На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Подготвителна средба за натпреварот „Европски квиз за пари 2026“
26.02.2026
На 27 февруари 2026 година се одржа подготвителна средба во пресрет на националниот натпревар „Европски квиз за пари 2026“, во организација на Македонска банкарска асоцијација, во соработка со Народна банка на Република Северна Македонија и Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија.

На средбата учествуваа претставници на институциите-организатори, како и менторите и тимовите на ученици од пријавените основни и средни училишта од целата држава. Присутните беа детално запознаени со правилата и форматот на натпреварот, а им беа доставени и насоки и едукативни материјали со цел што поуспешна и поквалитетна подготовка.

Организаторите изразуваат особено задоволство од рекордниот интерес за учество годинава, што претставува јасен показател за зголемената свест за значењето на финансиската писменост кај младите. „Европскиот квиз за пари“ не е само натпревар, туку платформа преку која учениците ги продлабочуваат своите знаења за финансиските концепти, одговорното управување со личните финансии и функционирањето на финансискиот систем – вештини што се клучни за нивната иднина.

Годинава, националниот натпревар се организира по осми пат, со вкупно 1.276 пријавени ученици – 1.144 на македонски и 132 на албански наставен јазик – под менторство на 127 наставници од 109 основни и средни училишта од целата држава. Овие бројки потврдуваат дека финансиската едукација станува сѐ поважен сегмент од образовниот процес.

Националниот натпревар ќе се одржи во рамки на Глобалната недела на парите, во периодот од 16 до 22 март 2026 година. Најдобрите двајца ученици ќе ја претставуваат нашата земја на европското финале, кое ќе се одржи на 18 и 19 мај 2026 година во Брисел, Кралството Белгија.

Македонска банкарска асоцијација, Народна банка на Република Северна Македонија и Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија остануваат цврсто посветени на континуирано унапредување на финансиската писменост кај младите и на зајакнување на нивната подготвеност за носење информирани, одговорни и одржливи финансиски одлуки во современото општество.

За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA