На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на денешната седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити донесе Решение со кое на "УНИ банка"АД Скопје и даде одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за 5.000 перпетуални обврзници, со вкупна вредност на емисијата од 5.000.000 евра. Овој инструмент што за прв пат кај нас го издава "УНИ Банка" АД Скопје, а кој Комисијата го призна како хартија од вредност е препознаен во легислативата од доменот на банкарството и во моментов во Република Македонија може да биде издаден само од банка. "УНИ банка" АД Скопје за овој инструмент ќе побара прием на котација на "Македонска берза" АД Скопје, со што ќе се збогати понудата на пазарот на хартии од вредност. Перпетуалната обврзница е веќе прифатена на пазарите на капитал во развиените држави, пред сѐ од страна на институционалните инвеститори.
На 18 - тата седница КХВ и даде одобрение на "Централна Кооперативна банка" АД Скопје да ја издаде првата емисија на долгорочни должнички конвертибилни обврзници. Предмет на понудата се 5.000 обврзници со вкупна продажна вредност од 5.000.000 евра, со годишна фиксна каматна стапка од 2,2%. Емисијата се врши по пат на јавна понуда, а заради зајакнување на вкупниот финансиски капацитет на банката и исполнување на зацртаните бизнис цели, како и за зголемување на капиталот на "Централна Кооперативна банка" АД Скопје и обезбедување на оптимална адекватност на капиталот во наредниот период. Процентот на успешност на јавната понуда е над 60 проценти од вкупната емисија.
На седницата што се одржа на 18 јануари, 2019 година, КХВ донесе Решение со кое на лицата Васил Георгиев и Ристо Масев, им издаде дозвола за давање понуда за преземање на "Нова Стоковна Куќа" АД Струмица. Понудата се однесува на 659 обични акции со право на глас, кои претставуваат 52,76% од основната главнина на друштвото. Преземачите се обврзуваат да ги откупат хартии од вредност по цена од 61.500,00 денари по акција. Најмалата количина на хартии од вредност која треба да се прифати за понудата да се смета за успешна е 438 обични акции, што изнесува 35,06 проценти од вкупниот број на обични акции со право на глас издадени од "Нова Стоковна Куќа" АД Струмица.
Исто така, КХВ даде согласност на измените и дополнувањата на Правилата за котација на "Македонската берза" АД Скопје, а обнови и една дозвола за работење на брокер.