На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Претседателката Абази: 30 години Македонска берза - довербата е темел на пазарот на капитал
01.04.2026
Скопје, 31 март 2026 година

Македонска берза одбележа 30 години од своето постоење - значаен јубилеј што ја потврдува нејзината улога како клучна институција во развојот на пазарот на капитал во земјава. На настанот присуствуваа претставници на институции, регулатори, учесници на пазарот на хартии од вредност и гости од земјата и регионот, кои заеднички ги одбележаа трите децении развој на организираното тргување со хартии од вредност. Претседателката на Комисијата за хартии од вредност, м-р Бујаре Абази, во своето обраќање истакна дека во изминатите три децении Берзата се развиваше во различни економски и општествени околности, при што успеа да изгради стабилен, транспарентен и кредибилен пазар.

„Три децении не се само бројка – тие се доказ за визија, посветеност и верба дека пазарот на капитал има суштинска улога во развојот на економијата. Берзата е повеќе од платформа за тргување – таа е простор каде што идеите се поврзуваат со капиталот, а ризикот со одговорноста“, истакна Абази. Таа нагласи дека развојот на пазарот не е само прашање на регулатива, туку и на доверба, додавајќи дека Комисијата останува доследна на принципите на интегритет, заштита и одговорност.

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност информираше дека во наредниот период се очекува имплементација на новата законска рамка за пазарот на капитал, која ќе придонесе за поголема усогласеност со европските стандарди, зајакнување на регулаторниот капацитет и подобра заштита на инвеститорите.

Беше истакната и поддршката од Европската комисија за подготовка на тригодишна стратегија за регулаторно и институционално зајакнување, како и активностите за продлабочување на регионалната соработка, вклучително и претстојното потпишување Меморандум за координирана регулација и надзор со повеќе европски регулатори.

И покрај постигнатите резултати, како што нагласи Абази, остануваат предизвиците, како што се ниската ликвидност и ограничениот број издавачи и институционални инвеститори, при што се очекува реформската рамка и регионалната интеграција да придонесат кон нивно ублажување.

Настанот претставуваше можност за одбележување на досегашните достигнувања, но и за отворање нова фаза во развојот на македонскиот пазар на капитал, со јасен фокус на стабилноста, довербата, дигитализацијата и финансиската писменост.

Комисијата за хартии од вредност доби Благодарница од Македонската берза АД Скопје за долгогодишна успешна соработка.

За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA