На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Претседателката на КХВ м-р Бујаре Абази на Берзанската конференција во Охрид: „Пазар во чекор со Европа – за сите нас и за идните генерации“
26.09.2025
На 26 септември, 2025 година во Охрид во организација на Македонската берза АД Скопје се одржа  дваесет  и четвртата  Годишна конференција. Овој  форум на кој се анализираa состојбите и предизвиците на пазарот на хартии од вредност, треба ли регионот на ЈИЕ повеќе да се интегрира, какви се идните глобални пазарни трендови и добрите практики за корпоративно управување на едно место ги собра претставниците на повеќе сегменти од финансискиот сектор и институции на пазарот, компаниите, и државните органи, како и сите останати субјекти чија дејност е поврзана со работењето или со инвестирањето во хартии од вредност.

Конференцијата со воведни обраќања ја отворија Министерот за финансии м-р Гордана Димитриеска-Кочоска , Гувернерот на Народната банка Д-р Трајко Славески , Претседателката на Комисијата за хартии од вредност, М-р Бујаре Абази и Главниот извршен директор на Македонска берза АД Скопје Иван Штериев.

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност м-р Бујаре Абази, во своето обраќање пред присутните истакна дека највисок приоритет за сите засегнати страни е развиен, конкурентен и интегриран пазар на капитал во европското семејство.
„Нека оваа конференција биде уште посилен поттик да ги впрегнеме потенцијалите и расположливите капацитети за понатамошен раст и развој на пазарот на капитал. Без ваков пристап попусто е да очекуваме deus ex machina,“ рече Абази.
Таа нагласи дека клучна одредница на патот кон европските пазари е воспоставување правна рамка усогласена со регулативите на ЕУ. Во таа насока, КХВ активно учествуваше во подготовката на измените на Законот за финансиски инструменти и на Законот за проспекти и обврски за транспаранетност на издавачите на хартии од вредност, со што пазарните учесници добија дополнителен период за усогласување.  Абази најави и серија специјализирани работилници што ќе се одржат во ноември во Скопје, во соработка со ЕБРД и под покровителство на Министерството за финансии на Луксембург, насочени кон пазарните учесници, котирани компании и другите засегнати страни.

Таа се осврна и на важноста на дигитализацијата, истакнувајќи дека интеграцијата со регионалните пазари е неизбежен процес за создавање синергија и нови инвестициски можности. „Комисијата за хартии од вредност целосно ги поддржува иницијативите за пазарно интегрирање,“ потенцира Абази, додавајќи дека веќе се одржани првични состаноци со регулаторите од повеќе земји од Централна и Југоисточна Европа.

„Најскапата работа е довербата, која може да се стекне со години, а да се изгуби за секунди. Нашата регулаторна улога е таа доверба да ја чуваме континуирано што претставува вредност non plus ultra,“ подвлече претседателката на КХВ.

На крајот, м-р Абази упати повик за соработка: „Заедно можеме да создадеме иницијативи и проекти кои ќе донесат поголема ликвидност и конкурентност, но и иновации. Да имаме пазар кој не е само стабилен и доверлив, туку и пазар што е пример за визија, храброст и современост.

За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA