На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Финансиските регулатори потпишаа Меморандум за соработка во финтек-областа: Градиме систем за поддршка на развојот на финтек-секторот
26.03.2022

На иницијатива на Народната банка, а заради создавање услови за поддршка на развојот на финтек-секторот, финансиските регулатори ‒ Народната банка (НБ), Министерството за финансии (МФ), Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), склучија Меморандум за соработка. Со Меморандумот се поставува систем преку кој регулаторите координирано ќе дејствуваат, секој во својата надлежност, во однос на  спроведувањето на националната Стратегија за финтек-секторот чијашто прва верзија е веќе подготвена од Народната банка.

Меморандумот беше потпишан денеска од страна на гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии, Фатмир Бесими, претседателката на КХВ, Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али и претседателот на Советот на експерти на АСО, Крсте Шајноски.

Со Меморандумот се предвидува формирање Комитет за поддршка на развојот на иновациите во финансискиот систем во Република Северна Македонија (Комитет за финтек-секторот), чии членови ќе бидат гувернерката, министерот за финансии и претседателите на КХВ, МАПАС и АСО. Со Комитетот ќе претседава гувернерот или министерот за финансии, а претседателството ќе ротира еднаш годишно. Покрај Комитетот за финтек-секторот, ќе се формираат и други оперативни тела коишто ќе работат на осмислување и спроведување на стратегиските активности за создавање приемчива финтек-околина. Предвидено е формирање и Поткомитет со по два члена од секој од финансиските регулатори, работни групи, како и Секретаријат.

Преку поставување висококоординиран институционален систем за финализирање и спроведување на првата национална финтек-стратегија, се очекува дека ќе се постигне синергија во вкупните резултати на ова поле. Првата национална финтек-стратегија би била готова оваа година и со неа би се дефинирале решенијата и политиките со кои ќе се поддржи развојот на иновативните технолошки решенија во финансискиот систем. Развојот на финтек-секторот е од големо значење за јакнењето на економијата на една земја, пред сѐ поради неговиот потенцијал за зголемување на финансиската инклузија. За граѓаните, развојот на финтек-секторот значи повеќе можности и поевтини финансиски услуги.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA