На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во март усвои неколку правилници и истите ги стави на јавна расправа.Станува збор за : 1. Предлог Правилник за обука и полагање на стручниот испит за инвестиционо советување; 2. Предлог Правилник за известување од страна на депозитар на хартии од вредност за стекнати повеќе од 5% на било кој род и класа на хартии од вредност издадени од страна на котираните друштва и акционерските друштва со посебни обврски за известување; 3. Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на инвестициски фондови и начинот на утврдување на идентификациски број на инвестициоскиот фонд; 4. Предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање на одобрение за избор на депозитарна банка; 5. Предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за потребна документација која се приложува како доказ за исполнување на условите за именување на членови на управниот одбор односно извршни членови на одборот на директори на друштво за управување со инвестициски фондови; 6. Предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на проспектот на отворен и затворен инвестициски фонд; 7. Предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на скратената форма на проспектот на отворен инвестициски фонд; Во март, КХВ по завршена јавна расправа усвои неколку Правилници: 1. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за форма и содржина на барањето за основање на депозитар на хартии од вредност; 2. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за определување на задолжителната структура и начинот на пресметка на основната главнина на берза и на средствата што ја сочинуваат основната главнина на берзата .
- Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе Решение со кое на Кроација Осигурување АД Друштво за неживотно осигурување Скопје и даде одобрение да издаде втора емисија на 20.000 обични акции со вкупен износ од 2.000.000 евра и тоа по пат на приватна понуда. Согласно Одлуката, зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши по пат на приватна понуда за познат купувач – институционален инвеститор и единствен акционер CROATIA osiguranje d.d. Zagreb, Р. Хрватска. - Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Друштвото за производство, трговија и услуги ,, КАРА,, АД Скопје му даде одобрение да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Зголемувањето на основната главнина на Друштвото се врши преку заеми кои се трансформираат во траен влог. Акциите од петтата емисија се наменети за единствениот акционер на друштвото кој ќе се стекне со вкупно 173.100 обични акции. Продажната цена на хартиите од вредност е еднаква на номиналната вредност на акцијата и изнесува 50 евра по акција. Ваквата трансформација на заеми во траен влог ,, КАРА,, АД Скопје ја прави заради зголемување на основната главнина, односно заради создавање услови за непречено вршење на редовното работење на друштвото, можност што од неодамна ја предвидуваат Законот за трговските друштва и Законот за хартии од вредност.
Во март, вкупно активни акционерски друштва беа 18. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе решение за бришење на Акционерското друштво Рудници и Железарница СКОПЈЕ-ФАМОРД Фабрика за машинска опрема и резервни делови од Регистарот на АДПОИ.
Во март, Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе две контроли и тоа една редовна и една вонредна.