На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност и во март секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе 2(две) редовни и 3(три) вонредни контроли.
Aкционерски друштва со посебни обврски за известување - КХВ на својата седница го разгледа постапувањето на ЗК Пелагонија АД Битола по решението на Комисијата за отстранување на утврдените неправилности во постапката на продажба на сопствени акции по пат на јавна понуда при што донесе решение со кое го поништува претходното решение за давање одобрение за продажба на сопствени акции по пат на јавна понуда. Брокерски куќи - Комисијата за хартии од вредност го разгледа извештајот од редовна контрола на работењето на брокерската куќа Мој Брокер АД Скопје и одлучи да изрече јавна опомена на брокерската куќа и одговорното лице поради непочитување на член 122 став 1 и 3 од ЗХВ и непочитување на член 16 став 2 и 3 од правилата за тргување на Македонска Берза АД Скопје и непридржување и непотребно одложување на извршување на налогот број 3405 во услови на постоење на пазарни услови за реализација на истиот. Јавна опомена е изречена и на овластениот брокер, вработен во брокерската куќа Мој Брокер АД Скопје поради непочитување на одредбата од член 7 од Правилникот за содржината и начинот на водење на книгата на налози на брокерската куќа. - Комисијата за хартии од вредност го разгледа извештајот од редовна контрола на работењето на брокерската куќа Инвестброкер АД Скопје и одлучи да изрече јавна опомена на овластените брокери поради непочитување на одредбите од ЗХВ и Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје. - Комисијата трајно му ја одзема дозволата за работа на брокерската куќа ВИП АД Скопје за вршење на услуги со хартии од вредност поради непостапување на брокерстата куќа по решението на Комисијата за отстранување на утврдени неправилности и незаконитости и донесената одлука на собранието на акционери на брокерската куќа за престанок на работа на брокерската куќа. Комисија истовремено донесе решение со кое се утврдува дека се исполнети условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа на ВИП АД Скопје. - Комисијата со решение ја задолжи брокерската куќа Делта брокер АД Скопје да ја отстрани утврдената неправилност и да достави извештај во кој ќе ги опише превземените мерки за отстранување на неправилностите и незаконитостите. Поради непостапување по решението, Комисијата на брокерската куќа Делта брокер АД Скопје и изрече привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност во времетраење од 30 дена. - Комисијата донесе заклучок со кој се запира постапката поведена пред Комисијата за хартии од вредност за менување на решението за давање на дозвола за работа на брокерската куќа Идеја Плус брокер АД Радовиш. И донесе решение со кое трајно ја одзема дозволата за работа на брокерската куќа Идеја Плус АД Радовиш поради настанување на променети околности во работењето на брокерската куќа. Истовремено донесе решение со кое се утврдува дека се исполнети условите за отварање на ликвидација на брокерската куќа и заклучи за истото да го информира надлежниот суд за спроведување на ликвидацијата. Друштва за управување со фондови - Комисијата за хартии од вредност трајно му ја одзема дозволата за работа на Друштвото за управување со фондови Мој фонд АД Скопје поради непостапување по решение на Комисијата за хартии од вредност за отстранување на неправилностите, констатирани при редовна контрола и поради неусогласување на работењето на друштвото со одредбите од Законот за инвестициски фондови.
Комисијата донесе решение со кое даде согласност на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД ФОНДОВИ АД Скопје за пренос на административните работи кои се однесуваат на водење на деловните книги и сметки и изготвување на финансиски извештаи.
Во март, Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 3 (три) барања за заштита на акционерски права.
Во март КХВ оствари средба со претставници на IFC-Интернационална Финансиска корпорација за можноста за финансирање на општините по пат на јавно приватно партнерство, директно финансирање или издавање на обврзници во кои IFC би се јавил како гарант на емисијата во делот на рејтингот на општината.
Комисијата за хартии од вредност издаде 2(две) лиценци за инвестициони советници и тоа на лицата: 1. Јулијана Ангеловска 2. Дејан Делимитров
Во март, вкупно активни акционерски друштва се 131. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.