На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Соопштение до јавноста
16.03.2020

Врз основа на постојаната комуникација со надлежните државни органи и во насока на  превентивно дејствување, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија ги презема сите потребни мерки и активности за обезбедување на заштита на здравјето на граѓаните, обезбедување на континуитет на своите деловни процеси и постојана комуникација со овластените пазарни учесници и целокупната јавност.  Во таа насока, Комисијата за хартии од вредност внимателно ја следи состојбата со оглед на постојаното влијание на појавата на новата вирусна инфекција COVID-19 на пазарот на хартии од вредност и ги дава следниве препораки до овластените учесници на пазарот:

Сите овластени учесници на пазарот, вклучително и Берзата и Депозитарот, да бидат подготвени да ги применат своите планови за континуитет на работењето во согласност со регулаторните обврски овозможувајќи функционирање на клучните процеси, а истовремено да им се овозможи на вработените работа од дома.

Начинот на прием на налози за тргување е уреден со договор помеѓу брокерската куќа/дирекција за работа со хартии од вредност и клиентот. Генерално, доколку технички-технолошки и инфраструктурно е возможно треба да се промовираат електронските налози, како и давање налог по писмен пат.

Обврски за транспарентност - Издавачите треба да ги обелоденат што е можно поскоро сите релевантни информации во врска со влијанието на COVID-19 врз нивното работење во квалитативна и кванитативна смисла согласно со нивните обврски за транспарентност. Ефектите од оваа ситуација зависат од многу фактори кои не се под контрола на издавачите, меѓутоа, прашањето како издавачите планираат да се справат и да одговорат на оваа неизвесност, може да биде значајна информација за одлуката за инвестирање.

Акционерските друштва - да го модифицираат вообичаеното планирање за одржување на годишнитe собранија на акционери со оглед на мерките за спречување на ширењето на COVID-19. Во случај на веќе закажани собранија, доколку технички е возможно, да се разгледа опцијата за виртуелно одржување на собрание или пак учество по пат на писмена кореспонденција. Ако одржувањето на собранијата со „физичко“ присуство е неизбежна солуција  да се превземат мерки за да се ограничи ризикот за присутните, односно да се консолидираат присуството и гласањето на собранието со што е можно помалку луѓе (имајќи ги во предвид релевантните кворуми за седница и одлучување ) преку полномоштва.

Инвеститорите на берзата, како и инвеститорите во инвестицските фондови, своите инвестициски одлуки препорачуваме да ги носат рационално и базирано на релевантни и проверени информации (од финансиска, но и од нефинансиска природа) кои се објавени преку релевантни и проверени канали, во спротивно би дошло до ирационално однесување a со тоа да се мултиплицираат негативните ефекти на моменталната состојба. Комисијата постојано упатува на тоа дека инвестициите на пазарите на хартии од вредност треба да се анализираат на долг рок и како такви треба да се третираат при носењето на инвестициските одлуки.

КХВ со сиот свој капацитет им стои на располагање на овластените учесници на пазарот и на инвеститорите, на кои истовремено им препорачуваме сите прашања и дописи кои се однесуваат на теми поврзани со надлежностите на Комисијата, да ги доставуваат по електронски пат или по пошта, а доколку и двете опции не им одговараат тоа да го сторат во нашата архива која работи секој ден од 9 до 12 часот.

Стручната служба на КХВ и телефонските броеви остануваат активни и достапни на сите овластени учесници на пазарот на капитал и целокупната јавност во редовното работно време од 7:30 до 16:30 часот секој работен ден.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA