На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
По завршена јавна расправа, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во ноември усвои неколку правилници и тоа: Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формaтa и содржинaтa нa проспектот и покaнaтa зa зaпишувaње и уплaтa нa хaртии од вредност ; Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за документите што ги доставува издавачот на хартии од вредност при поднесување на барањето за одобрение за јавна понуда на хартии од вредност; Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на годишните, полугодишните и тековните извештаи, материјали за акционерски собранија и извештај за сопственост на АДПОИ кои се водат во Регистарот на КХВРМ " Правилник за начинот и постапката за вршење контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. КХВ усвои и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на категориите на сопствени средства и начинот на пресметување на износот и структурата на влоговите при основање и средствата од активата на овластено правно лице со кои треба да располага и во континуитет , кој е од времен карактер. Овој акт Комисијата го стави на јавна расправа со цел јавноста да ги каже своите коментари и забелешки, по што повторно истиот ќе се најде на дневен ред пред КХВ.
Во ноември, вкупно активни акционерски друштва се 20. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери освен друштвата котирани на берза.
Во ноември, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност Коста Костадиновски и Јован Дојчиновски да бидат именувани за извршни членови на Одборот на директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови "Илирика Фунд Менаџмент" АД Скопје. Имено, во наредните две години, Коста Костадиновски ја врши функцијата Главен извршен директор, а Јован Дојчиновски извршен директор на "Илирика Фунд Менаџмент"АД Скопје.
Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе две редовни контроли.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност на измените и дополнувањата на Правилата за тргување на Македонска Берза АД Скопје и на Правилата за работа на ЦДХВ АД Скопје. Исто така во ноември, КХВ даде одобрение на измените и дополнувањата на Статутот на Друштвото за управување со инвестициски фондови "Илирика Фунд Менаџмент" АД Скопје.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по две барања за заштита на акционерско право.