На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
По завршена јавна расправа, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во септември го усвои Правилникот за изменување на Правилникот за начинот, постапката и потребната документација за добивање дозвола за работење на друштво за управување со инвестициски фондови.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на ТТК Банка АД Скопје и даде одобрение да продаде сопствени акции по пат на јавна понуда. Станува збор за 31.336 обични акции со вкупна минимална продажна вредност од 21.935.200 денари. Продажбата на акциите се врши заради усогласување со Законот за банки. Бројот на акциите кои се предмет на јавната понуда претставува 3,45% од вкупниот број на издадени акции од ТТК Банка АД Скопје. Комисијата на Македонски енергетски ресурси АД Скопје му даде одобрение да ја издаде четвртата емисија на долгорочни хартии од вредност. Со четвртата емисија на акции Македонски енергетски ресурси АД Скопје издава 486 обични акции со продажна цена од 100 евра по акција. Зголемувањето на основната главнина со нови влогови се врши по пат на приватна понуда наменета за познат купувач, постојниот единствен акционер - Влада на Република Македонија, како институционален инвеститор. Друштвото издава хартии од вредност заради создавање услови за непречено функционирање.
Во септември, вкупно активни акционерски друштва беа 18. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.
Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје е новиот субјект на македонскиот пазар на хартии од вредност кој доби согласност од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија да основа и управува со отворени инвестициски фондови и тоа во свое име и за сметка на сопствениците на документите за удели. Основачи на друштвото се правното лице ВФП Осигурително брокерско друштво АД Скопје и пет физички лица. КХВ даде согласност Петар Андреевски и Артон Лена да бидат извршни членови на Одборот на директори на Друштвото. Истовремено, Петар Андреевски ќе биде именуван за Главен извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, а Артон Лена за Извршен директор.
Во септември, Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност.Секторот за супервизија на пазарот на капитал во септември спроведе четири контроли.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе Решение со кое на Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност при "Комерцијална банка" АД Скопје привремено ѝ забрани да ја врши услугата-извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва во траење од 15 дена. Оваа санкција, КХВ и ја изрече на Комерцијална банка АД Скопје-Дирекција за вршење услуги со хартии од вредност поради непочитување на одредбата од член 56 од Законот за преземање на акционерски друштва, односно поради неодбивање на налозите за купување на 14.384 акции на издавачот Агрокуманово АД Куманово преку администраторски блок трансакции, што претставува 50,3747% од акциите со право на глас, со што е овозможено на купувачите на акциите, како лица кои дејствуваат заеднички, да го надминат контролниот праг на преземање без да дадат понуда за преземање. Исто така, Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност при "Комерцијална банка " АД Скопје како овластено правно лице постапувајќи спротивно на одредбите на членот 56 од Законот за преземање на акционерски друштва, стори прекршок за кој е предвидена глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност. На одговорното лице во правното лице му е изречена глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по пет барања за заштита на акционерско право.