На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Донесен нов Кодекс за корпоративно управување на котираните друштва на Берзата
26.10.2021

Донесувањето на Кодексот за корпоративно управување на котираните друштва е заеднички проект на Македонската берза и Комисијата за хартии од вредност и за истиот беше обезбедена поддршка од страна на Европската банка за обнова и развој и консултанти ангажирани од нејзина страна.   
Со донесувањето на новиот Кодекс којшто денес започнува да се применува, Берзата прави уште еден значен чекор напред во имплементирањето на европските стандарди во оваа област на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Кодексот се однесува на друштвата чии акции котираат на Официјалниот пазар на Берзата што ги исполнуваат условите пропишани во Правилата за котација. Овие друштва треба на годишно ниво да известуваат за тоа дали ги применуваат најдобрите практики пропишани во Кодексот.

Како и кодексите во други европски земји, така и новиот Кодекс ќе се применува според принципот „примени или појасни зошто не си применил“. Ваквиот пристап подразбира дека примената на одредбите од Кодексот не е задолжителна за котираните друштва. Друштвата можат да не применат некоја одредба од Кодексот во случаи каде што постојат оправдани причини за тоа, на пример, доколку таквата одредба не одговара на големината или потребите на друштвото. Сепак, во таквите случаи, друштвата се должни да дадат објаснување зошто конкретната одредба не можела да биде применета.

Целта на новиот Кодекс за корпоративно управување е преку примена на добрите практики на корпоративно управување да се подобри управувањето и контролата во котираните друштва, да се зголеми транспаретноста во нивното работење, да се подобри начинот на кои друштвата остваруваат комуникација со акционерите и инвеститорите и да се воспостават системи за поддршка за успешен развој на домашните компании. Кодексот за прв пат воведува одредби и практики поврзани со прашања за заштитата на животната страдина и прашања од општествен интерес.

Во врка со донесениот Кодекс, Главниот извршен директор на Берзата, г-дин Иван Штериев изјави: “Со реализацијата на проектот за нов Кодекс за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза не само што се заменува досега важечкиот кодекс, донесен пред повеќе години, туку се редефинира и се зголемува опфатот на котирани друштва на коишто истиот се однесува и се пресликуваат најдобрите современи меѓународни практики во оваа област. Кодексот, иако формално е документ кој го носи Берзата, е стратешко сидро на целиот пазар. Оттука, неговото донесување беше заеднички иницирано и реализирано од страна на Македонската берза и Комисијата за хартии од вредност, со голема поддршка од страна на Европската банка за обнова и развој и консултантите кои преку неа беа ангажирани.  Кодексот ќе претставува конкретен патоказ за градење на добра корпоративна репутација и одржлив развој на долг рок за македонските котирани друштва и ќе предизвика низа позитивни импликации како за македонскиот пазар на хартии од вредност, така и пошироко”.  

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност на РСМ, г-ѓа Нора Алити изјави: “Eфикасни, издржливи и правични пазари на капитал се градат врз основа на низа столбови. Еден многу важен столб е токму доброто корпоративно управување. Новиот кодекс за корпоративно управување обезбедува цврста рамка на добри правила и стандарди кои ги поставуваат очекувањата и границите на котираните компании што ќе резултира со доволно обелоденување за да им се овозможи на инвеститорите да носат информирани одлуки. Како регулатор, ние сме уверени дека новиот кодекс за корпоративно управување ја има вистинската рамнотежа помеѓу поттикнувањето на растот и обезбедувањето соодветно ниво на заштита на инвеститорите.”

Директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Република Северна Македонија, Енди Аранитаси потенцираше дека Европската банка за обнова и развој со задоволство ја поддржа иницијативата на Македонската берза и Комисијата за хартии од вредност за донесување на нов Кодекс за корпоративно управување, којшто воведува модерни стандарди за понатамошно промовирање на развојот на пазарот на хартии од вредност во Република Северна Македонија. Во оваа прилика, Европската банка за обнова и развој им се заблагодарува на Берзата и Комисијата за нивната проактивна улога и соработка и за заблагодарува на Grand Duchy of Luxembourg за нивната великодушна поддршка на овој проект. Европската банка за обнова и развој ќе продолжи со поддршка на овие институции во воспоставување на рамка за известување и мониторинг во врска со новиот Кодекс, како и со поттикнување на друштвата да го градат своето корпоративно управување преку примена на одредбите од Кодексот.



Кодекс за корпоративно управување на котираните друштва на Берзата



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA