На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Претседателката Алити на 30 годишниот јубилеј на КХВ: Комисијата била и останува носечки елемент за развој на пазарот на капитал
21.06.2022

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност М-р Нора Алити се обрати на свеченоста  по повод одбележувањето на 30 години од постоењето на Комисијата за хартии од вредност. Во продолжение е целото обраќање на Претседателот на КХВ Нора Алити:

,,Ми претставува чест  да се обратам на првиот ден од четвртата декада на Комисијата за хартии од вредност и да Ви посакам добредојде.Триесет години постоење е долг период во кој сите ние од Комисијата за хартии од вредност ќе го паметиме како време во кое трудољубиво ги поместувавме границите на сопствените достигнувања.

Комисијата за хартии од вредност била и останува носечки елемент за етаблирање  и за развој на пазарот на капитал, неговиот пробив кон инвеститорите и реалните дострели.
Заслуженото место  што денес Комисијата го има  во финансискиот систем е постигнување за кое се имаат заложено многу поединци, како поранешни Претседатели, членови на Комисијата, вработени.

 Но, тoa не би било возможно, ниту пак доволно, без идеите и иницијативите на пазарните учесници, без поддршката и плодната соработка со Собранието, Владата, Министерствата, Народната Банка, како и без добрaта интеракција со другите регулаторни тела, за што денеска, ја изразувам мојата Благодарност.

Довербата и интегритетот на пазарот на капитал за нас е “јавното добро” што грижливо и одговорно го чуваме, и правиме тоа да биде неисцрпливо и неисклучиво достапно. 

Дигитализацијата, одржливоста, доброто управување и прецизната регулација, како и растечката и императивна цел за заштита на финансиската стабилност од страна на пазарот на хартии од вредност, се суштински елементи за неопходното зајакнување на довербата, и за вклучување на различни структури на инвеститори  на пазарот.

 Во таа насока , европската регулаторна агенда е јасен отсјај на целта  кон која сме свртени, но и поттик за важноста од интегрирање на факторите на животната средина, општествената одговорност и управување, при спроведување на финансиската активност.

Силната корелација помеѓу пазарите на капитал и економскиот раст, треба што побрзо и подобро да се искористи. Оттука, Комисијата останува посветена во спроведувањето на сите мерки и активности под нејзина надлежност предвидени во Стратегијата за развој на финансиските пазари со посебен фокус на пазарот на капитал, неодамна усвоена од Владата на предлог на Министерството за финансии. 

Несомнено, развојот на пазарот на капитал ќе одигра многу важна улога во забрзувањето на економскиот раст. 

Започнувањето на процесите на зелена и дигитална трансформација на економијата претставува голема шанса за пазарот на капитал. За нас, како регулатор особено е важно преку нефинансиското известување да го наметнуваме три “P” пристапот (planets, profit and people) во мајндсетот на акционерските друштва. 

Дигитализацијата на економијата и нејзиното зазеленување се можеби најдобрите две работи во идниот период кои треба да бидат излезот на пазарот на капитал од движењето во кружниот тек.  

Финансирањето на зелената и дигиталната транзиција е веќе на врвот на приоритетите на земјите од Европската Унија. Новиот Кодекс за корпоративно управување е добра и солидна основа, котираните акционерски друштва да доставуваат квалитетни нефинансиски информации за областите поврзани со ESG.

Дигитализацијата во корелација со зголемената грижа за животната средина, ќе ја одбележи економијата на иднината. Ова се  извонредни моменти за нашиот пазар на капитал кои ќе доведат до подобра ефикасност и квалитет на деловните процеси.

Неизбежно е, се повеќе инвеститорите да ги земаат предвид ESG факторите како клучни за инвестирање.  

Нашиот таргет како регулатор, е овие големи можности и предизвици за финансискиот сектор, да ги споиме со инвеститорскиот фокус. 

Затоа, лидершипот на Комисијата продолжува со доброто управување  и со алокација на ресурсите кон точките на нивната најпродуктивна употреба, но за резултатите ќе се зборува на наредниот јубилеј , Вам  почитувани присутни Ви благодарам што заеднички ги  споделуваме овие свечени моменти.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA