На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Започна летната школа на КХВ во Универзитетот „Мајка Тереза,,
01.06.2026
Во организација на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија и Универзитетот „Мајка Тереза“во Скопје, денес официјално започна тридневната Летна школа за вовед во финансиските пазари и хартии од вредност, наменета за студентите кои се заинтересирани за функционирањето на финансиските пазари и инвестирањето.

Летната школа ја отворија претседателката на Комисијата за хартии од вредност, м-р Бујаре Абази и проректорот за финансии, инвестиции и развој, доц. д-р Бујамин Бела на Универзитетот „Мајка Тереза “во Скопјe кои ја истакнаа важноста на финансиската едукација и потребата од континуирано унапредување на знаењата на младите во областа на финансиските пазари.

Во своето обраќање, претседателката Абази нагласи дека финансиската писменост претставува важен предуслов за развој на ефикасен, транспарентен и доверлив пазар на капитал, истакнувајќи дека младите генерации се носители на идните промени и развојни процеси.

„Инвестирањето во знаење е најсигурната инвестиција. Преку вакви образовни иницијативи создаваме генерации кои ќе носат информирани финансиски одлуки и ќе придонесуваат за развојот на домашниот пазар на капитал“, истакна Абази.

Од страна на проректорот Бела беше потенцирано дека летната школа претставува успешен пример за соработка меѓу академската заедница и институциите, овозможувајќи им на студентите да стекнат практични знаења и вештини кои се неопходни за современиот финансиски сектор.

Првиот ден од програмата беше посветен на основите на финансиските пазари и финансиските инструменти. Преку предавања, презентации и интерактивни дискусии, учесниците имаа можност да ги продлабочат своите познавања за функционирањето на пазарите на капитал и улогата на финансиските инструменти во современите економии.

Во текот на вториот ден ќе бидат обработени теми поврзани со регулаторното опкружување, етиката во финансискиот сектор и практичните аспекти на тргувањето со хартии од вредност, додека последниот ден ќе биде посветен на анализа на пазарите, инвестициски стратегии и управување со ризици.

Со реализацијата на оваа летна школа, Комисијата за хартии од вредност продолжува активно да придонесува кон јакнењето на финансиската писменост и развојот на идни професионалци во областа на пазарот на капитал и инвестирањето.

За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA