На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за февруари 2014 год.
06.03.2014

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во февруари усвои неколку правилници и истите ги стави на јавна расправа.Станува збор за: 1. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината, начинот и роковите за поднесување на барање за изземање од обврската за доставување на годишен, полугодишен, тримесечен и тековен извештај по барање на акционер или друго заинтересирано лице; 2. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начин и време на запишување и бришење на акционерско друштво, содржина и начин на водење, ажурирање на податоците и пристап на јавноста до регистарот на АДПОИ; 3. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за подетално пропишување на условите и потребната документација за исполнување на условите за овластен ревизор кој дава мислења во постапка за одобрување на зделка со заинтересирана страна; 4. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината, начинот на водење и постапката за запишување на овластените ревизори во Регистарот на овластени ревизори кои даваат мислење во постапка на одобрување на зделка со заинтересирана страна; 5. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и соджината на соопштението за издавање на хартии од вредност по пат на приватна понуда; 6. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на известувањето за запишани и платени хартии од вредност од приватна понуда и на известувањето за реализација на приватна понуда на хартии од вредност; 7. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината на месечниот извештај за работењето на овластено правно лице со дозвола за работење на хартии од вредност; 8. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за обновување на дозволата за работење на брокер; 9. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот структурата и начинот на пресметка на основната главнина на друштво за инвестиционо советување; 10. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето што се поденсува за дозвола за основање на берза; 11. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за износот, видот, одржувањето и начинот на пресметка и контрола на ликвидните средства на друштвата за инвестиционо советување со дозвола за работење добиена од Комисијата за хартии од вредност.

Решенија за емисии на акции

- Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Друштвото за управување со инвестициски фондови Иново Статус АД Скопје му даде одобрение да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Со третата емисија, Иново Статус АД Скопје издаде 35.000 обични акции, со уплата на нови парични влогови, а заради зголемување на основната главнина. Номиналната вредност по акција е едно евро. Акциите се наменети за познат купувач и тоа за единствениот акционер ЕЈ СИ ЕМ КОНСУЛТ ЕООД, Софија, Република Бугарија. Третата емисија се врши заради адекватност на капиталот и за непречено вршење на редовното работење на Иново Статус АД Скопје. - Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на АД ,,Фустеларко Борец,, заштитно друштво Битола му даде одобрение за продажба на сопствени акции по пат на јавна понуда. Предмет на понудата се 9.513 обични акции кои претставуваат 11,71 проценти од вкупниот број на издадени акции од ,,Фустеларко Борец,, заштитно друштво Битола. Вкупниот износ на емисијата е 11.415.600 денари, што подразбира дека продажната цена е 1.200 денари по акција. Продажбата на сопствените акции на АД ,,Фустеларко Борец,, заштитно друштво Битола се врши заради усогласување со Законот за трговски друштва, одржување на стабилност на компанијата и заради прибирање на парични средства.

Супервизорски активности

КХВ донесе Решение со кое на Друштвото за управување со инвестициски фондови Иново Статус АД Скопје му се проширува дозволата за работа, со што може да врши инвестициско советување на клиенти. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност на измените на Статутот и на Проспектот на отворените инвестициски фондови КД Нова ЕУ и КД Брик кои се управувани од Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во февруари, вкупно активни акционерски друштва беа 19. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.

Дозволи за брокер

Во февруари, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови една дозвола за работење со хартии од вредност и тоа на Миомир Алексовски.

Санкции

А) Брокерски куќи Врз основа на Одлука за престанок со работа на "Пеон Брокер" АД Скопје донесена од страна на Собранието на акционери на брокерската куќа, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност. Одземањето на дозволата е на барање на брокерската куќа "Пеон Брокер" АД Скопје. Истовремено, со трајното одземање на дозволата за работа на" Пеон Брокер" АД Скопје се исполнија условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија поведе постапка пред надлежниот суд.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по едно барање за заштита на акционерско право.

Едукација

,,Зошто нема јавни емисии на македонскиот пазар на хартии од вредност ,, беше тема на Тркалезната маса што се одржа на 19 февруари,2014 година во Скопје во организација на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Македонската берза АД Скопје и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија. Оваа тркалезна маса имаше за цел да ги поттикне друштвата да издаваат хартии од вредност преку кои полесно и поевтино ќе дојдат до потребните финансиски средства за реализација на своите бизнис проекти, што пак ќе го заживее пазарот на капитал и ќе ја збогати понудата на хартии од вредност. Учесници на тркалезната маса беа:М-р Елизабета Чингаровска, Претседател на Комисија за хартии од вредност на РМ, Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје,Борислав Атанасовски, Претседател на Институтот на овластени ревизори на РМ,Јордан Трајков, Мнозински сопственик на Винарија Попова Кула и Ѓорѓи Палевски, Извршен директор на Поштел Брокер АД Скопје. На тркалезната маса беа поканети претставници на компании – потенцијални издавачи на хартии од вредност и на брокерските куќи. На настанот беше промовиран “Водич за Јавна понуда на хартии од вредност”, изработен од Македонската берза АД Скопје и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Во Водичот се објаснува постапката за издавање на хартии од вредност по пат на јавна понуда како начин на прибирање на слободен паричен капитал за долгорочно финансирање на компаниите, предностите и карактеристиките на јавната емисија, како и котацијата на берза. Наведени се и некои успешни приказни на јавна понуда кај нас и во светот.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA