На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија го разгледа Предлог Правилникот за задолжителната содржина, формата и роковите за доставување на извештаите за работењето од страна на инвестициските фондови, друштвата за управување и депозитарната банка и истиот го стави на јавна расправа, со цел јавноста да ги даде своите забелешки, по што КХВ повторно ќе го стави на дневен ред на седница.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Друштвото за градежништво " Бетон " АД Скопје му даде одобрение за продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда. Предмет на продажба се 2.751 сопствени обични акции со номинална вредност по акција од 255,65 евра и продажна вредност по акција од 4.200 денари. Вкупната продажна вредност на сопствените акции е 11.554.200 денари. Приватната понуда е за познатиот купувач – правното лице "РЖ Техничка Контрола" АД Скопје . Сопствените акции кои се предмет на продажба претставуваат 5,04% од основната главнина на " ДГ Бетон " АД Скопје .
Во ноември , вкупно активни акционерски друштва беа 19. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност на Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје.
ВФП Премиум Инвест и ВФП Кеш Депозит се новите отворени инвестициски фондови кои во ноември добија одобрение за организирање од Комисијата за хартии од вредност на РМ. Основач на фондовите е Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје. Новите учесници на пазарот на капитал ќе прибираат парични средства преку продажба на удели во фондот, а истите ќе ги вложуваат во согласност со Законот за инвестициски фондови, Статутите и со Проспектите на фондовите. 1.ВФП Премиум Инвест - Инвестициската цел на ВФП Премиум Инвест е остварување на адекватен принос за сопствениците на удели во фондот, односно раст на вредноста на уделот на долг временски период. Инвестициската цел ќе се оствари преку професионално управување со средствата на фондот, односно креирање на портфолио на хартии од вредност на најразвиените и најрегулирани пазари во светот. Во фокус на инвестициската политика на фондот ќе бидат големите компании „Large Caps" кои се лидери во сопствените индустрии и имаат континуирана и растечка историја на исплата на дивиденда кон инвеститорите. Во процесот на вложувањето особено внимание ќе се обрне на минимизирање на ризиците кои може да се јават кај овој вид на инвестирање. Со оглед на инвестициските цели и политика, Фондот првенствено е наменет за вложувачи со среднорочен или долгорочен вложувачки хоризонт и умерен степен на толеранција кон ризикот, кои сакаат да постигнат специфични инвестициски цели, диверзифицирајќи го своето портфолио на глобално ниво. Временски период кој е препорачлив за вложување во Фондот е најмалку пет години. Средствата на фондот ќе бидат инвестирани во хартии од вредност на издавачи чие седиште, односно претежна дејност се врши на територијата на следниве зeмји: САД, земји членки на ЕУ, ОЕЦД, ЦЕФТА и Р. Македонија, како и држави надвор од Европа чии регулирани пазари на хартии од вредност се членки на Светската федерација на берзи WFE . 2. ВФП Кеш Депозит - Според инвестициската стратегија, ВФП Кеш Депозит е првенствено наменет за инвеститори кои не сакаат своите средства да ги изложат на висок ризик, ценовни осцилации и кои во релативно пократки рокови сакаат да остварат атрактивен принос на своите средства. Како инвеститори на Фондот може да се јават сите домашни и странски, правни и физички лица, како и специфични финансиски институции, кои имаат цел да менаџираат со својата тековна или среднорочна ликвидност. Средствата на фондот ќе бидат инвестирани во хартии од вредност на издавачи чие седиште, односно претежна дејност се врши на територијата на Република Македонија, како и земјите членки на ЕУ, ОЕЦД и на ЦЕФТА.
Во ноември, Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал во ноември спроведе три контроли.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по едно барање за заштита на акционерско право.