандум за соработка со Јавното обвинителство на Република Македонија. Меморандумот за соработка го потпишаа Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова и Јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Шврговски. Овој документ е во функција на зголемување на ефикасноста на финансискиот пазар во Република Македонија. Се очекува преку размена на информации и податоци да се зајакне борбата против финансискиот криминал, поефикасно да се откриваат сомнителните трансакции и истите побрзо да добиваат правна разрешница. КХВ пристапикон Протоколот за соработка за превенција и репресија на корупцијата и на судирот на интереси.Со него,како и импликациите кои ќе ги има неговата примена во областа на пазарот на хартии од вредност полесно ќе се спроведуваат постапките кои што се во надлежност на Комисијата за хартии од вредност. Преку размена на податоци и информации со други државни органи и институции, надлежни за спроведување на антикорупциската политика во Република Македонија, ќе се придонесе за ефикасна реализација на антикорупциските процеси во областа на пазарот на хартии од вредност и до понатамошно јакнење на довербата на јавноста во институциите на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија. Комисијата за хартии од вредност го парафира Протоколот за соработка за превенција и репресија на корупцијата и на судирот на интереси на Државната комисија за спречување на корупцијата на 22 февруари 2010 година.