На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на Комисијата
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на Комисијата
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник - според ЗХВ ( вон сила )
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работење со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестициско советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја Комисијата
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на Комисијата
  • Контакт
Претседателката на КХВ м-р Абази на меѓународна конференција во Дубровник
02.09.2026
Претседателката на Комисијата за хартии од вредност м-р Бујаре Абази на 31 август и 1 септември 2026 година, во Дубровник учествуваше на меѓународната конференција „Дијалог за европските пазари на капитал: Интеграција, поедноставување и супервизија во Европа водена од информации“, организирана од Хрватската агенција за надзор на финансиските услуги (HANFA), во програмско партнерство со Комисијата за надзор на финансискиот сектор на Луксембург (CSSF).



Дводневната конференциска програма обедини водечки експерти и претставници на европските и регионалните регулаторни и супервизорски органи, институциите на Европската Унија и финансиската индустрија. Дискутираа за клучните предизвици и можности за натамошен развој на европските пазари на капитал во услови на значајни регулаторни, технолошки и пазарни промени. Во фокусот беше влијанието на актуелните регулаторни и супервизорски иницијативи врз  пазарите на капитал, при што посебно внимание беше посветено на пропорционалноста и редоследот на спроведување на регулаторните реформи, како и на улогата на информациите, кои, од една страна, овозможуваат поефикасна супервизија, а од друга, може да претставуваат дополнително административно оптоварување за учесниците на пазарот. Беа разгледани и прашањата поврзани со зголемувањето на конкурентноста на пазарите на капитал, унапредувањето на регулаторната ефикасност и супервизорските практики, како и зачувувањето на интегритетот на пазарот во дигитално опкружување кое брзо се развива. Беше нагласено значењето на континуираната соработка меѓу регулаторните органи и индустријата за обезбедување регулаторна рамка која ја штити стабилноста на пазарот, а истовремено ги поддржува неговиот развој, конкурентноста и иновациите.


 
На маргините на конференцијата, Претседателката на Комисијата, м-р Бујаре Абази, се сретна со директорката на Агенцијата за пазарот на хартии од вредност на Република Словенија (ATVP), Анка Чадеж. На средбата се разговараше за актуелните состојби и предизвици на  пазарите на капитал, тековните регулаторни реформи и значењето на регионалната соработка меѓу надлежните супервизорски органи. Абази и Чадеж ја истакнаа важноста на континуираната размена на знаења, искуства и добри практики и ја потврдија подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете институции, со цел унапредување на супервизорските капацитети, заштита на инвеститорите и развој на стабилни, транспарентни и конкурентни пазари на капитал.