На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 70-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити, а се одржа денеска на 9 јуни, 2020 година донесе три подзаконски акти и тоа:
1. Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и барањето на одобрување на приватна понуда на хартии од вредност;
2. Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на известувањето за запишани и платени хартии од вредност од приватна понуда и на известувањето за реализација на приватна понуда на хартии од вредност и
3. Прелог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на прекршочниот платен налог.
Со корекциите на Правилникот за формата и барањето на одобрување на приватна понуда на хартии од вредност се допрецизираат податоците за лицата во надзорен и управен одбор, кои досега беа пообемни, со што се поедноставува пополнувањето на барањето за одобрување на приватна понуда.
Измената на Правилникот за формата и содржината на известувањето за запишани и платени хартии од вредност од приватна понуда и на известувањето за реализација на приватна понуда на хартии од вредност пак е во насока на допрецизирање на времето на известување за запишани и уплатени акции на јавноста и Комисијата, како и за допрецизирање за известувањето во ситуациите кога приватната понуда на хартии од вредност се реализира и на други начини (без нови уплати) како на пример при исплата на дивиденда во акции, трансформација на заем даден од страна на единствениот акционер на друштвото во влог во друштвото и др. Во овие специфични случаи на известување, нема фактички уплати за акциите, туку акциите се издаваат врз основа на одредена документација. Инаку, овие две измени се иницирани како резултат на проактивниот однос на Комисијата за хартии од вредност со овластените учесници на пазарот на капитал, при што преку анализа и конструктивни предлози, се подобрува и унапредува подзаконската регулатива.
Со Предлог Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на прекршочниот платен налог се врши усогласување на образецот на прекршочниот платен налог со важечкиот Закон за прекршоци.
Согласно Законот за хартии од вредност трите подзаконски акти, Комисијата ќе ги стави на јавна расправа на веб страницата за период од 30 дена каде засегнатите страни ќе можат да ги кажат своите коментари и предлози.