На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Награди за најдобрите три тима на Европскиот квиз на пари за 2024 година
28.05.2024
Во просториите на Македонската банкарска асоцијација денес, 28 мај 2024 година,  се одржа свеченото доделување на наградите на победниците од националното финале на Европскиот квиз на пари за 2024 година.

На средбaта, претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева, гувернерката д-р Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на Комисијата за хартии од вредност м-р Нора Алити, ги поздравија победничките тимови на овогодишниот национален натпревар „Европскиот квиз на пари“: првопласираните Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“ Ресен со менторката Дијана Ѓоргиевска, кои ја претставуваа нашата земја на европското финале на 19 април во Брисел, Белгија; второпласираните Стефани Георгиевска и Филип Клобучински од СЕПУГС Васил Антевски-Дрен – Скопје со менторката Билјана Ниновска и третопласираните Лара Росоманска и Елена Ризова од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци со менторката Лоска Давчева.

Најдобрите три тима на Европскиот квиз на пари за 2024 година, Кирил Китевски и Кристијан Лазароски, Стефани Георгиевска и Филип Клобучински, и Лара Росоманска и Елена Ризова, за извонредниот успех на натпреварот беа наградени со награди од Македонската банкарска асоцијација, Народната банка и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија. Исто така, изразуваме благодарност до посветените наставници кои ги водеа тимовите до победа.

Со освојувањето на првото место на националниот натпревар, победничкиот тим Кирил Китевски и Кристијан Лазароски ја претставуваше Северна Македонија во финалето на Европскиот квиз за пари, кое се одржа во Брисел на 19 април 2024 година, и каде што го освоија третото место. Во битката за финалето учествуваа 36.000 тинејџери од 2.200 училишта низ Европа. Во конкуренција на 26 европски земји, првото место го освои тимот од Австрија, второто место тимот од Чешка, а третото место тимот од Северна Македонија. Оваа иницијатива за промовирање на финансиската едукација е поддржана од националните банкарски асоцијации во Европа под координација на Европската банкарска федерација и е дел од низата активности организирани во над 30 земји за време на Европската недела на пари.

За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA