На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на денешната седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити го потврди новото лого на институцијата, чиј избор претходно го направи посебна Комисија, составена од еминентни универзитетски професори, дизајнери и експерти по економија и за односи со јавност. Со тоа, КХВ има нов заштитен знак-лого.
По темелна анализа на идејните решенија кои беа поднесени врз основа на јавно објавениот Конкурс, Посебната Комисија за избор на нов заштитен знак- лого во состав: Нехат Беќири, Редовен професор на Факултетот за уметности на Државниот универзитет во Тетово, Игор Делов, Графички дизајнер, Елена Наумовска, Вонреден Професор на Економски Факултет при УКИМ, Душко Гошевски, Комисионер и Габриела Јовева Ѓуровска, М-р по комуникации и Главен советник за односи со јавност, одлучи како најдобро да го избере идејното решение поднесено од авторот Zeni Ballazhi. Едногласно беше констатирано дека идејното решение е оригинално и досега неупотребувано, адаптибилно на различни димензии, лесно препознатливо, дизајнерски и естетски конципирано, симболички и сугестивно ја имплементира и визуелизира мисијата на Комисијата како регулатор во областа на пазарот на капитал, но ги изразува и трите столба на кои се темели мисијата на КХВ ( да ги заштити инвеститорите; да се грижи за создавање и одржување на фер, сигурен, транспарентен и ефикасен пазар на хартии од вредност и да го олесни привлекувањето на капитал со што придонесува кон економскиот раст и развој на државата), но и предизвиците кои претстојат. Идејното решение упатува на ,,отворени карти,, кои сугерираат транспарентност, чесност и отвореност на институцијата, а сончевите зраци на благосостојба и оптимизам. Преку скалилата одразува чекорење на повисоко ниво, просперитет и економски раст. Логото е едноставно и мултифункционално, остава простор да се модифицира, со еден збор е промотивно и лесно се меморира. Преку сината боја и тројазичноста (македонски, албански и англиски), ги следи општествените трендови и евроинтегративните процеси на државата. Инаку, Конкурсот беше јавно објавен на 24 јануари, 2019 година и заклучно со крајниот рок , 7 февруари, 2019 година до Комисијата за хартии од вредност, аплицираа четворица автори, тројца со по едно идејно решение, а еден автор понуди петнаесет идејни решенија , што е во согласност со објавениот Конкурс.
На 22 –рата седница, КХВ донесе Решение со кое на ,,Халк Банка,, АД Скопје и одобри да ја издаде петнаесетта емисија од 92.240 обични акции во вкупен износ од 922.400.000 денари. Емисијата е наменета за познат купувач-институционалниот инвеститор кој воедно е и акционер на банката - Халк Банка А.Ш. Турција. Банката издава нови акции заради зголемување на капиталот и обезбедување на оптимална адекватност на капиталот во наредниот период.