На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Македонската берза, заедно со МОН и со КХВ за прв пат го зазвонија берзанското звоно за финансиска писменост
07.10.2021

Македонска берза од оваа година се приклучува кон глобалната иницијатива „Да заѕвониме за финансиска писменост“(Ring the Bell for Financial Literacy) на Светската федерација на берзи (World Federation of Exchanges - WFE) како поддршка на глобалната кампања „Светска недела на инвеститорот“(World Investor Week - WIW) во организација на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност (International Organization of Securities Commissions - IOSCO).

 Oваа година „Светската недела на инвеститорот“ трае од 4 до 10 октомври и кон истата се приклучија рекордни 78 берзи кои оваа недела одржуваат церемонии на ѕвонење на берзанските ѕвона, тематски работилници и настани, со цел подигнување на свеста за важноста и неопходноста на финансиската писменост и инклузија и нивното влијание врз животот на луѓето.

 По овој повод, денеска  ѕвоното на Македонска берза го заѕвонија Мила Царовска, Министерка за образование и наука, Нора Алити, Претседателка на Комисијата за хартии од вредност и Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза.

 Во рамките на овој настан беше најавено дека Министерството за образование и наука, Комисијата за хартии од вредност и Македонска берза заеднички работат на креирање на наставен предмет за принципите на функционирање на пазарот на капитал што во иднина би се изучувал во средните економски и правни училишта од учебната 2022/23 година. Предметот ќе има теориски и практичен дел, при што во неговиот практичен дел ќе се користи редизајнираната едукативна платформа „Виртуелна берза“ (https://youtu.be/n-c4BUYIbaU) , односно on-line платформа развиена од Македонска берза како игра на знаење преку којашто учесниците стекнуваат искуство за тргувањето со хартии од вредност.      

 Министерката за образование и наука Мила Царовска потенцираше дека развојот на образовниот систем и обезбедувањето на поквалитетна едукација за младите, не е само одговорност на Министерството за образование и наука, туку и на сите општествени чинители - поединци и институции кои се засегнати и можат да помогнат во овој дел. ,,Затоа сум благодарна, што Комисијата за хартии од вредност и Берзата покажуваат иницијатива и се вклучуваат во заложбите за подобри образовни можности за младите во државата. “ – изјави Царовска.

 Во оваа прилика Нора Алити, Претседателка на Комисијата за хартии од вредност изјави:,, На пазарот на хартии од вредност од неговото основање па се до денес вложувано е многу, создавана е инфраструктура, но воведувањето на изборен наставен предмет кој ќе биде изучуван во формалното образование е навистина траен влог кој се капитализира во продуцирање на најреткиот и на најзначајниот ресурс, а тоа е човечкиот капитал.

Затоа, КХВ како регулатор, кој покрај супервизија на целокупното функционирање на пазарот на хартии од вредност со сите негови чинители подеднаква важност и дава и на едукативната функција во чија основа е токму  финансиската писменост. Само добро едуциран  инвеститор  може да биде долгорочен инвеститор, а преку повисоко ниво на финансиска писменост обезбедуваме поголема финансиска стабилност! “

„Економските и финансиските навики на луѓето директно го определуваат нивниот животен стандард и квалитет на живеење. Оттука, постои глобален консензус дека сите општествени чинители мора да ги зголемат напорите и да издвојат повеќе ресурси за зголемување на финансиската едукација и писменост. Од гледна точка на берзите финансиската писменост секојдневно станува се побитна со оглед на нагласениот тренд на зголемено учество на физичките лица во тргувањето со хартии од вредност и сите импликации што произлегуваат од тоа. Навистина сме многу среќни што ова сега кај нас е и институционално препознаено и што наскоро ќе бидеме една од ретките земји во регионот што на нашите ученици од средните економско-правни  училишта  ќе им даде шанса навреме да „влезат“ во оваа сложена проблематика.“ изјави Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза.

„ Во името на учесниците во пилот проектот Училишна берза, ученици во СЕПУГС Арсени Јовков, би сакала да се заблагодарам на Македонска берза што ни овозможија реализација на проектот. Учеството во овој проект беше прекрасно и незаборавно искуство. Ги надополни нашите знаења за хартиите од вредност, но научивме и нешто ново за пазарот на капитал, виртуелно тргуваме со хартии од вредност во реално време и по реални цени. Ова за мене беше навистина интересно, поучно искуство кое сакам да се повтори, затоа продолжив со виртуелно тргување преку платформата Виртуелна берза. Ги повикувам сите наши врсници да ја посетат оваа платформа и да се обидат да ги прошират своите знаења од оваа област “ изјави ученичката Тијана Мировска која беше дел од групата ученици од СЕПУГС „Арсени Јовков“ кои доброволно учествуваа во пилот проектот за редизајн на платформата Виртуелна берза.

 

 

 

 

 



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA