На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Усвоен Извештајот за работењето на Комитетот за финансиска стабилност за 2025 година: Финансиската стабилност е задржана
06.03.2026
Комитетот за финансиска стабилност, на седницата одржана на 5 март 2026 година, го разгледа Извештајот за работењето на Комитетот и поткомитетите во 2025 година, при што беше утврдено дека финансиската стабилност е задржана, а финансискиот систем покажува добра отпорност и способност за справување со предизвиците.

Во Извештајот се оценува дека финансиските институции работеа во услови на побрз економски раст, при натамошна неизвесност од светското опкружување. Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, при историски највисоко ниво на адекватност на капиталот (од 2006 година наваму), подобрена ликвидносна позиција, раст на депозитите и кредитната активност, зголемена профитабилност и задржан квалитет на кредитното портфолио. Стрес-тестовите упатуваат на солиден капацитет за справување со потенцијални шокови.

Во однос на приватните пензиски фондови беше заклучено дека тие и натаму се во фаза на прибирање средства, со ниска изложеност на ликвидносен ризик. При претпазливо инвестирање и соодветна диверзификација, стапките на принос се зголемуваат, особено кон крајот на минатата година.

Осигурителниот сектор бележи натамошен раст на продажбата, со соодветна ликвидност, солвентност и солидна профитабилност, додека другите сегменти на финансискиот систем (штедилниците, друштвата за лизинг, инвестициските фондови и финансиските друштва) и натаму имаат мал удел и ограничено значење како извор на системски ризик.

Посебно внимание му беше посветено на пазарот на недвижности, кој и во 2025 година се одликува со силна побарувачка, раст на понудата и двоцифрен раст на цените, над долгогодишниот просек. Во услови на забрзано станбено кредитирање и засилени градежни активности беше нагласена потребата од внимателно управување со ризиците, заради спречување на прекумерната задолженост и за зачувување на стабилноста.

Во 2025 година Народната банка примени пакет макропрудентни мерки, со кои ја зголеми стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 1,75 % на 2,00 % (со примена од четвртото тримесечје на 2026 година), а ги заостри и мерките насочени кон кредитирањето на физичките лица, заради превентивно дејствување врз потенцијалните ризици во сегментот на домаќинствата и пазарот на недвижности. Истовремено, беше олеснето кредитирањето за купување или изградба на прво живеалиште.

Комитетот ја нагласи потребата од натамошно внимателно следење на ризиците и координирано дејствување на финансиските регулатори, кои располагаат со соодветни инструменти за навремено реагирање. Финансиската стабилност и натаму е приоритетна, а институциите се подготвени да постапуваат соодветно во рамките на своите надлежности и во наредниот период.

За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA